УААА Мобимак!!!

  • Креатор на темата Креатор на темата redguy666
  • Време на започнување Време на започнување
Не е тука Македончето криво, баш напротив. Па чоек неможе ни асално муабет на телефон да напраи (безразлика дали на мобилен или фиксен). Цело време те гушат со сметки и више у психологија ни влегува да не комуницираме меѓу себе или пак „ако ептен мора“, ондак го сведуваме разговорот на два збора.

Затоа кога ќе се појават вакви промоции, сите мислат дека нема долго да траат и пробуваат да ги искористат максимум што може.

А искрено, 4.000.000 пораки не се баш толку многу колку што излгеда. Они имаат 500.000 корисници и во просек доаѓа дека секој пратил само по 8 пораки. Тоа е и малце кога ќе се земе во предвид профитот што го прават, кој е МИНИМУМ 10 евра од секој корисник месечно.
 
Незнам зошто не се по 2 денари наместо по 1 денар? Море за вас гагаџии треба по 55 денари смс порака да биде отколку без пари да ви дадат. Да се цицало до даска па после нечинеле Мобимак, македонска работа.
 
СМС не пишам многу, скоро ич, така да се ми е исто. А и слабо телефонирам воопшто.
 
vardarce напиша:
Незнам зошто не се по 2 денари наместо по 1 денар? Море за вас гагаџии треба по 55 денари смс порака да биде отколку без пари да ви дадат. Да се цицало до даска па после нечинеле Мобимак, македонска работа.
Во право си, македонска работа.
 
jas mislam deka e podobro 1 denar nego da se nerviram 2 saat da ne mozam da pratam poraka...
 
dav напиша:
а нели ке го донесат те мобаил у македонија или овие ме измамиле

Мобимак е тоа што треба да биде T-Mobile само не знам кога точно ќе почнат со ребрендирање, така да тие не го носат тој е тука и истото ќе си остане од Мобимак само разликата е тоа што нема веќе да се вика Мобимак
 
do krajot na godinata bi trebalo da se rebredira vo T-Mobile, taka barem najavia...
 
asterix_m напиша:
Ајде може ке се растерети мрежата вака, до вчера беше ужас и да сакаш порка да пратиш со пари немеше теорија, незнам дали и кај Космофон е истоа ама ова на Мобимак беше жива мизерија

Pa neka si pojacta mrezata :) 200 000 korisnici ako ne mozat da usluzat sramota
 
vardarce напиша:
Незнам зошто не се по 2 денари наместо по 1 денар? Море за вас гагаџии треба по 55 денари смс порака да биде отколку без пари да ви дадат. Да се цицало до даска па после нечинеле Мобимак, македонска работа.
Што има врска дали е "македонска работа"? Поентата е дека Мобимак се пишман пички. Штом донеле одлука за бесплатни пораки, сигурно претпоставувале дека бројот на пратени пораки енормно ќе се зголеми. Промоција на бесплатна услуга е или што е? Штом ја рекламираат, намената на услугата е таа да биде искористена од корисниците. Не им држи гзот. Резил е отпосле да одлучат пораките да се наплаќаат 1 денар, затоа што нив не ги чинат ништо. Всушност, нивново е "македонска работа" (да не речам циганска, па да се јави Хелсиншки комитет и тоа ромчето што пишуваше на форумов).
 
Епа затоа е подобро да си на Космофон. И претходно корисниците на Космофон имаа повеќе часови бесплатни пораки. Односни 48 часа, а на Мобимак бидејќи беше секој ден по 2 часа, тоа би било 14 часа неделно. Јас сум на Космофон, но речиси сите што ги познавам се на Мобимак. Стварно подобра работа направија Космофон.
 
Од Космофон можат да се пратат до 500 пораки преку цел викенд.
 
asterix_m напиша:
Ајде може ке се растерети мрежата вака, до вчера беше ужас и да сакаш порка да пратиш со пари немеше теорија, незнам дали и кај Космофон е истоа ама ова на Мобимак беше жива мизерија
Па нека направат како Космофон,500 бесплатни пораки за викенд и кој кога сака ќе праќа,па така мрежата ќе биде по слободна,а не они од 16 до 18 и една порака ја препраќас 20 пати поготово првите денови.
ПС.Ајде сите да им писеме на Мобимак какви клошари алчни испаднаа,кој е со мене?
 
Мистичен напиша:
Што има врска дали е "македонска работа"? Поентата е дека Мобимак се пишман пички. Штом донеле одлука за бесплатни пораки, сигурно претпоставувале дека бројот на пратени пораки енормно ќе се зголеми. Промоција на бесплатна услуга е или што е? Штом ја рекламираат, намената на услугата е таа да биде искористена од корисниците. Не им држи гзот. Резил е отпосле да одлучат пораките да се наплаќаат 1 денар, затоа што нив не ги чинат ништо. Всушност, нивново е "македонска работа" (да не речам циганска, па да се јави Хелсиншки комитет и тоа ромчето што пишуваше на форумов).

Јас разбирам дека они немаат капацитет тоа да го издржат и дека до некаде се е маркетиншки потег, ама каде доаѓа тука "македонската работа". Кога на некој корисник ќе му речеш дека има бесплатни пораки не значи дека тој треба да се отепа од пишување по 500 пораки во два дена само за да "исцица" максимално што може, да се напишат 2, 3, 5 пораки ама 500. Факт е дека сеуште е скапа мобилната телефонија и нема доволно конкуренција ама кога на некого ќе му дадеш прст ја сака цела рака, а не само прстот. Исто така испадна и со ADSL-от цицаа, цицаа додека не прецицаа и после се бунеа зошто е тоа така. Но тоа е исто така грешка и на МТнет затоа што можеа (можат) на тој што сака да симнува неограничено да му понудат full flat пакет што е десет пати поскап од тој ограничениот па ако на некого му одговара ќе плати па ќе клати.
 
Господ да ги поживи овие од Космофон, откако сум на постпејд (Бизнис пакет) ич не праќам пораки. А, старата картичка од Космофон се мислам да ја активирам за бесплатните пораки преку викенд.
 
Thief напиша:
Господ да ги поживи овие од Космофон, откако сум на постпејд (Бизнис пакет) ич не праќам пораки. А, старата картичка од Космофон се мислам да ја активирам за бесплатните пораки преку викенд.

Кажи што е рај? Останав на телефон и пак сметка 1.200 ми доаѓа. Пораки воопшто не праќам, а ѕвонам кај ќе ми дувне и зборувам колку сакам. Викајте сеа уааа Мобимак, најдовте гага и не знаевте што да правите. Да се искористело се до максимум бре. Ц ц ц ц.. Море, златен Космофон, златен Бизнис пакет.:icon_cool
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom