Partizanen banditen
Психијатриски случај
- Член од
- 24 август 2016
- Мислења
- 5.761
- Поени од реакции
- 17.207
We feel devotion!
Епа време беше да почнеме со темава, добредојдовте во новата сезона на најсилното европско клупско кошаркарско натпреварување. Oва е дваесет и четвртото издание на Евролига, а 67, ако ги рачунаме и претходните изданија. Новост во новата сезона ке биде плеј-ин турнирот, на кој ке настапат клубовите кои ке се пласираат од седмото до десетото место. По трет пат финалистите ке играат во Мерцедес Бенц Арената во Берлин, а претходно оваа арена беше домаќи во 2009. и 2016. година. Oва натпреварување е освоено од 22 тима. Актуелниот бранител, Реал Мадрид е најтрофеен со 11 пехари во витрините. После нив следува ЦСКА Москва со 8, а два помалку имаат Макаби и Панатинаикос. Тренерот кој најмногу пати ги водел своите тимови е Жељко Обрадовиќ, девет пати, а логично, тоа го има направено со најмногу тимови, пет (Партизан, Хувентуд, Реал Мадрид, Панатионаикос и Фенербахче).
Учесниците останаа исти како и лани, бидејќи Гран Канарија не сакаше да настапува во ова натпреварување. Во продолжение ке ги претставам тимовите спрема power rannkings.
1) Реал Мадрид
Минатата година имаа среќа да се провлечат до фајнл-форот,а потоа и да го освојат, иако по многумина не делуваа така. Посебно што многу Чуш Матео не го гледаа како калибар кој може да го води Реал.
Нормално, дека бранителот е на прво место. Во главно го сочуваа костурот на тимот. Дојде само Кампацо, а клубот го напуштија играчи кои и немаа некоја преголема улога - Најџел Вилијамс Гос, Ханга, Рендолф и Корнелие. Им остана најдобриот играч, Валтер Таварес околу ке се врти играта. Хезоња, Муса, Дек и Јабуселе и понатаму ке имаат огромна улога, а тука е и триото на ветерани кои се тука кога е најпотребно (Љуљ-Фернандез-Родригез).
2) Монако
Како гром од ведро небо излезе вест дека во кнежевството ке дојде Кемба Вокер, играч со неверојатно искуство во НБА. Тука се и одличниот Мајк Џејмс и Окобо и Лојд. Ке видиме како ке се уклопат овие четворица. Лани на изненадување на многу се пласираа на Ф4, а ни оваа година не ја кријат целта.
Освен Американецот, доведени се и уште неколку играчи да ја засилат конкуренцијата. Мем Јаитех е доведен како центар, Тери Терпеј ке треба да ја засили одбраната. Од Реал е доведен Пјер Корнелие. Џон Браун, Јакуба Утара и Алфа Диало и понатаму се дел од тимот.
3) Фенербахче
Што да се каже за овој клуб...Итудис во премиерната сезона за малку не отиде на Ф4, благодарејќи на Слукас, кој погоди она што погоди во третиот меч. Поголем дел од сезоната Мотли и Вилбекин беа повредени. Играчите во кои изгуби поверени грчкиот тренер си заминаа, а доведен е Јоанис Папајанис и Сертач Санли, два играча што треба да ја засилат центарската линија. Нејт Сестина дојде од Турк Телеком. Голем хендикеп е повредата на Раул Нето, Јам Мадар е единствен нов плејмејкер, а покрај него тука се Ник Калатес и Тајлер Дорси, иако и двајцата веќе ги селат од турскиот тим. Во главно, надоврешните играчи треба да придонесат повеќе за да клубот стигне до примарната цел - играње Ф4.
4) Милано
Имаа силен тим на хартија, ама повредите на двата клучни играла Пенгос и Шилдс им ги уништија сите амбиции кои ги имаа. Најголема аквизиција е Никола Миротиќ, човекот за кој се зборуваше дека е во Партизан. Покрај него, центарските позиции се пополнети со староседелците Николо Мели, Војтман, Појтерс и младиот проспект Исмаел Камагејт.
Покрај двоецот кој е споменат горе, тука се и Били Берон, Маодо Ло е доведен од Алба за „секој случај“. И овде примарната цел е иста како горе.
5) Олимпијакос
Го имаат две години по ред најдобро прогласениот тренер Барцокас. Тимот играше одлично во напад, а и во одбраната исто, па не е чудо што први завршија во регуларниот дел. А уште малку што беа на една топка да го освојат натпреварувањето. Секако и по буџетот не спаѓаат во топ четири.
Саша Везенков, МВП-то си замина, а на негово место е доведен Лук Сикма. Слукас реши да направи луд потез - се пресели во Панатинаикос и секако едвај чекаме да видиме како ке биде пречекан. Вилијамс-Гос и Милутинов се вратија, останаа Волкап, Папаниколау, МекКисик, Фол, а одлично Светско одигра Ларенцакис. Најголем фактор зошто не ги гледам во четирите најдобри е тоа што Сикма ги нема квалитите на Везенков, а Гос на Слукас.
6) Барселона
Во 2019. година го доведоа Никола Миротиќ, а година дена подоцна и Јасикевичиус. Се знаеше кои беа амбициите, арно ама ништо не се случи и мораа да се слушат некои промени. Поточно рестарт.
Роџер Гримау, на изненадување на целата кошаркашка јавност добие поверение да го води каталонскиот гигант. Иако Миротиќ си отиде, останаа сите членови на стартната петорка - Лапровитола, Саторански, Калиниќ, Весели, како и Абринес, Јокубаитис и да Силва.
Од засилувањата пристигна Вили Хернангомез, Џабари Паркер ке го има првото европско искуство после повредите. Бризуела и Пара кои се дел од шпанскиот национален тим ке ја прошират ротацијата. Не се во кругот на фаворити, можеби квалитетот не е слаб, ама...
7) Партизан
Сплет на неверојатни околности ги одели белградските црно-бели од играње фајнл фор после тринаесет години чекање. Клучна работа беше останувањето на тројката Пантер-ЛеДеј-Нанели. Пи Џеј Дожер и Камински треба да ги заменат Егзум и Лесор, кој беше најдобар скокач минатата сезона. Смаилагиќ и Аврамовиќ лани имаа огромен напредок, само вториот да го одминат повреди. Огњен Јарамаз се вратио после две години во Баерн, а Матеуш Понитка е уште едно засилување. Исто така од клубот си заминаа Мадар и Папапетру.
Се очекува многу и од Данило Анѓушиќ кој лани не се покажа во најдобро светло. Кога го имате Жељко на клупата јасно е која е целта. Да влезе Партизан во најдобрите четири ке мора да го имаат офанзивниот рејтинг кој го имаа минатата сезона, но она што мора да се поправи е одбраната, посебно дефанзивните скокови.
8) Панатинаикос
Грчкиот тим откога си замина Обрадовиќ во 2013. година нема играно фајнал-фор. Јанакопулос сега реши да го „одврзе“ кесето, посебно откако неговиот „непријател“ Бертомеу не е веќе на чело на Евролигата. На клупата го доведе Ергин Атаман, за почеток.
Турскиот тренер реши да почне се однови, поточно да го задржи само Григонис. Слукас направи изненадување кога премина во зелената страна Атина, мотивот е секако голем - ги доби клучевите на тимот, а и доби „подебел“ договор. Надворешните линии се пополнети со искусниот Џереми Грент, Кајл Гај, Лука Вилдоза, додека дебитант е Димитриос Мораитис. Од Партизан се врати Јанис Папапетру, а со него во лавниот град на Грција дојде и Матијас Лесор. Со него во под обрачите ке бидат Хуанчо Хернангомез, Балцеровски и Митоглу.
Многу фактори треба да се поклопат, за да се исполнат високите цели, а и не може се преку ноќ да се случи. Грент и Гај мора да докажат дека се засилувања, а Папапетру мора многу подобро од лани да изигра.
9) Макаби Тел Авив
Лани Макаби беше пример дека со скоро цел променет тим, може да се направи позитивен резултат. Посебно што една победа ги делеше од играње во Каунас во мај годинава. Носителите (Болдвин, Браун и Колсон) ги продолжија договорите, а како големо засилување доаѓа и Џош Нибо.
Риверо е секако подобра опција од Појтерс, Веб е поливалентен од Мартин, Кливленд има задача да не ги прави грешките на Хиллиард. Тамир Блат е одлично засилување. Сепак една работа мора да се земе во предвид - конкуренцијата е премногу силна.
Многу клубови кои беа позади „гордоста на Израел“ вложија големи пари за засилувања, па е тешко да го „задржат“ петото место. Дома имаа скор од 15-2 и се очекува да биде полош оваа година.
10) Анадолу Ефес
Дојде на наплата презаситувањето минатата година. Голема работа беа двете последователни титулу, ама...Ергин Атаман беше сменет, а него го наследи Ердем Џан. Еден од клучните играчи за освојувањето на титулуте во Евролигата, Василије Мициќ замина во НБА. Ларкин и Клајбурн ке имаа голема слобода во нападот, а доста се очекува и од Дариус Томпсон, кој имаше одлична сезона во Басконија. Тука се и Бубоа и Брајант, кои се покажаа како одлични замени.
Сепак проблем се „високите позиции“. Плајс и Жижиќ се тука, иако лани имаа лоша сезона. Џан со себе го доведе и Тајрик Џонс, а нов играч е и Дерек Вилис. Секако се е ова „тенко“, и играње на плеј ин е најголемо достигнување за Турците.
11) Црвена звезда
Влада Јовановиќ лошо ја отвори сезоната, па наместо него беше доведен Душко Ивановиќ. Црногорецот ги посложи коцките и тимот го доведе за малку во плеј-оф, меѓутоа поразите од послабите екипи кумуваа за неиграње. Плус имаше драма околу Факундо Кампацо.
Митровиќ, Недовиќ, Лазиќ и Лазаревиќ се единствени што останаа. Нејпиер ке биде клучниот во нападот, дос Сантос и имаше одлична сезона во Улм и настап за Бразил на Светското. Големи засилвања се Бјелица и Теодосиќ, но битно е да ги одминат повредите. На внатрешните позиции е доведен Тоби со Боломби, а тука е и младиот Марко Симоновиќ, кој доаѓа од НБА. Давидовац се врати од ЦСКА, Гедраитис ке ја обнови работата со Ивановиќ, а големо засилување е и Адам Ханга.
Црвено-белите имаат на хартија, најсилен ростер во историјата на клубот, но ке видиме со текот на времето што ке се случи и како ке изледаат на паркетот.
12) Жалгирис
Многумина го видоа лани Жалгирис на дното, но ги изненадија сите. Казис Максвитис покажа дека е еден од најперспективните тренери на Стариот континент. Сите играчи си ја знаеја улогата и изледаа одлично. Дома извлекуваа повеќе, мада и на гости правеа изненадувања.
Носителите од лани се задржани - Еванс, Браздикс, Улановас, Смитс, Буткевичиус, Лекавичиус, Хејс и Димса. Потпишани се Митру-Лонга и Манека и покажаа во претсезоната што ке донесат. Манек погодил дури седум тројки на почетокот на домашниот шампионат.
За Литванците важи истото како за Макаби, задржан е костурот на тимот, доведени се неколку засилувања, ама конкуренцијата е доста посилна и ке биде многу тешко да се изборат за минимум плеј ин турнирот. Ке мора дома во континуитет да победуваат, посебно против послабите. Дефинитивно ке бидат на граница на топ 10 тимови, а ке видиме дали ке ја префрлат истата.
13) Басконија
Турбулентен период се деси минатата сезона во овој клуб. Во Евролигата играа над сите очекувања и за малку не играа четвртфинале ,а тренерот Пенароја беше блиску до отказ. Поразот од Хувентуд на почетокот на плеј-офот во Ендеса и доведе челните луѓе во ситуација да преговараат со нови кандидати за тренер, меѓутоа го спаси притисокот на навивачите.
Тешко е од нив да се очекува да бидат во горниот дел, посебно што буџететот им е во пет најскромни во лигата. Сепак нема да ги спречи со „ран&ан“ да ги нападнат противниците. Томпсон, Гедраитис, Хомс и Енох си заминаа, а новајлии се Коди Милер-Мекинтаер, Нико Манион, Калифа Диоп и Никос Рогкавопулос.
За нешто повеќе ке треба Маркус Хауард да ги повтори повторно минатогодишните партии. Вања Маринковиќ покажа дека може да има значителна улога, додека Коцар може во континуитет да ира одлично. Сепак за стилот на тренерот важно е процентот на шутот на Костело, Седекерскис и Раиесте да биде висок.
14) Баерн Минхен
После разочарувањето во Бундеслигата, Тринкиери го напушти Минхен, а него го наследи Пабло Ласо. Еден од најдобрите тренери во овој век, направи многу промени преку ова лето.
Почна со доведувањата на Данко Бранковиќ, Силван Френсис и Леандро Болмарo, а потоа и на француското дуо - Карсен Едвардс и Девин Букер. Голема аквизиција претставува и доведувањето на Серж Ибака, а уште еден новајлија е Дино Радончиќ, некој кој има работено со тренерот Ласо. За Лучиќ е важно да ги одмине повредите, Обст имаше одлично Светско првенство. Гилспи има поголем потенцјал од минатата година, а голема улога се очекува да имаат Бонга и Вајлер-Баб.
Ласо ке има поквалитетен тим, него што го имаше Тринкиери, на хартија, но тешко е да се верува дека може да дојде да игра плеј-оф. Можеби до десетото место и настап на плеј-ин, што би бил одличен резултат. Сепак ова е реално да се случи следната сезона.
15) Виртус Болоња
Пред две недели се случи скандал. Серџо Скариоло влезе во војна со раковдството. Откако испадна „тајната“ опција да го превземе Реал Мадрид и не бидна ништо од тоа да биде нов тренер на Торонто. Ова не му се допадна на сопственикот на клубот Масимо Занети и му даде обостран раскид на соработката. Ова не ми се допадна на Скариоло, а Занети одби да го исплати.
Потоа дојдоа две прес конференции кои „ја прелија чашата“ во очите на Занети. На крај доби отказ, а за негова замена е доведен Лука Банки. Кајл Вимс, Теодосиќ. Јаитеха и Ојелја повеќе не се дел од италијаскиот тим. Кејкок има потенцијал да биде еден од најдобрите центри во Евролигата, Огњен Добриќ имаше добар настап на Светското, Полонара може да се надева дека ке ја врати кариерата на прав пар. Дојдоа Џејлен Смит и Брајант Данстон.
Од староседелците тука се Хекет, Пајола, Белинели, Шенгелија, Кординие и Мајки. Банки го доби ореолот за најдобар тренер на Светското и ако успее да извлече максимум од овој тим може да сонува за плеј-ин. Се што ке направи во Евролигата е бонус, посебно откако седна на тренерската клупа пред две недели.
16) Валенсија
Валенсија лесно можеше да остане без настап во ова натпреварување, но имаа среќа што Гран Канарија после сметањето видоа дека не можат да настапуваат. Клубот од Каталонија немаше гаранции дека ке настапи, па закаснија со формирањето на тимот.
Дубљевиќ и Ван Росом после деценија си заминаа, а и нема повеќе да играат во портокаловиот дрес. Брендон Дејвис доаѓа после слаба сезона во Милано и од него ке зависи како ке изгледа сезоната. Истото се однесува и до Ојелеје, за кого е платено да дојде. Дамиен Инглс дојде од Канараија, а Нејтан Реверс дојде од Цибона.
Валенсија ке има квалитет во надворешната линија. Имаа убиствен тандем лани (Крис Џонс-Џеред Харпер) кој остана и оваа сезона. А во тимот се додаде ни Стефан Јовиќ и Касиус Робертсон. Минатите години, „Таргонеси“ имаа често проблеми со повредите, а кога ке се види композицијата на ростерот, можно е и оваа година. Било каква приказна за плеј-ин е тешка, но не треба да не чуди ако ги победуваат фаворитите дома, а и на гости, нешто што покажаа лани.
17) АСВЕЛ
Откако Ти Џеј Паркер бидна тренер, лани ја играа најслабата кошарка. Не беа конкуренти од средината на сезоната и наредија многу порази. Тони Паркер размислуваше да се повлече, но на крај остана на чело на клубот од Лион. Преку лето дојде до смена на многу играчи, но ова не значи дека ке конкурираат за нешто повеќе. Монако е неприкосновен во Франција, а во Евролигата може да дојдат до претпоследното место.
Жофри Ловерњ се враќа после тешката повреда, Нандо Де Коло и понатаму е тука. Дејвид Лајти, Шарл Кауди и Јусуфа Фол останаа, а дведени се ПАрис Ли, Мајк скот, Едвин Џексон, Џон Егбуну и Тимоте Луваву-Кабаро. Прашање е дали би нешто направиле и во Еврокуп со овој тим, а да не зборуваме за во Евролигата.
18) Алба Берлин
Алба лани беше едно од најголемите разочарувања во европската кошарка. Во домашните натпреварувања не стигнаа до финале ни во лигата, ни во Купот. Иако се очекуваше ова лето да го подобрат тимот, тоа не се случи. Дури изгледа дека се послаби од лани. Носителите Маодо Ло, Џејлен Смит и Лук Сикма си заминаа, а прашање е дали новите играчи се на тоа ниво.
Стерлинг Браун е најзвучно име кој дојде ова лето во главниот град на Германија. Џастин Бин има потенцијал, но дали ке дојде до израз во Евролигата? Исто е и за перспективниот Жига Самар. Габриел Процида може да го искористи недостатокот на индивидуален квалитет, лидерските позиции се наменети за Луис Олинда и Јоханес Тајман. Додека како центри ги имаа Јани Вецели и Крист Кумади.