Одкаде знаеш дека си убав??
Не е убаво да си убав, заглупавуваш. Не, навистина.
Давам пример...Имам еден другар Давид се вика. Типот е ненормално убав, згоден! Поубаво дете немам видено. Кога Давид ќе ти напраи асален муабет за нешто, да ми се јавиш. Значи типот не знае да напраи повеќе муабет од „Што правиш? Како си? Што има ново?“ и тоа тој ќе те праша. Ако ти него го прашаш нема шанси да ти одговори нешто повеќе од „Еве“. На почетокот кога го запознав мислев дека тој е таков само со мене, па почнав да ги прашувам и неговите долготрајни другари, истото ми го потврдија. Не направил никогаш сериозен муабет во врска со живот, љубовна врска, музика, психологија, значи ми го потенцираа тоа никогаш едно милион пати. А кога ќе размислам повеќе, и за женските е така. Обично некоја убава девојка, авион, што би рекле, ако ја прашаш нешто на некоја посериозна тема, ќе се сплетка, нема да знае ни „а“ да каже. Тоа е се почесто и почесто како што се запознавам со „згодни женски“.
Изгледа убавината поретко оди и со умот. Многу ретко да најдеш некој ем паметен, ем убав.
Затоа не е убаво да си многу убав.