Тука пишуваме на зададена тема

  • Креатор на темата Креатор на темата Точкест
  • Време на започнување Време на започнување
А можеше толку ефтино да ме купиш со самото свое постоење, наместо тоа ми продаде чувство од кое смрзнуваат жилите. Мечта, мисла полна со тебе која егоцентрично со поглед ми ја стави на душа. Сите твои зборови ги помнам, секоја гримаса, јас и онака ретко заборавам нешто но ова е веќе опсесивно помнење, навлегување во ситни детали на твоето его и значењето на секој потег. Ова не е нормално и веројатно е најголемото себеказнување кое го имам доживено, сам човек да се линчува без никој да побара. Ми накалеми дилеми еден куп, емоции за кои нема дефиниција, а најлошо од се почна да живееш во мене за постојано време. Јас не сум ти пробежиште , јас сум ти живеалиште. Јас сум будалетинка и веројатно не сум првата од таков тип, не сум првиот човек кој живее со опсесивна фиктивна мисла и празни раце во реалноста. Но едно му признавам на ова проклетие од чувство, прави човек да се чувствува неверојатно жив. Лошото е што се ставам под цртата, што гледам одоздола , а не право во очи. Нека ми го припишат на мојот женски ген, најмалку важно, но ќе им кажам дека опсесијата не е прашање на полова поделба туку апсолутно еднакво достапна емоција. Без разлика што се повторила, за едно сум сосема во право. Само една опсесија е правилна во овој живот, само една личност , онаа за цел живот...другото е опседнување од нешто непостоечко, а тоа сите нас не прави маченици од ист ред.
 
Оп! Некој рече, сесија... Го знам човекот, тоа му е опсесија. Пред секоја сесија прави опсесивни ритуали. Се едно те исто.Оп! Оп! Оп! Пред секоја сесија... Толку опсесивно делува, што не забележува дека пред секоја сесија ни наметнува и нам непотребна опсесија. Но, тоа е тоа. Оп! Оп! Оп! Вика тој, а од спротивната страна на крајот на ходникот се слуша: сесијааааа!!! Зарипнатиот глас кој гласно му се спротистави на неговото оп, беше само опсесивна реакција на еден колега, кој неможејќи веќе да ја поднесе опсесивноста на постојаното извикување оп низ ходникот, опсесивно извика: сесијааааа! И оттогаш повеќе никогаш веќе не се слушна оп, пред секоја сесија... Така опсесијата пред секоја сесија која ни беше наметнувана од него со извикувањето на оп, полека се претвори во опсесивно исчекување дали и оваа сесија ќе слушнеме во ходникот, оп пред секоја сесија...
 
Патишта неизодени
зборови недоречени
книги непрочитани
училишта недоучени
случки недоживеани
пријатели недознаеани
љубови неспознаени
пари незаработени
и опсесија невидена.
 
Се заборави темава, нема нови теми...
Ајде модератори пишете нови теми за пишување :)
 
Плимата носи тревишта, секакви алги и неочекувани меури кои и покрај притисокот на водата остануваат во својата идентична состојба, со копнежот за сопствениот облик кој и покрај се сакаат да го истресат на брегот.

Да, зборуваме за истиот оној брег преку кој поминуваат и најтешките чекори, во кој отисок оставаат тромавите стапала на акробатите кои си ја извежбале својата програма и овде се како метаморфози, проекција на невидливо платно.

Сакаат своите нови движења токму овде да ги испробуваат зошто најголем аплауз за сопствениот одраз е тишината ...Овде се сите постојано и како пантомимичари се соголуваат пред мрежата создадена од живот, од потта на океанот. Сите тие движења, целата таа неможност да се изговорат проклетите зборови ја создава паранојата за сопствените движења , како нечиј одраз ... како танцувач кој заталкал во програмата на сите акробати и пантомимичари.

