Тужба од Грција за Македонија поради користење на ѕвездата од Вергина

  • Креатор на темата Креатор на темата Princ
  • Време на започнување Време на започнување
Македонија може да се извади на два основа:

1) Никој нема право да регистрира општ симбол како што се крстот, месечината, ѕвездите така да и самата регистрација кај ВИПО е погрешна и Македонија воопшто не мора да ја прифати.

2) Македонија треба привремено да престане да употребува изрази како Сонцето од Вергина туку исклучиво Сонцето од Бонче кое е дефинитивно (де јуре) најдено на македонска територија!

Зашто досега владата не вложила протест кај ВИПО не ми е јасно.

Да се надоврзам, а и на сите да им стане јасно:

Владата т.е. Република Македонија, го има секое право да го користи своето знаме кое го смени под притисок во 1995, како официјално државно знаме на Република Македонија!

П.С.

ДА ПОТСЕТАМ:

The flag dispute between Greece and Macedonia
 
Засега, најсигурна е тужбата која Владата во Атина ќе ја иницира против земјава за користење на ѕвездата од Вергина, симбол кој македонската страна се согласи да го тргне од државното знаме на инсистирање на јужниот сосед.
Грција обвинува дека со дозволувањето на нејзина територија да се користи овој симбол, Македонија ја прекршува одредницата за добрососедски односи во времената спогодба и ги крши правилата на ВИПО - Светската организација за интелектуална сопственост.
Имено, летото 1995, неколку месеци пред потпишувањето на времената спогодба, грчката влада преку оваа организација како државни симболи заштити три варијанти на ѕвездата од Вергина или од Кутлеш, која беше на првото знаме на независна Македонија.
Според информациите од Атина, доколку Караманлис се согласи со правните експерти, тужбата ќе се однесува на користење на симболот од Вергина од страна на државни институции, како Јавното претпријатие спортска сала „Борис Трајковски“, каде заедно со официјалното македонско знаме се веело и знаме со заштитено осумкрако сонце.
Паралелно со тужбите против Македонија, Грција би побарала од Владите на Бугарија и Албанија да ја забранат употребата на овој симбол од страна на македонските партии и организации кои Вергина ја користат како свој симбол.
Врз основа на решението на ВИПО, Грција може да бара и од Австралија и од САД да ги забрани знамињата со симболот од Кутлеш на македонски организации во овие земји.
Македонија досега не побарала поништување на одлуката на ВИПО со која ѕвездата од Вергина како универзално историско наследство, кое не може да биде присвоено од ниту една земја, формално и ексклузивно е присвоено од Грција.
Врз основа на заштитените симболи, грчката дијаспора мината недела успеала да ги забрани банкарските картички издадени од Обединетата македонска дијаспора, на кои се наоѓаше сонцето од Вергина.


Извор


Интересни се грцивве...

Ke ni se fatat za onakvoto :pos2:
 
Добро...
ова е само старт на контрите после тужбата од Стразбур која што за нас нема никакво значење.
Е сега кога еден тим гркљани ќе седне и ќе почне де да кука де да се дере на цел глас...
Гвујо тупото нека иде да ги слуша и по могучност нек се подрасправи (успешно) со нив.
Пошто рука на срце...
ја не познавам човек кој што се разбрал со нив до сега.
И што ако не се разбрал ? Треба да потклекнеме, атер тоа ?
 
И што ако не се разбрал ? Треба да потклекнеме, атер тоа ?

Епа ако никој не се разбрал со нив, дај уште 20 тужби да лупнеме па ќе се туркаме со главата в ѕид а?
Убаво си кажа Зевзус, секогаш безвезно ние први провоцираме, па после вето, епа вето македонче...
 
The Great, потсетуваш на типично робовско подгрбавено македонче...исто како оној со кој се согласуваш...

Има еден израз...вика: Безрбетници.
 
FORoG treba da go tuzi cel svet zatoa sto vo Matematikata i Fizikata, koristat Grcki simboli i bukvi

Alfa, Beta,Gama, Omega,Delta...
:pos2::pos2::pos2:
 
The Great, потсетуваш на типично робовско подгрбавено македонче...исто како оној со кој се согласуваш...

Има еден израз...вика: Безрбетници.

Јас сум доста реален.Ако провоцираш, и ако правиш нелогични работи не значи дека робуваш.Се зависи како го сваќаш тој по многу изгледи мнооогу деликатен збор.
Инаку те разбирам, ти си човек кој се лупа во гради, 200 милиони народ сме и ќе се бориме.Знаеш како клипот со К15 кога тргаа да ја нападнат Грчка.
 
Паралелно со тужбите против Македонија, Грција би побарала од Владите на Бугарија и Албанија да ја забранат употребата на овој симбол од страна на македонските партии и организации кои Вергина ја користат како свој симбол.
Врз основа на решението на ВИПО, Грција може да бара и од Австралија и од САД да ги забрани знамињата со симболот од Кутлеш на македонски организации во овие земји.


Нека повелат слободно на собирот на Роженскиот манастир и да побарат од ОМО да ги тргне знамињата. Многу ми е интересно што ќе се случи :pos2:
 
Јас сум доста реален.


Не, ти не си реален, ти си...губитник. Откажувач. Роб на кратко кажано де. Наспроти тоа, јас сум реален.

Јас сум реален затоа што мое РЕАЛНО човечко право е да го користам симболот кој ме ИДЕНТИФИКУВА, секаде каде што ќе ми текне.

Не е реално тоа што го прават грците, а ти се согласуваш со нив. А тие што се спротивставуваат да тоа, ти ги нарекуваш „лупачи во гради“.
 
The Great, потсетуваш на типично робовско подгрбавено македонче...исто како оној со кој се согласуваш...

Има еден израз...вика: Безрбетници.

Види само за кого навива па ќе ти стани јасно.
 
Прво, тој симбол се употребува во држава која нема врска со нив, симбол- поготово што не припаѓал на нивната држава , немало ни „Г“ од Грција кога се користел тој симбол,ние не го користиме и не го вееме гејското знаме, па да не тужат.
Нека повелат нека тужат.Но исто така и Македонија може да поднесе тужба против нив, заради тоа што УНИВЕРЗАЛНИ симболи неможе да се заштитуваат и да се присвојуваат.Како тоа, на кој ќе му текне ќе си намеречи нешто , ќе си го заштити и негово си е.
 
Јас сум доста реален.Ако провоцираш, и ако правиш нелогични работи не значи дека робуваш.Се зависи како го сваќаш тој по многу изгледи мнооогу деликатен збор.
Инаку те разбирам, ти си човек кој се лупа во гради, 200 милиони народ сме и ќе се бориме.Знаеш како клипот со К15 кога тргаа да ја нападнат Грчка.
Твоето е класичен пример за ментална матрица на губитник и слуга.

Од наша страна НЕ постоии никаква провокација. Од наша страна постои легитмно барање на правдина која е нарушена насилно од другата страна.

Соочени сме со агресор, кој од апсолутно неосновани причини, се обидува да ни го отежни развојот и да ни го погази основното човечко достоинство.

И само ситен плашливец, само зајачка храброст, само некој без трошка почит кон себе и своето, го дозволува тоа или се повлекува при таков напад.
Тоа не е конструктивност, тоа не е разумност...тоа е класичен кукавичлук и себе-понижување.
 
Не, ти не си реален, ти си...губитник. Откажувач. Роб на кратко кажано де. Наспроти тоа, јас сум реален.

Јас сум реален затоа што мое РЕАЛНО човечко право е да го користам симболот кој ме ИДЕНТИФИКУВА, секаде каде што ќе ми текне.

Не е реално тоа што го прават грците, а ти се согласуваш со нив. А тие што се спротивставуваат да тоа, ти ги нарекуваш „лупачи во гради“.

Абе чоек кај реков јас да се откажеме од тој симбол ???????
Јас фино си кажав,нашето патуљаче од премиер прави безмислени потези и провокации.

Ајде најди кај пишав јас дека треба да се откажеме нешто...


Твоето е класичен пример за ментална матрица на губитник и слуга.

Од наша страна НЕ постоии никаква провокација. Од наша страна постои легитмно барање на правдина која е нарушена насилно од другата страна.

Соочени сме со агресор, кој од апсолутно неосновани причини, се обидува да ни го отежни развојот и да ни го погази основното човечко достоинство.

И само ситен плашливец, само зајачка храброст, само некој без трошка почит кон себе и своето, го дозволува тоа или се повлекува при таков напад.
Тоа не е конструктивност, тоа не е разумност...тоа е класичен кукавичлук и себе-понижување.

Твоето е класичен пример на пореметена брзина на функционирање во однос мозок-рака.Значи прво прочитај дали јас некаде сум напишал дека треба да се откажеме од Сонцето од Кутлеш па потоа суди што сум и како сум.

Број 1: Од наша страна постојат провокации, име на аеродром, барање за права на малцинство и многу други работи.И тоа нормално не е провокација, тоа е наше легитимно право за барање на правдата.НО, кога сме во надвор од ЕУ и Нато, зошто прво не пробаме да влеземе таму, да седнеме рамноправни со Грција на иста маса и тогаш да почнеме да бараме се што ќе ни падне на памет.Тоа ми беше главната поента.

Број 2: Болдираното ти е океј.Се слагам со тебе.
 
Твоето е класичен пример за ментална матрица на губитник и слуга.

Од наша страна НЕ постоии никаква провокација. Од наша страна постои легитмно барање на правдина која е нарушена насилно од другата страна.

Соочени сме со агресор, кој од апсолутно неосновани причини, се обидува да ни го отежни развојот и да ни го погази основното човечко достоинство.

И само ситен плашливец, само зајачка храброст, само некој без трошка почит кон себе и своето, го дозволува тоа или се повлекува при таков напад.
Тоа не е конструктивност, тоа не е разумност...тоа е класичен кукавичлук и себе-понижување.


За да сево ова биде комплетно и не биде млатење во празна слама, те молам надополни го со конкретни примери (во врска со меѓудржавни спорови), каде што правдата ја победила силата.
 
те молам надополни го со конкретни примери (во врска со меѓудржавни спорови), каде што правдата ја победила силата.

REPUBLIKE E KOSOVES

За почеток...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom