Убаво е да си убав

  • Креатор на темата Креатор на темата filmadzijka
  • Време на започнување Време на започнување
Тоа е 13 годишно девојче. Гледаш, како грдотијата создава предрасуда да ти го уништи животот. Сигурно и децата на ливадата не ја примиле во друштво да игра “Народна“ зашто е стара и треба да чува деца.

Патем, не сите се рокфелери да имаат пари за пластични операции, а и не знам кои “луѓе“ прават пластични операции на 15 години кога најголемите комплекси од физичката непривлечност се раѓаат и градат.

Штом оваа има 13 години а е ваква гарант има и некој психички недостаток (по ликот се глеа), нормале човек не може да биде таков
 
убавината е пролазна. Грдоста е вечна...јеботе психолошка мисла... Да бидеш убав денес е доблест, па добро можеш и богат да бидеш, има исти ефект, а онаа внатрешна убавина која ја "ценат" сите девојчиња е обична фарса за изгледање невино...позз
 
Во последно време приметив, се се сведува на self esteem.

Убаво е да си убав, а да си убеден дека си грд.

Тоа дали си убав или не си убав, баш им е гајле на гругите. Гледаат дали имаш почит сам кон себе или немаш. Ако имаш претерана самодоверба - ќе те мразат, ако немаш - ќе те сакаат. Да не навлегувам во тоа ќе отидам на некоја друга тема.

Приметив многу грди луѓе кај мене во друштво, а сепак тие се ценети од целото друштво. Приметив грди дечки кои одат со прекрасни девојки и обратно. Тие грди машки/девојки и убави машки/девојки се сите оние кои имаат ниско-самопочитување за себе.

Значи, ако прашаш некој од нив, се сметаш ли себе за убав? Сите до еден ќе ти одговорат : „Не.“. Значи не летаат во облаци, знаат дека се грди(и да се грди и да се убави). Сите тие се тресат на што и да треба да направат и немаат доверба во себе.

Гледајќи го тоа, другите луѓе се чувствуваат супериорни над нив и таквите со ниско почитување за себе им се спмпатични.

Опасно а?

Така да, другите мислам дека не гледаат дали си убав или не, туку го гледаат твоето его, што ТИ мислиш за СЕБЕ.

Пак ќе кажам: убаво е да си убав, а да си убеден дека си грд.

Така да, не се мислете многу многу за лепотани, мислете си дека сте најгрди на свет. Така ќе напредувате во секој поглед :)
 
Штом оваа има 13 години а е ваква гарант има и некој психички недостаток (по ликот се глеа), нормале човек не може да биде таков

Што е тоа психички недосаток? И како успеа ти да процениш дека девојчето го има тоа само преку една слика? На една слика си убав, на друга си грд. Тоа не значи дека од време на време си паметен/глупав.
 
Убаво е да си убав, за да привлечеш внимание.
Да имаш шарм и смисла за хумор за да задржиш некого.
И, памет, за да ги задржиш паметните луѓе.
Факт е дека оние кои имаат лош надворешен изглед, потребно им е повеќе труд за да добијат одредени нешта [читај:за да привлечат внимание].
 
Убавина..
Убавина продава,убавина се купува,се провлекува низ игла,добива шанса за која просечен треба да се помачи.
Парите ја сакаат убавината или ја создаваат или ја одржуваат..
Простувањето ја следи по стапките,на убавината се и е простено уште незгрешено..
Боговите остануваа неми пред неа,а луѓето со подотворени усти.
Очи во очи со неа човек останува без зборови излишни се.
Оној кој е самосвесен за својата свесен е и колку полесно поминува за разлика од останатите.
Да, не е вечна,но трае доволно долго за многу триумфи во животот.
 
Убаво е да си убав и вие што го тврдите спротивното сте грди или НЕдоволно убави или НЕсигурни во својата убавина тоес НЕдоволно ви дубеле дека сте убави. Вие сте едно големо НЕ.
 
Убаво е да си убав и вие што го тврдите спротивното сте грди или НЕдоволно убави или НЕсигурни во својата убавина тоес НЕдоволно ви дубеле дека сте убави. Вие сте едно големо НЕ.
words can hurt, you know.:icon_lol:
 
Убаво е да си убав и вие што го тврдите спротивното сте грди или НЕдоволно убави или НЕсигурни во својата убавина тоес НЕдоволно ви дубеле дека сте убави. Вие сте едно големо НЕ.
Ајде бе личотијо стај слика да ти го видиме сурататот шо ти е личен.
Ова се однесува на сите оние што мислат дека се лични убави
 
Ајде бе личотијо стај слика да ти го видиме сурататот шо ти е личен.
Ова се однесува на сите оние што мислат дека се лични убави

Toa што ти ќе го видиш мојот “личен сурат“ и/или ќе дадеш мислење нема да смени ништо. Убавината е минлива, но не и менлива. Објективна. Отпорна на коментарите на ирелевантни субјекти.
 
Од далеку си убав ама далеку си од убав...
Не чини и да си многу убав, некој може да се заљуби во тебе и да ти го направи газето Руска гајда со 12 бучала...
 
Не е баш се во убавината...
Познавам луѓе кои што изгледаат преубаво, а незнаат како да го искористат тоа и да го добијат тоа што го сакаат затоа што немаат доверба во себе.
Значи убавината потпомогнува да се чувствуваме посигурни во себе, да ја имаме потребната доверба, но не значи дека тоа е се што ни треба. Според мене убаво е да си убав, али поарно би одбрал некоја што и не е преубава, а има смисла за хумор за разлика од некоја која што е убава, а нема воопшто смисла за хумор.

Но да не забегувам од темата.. важно е дека убаво е да си убав, но не и да се преценуваш себе си..

Поздрав :toe:
 
Поштено женава може да си оди на операција и да си ги среди недостатоците доколку и пречат. Такви екстреми се многу ретки. Општо гледано, нема грди луѓе, сите сме тука некаде.
нема грди !!!!!????? http://www.grimmemennesker.dk/data/media/2/funny_girl.jpg
уствари она што за некој е убаво- немора да значи дека и на другиот ќе му се допадне- така да секое грнче си го наоѓа своето капаче
 
Back
На врв Bottom