Продолжува проклетството на тимовите кои ќе завршат први у регуларен дел на сезона. Ниту еднаш (откога е почнат овој новиов лигашки систем) екипата која завршила прва у регуларен дел не освоила Евролига на крај. Годинава Реал, пред тоа Олимпијакос, Барса итн..
За Атаман, нема што да се каже. Многу антипатично створење, гаден лик, ама опасен тренер, моментално убедливо најдобар у Европа. Он, па три места празно па сите други. Прво знае како да селектира екипа, точно знае кој му треба и за која улога, а потоа знае и да ја води таа екипа. Кур го боли кој играч колку е платен, можеш да си и најплатен, ако не го покажеш тоа не терен, нема да играш, крај. А на тие играчи на кои им верува им дава целосна слобода. Пример Нан знае да издивее, ама овој го толерира пошто знае дека е класа од играч и дека кога ќе му биде потребно ќе му врати. Каков убод направија со него годинава, буквално им ја сврте цела сезона.
За Слукас не сакам ни да правам муабет, он е друга категорија. 4 титули има со 3 различни екипи. Не е случајно што Атаман токму него го избра да биде лидер на екипава. Си го покажа тоа и со партијата од вечерва, eдноставно човекот си има шампионски ген. Онаа тројка што је стегна од 8 метри после тројката на Љуљ, папапапа.
И Лесор исто ко Атаман, тешка петарда и говедо, ама две сезони по ред игра на брутално ниво. Мислев дека тешко ќе ја повтори ланската сезона, ама успеа да се одржи на исто ниво и да издоминира и тоа како единствен прав центар. Не ми се верува дека прерасна у ваков играч од периодот кога беше у Звезда 2017 и кога ми корнеше живци секоја утакмица.
Од друга страна Реал одигра маестрална сезона се до финалево. Па и финалево го почнаа јако, ама Пао се прилагоди, сменија одбрана у второ полувреме и толку беше приказната. Хезоња и Муса ги снема кога беше најбитно, Тавареш го пресекоа и остана се на старците да решаваат, ама немаа сила више.
Се на се топ финале и генералано одлична кошарка се играше цела сезона, Штета само што Евролига како организација е курчина и не знаат кај тераат. Да им ги напикам и Лондон, Париз и Дубаи у газ. Многу јако ќе биде ако некад се игра Ф4 со тие екипи + Монако на пример. Точно 500 души ќе има на трибини што 40 минути ќе урлаат “ДИФЕНС“.
А да не зборам за тоа, колку е бесмислен фајнл-фор како систем, без разлика што овој фајнл-фор беше доста добар. Али, ти прво имаш лигашки дел секој со секого, па имаш у 1/4 плеј-оф на три добиени, за да после имаш фајнл-фор каде што се се сведува на една утакмица која го решава шампионот. А наградата е тек смешна. Мислам дека 500к добива победникот.
Наместо ко у НБА, кон која они толку тежнеат, да имаш полуфинале и финале до 3 добиени. Ем ќе бидат топ утакмици, ем е поправедно. А сигурен сум дека може да се усклади и календар и све, само ако се има желба.