Убаво е да си убав

  • Креатор на темата Креатор на темата filmadzijka
  • Време на започнување Време на започнување
Убаво е да си убав, исто како што е убаво да си паметен. Јес да повеќе е убаво да си паметен, ама да бевме со некој менталитет на западен човек би размислувале поинаку.
Во наше општество денес најубаво е да си убав и глуп. Повеќе од вратите ти се отворени, особено кај девојките, што поубава девојка толку се поголеми шансите полесно да се продре во одредени области од животот, додека оние девојки кои учат, се социјализираат, се упорни, не се многу забележливи.
Има една поговорка кај нас - само најубавите и најгрдите се запаметуваат на фаца.

Јас велам убаво е максимално да ја искористиш твојата убавина, без разлика дали надворешна или внатрешна. Јас знам дека не сум некој лепотан, а нема ни утре да се метаморфозирам во лебед, ама мило ми е што мојата потпросечна/просечна убавина ја искористувам максимално колку што можам, и мозокот што колку/толку го насочувам кон одредени работи и се борам за нив, се искористувам себеси максимално за да си створам свои патишта во животов.

Некогаш суштината е во тоа што на убавите луѓе акциите им се дигнати до небо, со тоа и се вообразуваат, јас велам алал да му е на тој кој е убав и паметен, сум сретнал такви луѓе, ама обично не се со многу голема самодоверба, затоа што глупите се сметаат себеси за поубави од тоа што се, а паметните се сметаат за погрди од тоа што се. А самодовербата многу работи дури и на убавината.
 
Сите сме родени убави, секој на свој начин.
А убавината е само прашање на вкус. Некои луѓе што јас ги сметам за убави, можеби за некој друг се грди и обратно.
Така да, не треба да се потпираме само на убавината, туку да ги усовршиме вистинските вредности.
 
денес има шминка и пластични операции за да си корегираат ај да ги наречам работите кои им сметаат на луѓето и со кое се чувствуваат одбивно
 
Американска убавина кој не го гледал, задолжително да го погледне. И да не биде дека го раскажувам, кој неќе нека не чита даље. :) Не е бадијала насловот. Типот беше ужасно паметен, харизматичен, секси, итн итн, сопругата преубава жена, нејзиниот љубовник авион, главната пуфла у школо такоџе убава, јака онаква бла бла бла. Али површни за сите пари. И завршија кој од кој подолу. Не - толку - убавите, сетики грдите, дечкото и девојката, ќе да беа најнормалниот народ таму.

Книгата (не) ја продаваат кориците. ...Во зависност од тоа кој ја купува. :)

А убавината мене не ми е во амбалажата. Колку год ги дотерувале нештата, ниедна шминка не купува продуховеност и зрачење со *апстрактен поим кој не може да се визуелизира*. Интелигенција ни на сон. Ако идам и го исправам носот или си тапацирам фацата во хемии ќе ме напраи тоа боље личност? Како не. Тоа што светов го здоболе за нечиј памет и попрво го интересира пакувањето него содржината е катастрофа. И очигледно прогресија. Од увек биле луѓето плитки, ама денес се професионално плитки.
Кој сака нека констатира дали имам убав сурат или не, ама да ме проценува како човек по истиот основ е и официјално глупо.

Ако. Ко веќе толку долго си негуваме имагинарни стандарди и квази вредности, нек биде. Ја неам намера да соучествувам.

Господ знае колку физички ружно звучам, али ми е гајле. :icon_lol:
 
Убавината е карактеристика на еден човек, е сега дали ја поседува или не тоа е веќе дело на природата,но и на самите нас.
Низ вековите критериумите за убавина се менувале. Така ако денес имаме тенденција сите девојки да бидат под ист калап направени, силиконски гради,тенок струк,полни усти итн некогаш се ценел здрав изглед. Убавината дали е поврзана со самодобербата? Хмм мое мислење не е. Убаво е да се внимава на физичката убавина,но сепак самодовербата доаѓа одвнатре.Ако секој биде свесен за своите квалитети и работи на нив крајниот резултат сигурно ќе биде повисока самодоверба. Се зависи до тоа каква слика сме створиле во глава за самите нас. Постојат луѓе кои не ги обдарила природата физички, но затоа при нивниот настап засенуваат и оставаат други позади нив. Знаат најдоброто од себе да го дадат и да го понудат на вистинско место и во вистинско време. (не мислам на секс :) ). Повеќето жени својата самодоверба точно е дека ја градат врз сметка на физичкиот изглед. Самодовербата им расте кога ќе добијат комплимент или кога ќе изгубат некој килограм. Сепак секогаш може подобро, можеме ако сакаме да го моделираме своето тело и да ги поправиме мааните..Ама на никој не му се оди во теретана или не сака да обрати внимание повеќе во текот на денот. Да влијае на многу полиња од животот убавината т.е нуди делумно полесен начин да се стигне до одредена цел но не и да се оствари целта.
Малку се обдарени да блескаат со убавина, но секој може да биде пријатен.:smir:
 
Секој си е убав на свој начин, но секој си има и комплекси, нешто по што тој/таа не е совршен. Убавината е поврзана со самодовербата, посебно кога добиваш комлименти и билдаш его. Убавите се најчесто посигурни кога треба да го направат првиот чекор за да ја освојат партнерот/ката.
Но стојам на тоа дека внатрешната убавина е поважна иако на прв поглед не се гледа. Што ке ти е некој убав со кој неможеш да направиш нормален муабет бидејќи е прост ко грав? Но ете, некој попрво би бил во друштво со некоја убава на која може само да плакне очи, отколку некоја со просечна убавина и висок интелект.
Ма, пластична хирургија владее. Само што не успева кај сите, земи ја Ејми Вајнхаус.. со пластичните операции сега е уште погрда.
Секако дека е убаво да се убав, но тоа не значи да се правиш холивудска ѕвезда и да си го дигнеш носот високо.
 
Секој е убав на свој начин
Ама големината на човекет не се гледа по тоа колку е убав туку по неговите дела.
Убавината е пролазна/Делата остануваат да сведочат.
 
Секој е убав на свој начин
Ама големината на човекет не се гледа по тоа колку е убав туку по неговите дела.
Убавината е пролазна/Делата остануваат да сведочат.


Toчно така, ама кој ти ги цени делата денес ( 5 % од луѓето?) , се е од корист завршими сега работа па кој те еба чао пријатно, ко ќе ми требаш пак ќе те побарам.
 
Секој е убав на свој начин
Ама големината на човекет не се гледа по тоа колку е убав туку по неговите дела.
Убавината е пролазна/Делата остануваат да сведочат.
Мммм, па и за тоа не сум сигурен. Делата најчесто се извртени, и претворени во “факти“ за некому да служат, и лошите дела често се запамтени како добри, додека вистинските добри дела на обичните луѓе се заборавени и неважни, веројатно затоа и оние луѓе кои се искрено пред себе и пред светот добри по душа умираат сами и осамени во мали собички со мал црно бел телевизор без никој крај себе да им ја види мизеријата и помогне во неа.

Но, затоа правењето добри дела е категорија која служи себично, само вопрво лице, и потреба од одобрување најчесто и не треба, тоа е начин на живот, сфаќање на животот и карактер, однесување.
Дури би рекол, вистинските добри дела никогаш не стигнуваат до весниците или во историјата. Some fucked up world we live in today, huh? :nesum:
 
Мммм, па и за тоа не сум сигурен. Делата најчесто се извртени, и претворени во “факти“ за некому да служат, и лошите дела често се запамтени како добри, додека вистинските добри дела на обичните луѓе се заборавени и неважни, веројатно затоа и оние луѓе кои се искрено пред себе и пред светот добри по душа умираат сами и осамени во мали собички со мал црно бел телевизор без никој крај себе да им ја види мизеријата и помогне во неа.

Но, затоа правењето добри дела е категорија која служи себично, само вопрво лице, и потреба од одобрување најчесто и не треба, тоа е начин на живот, сфаќање на животот и карактер, однесување.
Дури би рекол, вистинските добри дела никогаш не стигнуваат до весниците или во историјата. Some fucked up world we live in today, huh? :nesum:


Се сложувам дека најдобрите дела се гледаат по смртта на човекот
ама едноставно како да речам друго Делата се побитни
треба одобрубање ама и да не го добиеш секогаш имаш за разумните луѓе дела кои и кога спиеш едноставно си зборат за тебе .
Ако ништо друго со љубов ги правиш и ти се лична сатисфакција и плус дела како дела немора да биде научен изум било што било субјективно или објективно кои другите знаат дека е тешко да се направи е позитивно и со труд се прави е дело
Например убавината на маникените им е цутот да речеме до 35 тата после тоа може уште 5 години да се влечат по не толку популарни ревии и се пензионираат од 40 натаму тие се пензионери и како ке го осмислат они понтака животот само они си знаат.

Додека просечниот живот е 70 години или 75 од кои само првите 35 би бил убав после сепак староста ке почне да си го прави своето
Доколку си исполнет со дела ке бидеш повеке ценет и на стари години кога никој нема да те цени поради убавината него по тоа колку знаеш што можеш да направиш Па и на крај краева не ценет
ке бидеш повеќе исполнет/Ке имаш што да оставиш аманет на твоите деца, внуци итн да не би се мачеле како тебе/

А и не се треба да се дигаат и тие кои се убави обично природата компензира и горе доле не прави еднакви
не за џабе рекле

Најубавите круши свињите ги јадат :smir:
 
Со помалку или повеќе неадекватно изместени црти...што не значи дека нема вредност...сепак убавината е предност и тоа ихааа...голема.
 
Ја знаете теоријата на Шарл Бодлер-дека во секоја грдотија има убавина и во секоја убавина има грдотија?! Не постои само црн или бел свет, тој е обоен од печатите на самопостоењето, не постои совршенство и сите ние треба да се прифатиме -онакви како пто природата не дарувала...некои повеќе ,некои помалку!
 
Back
На врв Bottom