Убавината на празниците!

  • Креатор на темата Креатор на темата city
  • Време на започнување Време на започнување

Дали се радувате на празниците кои се во тек?

  • Да!

    Гласови: 43 71,7%
  • Не!

    Гласови: 4 6,7%
  • Сеедно ми е!

    Гласови: 13 21,7%

  • Вкупно гласачи
    60
  • Гласањето е завршено на .
Ги обожавам празниците. Ги обожавам заради топлината што ја носат, заради поголемата сплотеност, заради хармонијата.

Ги обожавам и Бадник и Божиќ, потоа и Велигден. И сите останати празници. Едноставно убаво се осеќам.
 
Ги сакам празниците... Сите се расположено, насмеани, излезени на купување или седат по кафичите... Убаво ми е :pipi:
 
да да многу убави празници се овие...можам да речам и најубавите...сите се весели насмеани...па навечер се берат сите..музики веселби...тоа го нема секој ден...сабајле ми беше...не знам како да ви кажам..немаше никој дома и ко дојдоа децата нели со коледарските песни се потсетив ко бев помал и ко одевме од сабајле од врата на врата и пеевме...и ми беше убо некако...значи ги сакам овие празници....
 
Убаво се чувствувам за време на празниците супер е.Највеке го сакам Бадник и Божик оти цела фамилија се собираме и посебно ако има снег ја доловува атмосферата.:helou:
 
Ги обожавам, има некаква позитивна енергија кога се во тек празнициве...:pipi:
 
многу ги сакам празнициве, те опкружуваат најблиските, најчесто си во круг на луѓе кои најмногу ги сакаш, луѓево забораваат на маките и се трудат да бидат колку толку расположени и секогаш за време на празнициве има одлични собиранки и забави
 
Се радувам највеќе кога се врти лепчето со паричка. Тогаш сме сите собрани на семејна трпеза што во текот на цела година се случува само 5 пати (и тоа се` на празници).
Се чувствувам потполо, посигурно, поисполнето со љубов...:pipi:
 
мене ми е сеедно... незнам зошто, но некако не сум многу по традициите(коледари,паричка) ова и она...
ама нешто што ми се допаѓа е тоа што сме заедно цела фамилија, вечераме, се смееме... кој знае кога пак ке се собереме сите така заедно...
 
Јас ќе бидам негативецот и ќе кажам дека ги мразам. Неможам да ја поднесам онаа „еуфорија“ оние очекувања за среќна вечер , и да наоѓам примедба на најситната ствар и тоа да ми смета. Премногу очекувања има за празниците , кој секако не се остваруваат до целост и само некој ќе цвили „Местено е за паричката“ и сл.
 
Јас ги обожавам сите поголеми празници кои ги слават поголема маса народ. Покрај тоа што се шанса за гледање и поминување време со најблиските, ми го топли срцето и фактот што толку многу луѓе во ист момент исто прават. А тоа истото е убаво ... дали собирање за ручек или вечера, дали договарање за некакво прославување, дали заеднички патувања и излегувања, дали масовно шетање по бутици - сеедно. Важно се чувствува и на улица некаква топлина и некаква сплотеност, што ме прави да се смеам и ако шетам сама.
Посебно го обожавам Велигден, затоа што тој најмасовно се прославува секаде. Божиќ би требало да е исто толку голем празник, но ја нема истата еуфорија и сега. А за Велигден ... неописливо прекрасно чувство ми е спремањето пред празникот, ноќта помината во црква, па после тоа вечерата кај мама и тато, па другиот ден шетањето по кафиња со саканите, па вапцаните јајца наредните неколку денови итн ... ах, едвај чекам да дојде и да си прославиме уште еден Велигден :vozbud:
 
Кога бев мал многу се радував, а сега се трудам ама некако од година на година еуфоријата е се помала:toe:
 
Порано повеќе се противев на калапење, и пропишани однесувања за време на празници. Денес минимално ги задоволувам желбите, пред се на семејството, сфатив дека војувањето со нив е грев (не религизоен, туку духовен и морален :)), додека во други околини се уште калапењето го одбивам како некогаш. :)))
 
Ги сакам празниците имаме убава традиција и обичаи за бадник, божик, велигден, василица...само мака е толку јадење ко топка станав :wink:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom