Paranoik
내 ♡, ∞.
- Член од
- 10 август 2008
- Мислења
- 1.873
- Поени од реакции
- 451
Филмот е преубав, само имам информации дека повеќе дела се, а не можам да најдам![]()
Kнигите ги има во Икона и во Оксфорд центар [кај Ескимо], мислам дека се 700 денари each.
Почнав да го читам првиот дел, да видам околу што се дига толку прашина. После видов дека со причина било. Филмот е значително изменет од книгата, но тоа е поради, знаете, неможноста да се вметнат сите важни детали коишто се среќаваат во книгата.
Кога стигнав некаде до средина на првиот дел, сфатив дека книгата е стварно добра, и дека е полна со пресврти, едноставно сите емоции се опишани толку добро, што е речиси можно да сфатиш како се чувствувале карактерите, те тера да си замислиш дали вистински постојат такви натприродни суштества, суштества кои се бесмртни.
Сега сум до третиот дел: "Eclipse", и се` уште не сум разочарана. Со секоја нова страна книгава ме фасцинира, едноставно морам да продолжам да читам за да видам што ќе се случи. Со право ја величаат сите.

...
..Не можам да се одделам од тој свет..се е толку преубаво..не можам ни да одделам која од 4-те најмногу ми се допадна..сите се едноставно преубави..со премногу емоции!