ТВ Нова

  • Креатор на темата Креатор на темата MARCELLO
  • Време на започнување Време на започнување
Леле Бранко Илиевски од Телма го земале. БРАВО!
Од него очекувам да направи некоја спортска емисија. Срамота е шипото од Алсат да има толку години емисија и тие да отвораат тема за македонски фудбал. Само напред.
 
Ова е класично наменска телевизија. Кога ќе видите “кој“ ја отвара, треба да е јасно кој стои позади тоа.
Како што имам информации, собираат кадар , и новинари и технички, од 24Вести и Телма со нудење на дупло ( буквално ! ) повисоки плати, со цел ослабување на овие телевизии....
 
^А ти не би заминал за дупло повеќе, како што самиот напиша
 
Јас реков дека двајцата уредници беа избркани од 24 вести ама Мистер Но нема коментар. Двајцата си отидоа заради како што рекоа притисоци. Според последните информации 24 вести која секогаш беше проопозициска е купена од братот на лидерот на опозицијата.
Сега да се вратиме на ТВ Нова а не на шпекулации.
 
^А ти не би заминал за дупло повеќе, како што самиот напиша
Би разгледал понуда, да....мада има и други работи освен плата....
Јас реков дека двајцата уредници беа избркани од 24 вести ама Мистер Но нема коментар. Двајцата си отидоа заради како што рекоа притисоци.
Ова како лично да си разговарал со нив ? Мада збунувачки е - или биле избркани или си заминале сами поради притисок. По мои информации, не се само 2 туку повеќе вработени од 24Вести. Останува чудно, како што ми кажуваа - што никој пример од Сител не заминал, а таму биле поотепани со плата ?
Сега да се вратиме на ТВ Нова .
Како ТВ консумент, ме радува нова телевизија за која препоставувам дека ќе понуди нешто ново и подобро.
Како граѓанин, едвај чекам да видам колку пари од буџетот ќе се префлат за владини реклами....

.
 
Од технички и визуелен аспект (од таа страна прво гледам, па после друго) е супер. Баш сега пред околу пола час ги фатив спортските вести каде што изрекламираа едно формулче направено во 3Д формат, компјутерска анимација... интересно, јас сум повеќе за интерактивна телевизија која има анимации.
 
Очекувам поинтерактивни вести а не како на сите телевизии вести од пола час или еден цел час. Информативна телевизија сака вести кој ќе бидат опширни и ќе има доста влкучувања во живо, Освен вести од Македонија, балканов, свет, бизнис и спорт да има и вести од шоу бизнис, филм, музика.

Очекувам доста повеќе од ова вчера што го прикажаа.[DOUBLEPOST=1454409386][/DOUBLEPOST]http://tvnova.mk/
 
Последно уредено:
Имаат некои технички грешки, и секако забуни кај новиве млади водители, ама се надевам дека од наредната недела или најдоцна наредниот месец ќе ги надминат и отстранат тие пропусти.
 
24вести не е купена туку АТв или поранешно Амазон таму ке се прави опозициски медиум, 24 продолжува од позиција на центар. А точно е дека неколкумина отидоа во Нова од таму, ама послаб кадар, близок на Вмро.[DOUBLEPOST=1454452303][/DOUBLEPOST]
Би разгледал понуда, да....мада има и други работи освен плата....

Ова како лично да си разговарал со нив ? Мада збунувачки е - или биле избркани или си заминале сами поради притисок. По мои информации, не се само 2 туку повеќе вработени од 24Вести. Останува чудно, како што ми кажуваа - што никој пример од Сител не заминал, а таму биле поотепани со плата ?

Како ТВ консумент, ме радува нова телевизија за која препоставувам дека ќе понуди нешто ново и подобро.
Како граѓанин, едвај чекам да видам колку пари од буџетот ќе се префлат за владини реклами....

.

Од Сител и канал5 не им даваат луѓе имаат забрана и договор поради изборите, бидејќи која е целта да растураш етаблирани медиуми спремни за избори за да полниш медиум во зародиш.[DOUBLEPOST=1454452545][/DOUBLEPOST]
Слушнав дека можеби Миленко ќе им бил уредник.Сега не знам дали официјално или од сенка ќе раководел.
Слушнав и јас но како човек однадвор ке биде за подобни лица да се вработуваат а ништп чудно и со емисијата да се префрли[DOUBLEPOST=1454452740][/DOUBLEPOST]
Имаат некои технички грешки, и секако забуни кај новиве млади водители, ама се надевам дека од наредната недела или најдоцна наредниот месец ќе ги надминат и отстранат тие пропусти.

50÷ се млади да не кажам дечурлана од околу 20 години. Многу неискусни примија тоа ме чуди за тв која навестуваше јак старт[DOUBLEPOST=1454453305][/DOUBLEPOST]
Ова е класично наменска телевизија. Кога ќе видите “кој“ ја отвара, треба да е јасно кој стои позади тоа.
Како што имам информации, собираат кадар , и новинари и технички, од 24Вести и Телма со нудење на дупло ( буквално ! ) повисоки плати, со цел ослабување на овие телевизии....

Точно. Сеад Кочан е само извршителот. Налогодавач е познат. Од Телма не прифатил никој од новинарите сите одбиле, освен Бране кој прифатил за уредник на спортска. Од 24 отидени се два тројца технички кадар и 4 или 5 новинари но тоа што го знам е дека се втор трет квалитет луѓе, тие што можеле да ги купат само со повисока плата бидејќи имале ниски плати во 24.
 
Последно уредено:
Анита Петровска и Гоце Михајловски од 24 Вести не сум знаел дека се блиски до ВМРО и дека се послаб кадар. Ме интересира кој е тој јак кадар од Телма што одбил? Лупевска? Или можда Панта Џамбазов? Остај ја телевизијата нека си функционира па ќе видиме што ќе биде. Сега за сега се океј.
 
Вчера видов имаат и една забавна емисија нешто налик Бекстејџ, Ексклузив од А1 :) Водителка беше една од Алфа телевизија порано на утринска беше таму но името не и го знам.

За Анита Петровска паметам кога беше на 24 вести уште на почетокот како уредник во едно печатено интервју збореше дека 24 вести сакале да ја направат македонската CNN.
http://archive.is/tHcv5

Анита Петровска уште пред 24 вести позната е како водителка на МРТ.[DOUBLEPOST=1454506638][/DOUBLEPOST]
50÷ се млади да не кажам дечурлана од околу 20 години. Многу неискусни примија тоа ме чуди за тв која навестуваше јак старт.
Денес гледам цело време некој проблеми имаат. Во спортските вести некој од прилозите ги пуштија без звук, некогаш на лентата која е наменета за да го пишува името на известувачот и оној кој дава изјава воопшто и не го користат т.е не пишуваат име и презиме. Бидејќи цело време има уклучувања и од Скајп па и таму има проблеми не можат да се слушнат.

Интересно е што по цели денови имаат вести, но сепак им фали некој емисии кој ќе бидат одвоени од стандардниот информативен блок по цел ден што им иде.

Треба да направат како на Ал Џезира балкан документарни емисии во повеќе емизоди и сезони. Некој емисии како што е Алхемија Балкана, документарни емиси од нивна сопствена продукција, Емисии како што има српската N1 за филм, за ит технологија и игри, за музика, за шоу бизнис...

Се надевам дека некој од таму вработените ќе дојде до темава и ќе ги прочита нашиве критики и коментирања за телевизијава. Исто така се надевам дека ќе се подобруваат со текот на времето па конечно да добиеме еден иформативен канал каков што и треба да биде.
 
Последно уредено:
Анита Петровска и Гоце Михајловски од 24 Вести не сум знаел дека се блиски до ВМРО и дека се послаб кадар. Ме интересира кој е тој јак кадар од Телма што одбил? Лупевска? Или можда Панта Џамбазов? Остај ја телевизијата нека си функционира па ќе видиме што ќе биде. Сега за сега се океј.

Анита точно е дека не стриктно кон десно, но е натаму кај што плаќаат значи далеку од новинар туку класичен одработувач, а за Гоце ако не си знаел тој е вмро уште од Вечер, па А1 кога го донесоа Груевски на власт, па и во 24вести каде му се случи Пуч кога проба да глуми неутралец во интервјуто со Заев. Од Телма пишав погоре не е никој од тие што ги спомна, засега собираат втор трет ешалон од телевизиите.
 
Анита точно е дека не стриктно кон десно, но е натаму кај што плаќаат значи далеку од новинар туку класичен одработувач, а за Гоце ако не си знаел тој е вмро уште од Вечер, па А1 кога го донесоа Груевски на власт, па и во 24вести каде му се случи Пуч кога проба да глуми неутралец во интервјуто со Заев...
Добро според твоите критериуми не постои објективен новинар. Нормално е да имаат некои лични ставови, но битно е да не им влијае тоа на работата. Кај овие двајца што ги спомнуваш не сум приметил.
 
Нема потреба од генерализација. Би рекол дека е до перспективата како гледаме на нивната работа, т.е. на спомнатите.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom