Тука пишуваме на зададена тема

  • Креатор на темата Креатор на темата Точкест
  • Време на започнување Време на започнување
Долго и вешто ја исцртуваше совршената линија со ајлајнерот, а потоа го обликуваше совршениот лак на свиеност на трепките. Знаеше дека успешната шминка е совршена камуфлажа и беспрекорен одвлекувач на вниманието, која требаше да понуди закопчување на погледот. Ако очите се огледало на нашите души, тогаш разголената душа е далеку поопасна од телесната голотија, поради ранливоста и секако, не е за сечии очи... Успешно флертуваше со огледалото и тоа и‘ возвраќаше со благодарност, ама ја препозна онаа метална нота во својот поглед.

.. more than this, there is nothing ...

Го слушна Брајан Фери во позадина и во пределот меѓу очите и се појави онаа мала, закосена брчка, која уште од девојче беше нем сведок на нејзиното негодување и пасивно агресивна непомирливост. Ги порамни краевите на својот победнички потсмев и се извиши на штиклите на новите критериуми...

...И што сега?...

Решително тргна во потрага по некое свое something, кое сеуште немаше дефиниран облик и суштина, но после долго време ја заплисна нов бран оптимизам и свежо исцедена пасионираност, а оваа комбинација чини чуда и ги видоизменува магично монотоните компилации на
животните приказни...
 
..Се смееа двајца, беше рана есен... Лисјата почнаа да жолтеат, да се позлатуваат. Навистина беше прекрасно. Играа. Имаше тука почеток. Почеток на нешто големо, силно, прекрасно, доволно, нешто длабоко и полно. Нешто слатко, животворно!
- Горчливо!

..Се љубеа двајца, беше доцна есен. Лисјето паднаа. Душите не им се одделуваа, душите им се споија. Дојде ден кога телата се раздвоија. Едниот на север, другиот на југ. И првите солзи ги пролеа таа тогаш.

..Се засакаа двајца силно. Зимата настапи со цел свој ек. Се огорчи еден, а беше за живот вреден! Малку беше за неа да мине со него и еден век. Малку беше за него таа да рони солзи еден век! Се распаѓа една градба, и две срца во неа.

..А пролетта кога дојде, кога сонцето конечно се јави. Помислија дека се` се заборави.
Кого го лаже сонцето? Тука веќе срце нема, се распаднало се`. Зар е важна градбата? Или љубовта можеби? Остана само едно тело уште со заминувањето на есента, остана сама една душа, со доаѓањето на пролетните дождови.

..И што сега??
 
Те сакам.
И што сега?
Те мразам.
И што сега?
Не можам да живеам без тебе.
И што сега?
Сакам да те убијам.
И што те сега?
 
„Обидувајќи се да ја зацврсти парадигмата дека вечноста секогаш е само во моментот, а моментите се бесконечни таму некаде, каде метафизиката е опиплива а миговите се протегаат до недоглед, се обидуваше да го запомни секој мирис, секој збор, секое движење и допир, со мускулната меморија и вежбање на нови нервни центри, за патем да стане поинтелигентна.“
Секогаш милувам да пишував на овој начин за себе си, за да ја воздигнам несигурноста во реалноста која ја перципирам, како демек Хјум навистина да сакал да ме оправда баш мене, и мојот страв од апатија, од мразење на светот.
Луѓето почнаа прашањето „И што сега? “ да го кажуваат како факт, како догма, секогаш кога не можат да се оправдаат себе си и другите. Како тоа да е природна каузалност во овој беден начин на суштествување, каде сите сме еднакви, зошто сите имаме подеднаква шанса да не успееме, без разлика колку еволуцијата не предодредила за тоа.
Јас пак си ја дадов таа привилегија само кога излегувам од тоалетот, како самоказнување, што си дозволив да живеам толку безгрижно, несфаќајќи дека животот е порок, и кога еднаш навистина ќе почувствуваш дека моментите се дел од вечноста, ќе бараш се повеќе, за и ти да си таму. Возвишена иронија е тоа, да си вечност се дур си жив.
 
Си ја искористи младоста во наведени грешки. Оставајќи зад себе златна прашина која ветрот не можеше да ја избрка. Малите крвопијачки очи кои се хранеа со твојата инфантилност ги зема како свои миленичиња.
И сега што...а утре зошто, но денес како?

Блудната совест го топи разумот во тој непостоечки свет. Чекајќи ја звездата веќе испари едното сонце. Можеби месечината што остана го светлува патот...но не го видовме зајдисонцето - а тоа ја држеше тајната.

...
 
Во комшии имав еден постар пар кој сега се починати и како детиште се врткав таму, имаа мало куче ДОЏ кое се викаше Мики и лаеше на секоја кола што ќе поминеше низ улицата и одев да си поиграм со него и да ме почестат домашен сладолед.
Дедо Томе и Баба Летка не живеа од секогаш тука, ами имале куќа во Скопје но се доселиле во селото по одредено време. Куќата беше од татко е на Баба Летка, но тој одамна бил умрен и тие се ја реновираа и направија убаво катче за живеење со прекрасен двор. Тој постар пар можам да кажам беа единствените нормални луѓе во улицата кај мене. Дедо Томе беше режисер и актер во пензија и сеуште работеше хонорарно во театарот и режираше театарски представи за деца, додека Баба Летка ги броеше последните денови пред пензија и беше преведувач од англиски во една филијала на поголема фирма. Домашната библиотека на овој пар беше импресивна, знам кога нивниот роднина од Скопје ги подари книгите на селската библиотека кога починаа ангажираа трактор да ги превезе од нивниот дом до домот на културата. Имам навистина многу голема благодарност до нив од причина што ми беа многу пати бебиситери кога стариве ме оставаа кај нив на чување за да појдат на берење/копање/садење/вадење тутун, ме учеа на полезни работи и имав неограничен пристап до нивната библиотека, привилегија достапна на малкумина во маалото.
До пред пет години не ја знаев нивната семејна сторија и тие никогаш не зборуваа за тоа, кај мене старите стоеа добро со нив ама беа презафатени да седнуваат на кафиња по неколку часа и имаа срамежливост типична за традиционалисти да се распрашуваат. Некако и уметничката брада на Дедо Томе и ладната фризура на Баба Летка зрачеа со авторитет и тоа можеби беше од причината да чутат како мисирки кога тие зборуваа. Старио ми кажуваше дека некогаш пишувал поезија како дете и му ја дал на Томе, после тој ја пратил на некој конкурс во Врање и стариот победил на конкурсот. Требало да оди во Врање и да рецитира, и се му средил дедо Томе, ама мајка ми била бремена со мене и на денот кога требало да оди сум се родил јас, после ги начукале уште две деца и на стариот после тоа никогаш не му дојде за песна, ни да пеј ниту да пишува.
Ви кажував за семејната сторија ама се заборавив малку со чале мој како поет пар екселанс и ја продолжив сторијава.
Беше дојдена една караконџа, од оние што знаат се и на секој втор збор викаат "Леле луѓе уште ова го немам видено/слушнато" и вие мавтате со главите како емовец на концерт од ХИМ и виката Ахам , а дома имаат еден куп копитари кој им ја вадат душата.
Семејната драма на дедово и бабава оди вака некако.
Се зеле на старост во Франција, била како искра кога ќе мавниш камен од камен белутрак навечер нивната љубов. Томе студирал во Сорбона, додека тетка Летка била на гости кај баба е во Париз. Една вечер млади студенти-интелектуалци колеги на Томе, се опиле и почнале да протестираат за правата на работниците, против капитализмот и слични марсистички срање. Жандармерите се упатиле да ги смират малку и да му мавнат некој пендрак за да се отрезнат. Кога ги виделе студентите не се исплашиле туку почнале да се тепаат со жандармиве. Томе го удрил некој жандрам и почнал да бега, се упатиле по него тројца од жандармиве да го следат. Томе се скрил во една уличка и почнал да тропа на една дрвена врата и да моли на француски да отворат. Кога жандармите се приближиле и биле готови да го фатат Томе рекол на глас, нека идат у пичку матер и џандари и Маркс. Тогаш вратата крцнала и некоја рака го повлекла Томе во дворот. Му шетнала на уво у пичку матер ајде влегувај внатре. Тоа била баба е на Летка, која се викала Доста. Доста работела како готвачки во еден ресторан и била позната по шопската салата. Французите многу го бендисувале ајварот и шопската од Доста и во нејзина чест ја нарекле дури е една овошна салата која се вика салата Македонија или Маседуан на француски. http://fr.wikipedia.org/wiki/Macédoine_(cuisine)
Летка тогаш имала 14 години, но било тоа љубов на прв поглед и Томе рекол ќе чекам. Летка завршила средно, факултет, магистратура, докторат и на крај се зеле. Се решиле да живеат во Македонија и го направиле тоа, купиле стан, Томе се вработил во театарот како режисер, Летка била референт за надворешни набавки во голема фирма и животот течел. Немале дечиња само и тоа ги јадело многу, зеле едно куче кое се викало Мики за да се радуваат на него, најобично куче ДОЏ, но еден ден радоста била уште поголема кога останала Летка бремена. Заминале пак Франција само за да се роди детето здраво и живо од причина што Летка не била во најдобрите години за бременост. И на уште поголема среќа се родило детеот, здраво право 3 кила и 300 грама. Го крстиле Жан и се вратиле во Македонија пак и сега животот им бил комплетен. Но еден пролетен ден кога Жан направил шест години и се спремал за на училиште да оди, излегол да си поигра со децата надвор и со себе го носел Мики по троатоар. Се слушнало голем тресок и Мики лаел на една Фиат 1300 кој била со скршен браник и чурел моторот. Томе истрчал надвор и го извлекол младичот од колата кој бил во бесознание. Почнал да му дава прва помош на младичот, но Мики почнал да скока и лае околу него и трга за ракавот. Томе се изнервирал и го поттурнал Мики и продолжил да го реанимира младичот во колата кој заудирал и на алкохол. По две минути му го осетил пулсот на младичот, но Мики го тргал за ногавица Томе и упорно лаел. Томе тогаш го шутнал Мики и заминал со Спачакот на болница. Докторите во болницата го прибрале младичот и го пратиле во интерна нега, Томе поседил уште малку таму и кон него се упатиле двајца милицајци. Тој го знаел редот и почнал да му објаснува дека се нашол случајно на местото и не го видел инцидентот целосно како се удрил со колата во зидот. Полициајците стрпливо го слушале и му рекле да седне, тогаш едниот од нив проговорил Другар Томе навистина ми е жал, но младичот го прегазил вашиот син Жан. Кога дојдовме тој лежеше под колата во бесознание и не можевме да го спасиме, беше прекасно за реанимација и се друго. Добил внатрешно крварење од ударот. Томе не веруваше што слуша, тогаш се потсети за што всушност лаеше Мики и го тргаше за ногавицата. Дали тој тоа го спаси убиецот на својот син.

И што сега, како ќе појдам и ќе и кажам на Летка? Оваа драма не би ја изрежирал ни ебаниот Шекспир се дерел низ болницата Томе.

И што сега? Мене пак ми иди слика на Дедо Томе и Баба Летка седнати во дворот и малото куче Мики кое е ДОЏ и лае по секоја кола која поминуваше низ улицата.
 
Дојде мај, дојде крај. Знам дека во следниов период ќе владее Носталгија.
 
Во еден кибрит има доволно чкорчиња да се запалат наместените околни дрва. Под секое дрво една приказна закопана, од секоја приказна недоречени толкувања. Секое толкување со посебна боичка, а секоја боичка во цврста фолија сочувана. Од оние ефтините фолии, што тешко се доаѓа до почетокот на одмотувањето...

Дождот не ја изми прашината која ја голтав секогаш кога ќе посакав длабоко да вреснам. Тивко да вреснам, длабоко да премолчам. Заврна и ми ги згасна сите чкорчиња, а тој кибрит ми беше поклон од решителноста.. Едно утро се запознавме и сега не ме остава со сопствениот спокој, мислата за нејзе постојано ме потсетува на поклонот... А јас постојано ја барам, проклета да е и реков почесто да ме посетува, да не дозволи носталгијата да ме задуши.

Треба да се притисне раката во која се сочувани копнежите, да се отстрани од сопственото тело и во отсуство на крвоток сама да остане под некое дрво, во улога на чкорче.
 
Нејзините раце беа прекрстени една преку друга, на левата рака имаше златен прстен со убав голем црн камен. Одбиваше да одговори на неговото единствено прашање - Што сега?
Девојката беше обелчена во црвен фустан, заводнички. Но не беше дојдена да заведува туку да се разделува. Пушти една солза, брзо ја избриша, со рацете тропна на масата стана и излезе од ресторанот. Тој ја молеше и преколнуваше да не си заминува, но се беше залудно. Тој продолжи да ја гледа низ прозорецот како си заминува надолу по улицата. Бомба падна точно пред девојката, настана голем хаос и бел чад. Тој повеќе не ја гледаше, неа ја немаше. Почна првата светска војна, тоа беше првата бомба и првата жртва во заводнички црвен фустан.
 
Мразам зајдисонца. Особено кога денот е долг. Сликата на жолтеникава боја измешана со нијанси на црвено и темно сино за мене беше најтажното нешто на светот. Единствено потажно ги доживував сликите на постари луѓе кои јадат тост оброк во Мекдоналдс и твитер профили на познати порно ѕвезди.
Отприлика во тој дел од денот тешко ја разликувам тагата од меланхолијата. Мислам дека единствената причина зошто го мразам крајот на денот е затоа што ме асоцира на пораз. Ме асоцира на Зиги Стардаст и пајаците од Марс и ме потсеќа на делата на Зафон. Ме потсеќа на фудбалските натпревари во кои едвај ја гледав топката затоа што се стемнува и самата свежина во воздухот ме исцрпуваше на чуден начин.

Мразев почетоци исто толку колку заоѓањата на сонцето. Отсекогаш ми било тешко да почнам нешто, иако го знам крајот. Кристално јасно ја знам последната реченица на текстот, од збор до збор, ги знам завршетоците на сите филмови кои сум ги гледал, но секогаш ми било тешко да се сетам на почетоците.
Кога размислував за животот и кога му давав посериозен облик или слика, мислев дека е една железничка станица полна со луѓе кои слегуваат, чекаат и се разминуваат во облачен ден. И секогаш, кога ќе ја замислев таа сцена, се замислував себе си како чекам нешто да се случи додека ги презирам лицата кои ме поздравуваат и ги гледам залутаните кучиња скитници како се пробиваат низ толпата луѓе. Се замислував дека пијам кафе во пластична чаша, потпрен со лактите на колена, со полунаведната глава чекајќи некој да ми пријде.
Ми кажуваа дека тоа е навистина така и скоро сите луѓе на светот барем еднаш ја опишале таа слика, но никогаш не ми кажаа, а и да го направеа тоа, немаше да верувам дека всушност јас ќе бидам тој што слегува од возот и приоѓа кај некој што го чека.

Знам дека нема да го заборавам тој страв со кој чекорев, знаејќи дека таму, на другата страна ме чека тоа по кое копнеев сите овие години. Исто како, кога една мала екипа од втора италијанска лига игра прекрасно катанаџо при 0-1 и ти вели - Ние сме овде, на другава страна од теренов, ако сакате да дадете гол, повелете.
Така и ја запознав. Така и ќе ја чувам, каде што започна се, па малку подолу каде што и кажав дека ја сакам, па уште малку подолу каде што ја љубев. Кога негде на небото некоја ѕвезда мастурбираше гледајќи не така.
Тогаш сфатив дека никогаш никоја не ме привлекла толку ментално и физички во исто време. Тоа беше како мојот мозок да го предизвикува пенисот на партија шах. Не бев сигурен кој сака да победи затоа што сакав да ја љубам, ама пак сакав и да ја слушам како зборува, како се смее и како прави гримаси на секоја глупост што ќе ја направев.

Сеќавајќи се на овој почеток, ги заборавив завршетоците на сите филмови, сите песни и сите текстови кои сум сакал да ги напишам. Не ми беа важни. Не сакав да гледам на нештата со носталгија за среќните краеви и емоциите од оние тажните. Само сакав да ја љубам. Од тогаш, па се до крајот.
А крајот не го знам. Само знам дека, ако некогаш не бидам со неа, за мене можат да ја затворат оваа претстава наречена живот. Можат да си одат, да ги отштрафат ѕвездите, завиткаат небото и да го пикнат во камион, можат да ги згаснат зајдисонцата кои веќе ги засакав. А ги засакав затоа што со последните зраци и го осветлуваа лицето на некој загушливо меланхоличен начин. Можат да земат се, возовите, водените сладоледи, ветерот, градот, девет наутро, Април, Мај, скалите, кафето, се...
 
Во миговите на носталгија, човекот секогаш ги полни очите со солзи, ги чувствува нервните завршетоци и влажноста во зениците и се ежи како да му соопштиле дека умира. Човекот е човек затоа што може да ја препознае носталгијата. Кога се одалечува од местото кое го нарекува дом и себе онаков каков што се познавал, облечен само во излитен капут и нова црвена кошула, никогаш не знае што точно остава, веројатно затоа што му е тешко да се сеќава. Ги менува мислите како пероните на кои што застанува и секоја станица е ново емоционално доживување за оние луѓе, што просто не знаат како да останат постојани, стабилни, монотоно, но сигурно исти.

Човекот знае дека носталгијата е емоција пратена од Бога, за да го потсетува на се од што се обидува да избега, од гревовите и падовите, затоа е толку силна, исконски запечатена во усните на некоја девојка која што ја оставил додека очајно се надевала, додека изневерувал, се коцкал, уништувал и сонувал, сонови кои што никогаш нема да се остварат.

Од кутијата на Пандора прва излега токму носталгијата, обоена во минатото, мирисот на кафе и изгасена цигара. Мојата омилена приказна.
 
Отсекогаш сум се плашела од носталгијата.Од самата конфузност која ја предизвикува и од делата кои ги создава човекот под дејството и силината на тој невидлив опијат.
Но,во животот сум сретнала и луѓе кои не се плашат од неа.Најчесто тоа се луѓе кои го покриваат минатото со челичен оклоп и кои се негација на самото време.Смешно е што дел од нив кога ќе дојдат до некоја еминентна точка во својот живот копнеат да го стопат тој оклоп и да ги ослободат повторно заробените емоции и сеќавања,но забораваат дека челикот е тешко стоплив метал.По неколку неуспешни обиди настапува разочарувањето и таа неминовна неприфатливост дека се на светот е возможно со малку повеќе труд.Секоја чест на упорните.

Потоа истите тие луѓе притаени зад сите погледи,го признаваат својот пораз длабоко во себе,плачат и тагуваат се додека болката не ги тупне по рамо и им шепне дека повторно се заљубила во нивното его а тие нахранети и исфустрирани од својот неуспех ја поттикнуваат носталгијата кај останатите.Емотивните.Тоа се луѓе со живописна внатрешност,луѓе кои веруваат дека со многу љубов е возможно да се милуваат сите планети во Сончевиот систем.Јас сум една од нив.
Иако ми е смешна сета таа лакрдија,јас ја прифаќам нивната игра.Се насмевнувам на нивната митоманија и продолжувам со уште поголема самодоверба да се плашам и за нив.Еластичноста на коските е голема за да го издржам и нивниот товар,но се има рок на траење.
Велат човек со разум и мудрост поместува и планини,а со емоции-само песок.
Јас сум страствен симпатизер на времето.Низ сите овие равенки и дадени материјали со својот талент и умешност етаблирав дека со разумот само песочен часовник умеам да конструирам.Штета што носталгијата не ја мерам со него.Но барем го мерам траењето на стравот од неа со секое негово ново превртување.
 
Се бркаат свеста и потсвеста, се мешаат слики, гласови и нејаснотии. Повторно се појави оној Мистериозен сон.
 
Немав сонувано со години, последно што сонував беше пред повеќе од една декада во предизборието кога дома фаќав само прва програма. Чуден сон беше тоа, седнат во една кафана и потпрен на зидот. Зад мене има зелена ќебе слика со елен, срна и мало срнче кај што пие вода, таква имаше кај баба ми во село и зад неа имаше долап. Во долапот стално имаше леблебија со едни бели меки шеќерчиња кој имаа вкус на ментол и едни слични бело со црвено кој немаа некој вкус ама беа ептен благи и дедо ми ги оставаше во аглите за мравки тепање. Мравката го јаде шеќерчето, добива дијабетис и за неколку месеци е мртва ако пред тоа не ја цапни некој или пак ја изеде некое животинче. Не верувам дека има кај мравките некој кој им го контролира дијабетисот и сигурно умираат од дијабетис, диети, инсулин и такви глупости нема во мравкиниот свет.
Сонот што го сонував тогаш беше седам на маса како што реков и открши мене Бранко Црвенковски ама млад со црна брада и потечени очи, зад него седи Зоран Заев и му се пули во картите, веднаш до Бранче седи Војводата Љупчо забраден како глумец од Непокорни и носи темни наочари со розови рамки како продуцент од хард кор филм од Б-продукција.
Последна на масата е Моника Левински која го носи фустанот со траги од ДНК на претседателот Клинтон. (Подоцна разбрав дека Моника Левинска е Мухамед ама од причина што е забрането неговиот лик да се појавува во јавност, го презел телото на почитуваната дама да се појави на партијата).
Играме затворен покер и секој има поделени по две карти, ги гледам моите два кеца суптилно под маса и ги меркам останатите. Бранко се мршти нешто, додека Заев зад него мези еден жив Кавадарчанец со ракија и се пули заинтересирано во картите на Бранко.
Веднаш го исклучувам како потенцијален противник и го обсервирам Љупчо, тој е потежок малку за анализа со темните наочари, но забележувам дека го држи цврсто бугарскиот пасош меѓу пазуви како топломер спремен да замини ако ја изгуби партијата.
Левински се оближува на една жила што и ја фрли Заев од Кавадарчанецот и не знам што да мислам за неа веќе и се прашувам што кур бара во партијата таа.
Потегнувам прв и викам дека одам на се.
Бранко веќе е во кома од партиите што ги доби со блеф претходно и слаби карти и го прифаќа предизвикот од одма.
Љупчо ги пребројува жетоните на неговата маса, го гледам со едната рака става добар дел во џебот од реверот кај пасошот додека останатите ги става на куп и сигурно се надева на некоја луда среќа.
Левински нема ни што да изгуби и ги става и таа нејзините неколку парички на влогот, се вртам наоколу и гледам веќе не е повеќе темна соба со килим слика туку овде е модерна маса и има многу публика околу мене. Дотерани, врскосани, намирисани со уредни фризури кои педантно зборуваат англиски почнуваат да ја следат партијата.
Се делат уште три карти и мене ми идат два асови и поп. Покер имам педерчиња едни му викам и ги отворам картите, публиката навива за останатите партиципанти во партијата .
Прв ги вади Бранко неговите, две деветки успеал да врзи. Љупчо театрално се отвора полека и на крај има само распар со поп највисока карта. Полека ја напушта столицата и вика дека ќе оди до тоалет.
Левински не ги вади ниту картите туку вади огромно дилдо и почнува да ме брка. Ја фаќам за перика и ја акнувам од земја, публиката рипа и ми ги фаќа рацете да бидам беспомошен. Моника го вади огромното дилдо од 9 инчи и полека ми го доближува до газот, се препотувам и почнувам да викам да ме пуштат. 23,17% проценти од влогот се мои ми вика Моника и почнува да го мачка со лубрикант црното дилдо произведено во Косово по лиценца од УСА.
Не е фер почнувам да викам, таа не е ниту кадарна да игра покер, не да зема пари. Публиката ме држи за нозе и раце и вика дај и што ти бара. На крај се согласувам да и дадам дел од влогот и публиката ме пушта сега но со дилдото заборавено во газот до пола.
Седнувам полека на масата и со газот се вртам за да не ме боли од дилдото кое сеуште стрчи, Бранко го гледам ќор пијан се качува на масата и ми бара заем. Пеер дај ми уште сега, на 15 Септември ти го враќам со камата гарант и тие претходно што ти ги имам земено.
Зашеметен сум од болката во газот и му поверувам на Бранко уште еднаш, немам ниту избор изгледа ако не му дадам ќе ги изгубам претходните што му ги дадов, ако му дадам пак се надевам дека ете ќе врати се топтан како што ветува. Ене каде е плус 15 Септември, уште некој месец си зборувам сам во себе и самиот не верувајќи во истото.
Имам уште малку кеш и излегувам за дома, но ме начекува публиката и ми бара пари за што навивале за мене. Му ги давам последните и заминувам дома со пола дилдо во газот само да се одморам, но и таму шок. Комшијата од јужно го блокирал единствениот пат за дома и не можам да си појдам никако, легнувам на железничка и го чекам возот да ме изгази. Возот по дваесет и два часовно каснење се приближува кон мене, го гледам светлото кое се приближува и наеднаш се разбудувам од сонот.
 
Тропањето на вратата ме вознемири, па скокнав од креветот и овој пат внимателно ја затворив.
Тишина... седнав на маса потпирајки ја главата со дланките и се мислев дали да сварам кафе или да се напијам само чаша вода.
Сепак се одлучив да легнам и повторно да пробам да заспијам. Ноќта беше топла, само одвреме навреме дувкаше некое ветренце. Го отворив прозорецот на кој имаше приковано мрежа, а на нејзе...
...неколку мали гуштерчиња весело цивкаа...
Седнав покрај прозорецот и ги гледав. Некоја чудна радост ми бликаше од срцево. После толку време се почувствував како мало дете...
Плачев... ми недостасуваше родниот град, улиците низ кои безгрижно трчав...тој мирис, таа леснотија...
Се сеќавав дека таа вечер кога за последен пат целото семејство се собра на маса, на ѕидот во дворот црцореа две малечки гуштерчиња, а со брат ми се обидувавме да ги фатиме. Истата вечер сонував како се губам во лавиринт, а низ него ме бркаат огромни гуштери со отровни јазици... Знаев дека не е обичен сон. Го имав она чувство кое никогаш не ме лаже...
И ден денес ме мачи тоа чувство исполнето со празнина. Можеби навистина несакам да ги отворам очите, можеби едноставно несакам да знам.
Останувам да сонувам за височините затворена во златниот кафез, гледајки слики од минатото кои непрекинато течат. Таму се сите мои насмевки, заробени во старите фотографии. Таму остана дел од мене и неможе да го пронајде вистинскиот пат во лавиринтот за да излезе, да се разбуди...

...А кога утрото ке пристигне, едноставно заборавам или намерно заборавам, сеедно, сеуште несакам да знам.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom