Тука пишуваме на зададена тема

  • Креатор на темата Креатор на темата Точкест
  • Време на започнување Време на започнување
Јули секогаш мириса исто. Секогаш има пеколни денови кои ги паметам и на некој начин ги мразам, иако сум летно дете, а мајка ми вика кој е роден во лето, сака сонце. Како и да е, најлошите соништа ги сонувам во лето, веќе три години по ред. И што е уште полошо, ги памтам во детали. Секогаш се исти. И секогаш се фрагменти од минатото.

Му ги слушам чекорите кога се враќа дома, уморен од работа. Колку и да е капнат, нерасположен и поспан, неговите чекори кои ги слушав уште во дневната соба на вториот спрат ми велеа: Си дојде. Добро е. Добар е. На безбедно сум. Се колнам дека му ја чувствував близината и кога не беше до мене. Го сакав тој човек, на толку посебен начин кој никогаш никому не успеав да му го објаснам. Милион проблеми минавме заедно и не го видов никогаш да потклекне, дури ми беше мака да го гледам колку енергија троши да биде бедем. Пред мене можеше да плаче колку сака, му го имав кажано тоа, а таа паметна глава знаеше дека го мислам тоа. Сепак никогаш не видов солза во неговото око, нити капка пот од стрес или нервоза, нити раце му се тресеа. Како да не беше од овој свет.

И секогаш исто. Јас гледам телевизија, тој ќе ме прегрне и ќе ме бакне, па ќе се свитка покрај мене сè уште облечен како за на работа. И не зборуваше неколку минути. Мислам дека во тие моменти тишина го преживуваше целиот свој ден обидувајќи се да ги најде добрите и лошите нешта, да види каде згрешил, што може да поправи. Тој ум работеше 24/7 и тоа по најморалниот код кој некогаш сум го видела.

Мислам дека кога ќе ме погледнеше ми читаше од душата. Затоа и немавме потреба од многу објаснување, совршено добро знаевме кога се молчи, а кога се зборува. Па така, откако ќе си помолчевме неколку минути ќе почнеше да ми зборува за својот работен ден, со тој свој малку зарипнат но сигурен и стабилен глас. Никогаш не криеше нешто од мене. Ако имал потреба некому да му ја закачи меѓу очи, ми кажуваше за поривот. Еве вечерва кажува како сакал на главниот менаџер да му го стори токму тоа, кога на состанокот неговата идеја ја прикажал како своја. Сепак, не го кажува тоа како бродовите да му потонале, туку како обичен настан, зашто знае дека во овој живот тој може да успее, а таквите напатени душички само го засмеваа. Јас лично повеќе верував во него, отколку во себе.

И така веќе половина час се смееме на будалаштините на денот, па договараме партија шах за после вечерата. Којзнае што ни текна, будала работа, кога се запознавме обично сакавме да ја играме таа игра и сега чисто за присетување сакавме носталгично да се вратиме назад. Така тој ги мести фигурите, нормално морам јас да бирам со кои фигури играм и низ смеа со едно шише вино, на крајот резултатот немавме поим каков е. Веќе ни стана матно од алкохолот.

И така се будам во ова јулско лето, а срцето ми бие со една таква тага која мислам ме убива се повеќе секој јули. Него го нема три години, а мене перницата уште ми мириса на неговата кожа. Навечер се штрекнувам кога лесен ветер ќе потчукне по дрвата мислејќи дека се враќа дома и дека сум безбедно и дека тој е добро. Но, нити тој е добро, нити јас сум веќе безбедна...
 
Од радиото се слушаше тивка музика од некоја стандардно урбана радио станица. Мирко едвај дочека да се оптегне на кожената гарнитура што ја купи минатото лето. Кога ја купуваше не размислуваше многу на тоа дека кожата може да му го испоти задникот на вакво топло и спарно време, но тоа не му беше важно ни сега, бидејќи го навјасуваше фина дремка. Дремка на типичен работен човек што го поминал денот расправајќи се со простаци од секаков облик. Дремката не оставаше место за грижа околу мокрите гаќи.

Така во полуседечка положба почна полека да пропаѓа во полусон. Тоа беше некаков чуден полусон. Се чувствуваше како да се лулка во некое огромно водно пространство. Всушност, сфати кога се потсетуваше подоцна, тоа и не беше баш вода, повеќе наликуваше на некоја кафена каша. Беше доста густа каша зошто во сонот вооппшто не се мачеше да се одржи некаде во меѓупросторот помеѓу дното и површината. Целата ситуација беше малку чудна, немаше водух и тоа како да го мачеше, ама кашата беше така топла и пријатна, што го мрзеше да исплива на површината. Кога си ги виде рацете сфати дека баш и тешко би му одело пливањето,
и тие беа претворени во густа кафена материја, едвај можеше да ги препознае во тоа матнина.
Му дојде нагон да се зачуди, но кашата беше така топла и пријатна. Едноставно му беше удобно во целата таа кафеава чорба. Од никаде му текна на мајка му, добро можеби и не баш од никаде - како да се сеќаваше дека кафеавата и беше омилена боја - но не можеше да го долови нејзиното лице, контурите му беа некако избледени и нејасни. Не се ни потруди премногу, се беше така топло и удобно, немаше потреба да се измачува. Додека плуташе наоколу како да виде нечија сенка. Од којзнае кои причини се напрегна да види поубаво - не беше
сенка, виде лице покрај себе. лицето беше развлечено и нејасно како и се околу него. Го загледа подобро - па тоа треба да е човек! Некоја нелагодност му помина низ срцето. Поточно таму каде што требаше да го има срцето, не беше сигурен дека е тука сеуште.
Суштеството со лице беше разлеано како амеба наоколу, и раката на Мирко се допираше до неговата рака или што и да беше тоа. Си ја погледна пак својата рака. Додека ја гледаше таа полека се разлеваше во околниот простор. Одеднаш му светна страшна мисла. Што ако ми се разлеат и очите исто како раката?

Се зачу тресок од соседната врата. Мирко ги ококори очите и си ја погледна раката. Беше препотена, но тука беше-цела, жива и здрава. Музиката сеуште се слушаше во позадина, се сконцентрира на звукот и сфати дека ја слуша Imagine од Џон Ленон. Имаше одвратно чувство во устата како да голтнал од кашата од сонот. Само зошто ли има така одвратен вкус? Баш беше топла и пријатна.
 
Ми помина со рацете по белегот „Длабока лузна од глупаво детиште“ - рече пред да се насмее на глас онака задоволно, без прашања, без изнудени одговори .... само продолжи да поминува со раката по должината на белегот....
„Не ги спакував сите нешта во картонска кутија на патот од детиште до жена, ги задржав оние омилените .... засекогаш ..... Не користам кратенки, никогаш и не сум ги сакала во ниту една форма ... Нема да ги користам ни сега кога е полесно да се превртам на стомак и да ја сокријам лузната “
Се насмеа пак .... „На пазарот за месо ти си роба со грешка“ – ми рече- „Остави ме да те извадам од колосек, само за миг да добијам бес од тебе.... да те видам разлутена .... нешто , било што .... за да знам дека има надеж“ ...
„Гледаш некаде натпис Изгубено – Најдено?“
„Зошто во тебе нема светлина? Понекогаш се прашувам како те најдов, како слеп да сум те барал низ мисли, без звук, без мирис, без допир ..... како воздух“- рече и ги затвори очите .....
„Сега ја знаеш лушпата со лузна, и со затворени очи пак ќе ја познаеш нели?“
„Ти уште си играш а веќе си жена, кога ќе научиш дека сега веќе не си играш со сјајни нешта собрани од излог на продавница за играчки имаш живот во рацете ејјјјјјјјјј?“ – ми ја сврте главата за да го погледнам .....
„ Лушпата се крши без допир, мирисот може да даде чудни бои а моето дишење знае да зборува течно и разбирливо“
“На крајот од денот сите го разбираат само онаа ЗБОГУМ кажано на било кој начин а ти си исклучително добра во тоа“ – ми рече со стегната вилица ......
„На крајот на денот јас сама ќе го најдам мирисот на црно вино од чашата која е моја без да користам кратенки“ .............
И уште една насмевка умре, по којзнае кој пат .........
 
Сонувам. Најчесто глупости. Ги паметам најглупавите и најморбидните соништа. Се случи пред неколку вечери. Горе на спратот и во ноќите е претопло и едвај се спие. На почетокот сонував како во бунило, мислев дека навистина го правам тоа, дека навистина го уклучив компјутерот и се логирав на скајп.
Другарчето што замина Синсинати на работа преку work & travel ми пиша порака да се уклучам да се видиме како луѓе, дали сме добри и како изгледаме. Мразам Скајп. Никогаш не сум го користел и се помачив додека го додадов во листата на пријателчиња. Make a video call... му се јавувам.

Од другата страна не се појави тој. Се уплашив и скокнав. Наместо мојот најдобар другар, на другата страна на видео повикот се појави Бетмен. Во позадина - пештера.
- American? - проговори со остар акцент.
- No. Ohrid. - едвај проговорив, малку пискаво затоа што се блокирав од трема.
- Шо не кажиш така, море!!!??? - се насмевна Бетмен. - Од таму влечам корени, дедо ми бил од Дебарца. Сливово, поточно.
- Ко Џорџ Буш, а? - ми дојде душа малку од кока кола и нешто благо.
Ми кажуваше за неговото потекло и огромната желба еден ден да шета низ пределите каде што неговиот дедо пораснал. Ми раскажуваше малку за Готам, за загадениот воздух и корупцијата. На моменти го прекинував со по некое прашање. Бев мошне љубопитен и среќен затоа што ми се пружи таква шанса, можеби една во сто години, да поразговарам со мојот најомилен херој.
После неколку минути и фалење од околу, ме праша:
- И, ти се допадна новиов дел, а?
- Да ти кажам искрено уште не сум го гледал. Сега да се заберам од провинција по горештиниве... Нема смисла. Ама убава пара лапнавте, а?
Бетмен не одговори одма на прашањето. Малку се помисли, ја сврте главата лево - десно и ми рече дека парите не му биле важни. Важно му било тој да биде добар, лилјаците да бидат на број и Готам безбеден.
- Знаеш што мислам јас искрено? - после долго колебање решив да ја образложам мојата животна теорија (а и теорија на секој трет жител на планетава). - Мислам дека ако Холивуд паузира една година од правење филмови и порно индустријата се намали за 30 посто, на светот нема да има сиромашни и несреќни луѓе. Ако парите што се трошат во правење на нови блокбастери и филмови без никаков квалитет, а согледувајќи ја сегашната состојба, порно имаме во залиха за наредниов еден век, ако тие пари, се вложат за прехранување на земјите од третиот свет, за зајакнување здравствените фондови во посиромашните држави и зголемување на субвенциите за земјоделците, во светот ќе владее мир. За сите овие работи што ги набројав ќе стигнат пари, а можеби и ќе остане нешто.
Според гримасите што ги направи мислам дека не му се допадна тоа што го кажав. Можеби затоа што мојата теорија беше проста и смешна. Сепак, мислев дека Бетмен ќе ме разбере. Поради долгата и непријатна тишина меѓу нас, се разочарав. Помислив дека се она што тој го прави е само обична маска со која го крие неговото вистинско лице - лицето на алчноста.
- Капитализам. - најпосле изусти Бетмен.
- Не се разбирам многу. Јас само гледам фудбал и пијам кафиња. Знам дека во Middle Earth сите си беа монархии и немаше еден незадоволен. А злото сепак, сами си го креираа. Кај нас самото општествено уредување со себе го донесе злото.
- Слушам сега и струјата ви ја поскапиле?
- И животот Бетмене...
- Па добро, леба ти, нема некој кој се бори против тоа? Немате некој херој како мене?
- Имаме, како не... Секако дека имаме. На фејсбук има неколку души, на форум исто, на твитер.
- Епа во што е проблемот? - ме праша тој.
- Па проблемот е што истите тие се ко Аквамен. Како што тој работи само во океан, така овие на компјутер. - брзо одговорив.
- Епа зошто ко така ти не промениш нешто? Нешто во реалноста, надвор од овие социјални мрежи. - неговиот глас содржеше одредена доза на цинизам.
- Јас? - ме погоди со прашањето, но морав да одговорам брзо затоа што конекцијата веќе се губеше. - Јас учам сега, испитна сесија е. А викендов почнува Италијанско првенство. Немам време Бетмен, не седам цел ден в пештера јас за да чекам сигнал за помош.
- Па и ти си нешто сличен на нив. - рече Бетмен. - Како и голем број други wannabe херои кои само зборуваат, а не прават ништо.

Го снема. Се почувствував бедно. Се скарав со мојот омилен херој од детството. Знам дека беше во право за тоа што го кажа, дека се што правам се само празни зборови и детски идеи. Конекцијата се изгуби баш во тој момент и ми беше криво што ги кажав тие зборови.

Тоа утро беше поинакво од останатите. Не се расонав и не се измочав за одма да се ставам на интернет. Во главата ми се вртеше само една реченица: "I am the Hero the internet deserves."
5boCp.gif
 
Сонови? Омилена тема. Лето? Ненаспаност? Кошмари? Погоден момент за таков морничав сон. Како да доживувам робинсонада, само три пати по жестоко и по реално. Не, не 3 пати, десет пати! Слика: Соба, сиво, црна природа. Се` околу мене беше така празно и безволно. Да, се сеќавам, се сеќавам на некои визии и на моменти. Се сеќавам на полу истрошената ламбада која неуморно гореше потпрена на тетрода која својот век на траење го имаше завршено уште одамна. Околу мене чуствував магнитуда, не обична, туку колку што беше мистериозна, толку беше и наивна. Во таа соба имаше само една полица и една шоља. Да, добро прочитавте, шоља. Собата имаше правоаголен облик и беше последното место каде што сакам да бидам. Додуша, јас и незнам како се најдов таму. Пригушената светлина на ламбадата беше единствената светлина што ја осветлуваше мистериозната просторија. Се наоѓав на десниот крај на просторијата. Со несигурни, мирни и тивки чекори почнав да се движам кон рефлектираната тенка светлина на шољата. По цел вел, барем мене така ми се виде, конечно стигнав до дестинацијата. Со двоумење, полека ја надвив главата над округлестиот прстен кој ја формираше шољата и останав подзинет. КРВ! Да, имаше крв. Не само крв, туку имаше и рака која лефтерно лебдеше во водата. Згрозен од глетката, ми остана едно нешто, да БЕГАМ! Но имаше еден проблем, собата немаше врати. Паѓањето во кома и мавнувањето на малиот мозок беше последното нешто што го памтам.

Нова сцена, но за жал, во истата просторија јас се наоѓам помеѓу мои пријатели. Се разбудувам, но чудно, они не го менуваат нивниот застрашувачки поглед. Се расонив од кома и пробав да ги убедам дека се` е во ред, нема потреба од ништо да жалат. Но, не трепнувајќи, безволно ме одрекуваат: "Не, брате, не е тоа што мислиш." Овие зборови ме трогнаа. Останав подзинат и преплашен. Како млазен авион ми помина слика низ главата. Во нејзе видов непозната агенда и во нејзе бледо нацртана полусрушена капија, а позади капијата рушевини. Одеднаш мрак и трепет се пролеа во моето срце. Незнаев што се случува, а уште помалце и сакав да дознаам. Ми пролета уште една мисла, а тоа беше крвта во шољата. Чива е собата, чива е раката, како таа се нашла таму?! Не, не како ЈАС се најдов тука? Мислејќи и изговарајќи ги последните зборови се свртев накај шољата и што да видам! КРВ! И тоа многу крв. Капка по капка гледав како капе на подот, а звукот од капките полека, но сигурно ми ги уништуваше тапаните. Крв течеше на сите страни стана лепливо, одеднаш ми проработе и осмото сетило! Почна да ме фаќа страшна параноја, почнав да гледам црно-место во боја. Само се свртев кон пријателите, но тие така жално гледаа без да трепнат во подот пред нив, како да ги преживуваат последните мигови од нивниот живот. Како можат да бидат рамнодушни? Како можат да седат со потпрени раце, секој своја приказна? Извикав! Но, сите само трепнаа и продолжија со својот гледачки ритуал. Само еден, ми се сврте, се насмеа и им се придружи на останатите. Почнав да се прашувам што се случува?! Дали халуцинирам или се трансформирам? Како цреша над шлагот ми беше страшниот крик кој доаѓаше од недојдија. Се свртев и осетив извик и отварање на врата, иако истата и нигде ја немаше. Наеднаш здогледав жена, просечна жена. Црномуреста, изгледаше изморено. Прозборе нешто неразбирливо и матно, а јас бев пресреќен што слушам глас, а да не се извиците од мојот. Кажа уплашено, но сигурно, веродостојно. Се приближив и слушнав еден од пријателите: " Ви реков дека тоа е тој!" И ги ококорив очите, се стрчав да го фатам за гуша, со желба дека ќе ми објасни се`. Но, само осетив влага. Да, влага, потта ме обли цел и станав од сонот. Наеднаш се почуствувам како да паѓам во бездна, како да гонам нешто недопирливо. Се разбудив во последниот миг. Ги кренав колената, се стуткав и почнав да размислувам: Каде се наоѓав? Чива беше просторијата? Каде беше просторијата? Чива беше раката, а воедно и крвта? Кои беа луѓето во собата? Која беше црномурестата жена? Што им пренесе? Кој е "тој" тој? А кој бев јас? И што воопшто се случуваше? Овие прашања засекогаш ќе ми останат мистерија на која неможам да одговорам и на кои ќе ме лазат морници на самата помисла. Но, со надеж дека повторно ќе го сонам сонот, сега легнувам...