Танцувач или талкач по сопствената сенка, сопствено стапало како печат од месечината или топол крик кој нема кој да го препознае ?
Се поминува преку исто индиго, кое завршува како лист без бои ... лист со присутност само на сопствената сенка.


(Колку да не помине не заприметено темата ...)
 
Седејќи така на работ од креветот, уживав во сознанието дека сум предмет на набљудување.
Јас од секогаш се прашуваш, што е прво, сензитивитетот или сензибилитетот?
Без разлика колку длабока, перверзна и испревртена е личноста на човекот, зарем не се сведува се на едноставни сетила? На допирот при секс, на мирисот на телесни течности од кои инаку толку се срамиме што попрво би мирисале на тестис од говедо прикриено со цвеќе,на вкусот на храната, единственото нешто што може да си признаеме дека сме го убиле од страст, на гледањето на погледот кој голта и уживањето во перцепцијата на себе си како плен во тој поглед, на сето тоа. Јас од секогаш верував дека човек може најубаво да ме осознае само слушајќи ја несун дорма, наместо инфо на фејсбук. Се најдоа двајца тројца кои и го направија тоа.
Колку глупави мисли, баш во тој момент, кога седев на работ од креветот. Тогаш, кога навистина се случуваше тоа не беше баш вака, тоа беше една виуга на емоции, кои напишани изгледаат вака.
Всушност, беше тоа едно многу тажно време, кога страста и љубовта си ги заменуваат местата, и првата станува сенка на втората, секогаш трагична приказна. Кога сензациите и сентименталноста водат љубов, плод е мојата пропраст. Кога љубовта од сенка станува форма, тоа е почеток на моето исчезнување.
 
Сеуште го чувствувам што е чудно, толку е оддалечен од мене а сепак дел од него што ме следи како сенка е врежан некаде во овие мисли што се несекојдневни и ме плашат. Тоа што ми недостасува станува рутина, секој ден исто.
Неговата појава е јасна како слика и стои пред мене, ме гледа и ми се насмевнува. Неговите очи зборуваат место него, а моите го слушаат. Потоа си ги заменуваат улогите и моите започнуваат монолог. Во еден момент почнуваат разговор кој се чини многу интересен. Тишината станува се поинтензивна но не сакам да го уништам овој прекрасен дијалог настанат без звук, во тишина. Нешто почнува да ги допира моите образи и во тој момент се будам и се враќам во реалноста.
Ах, проклет да е.
 
И, што реков. Незнам, но ќе продолжам понатака. Можеби зад оној скромен врт се крие некоја антитеза на човековото тетрагонално однесување, но кога ќе размислам, тоа и не е толку сложено. Тоа е само еден алгоритам така сврзан и осмислен да изгледа како реторичко прашање? Незнам. Незнам ништо и не чустувам ништо во моментот, и кога треба да се осврнам на медиокритетските сегменти од животот, јас сепак вливам во себе чуство на алиенација кое и не би произлегло ако и не би му ги знаел симптомите. Сенешто. Трчам брзо, одам бавно. Рипит. Реверсно размислувам. Стигам до точка на игнорантност и влијаам врз секое постоечко битие, секој атом и секој молекул. Настанува краток хедонистички момент кој како и обично се губи со следното инхалирање на кислород. Се стои, во точка каде што Х,Y и Z се сечат. Нула. Настанува блудничавење врз сликата која е веќе видена многу пати. Се е кажано. Тоа е само една бледа сенка на старите времиња. А што би било, ако би било. Хаос. Зар се мора да има врска со минатото? А како би било да се сеќаваме на иднината, а минатото да биде нешто релативно. О не, повторно....
 
Налетав на тебе, и ти ме потсети зошто некогаш уживав во некои нешта на кои денес им ја имам изгубено смислата.
Секогаш постојат шанси. Да, баш би сакала да вратам нешто од тој стар начин, таа првична плетка која го исцрта мојот пат, за потоа да се расплете и никогаш повторно да не биде сплетена.
Но не можам свесно да ја сплетам. Го имав изгубено допирот и зборот за тебе, со чие некогашно присуство во мене бев неочекувано благословена, за потоа неочекувано да ми биде засекогаш одземен. Ти беше единствениот љубовник на таа моја страна, со тебе исчезна и можноста таа повторно да биде отклучена.

Таква требало да биде ноќта. Едноставно, да не биде ден.
Мојата сенка ме научи многу, премногу, толку многу што било кој мој чекор не може да биде повеќе од недоволно убедливо гребење на површината на тоа богатство.
А богатството има свој трик, никогаш не се познава на челото на оној кој го носи.
Од еден крај почнато, плоден и вечно раззеленет, секогаш потопен во вриеж на дожд и крв и недокажаности. На друг крај завршено, сув и плиток, лесно дроблив, хомоген и рамен се до хоризонтот. Што може да се роди од тоа?
Една просечна вистина?

Ме потсети и на еден стар немир, неотстранет камен кој нема сила за навистина да ме сопне, но е доволен за непријатно да ме изненади и да си поигра со удобноста на мојата петица. Ете, сум почнала со процесот на негова анихилација, но сум запрала и сум го напикала некаде меѓу полиците на твоето постоење.

Се лепеа насмевки на моето лице. Една па безброј, престанав и да ги бројам. Посакав да земам нешто од таванот, треба само да си ја пронајдам скалата, мојата скала, зашто ниедна скала што можам да ја позајмам не одговара на размерот на една моја стара љубов.
 
Седев во мракот сама и размислував, се трудев да си ги средам мислите, чуствата... се трудев да си го средам животот, да почнам се од почеток. Беше тешко, повеќе од што претпоставував. Животот ми беше баш таков мрачен, премногу затворен, како собата во која седев. Во собата влегуваше само мала светлина од прозорот, од уличните светилки исто како ти што малку се појавуваше во мојот живот и го разбиваше мракот во кој бев обвиена. Почна да дува ветер, почна да ја нарушува тишината.
Ветерот ја разби монотонијата, гледав како се прават интересно форми по ѕидовите од сенката на гранките. Гранките на дрвјата се нишаа, танцуваа на звукот што го создаваше ветрот, се движеа, се спојуваа се одалечуваа... беше занимливо да се набљудува. Ветерот стануваше се посилен, гледав како листовите се откинуваа од гранките. Тоа беше брутален, насилен чин, ги носеше што подалеку и повисоко. Добив желба да излезам надвор, сакав да го почуствувам студениот ветер на моето лице. Сакав да ме гали, да ме милува, да ја бушави мојата коса како ти некогаш. Но највеќе од се што сакав е да ги однесе моите чуства, да ја отргне болкта од моето срце исто како листовите, да ги однесе далеку во темнината, во недоглед... Но неможеше, неможеше затоа што ти го превари, ти однесе се со себе, ништо не остави, освен болката која беше толку голема. Ја однесе со себе сета убавина, радост, позитивна енергија а ми остави само тага, болка, копнеж и надеж дека можеби ќе се вратиш.Повеќе не бев тоа што бев некогаш, не верувам ниту дека ќе бидам повторно. Не остана ништо во мене, само сенката остана но и таа не е тоа што беше.
 
Во внатрешноста на својата личност можам да ја видам темнината, да ја погалам со рацете и да се обидам да вдахнам во неа светлина која што ќе ме утеши.Да се закопам себе во инспирација и да се претворам во квалитетната личност која што сите сакаат да бидам.Можам да го помирисам здивот на успехот, да танцувам со можностите како руска примабалерина ... аххх, да имав сила, да имав мотив, да имав доволно амбиција.
Проекциите на секоја современа, обична и просечна девојка се состоеа во неколку реченици за очајна победа на животот.За лагодното продавање на духовноста во име на материјалноста, за принципите на компензацијата која што го уриваше светот врз нив.Без разлика каде се наоѓаа нивните прсти, размисли и погледи, сите улици и чекори низ плоштадите во Прага, Будимпешта или Виена, сите тие беа исти, а во суштина различни, сите беа едно и едно во нив беше идентично.Изабела беше сите тие жени, секој потег на карминот врз усните, лакот што полека се суши, пудрото кое што навлегува во порите.Потоа изборот на класична пантолона или тренди фармерка за чај, кафе и цигара со пријателите, дечкото, сопругот, колегите.Таа живееше во нивните светови и тие живееја во нејзиниот, затоа што беа поврзани со магичната нишка на потребата, постмодернизмот и безтежинската формација на мислите.
Изабела се будеше со мантра за себепрокламација секое утро.Ги отвараше полека, а толку насилно очите, прозорците кон надворешниот свет со надеж да се нурне во реалноста и да го освои врвот на планината.Го чувствуваше мирисот на свежо мелено кафе од продавницата под нејзиниот прозорец, тоа е најпријателското добро утро и прелетуваше низ умот.Мислите и се разлеваа по целата површина, се распрскуваа како пчелите кога го губат својот патерн на летање и додека се обидуваше да ги собере на едно посебно место во својот ум, да им даде фокус и концентрација веќе поминува првата минута од денот.Пејсажот кој што секогаш ја дочекува неспремна, вулгарно го завзема целиот слободен простор во собата, исто како сонот што ја прогонува веќе со години, се сместува по нејзините ѕидови и со мастилно пенкало испишува немотивирачки графити за она што ја очекува денес.Средбата со огледалото и фактот дека нема повеќе седумнаесет години, дека премногу пуши, а премалку спие и грозоморниот лик на предходната причина за живот.Сеуште кога се буди мисли на него, тоа е поразувачки кога сонцето толку силно сјае и бара од неа да стане и да свари силно црно кафе со три лажички шеќер.Додека беше млада тинејџерка мораше да пие едно кафе на ден, сега е стара адолесцентка и има потреба од седум кафиња за да може да преживее часови напорна работа и суштествено размислување за општествената декаденција.Да беше бар малку посебна, да не беше толку вообразена обичност, демоде идеологија, лик од роман на Достоевски, ќе си признаеше себе дека е невротична млада дама која што само сака да драматизира наутро и да глуми депресивни епизоди.Го турна јорганот со едната нога и суеверно им бараше мана на цветовите во вазната.Бели кринови кои што беа контраст на уште побелата завеса зад нив, изгледаа толку свежо, ја правеа собата поголема, помоќна, го ослободуваа времето со своето вечно постоење и затоа ги мразеше, исто како него.
Да се стане од мекиот кревет кој што те штити од злобните колешки, непријателските лица и рамнодушните мажи кои што не го свртуваат погледот додека чекориш по улицата е најголемата казна, санкција за непочитување на природниот закон.Мислите се скапоцени кога работиш како креативец во весник кој што продава политички пароли, се обидуваше да биде иронична и саркастична кон себе.Млитаво ја почеша косата, сознанието дека и денес нема да и биде денот ја удри како првиот дим од цигарата, тешко, ги наполни белите дробови со никотин и јаглерод моноксид и како верижна реакција сите балони непријатност експлодираа еден по друг.Таа не е може, не смее да биде толку патетична со себе, мора да се расони.
Се одвлечка до тоалетот и се погледна во огледалото, рефлексијата не беше толку лоша, изгледа светот не ја мрази денес покрај се, мора да престане да го менува мислењето и расположението секоја минута, да, тоа е нешто кое што мора да престане да го прави.Очите и беа малку потечени од неквалитетна рем фаза, тоа е во ред, може да се поправи со правилно нанесување на коректорот, усните се во ред, состојбата на кожата може да се преживее.Ги започна интимните ритуали на миење заби и манијакално гледање во митесерите на носот, интимни затоа што порасна сама без поголемо присуство или влијание на нејзините родители, затоа што живееше без никој последните две години, интимни затоа што не живееше повеќе со него.Тоа сознание секогаш и доаѓаше како шок, возот кој што намерно го пропушти, стравот од тоа да биде осамена и понатаму фобијата од тоа да биде врзана се тоа дополнето со неопходната потреба за драма и шпански серијали беше краткото резиме на нејзините љубовни врски.Ја исплакна устата со вода, Боже, колку само ги мразеше емоциите, знаеше дека не припаѓаат во нејзиниот свет, дека се вишок, некој си поиграл со децималите и по случајност и дал на фригидна персона да чувствува.Барем наутро.
Таа не беше родена да биде љубовница, девојка или сопруга, таа беше пријателка, девојка со која што имаш неколку убави моменти и добар секс во кревет, не бараш од неа да биде посветена и приврзана, затоа што Изабела не е способна, Изабела не сака.Посакуваше да престане да и недостига, тој.
Се придвижи низ собата како некој да вдахнал нов живот во неа, сега веќе е девојка која што предизвикува, млада, убава и интелегентна, недостапна и допадлива.Го стави својот песимизам во малечката кутија за накит над телевизорот, го зачува цинизмот за околината и почна да се облекува во кошула со машки крој и фармерки кои што завршуваат во внатрешноста на чизми со висока штикла.Парфемот е додаток без кој што кулата не може да стои и заводливо му се насмевна на одразот.
-Јас не сум сенка.
 
На барање на форумџиите, нова тема за пишување.

Погледнете околу себе, во далечината секогаш ве набљудуваат Очи...
 
Една вечер иста како и сите останати.
Една вечер со истото друштво.
Една вечер.. Но на друго место.
Влеговме во малото станче на другарот на Маријан околу 10 и пол вечерта.. Го познаваа и Стефан и Мартин додека јас и Еми бевме.. Изгубени у свемиру.
Интересно станче.
ТОЈ живееше сам таму со својот бонг, големата рап колекција, компјутер, телевизор и мобилен телефон. Кујната беше скоро и некористена освен за варење кафе. Можеби се лажам ама беше гланц.. Тоалетот за чудо на сам дечко од 24 години СВЕТНАТ. Се дури и премногу уредно за дечко што живее сам.
А тој?
Тој ми го одзема здивот..
Само што влегов и реков - Ивана мило ми е..
Ме погледна невидено заводнички.
Ех..
Седнавме на троседот веднаш до компјутерот, Smif-n-Wessun - Bucktown одекна од звучникот и се почувствував како да е ова некоја друга вечер. Иако секогаш го запонувавме пиењето со таа песна и секогаш правевме исто што и таа вечер.. НЕШТО беше поинакво. Су,м била на различни места и ми била иста вечер ко секоја друга. Но овојпат, овде НЕ. Овојпат нешто беше сосема поинакво. Како и зошто ли се погоди.. ТОЈ седна до Еми, јас седев до Мартин и всушност бевме еден спроти друг.. Вечерта минуваше во муабети, музика, заебанции.. Додека Еми се обидуваше упорно да флертува со него се случи ТОА... Додека се правеа муабети и сите се надвикувавме а она уште малку градите во уста ќе му ги ставеше - Мартин ми збореше мене а мојот и НЕГОВИОТ поглед се сретнаа.. Одма свртев глава, но не.. Се предомислив.. го погледнав пак.. Тој сеуште ме гледаше.. НЕ го познавав.. Можам да кажам воопшто , но тој поглед го разбрав.. Го разбирав неверојатно добро.. Не ја сакаше неа покрај себе, ме сакаше мене.. Исто колку што јас него.. Очите ни говореа.. Со очите правевме муабет повеќе од тие околу нас што галамеа. Го тргна погледот од мене, се збунив за миг.. Го погледна Мартин кој всушност и го забележа нашиот момент и тој свати сам.. Стана и ја викна Еми. ТОЈ седна до мене.. Не се случуваше ништо.. Разговаравме со поглед додека ми ја галеше косата. а на глас разговаравме со сите други. Еми почна да полудува..Стана и сакаше да си оди дома.. Обидувајќи се да ја смиратмомците отидоа со неа и станувајќи им јасно намерно нас не оставија сами. Ми беа најдругари и разбираа.. Но таа не и таа го посакуваше се додека еден од нив таа вечер ја немаше смирено со бакнеж.. Тоа не е битно понатака во приказната..
Лежев на неговиот кревет и му се насмевнав одкако ги испрати и се врати. Седна на стол веднаш до мојата глава.. Ме галеше, ме бакна.. Страсно, долго.. ПРЕКРАСНО.. Во еден момент отворив очи додека се бакнувавме и без да пројде ни секунда ги отвори и тој.. Се тргнавме еден од друг и се смеевме слатко. Сега беше легнат до мене ме галеше по косата, по телото.. Ме чуваше.. Се чувствував како негова кукла.. Таа вечер се предадовмен а емоциите.. Некој би рекол пребрзо.. Да - но волшебно.. Чудно, прекрасно.. Водевме љубов додека не не раздени, потоа половина ден му спиев гола во прегратки додека не ме разбуди со свежо купени кифлички и кафе.. Беше прекрасен.. Неверојатно прекрасен.. Се одделивме попладнето кога ме стави во такси, ми даде пари да си го платам и ме бакна страсно пред врата гледајќи ме во очи пред да ме пушти од раце..
Неверојатна ноќ.. Еми не се налути.. Се радуваше со мене..
Сеуште бев во такси кога ми пиша порака дека си поминал фантастично.. Не беше свесен како си поминав јас..
Си пишувавме пораки и се слушавме неколку дена.. По скоро една недела пак ме повика во неговиот стан - Се зачудив, се збунив, поцрвенев - кога во неговите очи видов вистинска, искрена, дури и детски невина ЉУБОВ.
Одтогаш.. Неговите очи ми говорат..
 
ОЧИ

Ме гушеше огромна тешкотија. Не знам да ја дешифрирам, од кде и од што се закачи токму за мене и не ми дава да дишам. Потребно м е воздух. Имам потреба да излезам на улица меѓу луѓето. Почуствував дека стојам на улица, а се` околу мене се движи во круг, забрзано, а јас сум вкочанета, замрзнта. (Како во филмовите). Снегот паѓше се тложеше врз мене. Во тој момент бев толку немоќна.
Со мене го носев апаратот.Се обидував да доловам некоја интересна случка, миг. А единстевеното нешто што посакував беше да се фтам себе си и моите чувства на една фотографија. Премногу странци, премногу луѓе со своите животни приказни, сите брзаа..И снегот и времето брзаа. Брзаа и моите солзи. Забележав и други солзи. И почнав да ги набљудувам сите тие што поминуваа покрј мене, неабележувајќи ме. Нидов на среќни, блескави, чисти но и темни очи. Можев преку нив и да го видм расположението на минувчите.
Си тргнав накај дома. И велев доволно луѓето си мислеа „ете уште една лудчка на улица“.
Чувствував во себе дека еден дел во мене е празен. Како сложувалка која не може да се состави бидејќи и недостаува само уште едно делче. Во мене недостигаа твоите две очи. Оние очи кои ја правеа целосна мојата сложувалка. Одеднаш заборавив на снегот и за миг се вратив во летните денови. Тогаш до мене блескаа еднинствените црни и најубави очи. Неколку дена ме правеа најсреќна. Често мислам на овие очи, но прв пат ми го одговорија дека тие се изгубениот дел од мојата сложувалка. Веќе не се до мене. Веќе немам сила. Имам голема потреба да ги видам пак.
„КОЈ ЉУБЕЛ НЕКОГАШ БЕЗ ДА ЉУБЕЛ НА ПРВ ПОГЛЕД“?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom