Твоето мислење за операта

  • Креатор на темата Креатор на темата almostanangel
  • Време на започнување Време на започнување

Твоето мислење за операта како музика е:

  • Обожавам да слушам опера, многу ме релаксира

    Гласови: 17 30,4%
  • Сум слушал кратки парчиња или популарни арии, но не е мој тип музика

    Гласови: 27 48,2%
  • Мразам опера! Ме живцира, никако не ме смирува!

    Гласови: 10 17,9%
  • Опера? А што е тоа?

    Гласови: 2 3,6%

  • Вкупно гласачи
    56
Ne slusam operi, me nerviraat, ne mi se interesni. Nikad ne sum bila na opera nema ni da otidam.
 
Во принцип немам навика да слушам опери, ако случајно наслушнам од некаде.Моќна музика дефинитивно и знае да ме наежи...не е мој стил на музика, но во последно време ми се случува по малку да се задлабочам во некоја опера.Убаво чувство додека слушаш, морам да признаам.
 
Преостар звук за моето уво е :)
Сум била на неколку опери додека учев во средно, ама одев со сила колку да добијам потпис за проектната активност. Не ми се допаѓа тој звук. Освен некои легендарни парчиња опера, но пред се ги слушам од воодушевување на оние што ги пејат. Секоја чест на оперските пејачи.
Има само на прсти да избројам популарни арии кои можам со задоволство да ги слушам, останатото за жал не.
 
Прво, да разјасниме нешто.

Опера не е музика.

Постои оперска музика, која се слуша.
Претстава, која се гледа.
 
Обожавам да слушам опера, многу ме релаксира

Релаксира?
Не би рекол , некој дела да , ама некој се стварно агресивни.
Како и да е одлична музичка интерпретација имаат оперите , иако не се музички жанр.
 
Сакам опера, и одам кога има кај нас (за жал, се поретко и поретко, а кога ќе дојдат Мајските оперски вечери, во еден ден се распродаваат картите и тешко е да се стигне до истите). Омилени (до сега) ми се Лебедово Езеро и Оревокршачка.
 
БОРИС ТРАЈАНОВ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ!!!!
шала
Поштовам оперска музика али и не да гледам претстава. Малку досадно ми е
 
Прво, да разјасниме нешто.

Опера не е музика.

Постои оперска музика, која се слуша.
Претстава, која се гледа.

Претпоставувам дека на тоа и мислат тешко да некој да отишол на
оперска претстава.
 
Прво, да разјасниме нешто.

Опера не е музика.

Постои оперска музика, која се слуша.
Претстава, која се гледа.

Во ред е де, не е музика, ама музички стил е!
Сега, не напишав дека операта е музичко-сценско дело, ќе беше малку поглупаво да пишев: ... операта како музичко-сценско дело (каде што има бла бла бла).

Инаку, ме насмеавте со тоа БОРИС ТРАЈАНОВ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ!!!

А, исто така, се согласувам дека има и ,,агресивни,, парчиња од оперите, меѓутоа, кога некој сака опера - ужива и во таквите. Исто како и филмоманите, сакаат секакви филмови и ги пратат сите новитети, а во тоа УЖИВААТ, без разлика дали се романтики или хорори!

Прво, да разјасниме нешто.

Опера не е музика.

Постои оперска музика, која се слуша.
Претстава, која се гледа.

Значи, операта се слуша и се гледа. Нели? хаха

Претпоставувам дека на тоа и мислат тешко да некој да отишол на
оперска претстава.

Биди уверен/а дека јас не мислам на тоа! Не планирам да докажувам зошто.

Сакам опера, и одам кога има кај нас (за жал, се поретко и поретко, а кога ќе дојдат Мајските оперски вечери, во еден ден се распродаваат картите и тешко е да се стигне до истите). Омилени (до сега) ми се Лебедово Езеро и Оревокршачка.

Имаш огромна желба да одиш на балет, очигледно :vozbud:
 
Прво и основно лошо е поставена анкетата,т.е. опциите за бирање.
Затоа што опера не само што се слуша туку и се гледа поради дефиницијата за опера,а таа гласи: Опера е музичко-сценско дело!

Иначе сум бил едно 3-4 пати,ги имам гледано/слушано Травијата,Кавалерија Рустикана,Кармен и уште нешто,не ми текнува,битно сите класици.

Иначе кога би бил во можност би одел почесто.Едноставно тоа е висок стил на живот но и нешто кое што не смее да се злоупотреби во смисол на: Ееејјј бев на опера и сеа сум џет сетер,знам што е култура аааа...уууу...Значи тоа или го имаш или го немаш.Шо дека ќе појдеш на опера кога појма немаш кој е кој и што е што.Има да се пулиш ко некое теле.Значи едноставно сметам дека операта не е за обичен граѓанин.Треба малку потпора,да бидеш музички и театарски подкован за да ја сватиш суштината на целата приказна,тоа е :smir:

Едит: Се спомнало погоре за моево "излагање" во врска со дефиницијата за опера. Касно прочитав :)
 
Сосема се согласувам со тебе. Опциите за гласање на анкетата се лоши или насловот на анкетата, т.е. прашањето??? Јас мислам дека не е, сите знаат што од прилика е опера!

А, добро, сега видов, си кажал дека се работи за опциите за гласање. Па добро, не знаев во кој правец ќе се насочи темата...
 
Типично многумина “сакаат“ класична музика (опера како дел од неа) али само "The very best" или "Greatest hits" на Брамс, Дворжак, Вагнер, Доницети, Делибес...
Секој ќе се разведри ако го слушне дуетот на цвеќињата од лакме во траење од 5-6 минутки, но ќе се намурти ако треба да го слушне целото дело, слабо кој го интересира или познава за што се работи конкретно во некое дело, во “Волшебната флејта“ или во “Бекство од Харемот“, “Зигфрид“ или “Лучија ди ламермур...“
И оние ретките ЦДа кои можат да се најдат по продавници се воглавно извадоци на популарни арии а не комплетни дела.
Ретко, навистина ретко ќе се најде оној кој ја цени класичната музкика кој има “нерви и трпение“ да го слушни целото дело од час или два а не да скокне на неколкуте минутки “The very best" од делото и да се “наежи“ а да појма нема зошто.
 
Интересно мислење!!!
Тоа е точно, за жал.
Инаку, јас лично мислам дека постарите повеќе ја ценат оваа музика, што не значи и дека ја слушаат/гледаат операта!!!
Младите не ни знаат што всушност операта е, а оние кои малку од малку знаат-не ја сакаат, едноставно, мислат дека би изгледале премногу болни во мозок ако слушаат таква музика, било опера или класична музика.
 
значи опера не е музика, како што кажа трн во око, а ако се збори за
музика наменета за опера, O fortuna од Карл Орф за Кармина Бурана, Knee Plays од
Филип Глас за Einstein on the beach и Knee Plays од David Byrne за The Cilvil War
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom