Убавината на празниците!

  • Креатор на темата Креатор на темата city
  • Време на започнување Време на започнување

Дали се радувате на празниците кои се во тек?

  • Да!

    Гласови: 43 71,7%
  • Не!

    Гласови: 4 6,7%
  • Сеедно ми е!

    Гласови: 13 21,7%

  • Вкупно гласачи
    60
  • Гласањето е завршено на .
Да, нормално дека се радувам, не се како сите други денови
 
Ги сакам празниците.. Ме исполнуваат...:smir:
 
Да да, топ се празнициве само што прејадена сум, глава ме боли и цел ден поспана...
 
Ахх... Новогодишни и Божиќни празници... Колку и да ми е преку глава од се и да сум изнервирана, едноставно самата атмосфера ме понесува во добро расположение! Мој омилен период од годината! :pipi:
 
Верските празници ги почитувам со се нивните обичаи,но не и Нова Година
 
uf gi sakam epten,od prosta pricina so ima tolku prekrasna energija okolu lugeto..nekoja posebna toplina vo domot i site mi izgledaat raspolozeni pozitivni i srekni:pipi:
 
Ги почитувам празниците, голем верник сум но најмногу од се ме нервираат честитките, како што се ајде Срекна нова, Божик итн итн....незнам зошто :toe:
 
Не ги сакам празниците. Фамилијарно сме нервозни на празници, не знам зошто. Верувам дека имаме многу да научиме од јапонците, како впрочем и тие од нас.
 
Ги сакам сите празници, со сите обичаи, рутината, топлината... Празниците се време за дружба со најблиските по крв, време кога човек е длабоко свесен за својот семеен и национален континуитет, за своите корени.
 
Ги обожувам овие празници.Најсрекен сум и најубаво ми е.
За Бадник, сите по дома собрани, семеен ручек богата трпеза, насмевки на лица кршење лепче, шали и смеи.Божик ден кој го псоветуваме за посета на најблиските.Колку и да не се видиме преку годината сепак на Божик практикуваме да се видиме.Трет ден од Божик , Св.Стефан мојот именден. полна кука со гости.Велигден исто така преубав празник.
Има некоја посебна убавина во празниците.Јас се чувствувам одлично:pipi:
 
Уживам во празници поради убавите обичаи кои ги имаме,и поради тоа што се слави во кругот на семејството и едноставно чувствувам топлина и хармонија. Прекрасно.:pipi:
 
Собирање со пошироката фамилија, љубов, подароци, баби, дедовци, топлина, хармонија.
Холивуд рулз. Поготово ако е Џулија Робертс во главна улога.

Мразам.

На празници не учиме

О, rly?
 
Секогаш ги сакам празниците тие се денови кога целото семејство седиме на една маса:toe:А таква работа се случува само на празници и за тоа ги сакам..
 
Убавината на празниците е во ред да се празнува но во никој случај тоа не смее да премине во навика, веќе во Македонија има премногу празници кои што се празнуваат. Но секогаш е убаво да се оттргне човек од секојдневите задачи.
 
ги сакам празниците, посебно Бадник и Велигден...интересни обичаи кои треба се повеќе и повеќе да се негуваат, фамилијарните собири, посета на роднините...во тие денови опкружени сме само со убави работи, топлина и среќа!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom