Засега, најсигурна е тужбата која Владата во Атина ќе ја иницира против земјава за користење на ѕвездата од Вергина, симбол кој македонската страна се согласи да го тргне од државното знаме на инсистирање на јужниот сосед.
Грција обвинува дека со дозволувањето на нејзина територија да се користи овој симбол, Македонија ја прекршува одредницата за добрососедски односи во времената спогодба и ги крши правилата на ВИПО - Светската организација за интелектуална сопственост.
Имено, летото 1995, неколку месеци пред потпишувањето на времената спогодба, грчката влада преку оваа организација како државни симболи заштити три варијанти на ѕвездата од Вергина или од Кутлеш, која беше на првото знаме на независна Македонија.
Според информациите од Атина, доколку Караманлис се согласи со правните експерти, тужбата ќе се однесува на користење на симболот од Вергина од страна на државни институции, како Јавното претпријатие спортска сала „Борис Трајковски“, каде заедно со официјалното македонско знаме се веело и знаме со заштитено осумкрако сонце.
Паралелно со тужбите против Македонија, Грција би побарала од Владите на Бугарија и Албанија да ја забранат употребата на овој симбол од страна на македонските партии и организации кои Вергина ја користат како свој симбол.
Врз основа на решението на ВИПО, Грција може да бара и од Австралија и од САД да ги забрани знамињата со симболот од Кутлеш на македонски организации во овие земји.
Македонија досега не побарала поништување на одлуката на ВИПО со која ѕвездата од Вергина како универзално историско наследство, кое не може да биде присвоено од ниту една земја, формално и ексклузивно е присвоено од Грција.
Врз основа на заштитените симболи, грчката дијаспора мината недела успеала да ги забрани банкарските картички издадени од Обединетата македонска дијаспора, на кои се наоѓаше сонцето од Вергина.
Извор
Интересни се грцивве...