Убаво е да си убав

  • Креатор на темата Креатор на темата filmadzijka
  • Време на започнување Време на започнување
Замисли...

Седиш во бар со неколку другарки. Уште од кога дојде меркаш еден дечко. Убав дечко, баш онаков каков што сакаш да биде на изглед. Во карактерот го замислуваш баш онаков каков што сакаш, бидејќи тоа ни е во природата. Прво те гледа од подалеку и ти се насмевнува, па ја врти главата. Станува и тргнува накај тебе. Ти приоѓа и ти вели „Здраво, ти се игра?“. Повеќето девојки не би го одбиле дечкото од соништата, со големо задоволство би ја прифатиле поканата. Играте и на крајот на танцот те бакнува. Цела вечер мислиш за него, си разменивте броеви, не направивте никаков муабет освен разменувањето на броевите и кажувањето на имињата. Цела вечер потоа размислуваш за него. И ете, те освојува со една едноставна реченица „Здраво, ти се игра?“ Ете ја моќта во убавината, не се намачи воопшто. Така му било и со сите предходни девојки, па неморал да се мачи да прави којзнае каков муабет. Кратко и јасно, две-три реченици и оп, девојката е негова. Немал потреба од никаков муабет кај ниедна од предходните девојки, зашто го добивал тоа што го сака, без да каже ни збор, а девојките, заслепени од неговата убавина, не им се ни прави муабет, тие ја сакаат неговата појава. Нема потреба од тоа да се докажува дека е паметен, зошто повеќето девојки само ќе се восхитуваат на неговата убавина, а нема да имаат потреба од муабет.
Секако ти веќе кога ќе ти се јави и ќе одите на кафе, ќе имаш шанса да направиш сериозен муабет со него и ќедознаеш дека не е толку паметен и ќе се разочараш, но веќе...касно е...те освои првиот пат.
А замисли да беше некој „не толку убав“? Ти веднаш ќе станеше да играш со него. Како па да не! Тој многу повеќе ќе требаше да се потруди да се докаже пред тебе, дека е паметен и знае да направи муабет, па после тоа го заслужува твојот танц.

Ахх спомени убави мои 15 години :vozbud:
Шала на страна муабетов држи таму негде до 15-16 години. На 20 веќе е сосем поинаку. И чудно тогаш на тие години обично машките што беа убави не пристапуваа, жените праќаа другарка за да го праша дали е слободен и дали сака да се упознае. Ако сака и ако му се свиѓа дотичната, под раче и у некое темно ќоше, немаше многу муабет:pos2:
 
Хахах..да да во право си. Никогаш не пристапуваат први бидејќи сеуште не се сигурни во себе, но кога ќе видат дека девојките ги сакаат, тоа е некаде 16 и пол-17 години, со полна самодоверба одат и „освојуваат“. Ама пак, муабетот е запоставен. Никогаш не доаѓаш до тој степен да го запознаеш „дечкото“ (да го наречам) и неговите ставови за многу работи. Никогаш не се стига до сериозен муабет, туку муабет од типот „Што правеше денес? Како си помина таму, ваму?“ Ако, во случај стигне до сериозен муабет од типот „На кого му веруваш, искрено?“ ќе ми одговори „На тебе ти верувам.“ И треба сега да одам до ве-це да се изнасмеам убаво па да се вратам. Пак кога ќе го погледнам во лице, ќе ме фати смеа. Откај па на мене ми веруваш, кога ова е првото посериозно прашање што ти го имам поставено?? Со кој памет на мене ми веруваш? И кажи ми сега дека се паметни убавите машки.
Незнам како е тоа поинаку на 20 години, ќе треба да ми објасниш изгледа.
Јас брат ми го гледам по дома, тој е дваесет годишен (деветнаесет и нешто). Не е од тие глупавите, а фамилијарно сме убави. Тој и да сака да почне сериозен муабет со некоја девојка, таа ќе изреагира исто како и тој што го спомнав малку погоре во овој пост. Има исклучоци, секако. Не велам не. Едноставно многу ретки се тие паметните и убавите.
Единствената пречка кај мене е што тоа ми се нема докажано во петнаесетогодишниов живот. Се надевам на тоа во иднина...
Баш сакам да видам како е тоа поинаку на дваесет годишна возраст.
 
Ќе видиш има време не се брзај нигде, според мене средношколските денови се најубави и користи ги максимално без да се оптеретуваш со вакви муабети :smir: Моментално не можам да ти објаснам, некоја наредна прилика затоа што сме многу оф топик. Можам да ти кажам еден најдобронамерен совет. Во дадена ситуација на пример во дискотека каде што се запознаваш со некој тип, после првиот муабет не значи дека би требало одма да се смуваш ( иако на 15 години како што памтам беше име, ракување и пут под нозе до некое ќоше од дискотеката). Размени број, излези на кафе слушни ги неговите ставови, размислување па одлучи сама. Најубав дел од врските е толку тоа шмекањето кога не знаеш дали ќе биде или не :)

Oн : Убаво е да си убав, работи на својот изглед, извади го максималното што можеш, но не на сметка на духовното и на градењето на твојот карактер. Направи една рамнотежа меѓу едното и другото и работите понатаму сами си се подредуваат..
 
Убаво е да си убав, работи на својот изглед, извади го максималното што можеш, но не на сметка на духовното и на градењето на твојот карактер. Направи една рамнотежа меѓу едното и другото и работите понатаму сами си се подредуваат..

Посветувањето на едното одзема време на другото. Дури и барањето работа е работа со полно работно време. Луѓето кои се убави како што кажа малечката Тинулка добиваат се` заради тој физички момент на привлечност, гледаат дека тоа функционира и го градат и надградуваат не обрнувајќи внимание на другиот дел, а и да знаат дека и тој е битен, нема да можат да се посветат комплетно и на двете, што е нормално. Само една лубеница се носи со себе.

Правење рамнотежа на едното и другото ќе доведе до просечност. Само површно човек ќе изгледа изграден на двете страни, но ако е совршено убав, не е совршено образован, изграден како личност и се` она кое ќе ја пополни внатрешноста која ти е битна.

За да биде некој “полн“ внатре како што е надвор, мора да пател во животот, а убавите луѓе не патат, тие добиваат се`. Единствени кои мислат дека убавите луѓе патат, се убавите луѓе, зашто никогаш во животот не гледаат вистинска мака која ќе им остави вистински лузни кои ќе го изградат како вистински, силен карактер. Да, сите имаат болки кои животот им ги задава, но да биде некој од внатре привлечен, мора да помине сито и решето, а тоа ретко кој го добива со убав лик.

Навлегов во небитни муабети, убавината и интелектот премногу ретко одат заедно. Ако сакаш просечни луѓе, најубав спој е просечно убав и просечно интелигентен, а ако начекаш некој кој ги има двете карактеристики, нешто крие, најверојатно има некое психолошко пореметување од типот опсесивна потреба од внимание па научил неколку реченици за освојување и оставање впечаток а учел и малку психологија за манипулирање со луѓето. Воглавно е празен внатре, емотивно и интелектуално. Бегај од тие луѓе, боље грд ама паметен, или ако можеш, убав ама глуп. Еден квалитет е подобар од ниеден (то ест два привидно).
 
Па кога сме поубави се осеќаме по самоуверено ама ако немаш памет џабе ти е!Барем според мене јас гледам според памет а не убавина...
 
Потребно е балансирање т.е рамнотежа помеѓу едното и другото. Ако ти таа рамнотежа ја сметаш за просечност, за некој друг тоа ќе биде премија итн. Убавината всушност е далеку нешто покомплексно. Кога веќе дискутираме на темава прво барем да дефинираме што е тоа всушност убавина.

Во различни временски периоди низ историјата поимот убавина поздразбирал различни приоритетни карактеристики. Имало периоди кога слабите жени се сметале за многу грди како денешните манекенки. Тогаш императив било убавата жена да биде пополна. Во други периоди жените се потемен тен од сончање се сметале за грди (обично тоа биле жени кои припаѓале на пониските општествени слоеви). Се сметале за убави жени, оние кои имале блед тен, по можност никогаш да не биле изложени на сонце-синоним за аристократијата. Или периоди кога само жената со долгнавесто лице се сметала за убава, оние со округло биле третирани за грди итн.... Милион примери.... И не само што под поимот убавина во историјата се поздразбирале различни карактеристики,туку и денес, во различни региони во светот под поимот убава жена или маж се поздразбираат различни карактеристики.
Значи,во погоре напишаното зборуваме за стереотипи на убавина. Овие стереотипи секогаш се наменети од привелигираните општествени слоеви, па затоа се различни.
Денес поимот за убава жена или маж во западната цивилизација (кон која се стремиме и ние) ја наметнува капиталот, односно профитот. Тоа се силните козметички,фармацевски и текстилни индустрии (конфекција)... Значи декоративна козметика односно шминка, средства за нега, парфеми, средства за подмладуањ итн. Овде се вртат милијарди и милијарди долари од кои профитираат повторно припадниците од највисоките општествени слоеви.
Што кажува сето тоа? Како да се одговори на едноставното прашање што е навистина убаво ? Односно кои луѓе навистина го заслужуваат епитетот убави ? Суштински тоа е многу едноставно и не кореспондира воопшто со наметнатите стереотипи... Убавината е во складноста, во хармонијата, во здравјето.
Психофизички здравиот човек не е деформиран, има добра циркулација со што има убава кожа, здрава и сјајна коса.Тој е сталожен, расположен, со внатрешна смиреност и ведрина. Здравјето пред се е благостојба што и дава опуштеност на личноста, а со самото тоа прави да се чувствува добро во својата кожа.Тоа ја прави привлечна и за останатите околу неа. Кај таквата личност нема пренагласеност. Значи сепак избалансираност и хармонија во се...Телото и менталниот дел се во спрега и тие секогаш имаат меѓусебно влијание.... Ако се изгуби рамнотежата доаѓа до болести, деформитети, губење на ведрината итн. Значи здравиот човек и физички и психички има здрава амбиција, добра меморија и желба да учи, да создава, да открива. Па се подразбира дека воопшто не се исклучува интелектот, афирмацијата и убавината... напротив.... Тука не зборувам за "куклите" кои цело време се онакви, какви што во моментот медиумите им наложуваат да бидат (тие го изгубиле балансот, па нормално е дека го запоставиле другиот дел, затоа и најчесто остануваат на ниво на предмет.
Убавината привлекува, меѓутоа убавината е и нешто многу покомплексно од чистиот физички изглед, шминката и гардеробата. Убавиот човек е во склад со изгледот, урамнотеженост во однесувањето, со лежерна грациозност, зрачи со оптимизам, ведрина, конструктивност....Зрачи со внатрешни доблесни содржини, педантен е, облечен и нашминкан со вкус и мерка без нападност и пренагласеност. Таквата убавина остава длабок впечаток кај секого (било приватно или службено поле). Па логично е дека таквата личност е добредојдена секаде, затоа ниту физичкото ниту психичкото не смее да се запостави.

95% od lugeto mozat da bidat ubavi, bilo da e so stil, nega, ponasanje, operacii i trista cuda...toj procent moze da dojde do ubavina so rabota i ako se saka toa. No ima edno 5% stvarno sto se grdi, i tie kolku i da se dusevno dobri, pak se grdi na nekoj nacin ti e neprijatno da si do niv ako pomisluvas na onie raboti.

Spored mene ubavi se tie sto mozam da gi podnesuvam na nekoj nacin, sekako deka nivniot broj e mnooogu golem, neubavite nikogas ne mozat da bidat ubavi, ednostavno mora da ima i takvi, ne bi bil interesen zivotot da se site ubavi.

Ima i sekako procent od ekstremno ubavi sto se oddeluvaat od drugite ubavi, i mora da ima takvi, zivotot ne bi bil interesen da gi nema :))) fala bogu.

Sekoj covek si e preodreden za nekoj drug covek, vo zivotot sekoj imal sansa da ima zena koja e skladna za nego, zatoa sto mislam deka odnapred na nekogo mu e propisana nekoja srodna licnost, no vo posledno vreme se se krsi, pa zatoa ostanuvaat mn luge sami, zatoa sto ednostavno sindzirot e prekinat, nekoj bogat ja zeme ubavata, ubaviot siromav zeme nekoja sredna, a sredniot pogrda ili pak ne zema nikoja, pa taka i podolnite sloevi ne zema nikakva zena i zatoa ima mn samci/samici :))) (moe mislenje)

Ubavinata sekako vlijae na psiholosko nivo..
Skoro site mozat da bidat ubavi, onie koi ne mozat sami si se vinovni za toa,jebiga ne sum ja kriv so nekoj na vremeto ne si se odrzuval, se zdebelil, ili pak ne si vodel higiena na lice i red drugi raboti..
Ubavinata se gradi uste od mala vozrast, taka da i ne e kraj na svetot ako ne si ubav, ubavinata baraj ja kaj licnosti na koi si im ubav.. a sekako deka ke gi pronajdes
 
Муабет е потребен двајца добро да се запознаат, но не значи дека по секоја цена треба да се инсистира на зборување и зборување, треба самото да дојде. Јас со цели смислени текстови приоѓав и мелев ли мелев глупости на кои не им беше ни време ни место. Без комон сенс. А не чини ни постојано да се молчи, а треба малку од малку, така двајца можат добро да се почувствуваат какви се, тишината кажува многу. А физичката убавина сепак зрачи од внатре, само треба добро да се погледа, т.е. почувствува.
 
Старите викаат треба да имаш ѕвезда... Таа ѕвезда е многу поубава од самата убавина како склоп на правилни црти.
 
Потребно е балансирање т.е рамнотежа помеѓу едното и другото. Ако ти таа рамнотежа ја сметаш за просечност, за некој друг тоа ќе биде премија итн. Убавината всушност е далеку нешто покомплексно. Кога веќе дискутираме на темава прво барем да дефинираме што е тоа всушност убавина.

Во различни временски периоди низ историјата поимот убавина поздразбирал различни приоритетни карактеристики. Имало периоди кога слабите жени се сметале за многу грди како денешните манекенки. Тогаш императив било убавата жена да биде пополна. Во други периоди жените се потемен тен од сончање се сметале за грди (обично тоа биле жени кои припаѓале на пониските општествени слоеви). Се сметале за убави жени, оние кои имале блед тен, по можност никогаш да не биле изложени на сонце-синоним за аристократијата. Или периоди кога само жената со долгнавесто лице се сметала за убава, оние со округло биле третирани за грди итн.... Милион примери.... И не само што под поимот убавина во историјата се поздразбирале различни карактеристики,туку и денес, во различни региони во светот под поимот убава жена или маж се поздразбираат различни карактеристики.
Значи,во погоре напишаното зборуваме за стереотипи на убавина. Овие стереотипи секогаш се наменети од привелигираните општествени слоеви, па затоа се различни.
Денес поимот за убава жена или маж во западната цивилизација (кон која се стремиме и ние) ја наметнува капиталот, односно профитот. Тоа се силните козметички,фармацевски и текстилни индустрии (конфекција)... Значи декоративна козметика односно шминка, средства за нега, парфеми, средства за подмладуањ итн. Овде се вртат милијарди и милијарди долари од кои профитираат повторно припадниците од највисоките општествени слоеви.
Што кажува сето тоа? Како да се одговори на едноставното прашање што е навистина убаво ? Односно кои луѓе навистина го заслужуваат епитетот убави ? Суштински тоа е многу едноставно и не кореспондира воопшто со наметнатите стереотипи... Убавината е во складноста, во хармонијата, во здравјето.
Психофизички здравиот човек не е деформиран, има добра циркулација со што има убава кожа, здрава и сјајна коса.Тој е сталожен, расположен, со внатрешна смиреност и ведрина. Здравјето пред се е благостојба што и дава опуштеност на личноста, а со самото тоа прави да се чувствува добро во својата кожа.Тоа ја прави привлечна и за останатите околу неа. Кај таквата личност нема пренагласеност. Значи сепак избалансираност и хармонија во се...Телото и менталниот дел се во спрега и тие секогаш имаат меѓусебно влијание.... Ако се изгуби рамнотежата доаѓа до болести, деформитети, губење на ведрината итн. Значи здравиот човек и физички и психички има здрава амбиција, добра меморија и желба да учи, да создава, да открива. Па се подразбира дека воопшто не се исклучува интелектот, афирмацијата и убавината... напротив.... Тука не зборувам за "куклите" кои цело време се онакви, какви што во моментот медиумите им наложуваат да бидат (тие го изгубиле балансот, па нормално е дека го запоставиле другиот дел, затоа и најчесто остануваат на ниво на предмет.
Убавината привлекува, меѓутоа убавината е и нешто многу покомплексно од чистиот физички изглед, шминката и гардеробата. Убавиот човек е во склад со изгледот, урамнотеженост во однесувањето, со лежерна грациозност, зрачи со оптимизам, ведрина, конструктивност....Зрачи со внатрешни доблесни содржини, педантен е, облечен и нашминкан со вкус и мерка без нападност и пренагласеност. Таквата убавина остава длабок впечаток кај секого (било приватно или службено поле). Па логично е дека таквата личност е добредојдена секаде, затоа ниту физичкото ниту психичкото не смее да се запостави.

Навлезе во тотално непотребни муабети, и зошто, о зошто таа реченица “дефинирај убавина“. :nesum:
Мислам дека е многу јасно за што зборуваме тука, прво тоа е физичката привлечност и не се противам на твоите широки објаснувања за неа. Да, во различни делови е различно доживена, во различни историски периоди била различно препознаена, но, без разлика на сето тоа, убавиот човек во средината каде важи за убав, има привилегии. И заради нив, важат правилата од претходниот мој пост.

Твојата реченица “ просечност за некого е премија“ ја прифаќам, ама за некого и очајот е доволен, индивидуализмот во размислувањето е невозможно да се побие, и на муабетот “секој си има свое мислење“ никој не може да се противи. Јас сведочам, дека убавите луѓе по дифолт имаат негативна страна, интелектуална, емотивна, кој ги знае, а грдите луѓе сведочат сами за себе, наше е само да имаме сила и трпение да ја откриеме нивната убава страна која несомнено ја имаат.

Мене лично, просечноста не ме задоволува, мирна е, рамна е, веројатно како мене. Ми треба некој да ме бранува, кога ќе се разбуди на сплавот да скокне на едната страна и да направи хаос. :)
 
ubavinata e minliva koj se vrzal za nejzinata pojava ke se razocara mnogu brzo osobeno zenite...
 
Back
На врв Bottom