Еве еден текст од мене. Иначе овој сон навистина ми се има случено во периодот околу 23-27 јули. За истиот имав пишано и во темата за сонови, но не се сеќавам што точно ми одговорија и што значење има. Се надевам дека ке го прочитате текстот и ке се зачудите. Ако има некој одговор или претпоставки на овие прашања, слободно ПП! И кажете дали да се смени во стилот, начинот и слично. ПОЗДРАВ :)
 
tumblr_lv86vlIfSG1qbt8pao1_500.jpg


Страшна грмотевица удри во близина на мојот дом. Ова невреме кое го најавија, трае повеќе од вообичаено и почнува да ме загрижува. Ако продолжи, може да се појави поплава.

Инстинктивно ги оставив документите кои требаше да ги подготвам за утре за на работа и втрчав во детската соба да проверам дали мојата малечка тригодишна ќерка Ева е вознемирена од звукот. Грмотевици во ноќта можат сериозно да вознемират едно дете, иако можам да кажам дека мојава малечка имаше срце какво што немам видено кај ниедно дете. Вистински борец. Иста како татко и.

Ева ја немаше во креветчето. Мислам дека нозете ми се исекоа од страв. Почнав да ја барам под креветот, во ќошевите, знаеше да ползи и да заспива по под. Ни трага од детето. Веднаш одам кај сопругот во спалната да го разбудам со триста мисли кои ми се вртат низ умот и ја гледам Ева стуткана крај татко и, ја ставила главата на неговите гради. Таа глетка ми го одзеде сиот мој страв. Моите две омилени суштества на планетава немаа гајле дали надвор има невреме, не чувстуваа звуци, се имаа еден со друг. Очите ми се насолзија. Некогаш сосем ненарачано во животот ќе ви пристигне мала радост, убава слика заради која ќе сакате да го замрзнете денот и ноќта.

Се приближив и легнав до Ева прегрнувајќи ги двајцата. Дени спиеше поцврсто од било кога, а му го знам сонот, некогаш кога на прсти одам низ собата ми вели да одам потивко, па ми останува уште телепортација или лебдење како алтернатива. Колку прекрасно суштество е мојот сопруг не можам да објаснам и додека го гледам вака не можам да поверувам дека дочекавме да бидеме заедно. Дени никогаш не беше човек за кој би рекле дека човек ќе го затвори во четири ѕида, со мала куќичка, сопруга и дете. Јас го сакав уште од првиот разговор со него, но истовремено знаев дека таква природа, човек не може да ја скрои и скроти. Едноставно посебен.

Јас имав 26 години кога го запознав, а тој 30. Слушав сешто. Бил секаде со секого, триста митови ги поврзаа со него и признавам ме плашеа, но повеќе ме плашеше неговото влијание врз мене. Не знам дали сте ги сретнале таквите типови на луѓе, моќта над вас им излегува низ очи без разлика дали ви се смешкаат, немо ве слушаат или ви зборуваат. До ден денес кога ќе ме погледне имам чувство дека ми ги пресекува нозете и се обложувам дека ужива да ми го прави тоа. Ние не бевме отсекогаш заедно, напротив. Го запознав сосем случајно и го среќавав повремено на разни места во кои ќе си помуабетевме за се и сешто, а потоа ќе се видевме пак по некој месец. Во меѓувреме како сенка ме следеше неговото присуство, зборовите кои ќе ми ги кажеше на средбите, разговорите на пријателите за тој човек. Беше поприлично интригантна личност. И за година дена од неколку блиц средби, јас развив таква приврзаност за тој човек и такви емоции што ме фати страв. И решив да се ослободам од сето тоа. Еден ден самата го викнав на кафе, седнавме и кажав се што имам да си кажам. Седеше толку спокојно и мирно при мојата исповед при која којзнае колку смешно сум изгледала, што почнав да тропам со нозете од нервоза. Ме фати за раце и ме уби во истиот момент:

- Ти си прекрасна девојка, јас би сакал да имам жена токму таква каква тебе. Но, верувај ми ти не сакаш да бидеш со човек како мене. Јас сум тешка личност за толеранција, имам премногу барања и мала толеранција за другите. Можам да те уништам без да сакам, а тебе не би сакал да ти го направам тоа.

Не знам што очекував од разговорот, ама зборовите толку ме погодија што станав заминав без збор и не можев да прозборам ни збор цел ден. Со недели и месеци, тие неколку реченици ме гонеа. А најмногу ме болеше што си мислев дека можев да го имам, имав такво чувство дека тој човек сака да биде со мене, а сега не излезе ништо. И така си минуваа деновите, не го видов долго долго време, веќе и заборавив кога беше точно последната средба кога една вечер некој ми заѕвони на врата. Тоа беше тој. Од крв и месо. Неговото присуство ме запрепасти повеќе од разговорот на последната средба.

-Хеј, извини ако доаѓам касно. Сакам да ти кажам нешто.
Мислам дека стоев и го гледав како збунето мало дете. Не знаев што да кажам. Ме фати за рака и седнавме надвор на скалите.

- Слушај, јас не сум човек скроен за слаткоречиви зборови. Тоа од мене никој не го очекува. Директен човек сум па ќе ти кажам вака. Ако требало да бидам со некого во животот, тогаш тоа си ти. Не знам како и зошто го знам тоа, ама го знам. Само немој да речеш дека не сум те предупредил, дури и кога се обидувам да правам компромис влечам кон себе. Немој да мислиш дека не те сакам заради тоа. Едноставно јас сум тоа што сум. А гледам дека ти целосно го прифаќаш тој факт и затоа и си совршена за мене.

И така почна се. Но, видете јас не се обидов да го нијансирам тој човек, кај него постоеја толку нијанси на бои што моја интервенција не беше потребна. Јас го сакав тоа кај него. Беше одреден. Имаше по една различна нијанса емоција за секој сегмент. Различен за мене, различен за Ева, сосема трет кон соработниците и пријателите. И никогаш не се промени. Камо вечно да остане таков. Непокорен и прекрасен. Исто како ова малечко, кое очигледно е негова копија на Земјата.
 
Напишано пред неколку години, а сега сосем случајно ми падна во раце.


........се разминуваа, а таа застана и` се насмевна. Го препозна. Ги затвори очите и ја заврте главата кон лево, сосем малку, само колку да може со врвот од увото да го начуе неговото срце. Сакаше да дознае дали е среќно. Не, не сакаше да ја постави раката на неговите гради, знаеше дека така ќе му го одземе здивот. Се` што сакаше е да му погледне во очите, само едно трепкање, од кое ќе можеше да ги види неговите последни 20 години. Но, се плашеше да се заврти, да му викне да застане. И во тој момент екот на чекорите се изгуби. Не беше сигурна дали тој застана или ветрот кој дуваше го топеше под својот пазув ударот на неговиот ѓон. Оддеднаш го почувствува неговиот поглед на своето рамо. Ги затвори очите. Трепереше при помислата дека можеби влегла во неговиот фокус. Почувствува дека снагата и` попушта.

Се` што тој можеше да види одзади беше жолтото ластиче за коса кое лабаво ги држеше нејзините црни прамени. Еден се беше измолкнал и слободно паѓаше преку нејзиниот блед образ. Знаеше дека од таму каде што тој стоеше ќе може да ги види само нејзините усни. Се прашуваше дали можеби ќе ја препознае по нив. Впрочем, тоа беше првиот поглед кој тој и` го подари. Се врати назад во тоа октомвриско попладне кога се запознаа. Тој третто одделение, а таа забаваче. Го чекаше дедо и` да дојде и да ја земе од школскиот двор. Си рече, ќе појдам да го почекам надвор. На клупата виде едно момче како седи и гледа во врвот на своите кондури. Кафеави со дебел ѓон. Се гледаше дека се нови и дека со радост им се воодушевуваше. Но, и покрај тоа, имаше нешто тажно во него. Скоро нечујно седна на ивицата од клупата. Не сакаше да го погледне, за да не го уплаши. Само ја неведна главата, а прамените и` паѓаа преку трепките. Ги затвори очите и наслушна како си потпевнува некоја мелодија. Тивко си хмкаше и ги нишаше нозете напред назад под клупата. Убава беше песната, и` се допадна. Не ја беше чула до тогаш. Конечно смогна малку храброст и го праша:
Убава е песничката. Како се вика?
Кревајќи го погледот, се свртре кон неа и гледаше во нејзините усни.
Рингишпил – и` одговори.
Рингишпил? Зачудено повтори таа. Ги крена очите кон училницата каде учеше и се обиде да го долови зборот во нејзината меморија. Не можејќи да го пронајде, весело се заврте кон него и го праша:
А што е тоа рингишпил?
Вртечко училиште – и` одговори тој, стана и со брзање си замина без да ја погледне.
Таа збунето го гледаше како си оди и пробуваше да ги разбере зборовите што тој ги изговори. Малку беа, само два, но сепак таа не можеше да најде логика во нив.
Хм, вртечко училиште?!? И понатаму самата се прашуваше. Го погледна нејзиното училиште и си помисли овој сигурно ми се подсмева. Како може училиштето да се врти? Плус тоа, коцкасто е, не е како топка. Ах, овој мајтап си поигра со мене.

Во тој момент го виде дедо и` како наближува и во истиот момент заборави на момчето


...... погледот одзади и` ги топеше рамењата, а оддалеку се слушаше...

Ко детските сништа животот мине
Ко игра што буди занес еден луд
Еднаш е чуден друг пат тој е толку студен
Ко ѕвезда сина во неврат ќе згине....

Не, и после толку години таа не сакаше да го прифати фактот дека можеби е се` изгубено, дека треба да престане да се обидува да ги пронајде миговите на среќа, дека животот е студен. Се обидуваше да ја обои секундата во нејзините вистински бои, а сепак знаеше дека ова е само миг во кој дури и Сонцето црпеше топлина од нејзината душа.

Ах, зборови... Кога би знаеле кога да ги скриеме, а кога да ги подариме. Зошто секогаш смртно ги рануваме луѓето што најмногу ги сакаме?
 
Провејуваше слаб дожд додека ја симнуваше завесата од прозорот на кој коцките од калдрмата му беа единствен одсјај. И секогаш последната алка од завесата си ја ставаше на раката, за да не заборави што последно има направено, само никогаш не најде начин како да ги извади тие алки ... па рацете и наликуваа на еден потсетник од кој никако не успеваше да избега.

Долу под нејзиниот балкон секоја есен се случуваше карневалот на изгубените души. Затоа и ја переше завесата, сакаше со препознатливиот мирис да ги анализира сите бои.
Секоја наредна година наликуваше на претходната зошто веќе и беше позната програмата и појавувањето на сите, веќе го знаеше и првиот врисок на девојката која доаѓаше во метална кутија и се вртеше во круг за да го намали притисокот од металот кој и го имаа натоварено. Го знаеше и паничното смеење на оној возрасен човек кој ги убедуваше сите дека жена му не го има оставено, таа има отидено да бара школки со бисери и е посветена во потрагата. И онаа жена што одеше секогаш позади него и правеше бумбари од стари ќесиња, таа секогаш имаше излитени бои на јакните што ги носеше ... можеби и затоа се припојуваше до еден млад дечко кој никогаш во овие години ја немаше сменето кошулата, но секогаш ја имаше онаа свежа плава боја ... Можеби само се надополнуваа, а не беа свесни за тоа ... И жената што доаѓаше со кола и ја оставаше токму пред нејзиниот прозор, па на тротоарот ги местеше сите реквизити за останатите да приметат дека она има минато, има што да донесе и покаже ... Дека местењето е нејзина гордост .. и тоа што ги покриваше со сива ткаенина не значи дека фалат бои во сеќавањето туку никој да не ја примети прашината собрана од недопреното ...

Вистинските бои доаѓаа секогаш кога ќе се навалеше на балконот и ќе ја запалеше последната цигара пред спиење, тогаш ја здогледуваше силуетата на сигурноста. Знаеше дека е доволно да ја види само една вечер во годината, за до наредната година да ја одржува копнежот и радостта на испраната завеса ...

А секоја година наликуваше на претходната само затоа што очекуваше таа да се појави.
 
Во еден паралелен свет кој што егзистираше до овој во кој моментално живееме суштествата таму комуницираа со помош на аури. Немаше знаци на комуникација, ниту пак некој се обидуваше со гестикулации да објасни нешто. Целата комуникација беше сведена со помош на СМС пораки кои се испраќаа со помош на специјална фрекфенција до синапсите кои подоцна ја процесираа таа информација до делот на мозокот задолжен за да ја ослободи аурата над главата на суштеството.
Пример се разбудуваше едно суштество и над неговата глава стоеше облак од пурпурна аура и испраќаше на неговата жена СМС со порака за утрински секс, во случај ако неговата жена беше расположена за такво нешто тогаш и над нејзината глава се издигаше пурпурна аура, за по 10-20 минути кога ќе завршеа работа заминуваа на работа со розеви аури и двајцата.
Колешките со зелени аури над главите од завист кога ќе видеа како среќно влегува во канцеларии и испраќаа порака на дамата за добро утро, но сепак беа малку засрамени од причина што не можеа да го скријат својот завист и аурата ги оддаваше.
За разлика од тоа кога мажот влегуваше на работа во железара со розова аура, дел од колегите со плава аура за тролање над главите почнуваа да му испраќаат СМС како му била вечерта и се шибаа под мишки со лактите.
Некои пак од колегите кои вечерта биле во пабот немаа воопшто аура над главата и само климаа со главите.
Пример пак во обратна ситуација ако жената не беше расположена за утринска гимнастика испраќаше СМС Мензис и имаше црвена аура над главата.
Тогаш имаше менување на аури со пораки, каде што мажот испраќаше СМС Орал со портокалова аура над главата.
Па жената ќе испратеше порака Ме боли главата и ќе се појавеше жолта аура над главата дека лажи и мажот заминуваше на работа со сива аура над главата како и повеќето негови колеги, се до моментот кога некој ќе поминеше со розова аура и ќе почнеше неговата аура да се прелива од сива во плава.
Шефот по обичај имаше црна аура, но некогаш имаше и зелена кога ќе видеше дека некој работник има две утра со ред розова аура.
Тогаш тој се погрижуваше набрзина неговата розова аура да стане сива за да не ги предизвикува останатите работници.
Ова е само мал фрагмент од хрониката за паралелниот свет каде што не живееа луѓе.
 
Есенските лисја веќе крцкаа на асфалтот под нивните нозе. Чекореа немо, а потоа полека ја фати за рака и тивко и шепна: Немај доверба во никого.
 
“So, what’s going to be this time, eh” was his first thought on that misty Monday morning. The morning fog was slowly ebbing away, leaving just a thin layer of mist on the windshield. He exhaled. Heavily. Slowly, he turned the ignition, and the crackling diesel engine under the hood started coughing and complaining while churning fuel with air. After all, she had almost 600 000 kilometers under her tires. “You need to warm up a little bit, Milka. Then we’ll be off”. Yes, he loved his car. He gave her a name, Milka. He had the title after 6 long years under different names, different license plates, different owners, many run-ins with the local law enforcement. But, that was not important at the moment. As a matter of fact, it was never important. The important part was, she was always there, always ready to eat up the miles, and he would not accept anything less. He trusted her. The same way he trusted his wife, and his children. Sometimes, he thought, probably those are the only people in the world that would never turn their backs on him. Just a thought, never proven, or proven, but deeply forgotten and lost. Lost somewhere in the grayish mornings, in the windy nights. Another deep philosophical outburst, while waiting for this rusty bathtub on wheels to warm up its piece of shit engine. He even managed to crack a smile at his thoughts. The missus was already waiting for him to get off the driveway, so she can close the gates behind the car. She was always the meticulous one, he thought. Check the stove, lock the doors, close the windows, check the basement door, close the gate, and climb into the passenger seat. That was one of the things he admired about her, but never got the guts to say it out loud. Pleasant, yet little strong whiff of perfume was slowly radiating in the compartment. “Chanel No. 5” he thought, and started driving. They rode silently, admiring the view. The same view they were admiring for the past 13 years. And it felt pretty damn good.

The phone rang, disrupting the pleasant silence. It was his secretary. Another IRS auditing. 18th this year. “Well, that might as well be the new record in the state. Who knows?” He clicked off his phone. He looked at his wife. The famous piercing stare, complemented with concealed weariness. She knew. She always knew. He had given her that stare 17 times already. After 15 minutes, he dropped her off at her work. She didn’t say anything, but smiled and gave him a small peck on his cheek. He’d see her later for lunch. It was their thing. Modest lunch, pleasant chit chat, 45 minutes of recharge during the grim workload.

After 5 minutes, he was in for a treat. Bittersweet one. The building was swarmed with cops, and auditors. Slowly circling like vultures, they were expecting his arrival. The journalists of the local news stations were on the way. He called them from the car. He desperately wanted someone impartial on the scene. Someone with camera and microphones. He waited couple of minutes in the car, taking deep breaths. Turned off the engine, patted the steering wheel and went out. The police sergeant approached him, and tried to start up a conversation. The sergeant sounded a little bit apologetic, but he did not pay attention to that. He simply added: “You are here on official business. Do your business, and I will do mine. No need for excuses or apologies.” They were expecting a scandal. He didn’t give it to them. Slowly and silently, he retreated to his office to drink his morning tea. After 20 minutes, he met the journalists and explained the charade that was going on for the past year. The dead silence, combined with the puffy and heavy air made the situation even more bearing, than it already was. After finishing his small speech, he simply signed the piece of paper laying in front of him. A short sentence followed: “I officially resign from all of my duties as a CEO. The board is free to choose. My trip ends here. I’d like to thank all of you who worked with me, and hopefully we’ll meet again someplace else.”

He stood up, got his coat, and went out of the room. Outside, the Board Members were standing like a balustrade. Middle aged, overweighed, pathetic, gullible, cunning, ill-minded, short sighted bunch. He just smiled at them. Some of them approached, but he cut them off. He wasn’t in the mood for excuses, lies, explanations, fabrications, illusions. He was in the mood for brunch.
 
Јас паметам и потешки денови од овие. Уште можам да ги почувствувам крвта и потта како ми се слизгаат по чело. Паметам моменти кога мислев ене ја смртта, време е да се поздравиме. И еве ме преживеав, макар што мислев дека сум на еден здив до вечноста. Но, вакво време не помнам. Не паметам моето битие да било опкружено од толку чемер, бол и живи кукли, емотивни мртовци, дефектни генерации. Како да ги штанцаат по некоја посебна рецепта. Еден нормален да не остане. Којзнае може и јас сум во тој шунд.

А стариот мој, чуден ти е тој. Или е луд или најнормален. Има некоја верба во очите, мислиш демон може со заби да растргне. И си тлее тоа откако знам за него. За разлика од останативе затруени гревови, тој со молк минува низ ова невреме. Нема кај него недоверба. Тој знае. Ти чита од душата дури и да не кажеш ни збор. Да бевме сите такви немаше да има толку забодени ножеви во грб, немаше да има толку недоверба, убивање на пријатели и непријатели, правење чистка во животот по принципот кого удрам не жалам.

Туку слушај, ќе си го испијам пивото на мира во оваа навидум мирна вечер и како и секогаш ќе дојдам до истиот заклучок. Ме заболе мене за светот. Ситни мравки кои не знаат што прават. Туку како да си го најдам раатот, таму каде нема спокој. Некои стравови ме распарчуваат одвнатре, како сол на жива рана. А чале со тоа не може да се бори, море не знам ни дали може да ме научи да го правам тоа. Јас одамна не си верувам на себе. Има нешто посилно од мене кое секоја ноќ ми шепоти дека ете го крајот, го црта, ми го покажува, ме вика. Што правиме со тоа искушение? Или ќе ме има до крајот или ќе ме снема дури пукнеш со прсти.

Најсмешното. Оди објасни му на човек дека си нормален иако живееш со ненормални мисли. Оди објасни си себе и после тоа верувај си на зборовите.


 
Немај доверба во никого

Немај доверба во никого, драги мој, затоа што кога веруваш во некого, се отвараш, даваш клуч од својата душа, парче од своето битие. Не, немој. Затоа што ќе се отвориш, ќе се посветиш, целото свое срце ќе го ставиш на послужавник. Ќе влезат луѓе во твојот живот. Ќе ги засакаш, ќе сакаш да си постојано со нив, да бидеш дел од нивниот живот и тие да бидат дел од твојот живот. Ќе ги засакаш од дното на своето срце. Животот ќе ти биде исполнет, ќе бидеш среќен, ќе се смееш искрено, ќе ја имаш најголемата насмевка во градот, ќе ги имаш очите со најголемата искра што може да постои. Ќе сакаш да ги гушнеш, ќе сакаш да им го раскажеш денот, да им се јавиш само за да им го чуеш гласот, да им испратиш порака само за да ги насмееш.

Драги мој, немој да имаш доверба во луѓето. Тие не се лоши, но се себични, љубоморни, завидливи, егоистични, исплашени. Сакаат да држат туѓо срце во своите раце. Сакаат да доминираат, да бидат центар на нечиј свет. А кога ќе им ја дадеш својата доверба, ги ставаш во центарот на својот живот, ги ставаш на пиедесталот на својот живот. Тие тоа го сакаат, сакаат да ја видат искрата во твоите очи која гори за нив, топлината на насмевката која постои само за нив. Затоа драги мој, тие ја сакаат твојата доверба. За да ги ставиш на пиедесталот, за да го храниш нивното его, за да ги направиш да се чувствуваат битни.

Не заборавај, драги, дека тие го имаат послужавникот со твоето срце кое ти си им го подарил. И тој послужавник го носат постојано со себе, затоа што ги прави доминантни. Но, има и други луѓе кои сакаат да им го подарат послужавникот со своето срце. И ќе се најде некоја особа која има повредно срце, поголема искра, потопла насмевка и тогаш ќе го фрлат послужавникот со твоето срце некаде далеку од себе. И ќе се завртат и ќе си отидат од твојот живот. Само така, само со вртење на грбот. Затоа што тоа е лесно. Затоа што таму некаде има поубав послужавник. Затоа што таму некаде има срце кое посилно чука, срце кое повеќе им го храни егото.

А ти, драги мој, ќе го изгубиш срцето, ќе изгубиш дел од себе, ќе останеш сам, беспомошен, изгубен. Ќе сакаш да го вратиш своето срце назад, но нема да можеш да го најдеш, затоа што не знаеш каде го фрлиле. Ќе луташ, со безизразен поглед, затоа што сјајот во твоите очи веќе го нема, затоа што искрата во твоите очи се изгасила. Насмевката полека ќе го напушти твоето тело, дури за миг и ќе заборавиш како таа изгледа, како звучи. И ќе бидеш во тешки болки драги мој, ќе те боли исто како и отворена рана, дури и повеќе. Ќе имаш чувство дека крвариш, иако не физички. Ќе имаш бес, огорченост, ќе сакаш да вриштиш, да се дереш. Ќе бидеш лут, драги мој, ужасно лут. Ќе сакаш да ја треснеш вратата, да удриш со бокс во плакарот. Удри. Но, ќе те боли раката, а ти се уште ќе бидеш изгубен.

Смешно е, зар не? Не' учат од мали на секакви работи, одиме во училиште, се образоваме, а сепак никогаш до крај не учиме да ги проценуваме луѓето. Ги примаме во нашиот живот, онака слободно, без никакви ограничувања и исто така слободно го гледаме нивниот грб додека си одат. Боли. Не само што боли, туку и гори, пече.

Затоа драги мој, најпаметниот совет кој ни го даваат е - не верувај на никого.

Да, луѓето се безобразни, себични, егоистични, ќе те изедат ако можат и веројатноста е дека ако нешто изгледа премногу добро за да биде вистинито - тоа е и навистина премногу добро за да биде вистинито.

И да, навистина ќе те повредуваат луѓето, особено ако им веруваш. Но, истото ќе ти се случи и ако не им веруваш. Неизбежно е да те повредуваат, неизбежно е да те скршат, неизбежно е повремено да ти ја бришат насмевката на лицето. Но, драги мој, знаеш како велат: Pain is inevitable, suffering is optional. Тоа е нашиот избор. Затоа, драги мој, нека те боли, но излези надвор. Види ја магијата на есента, шармот на пролетта, убавината на зимата и разиграноста на летото. И смеј се. Смеј и се на болката во лице. Исправи ја главата и дружи се. Танцувај. Танцувај, пеј на целиот глас. Музиката нека те води. Нека те гледаат чудно. Насмеј им се. Биди фин, биди културен. Биди достоинствен во својата болка.

И никогаш, ама баш никогаш не престанувај да веруваш во луѓето. Јас никогаш не престанав, никогаш нема да престанам. Затоа што ако престанеш да им веруваш на луѓето, значи дека тие победиле. Добиле што сакале и победиле. Те оставиле поразен. Верувај им на луѓето, барај го доброто во нив, извлечи го нивниот максимум, затоа што некогаш луѓето се само исплашени, исто како и ти. Се плашат да веруваат, затоа што некој одамна ги повредил или им рекол да не веруваат никому.

Нема ништо со тоа да направиш. Ќе се затвориш од злобата, ама ќе се затвориш и од насмевките, љубовта и ќе се случи да ги пропуштиш добрите луѓе. А има луѓе кои навистина вредат, кои заслужуваат да го добијат твоето срце. И тие некогаш го изгубиле срцето и ти некогаш ќе го изгубиш, па заедно ќе формирате целина, заедно ќе ги лечите раните.

Затоа што, драги мој, ниедна болка, ниедна рана не може да се спореди со јачината на искрата на очите кога некој искрено те гледа, топлината на насмевката која ти му ја предизвикуваш и енергијата која ти ја нуди. Ама тоа нема да го добиеш ако не веруваш никому. Затоа верувај, сакај, љуби, пеј, танцувај. Затоа што животот е танц. Понекогаш танцуваш сам, некогаш некој ќе танцува со тебе, но двајцата ќе танцувате различни танци, но во одреден дел од животот, ќе најдеш некој што ќе танцува заедно со тебе, синхронизирано, совршено. Во тој танц и двајцата ќе се губите еден во друг, ќе танцувате бескрајно, со очи и насмевка која постои само за другиот, додека во позадина сите останати полека бледеат, а останувате само вие двајца, танцувајќи и постоејќи еден за друг...
 
"Немај доверба во никого.".Така ме учеа уште од малечка, ме јакнеа, ме подготвуваа за она што најверојатно го искусувам сега.
Дали вие, мамо и тато, правилно ме научивте?Дали вие, воопшто ги знаете исходите од лекцијата наменета за мене?
Сигурна сум дека тоа сте ми го кажале со најдобри намери, за вашето дете да не страда и да не пати.Меѓутоа, сте заборавиле дека вашето дете е одвратно тврдоглаво и можеби на моменти таа ваша лекција нема да ја испрактикува во животот.
Давам шанса на човекот, заради самото тоа што е човек, ист како мене, мислејќи дека ја заслужува мојата доверба како и јас неговата.Упорно тој се обидува да ја стекне, иако има многу препреки на патот.
Но заборавам едно нешто постојано и постојано, дали го испуштам несвесно или свесно се уште се прашувам.Давам прст, а ќе ми ја земат целата рака.Давам доверба, а истата потоа ќе биде изневерена и предадена.
Зошто, о зошто ја правам таа грешка иако вие ме учевте на спротивното?
Можеби затоа што се уште во мене постои таа верба во човекот, надеж дека наредниот нема да ја изневери и ќе ја чува како капка на дланка.И вие заради моите грешки, патите и страдате, заради мојата проклета тврдоглавост и занес да ги исправам работите кои се криви и според мене неетички.
Морав да одам по потешкиот пат мои најдраги, за да ја научам лекцијата и да се зајакнам.Не ми беа доволни само вашите зборови и предупредувања.Сега, повеќе од доволни ми се искуствата и проклетото чуство на недоверба кое го имам секој пат кога зборам со другар, другарка или поблиска на мене личност.
Проклето е да, проклето е да не си сигурен дали можеш да се довериш без да бидеш уверен дека нема да бидеш предаден.Стравот од осуда и изневерување се зголемува секој изминат час, со секој земен здив и испуштена воздишка.
Некои воздишки, ги пуштам лесно, најверојатно затоа што страдањето и изгубената доверба е поднослива или недоволна.Но оние што ги испуштам полека, додека полните гради целосно се празнат придружени понекогаш со солза на образот, тие се оние што ми ги носат искуствата и лекциите во животот.Разочарувања што нишанат право на душата и прават да се осеќам подоле од гомно.
Гордејте се со мене најдраги, над вас повеќе нема да е темниот облак кои сите мои промашени пријателства и љубови ги истураше врз вас и ве мокреше до гола кожа.
Сега тој облак стои само над мене, зошто во секој ризик мора да има и жртва.Инаку неговото име не би соодвествувало на неговото значење.
Темниот облак ми помогна да го облечам железниот оклоп кој ме штити од сите злоби и предавства.Но, дали сакам јас да се штитам со него од нив или сакам да ги заштитам нив од мене?
Тоа е таа жртва за која ви зборувам.Заради неа, денес сум беземоционално суштество во кое не можат да се родат никакви чуства, до кое не може да допре никој, и може само да сонува да ја освои мојата доверба.
Дали со ова треба да се гордеам?Дали овој е долго посакуваниот успех? Да, јас не страдам повеќе, но другите страдаат сега заради мене.
Роботот во кој се претворив не ми дозволува да почуствувам никаква емоција, макар и да сакам.Цврсто ме држи на земја обидувајќи се да ме заштити од секој следен удар.Немањето доверба во никој ме направи ладна, рамнодушна и имуна на туѓите чувства.
И сега се прашувам... Дали погрешив или постапив правилно? Ги исполнив туѓите очекувања или моите? Или пак, ничии... ?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom