Twin Peaks

Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.945
Паузирав со гледање неколку месеци и ми останаа уште неколку епизоди, денеска со рекордни 5 епизоди во ден изгледани конечно ја завршив серијава која е тотална лудница. Какво возење држи, кои ликови, која приказна човече, подобро неможе од ова ебаго. Појако финале на серија не сум гледал досега.

Ќе биде интересно со новиве епизоди шо ги снимат за во 2016.



Серијава е лектира.
 
Член од
30 април 2013
Мислења
267
Поени од реакции
79
Да бидам искрен,овде мириса на срање.Дај боже да не сум во право,али,гледајки ги новите епизоди од X-files,кои што баш и,да бидеме искрени,не ме убедија дека се добри,не очекувам нешто посебно.Некои класики треба да си останат свети,и да не се гиба во нив.
 
Член од
31 јануари 2007
Мислења
18.626
Поени од реакции
22.439
Да бидам искрен,овде мириса на срање.Дај боже да не сум во право,али,гледајки ги новите епизоди од X-files,кои што баш и,да бидеме искрени,не ме убедија дека се добри,не очекувам нешто посебно.Некои класики треба да си останат свети,и да не се гиба во нив.
Потполно се согласувам со тебе,класици како оваа серија не смее да се чепка,примерот што го наведе X-Files мене ме разочара..
 

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.662
Поени од реакции
14.536
Од денеска почнав да ја гледам целосно. Ги симнав сите епизоди, 2-та филма (тој оригиналниот и тој што е 90 минути од последнoто Блуреј издание со extended и исечени сцени).

http://www.vulture.com/2014/07/twin-peaks-box-set-extras-guide.html

Ги симнав и двете пилот епизоди, од кои ја изгледав првата (американската верзија), додека европската читав дека се гледала откако ќе изгледаш се.

Нешто да фали на списокот? :love:
 
Член од
31 јануари 2007
Мислења
18.626
Поени од реакции
22.439
Мислам оти завршија,а до која сезона беше тоа незнам ниту пак сум сретнал инфо дека ќе продолжат со серијата.
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
Twin Peaks – епизоди 1 и 2; тема: границите на телевизиски серии

“Who killed Laura Palmer?” – едноставна реченица, која ги прогонувала гледачите на Twin Peaks, кога прв пат се појавила во 1990, и го покренала дејството на една од најкултните серии на сите времиња. Twin Peaks, која целосно ги помести границите на телевизијата со својата иновативна кинематографија и дотогаш невиденото дејство, повторно се враќа, како што е предвидено во серијата, по дваесет и пет години, за најнакрај да се откријат сите мистерии на малото градче Twin Peaks. FBI агентот Дејл Купер пробува да го реши убиството на Лаура и забележува дека не е сè како што изгледа на прв поглед... Затоа одлучивме, во чест на генијалното дело кое ги основало темелите за нашите омилени серии (True Detective, Stranger Things и многу други), да ја проектираме цела прва сезона со дискусии поврзани со серијата.

Поради сите овие причини, преку првата дискусија сакаме да ги разгледаме за границите на телевизиски серии како уметничко дело и до каде може нешто да се направи со нив. Покрај тоа, поради односот што Линч го има со Холивуд, ќе разговараме и за комецријалниот аспект на телевизиските серии, за ограничувањата што оваа филмска форма ја трпи за да биде лесно достапна до големата публика и да се смета за исплатлива, без грижа за она што режисерите сакаат да го прикажат и постигнат.

Проекцијата ќе се одржи во Социјален центар Дуња (преку улица од Архитектонскиот факултет, спроти Мемоар Кафе) во вторник од 19:30. Влезот и дискусијата се бесплатни.
P.S. Ќе има кафе.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: ob1
Член од
14 мај 2011
Мислења
374
Поени од реакции
388
Да бидам искрен,овде мириса на срање.Дај боже да не сум во право,али,гледајки ги новите епизоди од X-files,кои што баш и,да бидеме искрени,не ме убедија дека се добри,не очекувам нешто посебно.Некои класики треба да си останат свети,и да не се гиба во нив.
:cuc: Токму така.
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.400
Поени од реакции
5.953
Да ја вратам темава во живот. Потсетување на претходните сезони, пред премиерата на третата на 21 мај.

 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.145
Поени од реакции
16.072
Има ли повеќе информации што уствари ќе се случува во трета сезона?
Цели 25 години сигурно некој приметил дека Купер не е баш Купер. Али серијава може да си тргне во било каков правец, зашто се работи за Твин Пикс.

Би сакала да ја гледам, само се надевам дека ќе си го пребродам стравот од Боб, зашто сега стравот од се апстрактно и чудно ми е неговата фаца. Ми ја замени после толку години маќеата на Снежана. Фала ти Линч.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom