Треба да си ја скратам косата. Види колку убаво ми стоеи кратка коса. Тука сум сликана кога работев кај ММК. Леле, колку мачен период ми беше тој. Платата ми беше 100 евра, а работата ме исцрпуваше до крај. И таман мислев еве денес сум готова, оп, ќе излезеше нешто ново, што требало да се заврши вчера и постојано си ја носев работата дома.
Знаеш што се случи еднаш? Го зедов дома текстот, бев и морна, и гладна и жедна, како Вера Ацева, и таман да ги допишам последните два реда, се почувствувв дека ќе ме носат три дена на раце збрана.
Снемав сила, почнаа да ми излгеуваат свеки пред очите, мислев дека духот почнува да ми се одделува од телото, дека како во цртаните филмови ќе се стопам и ќе се слизнам низ креветот...
Сакав да кажам дека ми се јаде, ама не успеав.
-Лошо ми е, реков како со туѓ глас, лошо ми е...
Моите стрчаа избезумени не знаејќи што да прават, се обидоа да ме легнат, слушав дека се спремаат да викаат брза помош, рацете ми беа кочан ладни и бели, како да снемав крв и спремна да умирам, чекав да почне да ми се одмотува низ главата целиот живот како на филмска лента, сакав да кажам нешто, нешто драматично, за крај, па мсилев дека можеби ќе паднам во кома, па ќе добијам инфаркт, па у што ќе ме облечат на погребот, па кој се’ ќе дојде, кој ќе плаче, ќе ми чита ли некој посмртен говор.... кога ме пресече мислата:
-Имам свилен светло-зелен градник и памучни црни гаќи со цветчиња! Моден прекршок! У пизду матер! А знаеш ли зошто? Се облеков таман сабајле, ама се вратив уште еднаш да си ги измијам забите. И нормално ми капна паста на црната кошула. Можно е да остане флека. Бидејќи немав време да ја мислам што да облечам, најлесно беше да го сменам прслукот и да облечам кошула. И сега лежам, ќе умирам, а свилениот прслук и црните гаќи ми ја матат водата.
Ах, си велам го ебав ежот! Ако се онесвестам, ќе ме кренат и ќе ме однесат во болница, и таму ќе ме соблечат и што ќе видат: свилен градник и памучни гаќи! За срамота! Не сакам ни да помислам како ќе се кикотат сестрите, па и В. ако е на смена, парно ни да не се освестам...
Не, си велев, не можам да си дозволам да се онесвестам. Цел живот су у спарена долна облека, не смеам да се онесвестам. .. Лека полека, дојдов на себе, поарно ми стана... Ни лента, ни крај на живот, ни бутур се виде.
По два дена, колешката ми даде еден лексикон, требаше да помогнам на детето за некој проект и на која страна да отворам, се’ налетувам на типови кои умреле од крајна исцрпеност на организмот. Знаеш ли дека и јас ќе се докусурев за малку? Колку малку треба за да скинеш конци...
А животот можеби ми го спасија свилениот градник и памучните гаќи.
