Тука пишуваме на зададена тема

  • Креатор на темата Креатор на темата Точкест
  • Време на започнување Време на започнување
Колку можат луѓето да ги извадат маските и колку може да се види дека под нив тие се грди, алчни, дури и оние најголеми алтруисти после станале мизантропи. Тоа беше и онаа теорија дека се се врти се се враќа, а богами ова е само за утеха колку сакаме ние да ги видиме и другите да страдаат како нас, а тоа е многу злобно.

Беше есенска ноќ, една од оние на кои повеќе се сеќавам отколку на која било друга пред 11 години. Каде бев тогаш на овој датум, а каде сум сега. А тоа дека се се врти и некако и ми станува вистинито.
Беше ноќ во која имаше некоја чудна атмосфера, прв пат ја заприметував и ме лазеа морници. Тогаш влезе таа, со намуртена фаца, измрсена коса и лице свежо намачкано со крем. А тој седеше на столот, се сврте кон мене и му потекоа солзи.

Не знаев кој од нив двајца носи маска. Можеби и повеќе маски. Можеби насловот на темава не го сфаќам. Можеби никој од нив двајца не носеа маски. Едниот беше мил, добар, смирен, а таа беше хистерична, дрска и манипулативна.
Ме фати за едната рака за да ме носи кај неа. А тој ме фати за другата и не сакаше да ме пушти. Јас не знаев отпрвин што се случува, не знаев кој пат да го одберам. Момент кој за моите не многу прославени родендени не беше јасен.
Избрав, ја избрав личноста која немаше никаква маска. Го избрав татко ми, одсекогаш мил, смирен, добар и мудар. Не можев против неговите солзи, а и моето срце се кинеше со тие солзи.

После толку многу години, маските полека се кршат, на начин на кој некој не сака. Полека се отвара лицето нејзино и на многу луѓе кои порано можеа да владеат со некого, да манипулираат со некого, да бидат дрски кон некого.
Сега бара помош, некој да има покрај неа, а јас ги заборавам сите лоши моменти. Не носев маска, иако децата не знаат да носат, не носам ни сега, иако сум далеку полош него кога бев помал, ама знам дека мојата црта на левиов палец и скршената вилица едно лето пред помалку од двоцифрен број на години, е мое дело. Некои лузни остануваат, некои се гледаат од надвор, некои не.
Ама од оние болести кои болат и имаат рани, можеме да се излечиме. Тешко е од оние болести кои не задаваат болка, а те убиваат секој миг се' повеќе.

Што би рекол татко ми ако не и дадев втора шанса, ќе се срамев и себеси и него. Не беше со моја волја, тој ме тераше, иако беше скршен, и уште не можам да го сфатам како може да даде втора шанса. Ама како велеше тој секогаш - Најчовечката работа кај човекот е да прости.
 
Две маски​

Се слушна звукот на сирената, знак дека бродот веќе тргна. Од брегот многу раце не испраќаа и како од раштиман хор одекнуваше во моите уши: Среќен пат. Таму немаше никој да ми посака среќен пат, но како и да е, се решив да го оставам тоа проклето минато зад мене. Минато кое решив да го пуштам во големиот океан како камен за кој нема двоумење дека ќе потоне. Вистината, всушност, е дека многумина ме нарекуваа ороспијата од квартот, но никој не погледна зад тој маскенбалски костим. Мојата кревка личност само не го познаваше сопствениот избор. Сепак, бев приморана гордо да се носам со тој епитет кој секогаш создаваше нови рани.
Но, на кого можев да објаснам дека ме продадоа за пари? Зарем имаше некој од тие ненаситни на туѓата мака кој слуша? Единствено решение за мене тогаш беше да ја голтнам вистинската приказна и да го успијам тој лик засекогаш под насмеаната маска, вистински мамец за секој нареден муштерија. Преку ден се смешкав, луѓето се восхитуваа на позитивната енергија која ја ширев, а некои од нив во знак на благодарност и вреднувајќи ја мојата креативна дарба во креветот фрлаа нешто ситно плус на мојата неуредна постела. Секогаш после тој измачувачки чин ја заклучував вратата и зад нејзе го гребев лицево, ги кубев косите и плачев на сиот глас. Ме болеше мојата судбина, судбина која многумина би ја нарекле ефтина еротска приказна. Решив да го сменам мојот живот. Со крваво заработените пари и вишокот модрици отидов да купам билет за да избегам од оваа мизерна реалност само за да живеам како што и доликува на една дама.
Ете ме на палубата, самувам заедно со месечината, ја фрлам мојата и единствена маска дотогаш која несомнено потона во длабините на океанот. Ги фрлав и солзите, имав навистина многу што да и понудам на огромната водна површина. Наеднаш го секнав плачот, ја распарчив кутијата од спомени кои носат болка и решив да зачекорам на пистата на мојот живот со превез на лицето само за да не го видат моето минато во очите. Ни бродот не ме спаси од товарот на маските, но одсекогаш сум се надевала за подобро утре.
 
Две маски

Прво е маска, а потоа лице. Боже, две маски. Две маски се премалку за да ги покријат дневните потреби. Некогаш, многу одамна дојдов до сознание дека не треба да ги искажувам чувствата. Особено не, негативните. Тие се храна за штетниците кои патат од перманентен глад кој никако да исчезне како некоја болест или што и да е. Сеедно. Сфатив дека треба да кријам, да се преправам, ретко само кога морам ако воопшто има такви ситуации и да ја кажувам вистината. Вистината. Кого лажам? Не постои вистина постои само перцепција, само договор што да биде вистина, само клевета, само субјективна полулага. Премногу информации се само поголема можност за уште поголема сплетка помеѓу намножениот број на луѓе кои ќе ги изинтерпретираат уште на толку различни начини оставајќи те без никаква моќ и контрола. И тогаш прописно носиш маска, ја носиш како униформа и му се потсмеваш на несреќниците кои сеуште не ја увиделе нејзината потреба. А, потребата од маска е нужна, а ние луѓето сме заглавени во сизифова игра на меѓусебно лажење. Лажеме цела вечност нон стоп, правиме лице носиме маска купуваме маски, носиме лица, тргуваме и шферцуваме еден куп лаги ех, кај им е крајот на нашава драматична беда. Се до оној ден сончев, облачен, врнежлив или друг ден од временската прогноза кога божем ќе сфатиме дека воопшто сме носеле маска цело ова време. Чуму корист од таквото сознание. Само не фрла во депресија и нашата тргикомедија ја претвора во пјур трагедија. Не остава обезмаскирани среде балот од маски, ние служиме за потсмев.
Затоа на шопинг пријатели. Во шопинг по маски. Колку што ви е потребно не срамете се, има за сите. Потршувачко опшество е па ќе најдете една, две, три колку што сакате. Можете и по порачка само вие имајте го кредитот , маската на вас и се ќе биде во ред.
 
Две маски

Потпишав договор со две маски.Првата маска, е маска на среќен лик која треба да ја одигра својата улога во животен театар.Секогаш треба да е насмеана.Усните треба да и се растегнати и еластични,да се смее и кога не и се смее,па затоа при себе секогаш ќе си има невидлив лепак.
Во тој животен театар маската има многу обврски,но и покрај тешкотиите со кои се соочува мора и треба да ја има насмевката.Таа има и тренинг пред огледало.Ќе застане пред огледалото и напорно ќе вежба се додека насмевката не и создаде халуцинација,е дури тогаш на сцената настапува онаа другата маска.
Фтората маска ,е маска на без чувствителност.Знам,знам дека и е тешка таа улога.
Но ,што е тука е.Животниот театар знае да биде и многу суров и студен така да мора да се привикне на студениот бран кој одвреме навреме знае да биде и многу студен.Нејзиното лице треба да е неподвижно,тогаш првата маска се повлекува од сцената.Тоа е многу напорно и за двете маски,но и за тоа постои тренинг.Кога првата маска се повлекува фтората маска треба да е спремна.Како е возможно тоа?И за тоа има тренинг.Ќе застане пред огледало така што ќе биде облиена со ледени,железни чувства.
Кога ќе почувствува дека не го чувствува лицето,кога и трне од болка дури тогаш ќе знае дека се е завршено.Тогаш ќе исчезне насмевката која веќе е како стипса.
Кутрите маски,колку ќе го издржат овој животен театар?Од тој хаос во животниот театар ќе заборават која маска каква улога имаат па наместо насмевка на лице ќе биде без чувствителност,ќе се редат една по друга се додека не се распрснат и исчезнат и никогаш повеќе
нема да ја играат таа улога во животниот театар на маски.
Тогаш потпишаниот договор ќе исчезне како и маските.Добро,едно искуство повеќе.Можеби во следниот договор ќе има нови правила, кога маските нема да глумат,кога маските ќе бидат онаа што се.

Даница Петровска „09„
maske2l.jpg
 
Две маски

Седнат на парче картон на улицата имав чувство дека во текот на целиот ден точно знае кој поминал на улицата, кој кога се вратил и кој кога дошол. Тоа беше она мало и осамено старче кое секојдневно не испраќаше и дочекуваше. Никој не знаеше кој е и од каде, само знаевме дека е секојдневно со нас. Продаваше се, од весници до храна и така наоѓаше начин да се одржи во живот и да се прехрани себе си. Луѓето зборуваа дека тоа е некој сам човек кој нема никого во животот. Тој не знаеше сите бидејќи секојдневно не гледаше. Бев сигурен дека сите поединечно не знае и не анализира и покрај тоа што на сите нас ни беше мака да му речеме едно „Добро утро„. И јас исто поминував секој ден покрај него, некогаш ќе подзастанам за да видам што има да понуди и да му оставам некој денар за да може и денес да има што да стави на сопствената трпеза. Но некогаш ќе го одминам како воопшто да не сум го видел. И така секој ден го доживув како предмет и ништо повеќе и не само јас, сите други се однесуваа така кон кутриот старец.

Но, денес повторно поминав на истото место, но таму беше празно. Ја немаше малата маса. Но, тоа не ми недостасуваше толку многу, тоа што ми фалеше беше специфичниот глас и отсечниот поздрав со кој ни посакуваше на сите убав ден. И покрај тоа што бевме многу не му беше проблем истото да го каже и сто пати на ден. Пред пладне „Добро утро„ по пладне „Добар ден„ и така секој ден. Одејќи по уличката замислен за судбината на овој човек ме пречека замисленатиот лик на соседот од маалото, ме извести дека продавачот вчера починал, дека ладното време му создало многу сериозни проблеми по здравјето, толку многу бил преладен и преморен што лекарите не успеале да му помогнат. Во краткиот муабетот кој го направивме набрзина двајцата забрзани да не задоцниме со работните обврски кои ни следат во денот се договоровме да појдеме до гробиштата каде што почива тој и да му дадеме соодветна почит и да го испратиме на начин на кој тој тоа го правеше секојдневно.

Помина денот, по пат накај дома повторно забележав дека е нешто повторно празно и сега конечно сфатив дека колку и да сме сакале да го игнорираме кутриот старец, неговата загуба многу сериозно ќе влијае на нашето расположение во моментите кога одиме полни се енергија наутро и попладне кога се враќаме истрошени од работните обврски, сами и празни.Во овој момент уште повеќе посакав да дојде утрешниот ден и да му кажам „Почивај во мир добар човеку„.

Обврските дома ме натераа за миг да заборавам на она со што ми почна денот, легнав некако празен со болка.

Станав и веќе бев спремен за реализирање на договорот кој го бевме направиле со соседот уште од претходниот ден. Така и направивме. Заминавме на неговото вечно почивалиште му одадовме соодветна почит. На неговиот вечен дом, не стоеше неговиот лик. Нацртани беа две маски, и пишуваше само „Почивај во мир„. Немаше ниту име, ниту слика. Соседот ми кажа дека во животот бил сосема сам, дека општината се погрижила за неговиот погреб, но немал фотографија која би можела да се искористи за неговиот споменик. Му одадовме соодветна почит, двете маски останаа таму, нашата улица остана празна, а ние соседите посиромашни за еден убав збор и една мала насмевка.

Како што поминуваа деновите така луѓето сфаќаа колку им недостава човек кој е сега е задскриен зад маската. Сфаќавме дека беше во суштина мал и сиромашен, но вредеше многу.Тој човек и даваше една посебна енергија на целата улица. Сега сите се каевме за нашите маските и нашата арогатност во оној момент кога тој сакаше да не даде топол поздрав-полн со љубов. Сега е доцна, времето го остави старецот во историјата. Сега имаме две маски и споменик без име и презиме.
 
Безимениот човек упорно стоеше во средината на кругот.. Барајќи.. Со само еден допир на неговата трепетлива рака, со само еден поглед, можеше да го најде одговорот. Денот чекаше, додека стариот човек пееше: Нека рајот ми е напомош! Велеше: насликај ми слика, и закачи ја на ѕидот. Така ќе се сетиш на моите две маски. Влечи ме околу светот, додека денот не стане ноќ, но пази да не оставиш траг. Насликај ми слика со очи кои не гледаат, не сакам да го видам одговорот кој ме чека. Не сакам да се погледнам во огледалото и да ја видам злобата која произлегува од мојата глава. Една маска, на моето лице, другата, во одразот на огледалото..

..And then like the rush of a thousand wings,
It shines upon the one.
And the day has just begun..
 
Тивката музика од виолините одекнува одбивајќи се од кристалниот чистиот, како мраз ладен, мермер.
Балот започна, а атмосферата почна да станува сè пожешка и пожешка.
Време беше за сите да се покажат колку се вешти во играњето.
На другата страна од градот куртизаните се договараа меѓу себе која ќе го задоволи следниот муштерија.
Иако овие девојки беа познати по својата развратност и недоличност, една од нив иако ретко се појавуваше, секогаш беше тивка, повлечена и сокриена. Само неколку од куртизаните знаеа која беше таа навистина.
Назад на балот, грофот со фиксиран поглед се обидува да ја најде убавата контеса.
Онаа која пред една недела го пресече со студен поглед кој сепак потајно во себе носеше допир на љубовна топлина.
Коктелот кој честопати се користеше како афродизијак, оваа вечер стана омилениот пијалок на грофот. Хормоните беснееа во него а немаше каде да се ослободи. Лутината поради тоа што не се сретна со контесата додаде само жар на и онака веќе разгорениот оган.
Ја наметна тенката наметка на него и се упати кон излезот од дворецот. Ниту милозвучните виолини го повикуваа да остане на балот, ниту прекрасните девојки кои потајно го прострелуваа со мили погледи.
Грофот бараше излез.
Кочијашките тркала зашкрипеа пред куќата во која беа куртизаните. На вратата се појави еден крупен човек со маска на лицето. Маска за да ја прикрие неговата чест која многу лесно можеше да биде извалкана со самото присуство во таа куќа.
По украсеноста на маската се познаваше дека е видна личност.
Ја побара најнежната девојка. Иако сите беа преплашени од неговиот бес, еден тивок глас се измолкна од зад другите. Се појави девојка во бела ноќница со црна, пердувеста маска на лицето. Таа ја играше неговата игра.
Вечерта беше дива. Телата им е претопуваа едно во друго. Тој не знаеше дека под таа црна маска се крие лицето на контесата. Додека пак таа жалеше што го освои на еден поинаков начин.
Изгубен во блажината која му ја нудеше сексот со таа девојка, грофот несвесно ја оттргна нејзината маска.
Одеднаш, момент на мртва тишина. Ништо не се слушаше освен забрзаното движење на двете изгубени души.
Првиот крик кој ги наежи останатите куртизани, беше крикот на разгневениот гроф.
Вториот и оној поболниот, беше последното нешто што излезе од устата на контесата.
Љубовта е благослов. Но не беше и за нив.

Денес, седам замислен и со изгубен поглед гледам кон еден од прекрасните канали на Венеција. Еден гондолар пее италијанска љубовна песна за две загубени души. Во едната рака држам црна, пердувеста маска. Маска на срамот и искреноста. А во другата ја држам мојата. Онаа грофовската, накитената.
Погледот на контесата полека избледне од моето сеќавање. Она што остана да боли се тие две маски. Маски кои засекогаш ми ја одземаа честа и кои засекогаш ме оставија замислен.
Кој ѓавол ме натера да и ја оттргнам маската? Можеби животот зад овие две маски ќе беше поубав...
 
Зададена тема? Се осеќам како да сум ископал нешто од нафталин,од времињата кога ни задаваа теми во основно или средно,тие перални за мозок низ кои сите сме поминале...:vozbud:

Маски...ми поделија неколку кога се родив,некојси дождлив ден пред икс години иако беа без упатство за употреба.Тоа се учело покасно,иако зборот учење е само еуфемизам кој се користи за анална пенетрација без соодветен лубрикант.

Една од многуте маски која има форма на рамнодушност и аргоганција беше предвидена за криење на емоциите.За да се скрие нешто што се чувстува према нешто или (ужас над ужасите !) према некоја.Тогаш тргнуваат обединетите сили на малограѓанштината,позерството,мудрувањето и останатите импотентни појави кои во име на системот се грижат да детектираат дали некој некаде и некако на светов е среќен и да го уништат.

За да не испадне дека е досадно, таа деструкција на она што е најдобро во нас и кое на сите очајно ни треба добива различни форми.А тие форми доаѓаат во вид на маски кои треба да ги носиме во зависност од приликите и во зависност од тоа какви фекалии треба да проголтаме.Чисто за да се вклопиме во средината,системот кој ќе не исцица до даска и ќе не фрли во отпад каде што завршуваат сите патишта кои започнале во некои времиња кога со невина насмевка сме сме се радувале на обичен сончев ден,минувањето на симпатијата покрај нас или едно обично јадење чоколадо кое сега го јадеме откако ќе прочитаме колку калории има и дали има изминат рок.

И никој не се запрашал зошто го прави тоа зошто тера сеир или гледа да уништи нешто убаво,нешто кое и самиот тој или таа го посакува да го доживее од дното на душата.Не се прашува бидејќи носи неколку од тие маски кои ги добил бесплатно а кои ќе ги плаќа до крајот на животот до конечниот триумф на крајниот победник - црвите под земја.

На крај во најдобра и најискрена балканска традиција еден поздрав - ебете се сите,цркнете,кршете глава и подалеку од мене.Имам еден живот и ќе го терам на мој начин.Ако не ви се допаѓа - well...see above...and shut the fuck up...
 
Тивко се дигна запрашената завеса, која многу пати претходно се имаше подигнато.Сите го имаа почувствувано тоа...

Светло!
Тишина!

Започнува со својата маестрална изведба.Тоа веќе не е тој човек кои сите го знаеа.Нов, друг во сосема друго издание.Чудно се однесува и зборува.Кој е тој човек кој не може никој да го препознае.Изгледа исто но тоа не е....
Точно театар е -Треба да биде се -освен самиот тој.

Неговото лице постојано менува маски секоја вечер.Повторно и повторно.
Но имаше две маски кои му беа омилени.Кои колку и да сакаше да ги одлепи од своето битие не можеше.
Стравот да не биде прифатен во неговото вистинско светло му наложуваше да има две маски.Една -добар безгрижен сестран пријател.
Друга-почитуван татко и добар сопруг, а можеби и љубовник.

Го гушеше самата помисла на живот со маски.Никогаш во својот живот не играл со отворени карти..но сега нешто беше поразлично...

Смело и цврсто го кажуваше добро познатиот цитат-

"Да се биде или не -прашање е сега "

За прв пат во животот се поистовети со ликот, со својата маска...
 
Старицата седеше пред огледалото и се гледаше во него ,од огледалото ја гледаше изборано лице во кое се назираше некогашната убавина ,но иако остарено во него се осеќаше една топлина ,добродушност . Многу маски имаше во животот тоа лице ,се сеќава на повредено дете кое не почувстувало љубов и тогаш за прв пат ја стави маската која покажуваше лик горд ,помалку арогантен и рамнодушен. Минуваа години . Маските се менуваа ,девојка што сака да флертува , професионален работник,сопруга ,љубовница мајка ,но како времето поминуваше , маската попримаше лице кое се повеќе и повеќе изгледаше како нејзиното ,како повеќе се разбираше себеси и се прифаќаше онакава каква е и маската стануваше дел од тоа ,односот со другите луѓе стануваше се порироден и по прифатлив за обете страни . Еден ден сосема ја отфрли маската од својот живот ,тоа сум јас велеше ,со сите доблести и маани и многу повеќе се бендисуваше сега, без маска ,недај боже повеќе да ја ставам ,си рече и полека стана од столот ,ја чекаше работа денес и е роден ден сите ќе и дојдат да и честитаат, лицето и сјаеше мојата маска сепак е најубава си рече .
 
Знаеш, кога сончогледот ќе ја сврти главата на исток, тоа е за егзистенција. Кога јас ќе ја свртам главата кон тебе, тоа е за да ти се наместам подобро за шлаканица. Седумнаесет пати, ти реков дека ќе ги оставам, дека лепливо ме обесчестуваа, додека лигаво ја претвораа мојата есенција во комора на неживотот. Седумнаесет дождливи пати се слеваа солзи по моите образи кога ти ветував дека овој ќе биде последен пат да ги пијам.

Знаеш, дури и дента кога го убив пајакот на работната маса, знаев дека сум со едната нога в гроб. Оставав се` недоречено, ништо недокажано... Како сите ситни души, така и мојата се затскриваше позади превезот на разресениот црн дроб. Канцерогениот.

Ги гледав луѓето што се нервираа за најразлични ситници. Почнувајќи од тоа што не им било пријатно чувството во хулахопките, па до зависта, љубомората која ги копаше ажурно.

На мене никој не се сети освен ти, љубов. Сега сум длабоко под земја. Десно над наткасната, веројатно си ја превртел рамката за да не ја гледаш нашата фотографија. Земи ја, те молам. Погледни ме. Тоа е мојата среќна маска. Овде долу, немам таква.
 
Вечерва, се уште е двоцифрена бројка откако си замина твојата позитивна аура заедно со тебе. Оваа вечер е уште една од оние во која што не сум те видел. Си заминував со насмевка, ме пречекуваше со прегратка. Паметам многу работи, кои иако не можат да се вратат... беа среќни. Не знам дали боли помислата дека убавите работи не можат да се вратат, или боли помислата дека онаа на Џеј, "имати па немати" ме престигна и мене.

Крахирање, вечерва, ти во топла постела, јас со Гери Мур во позадина, прозор затворен, кај бев јас, а каде ти. Јас, дно и сениште, ти, љубов и издржливост.
Кај бев јас, а каде ти, кога јас застанав на земјава конечно, а ти не се сеќаваше ни на моето име. Размислуваше за мене како некој со друго име, се сеќаваше ли на мојот лик, или мојот го измеша со некој друг?

И оваа вечер е една од оние кај што те губам. Ова во согласност со природата е? Ако е така, кажи ми дека бев добра личност. Знам дека го мислиш тоа, и благодарение на тебе сум. Да не беше ти, јас немаше да бидам ни пола од ова што сум сега. Ме научи на многу работи, и уште се чудам како ги постигнуваше, и се поклонував на твојата издржливост.
Никогаш не се предаде, да беше некој друг на твое место, одамна немаше да биде овде. Да бев јас, одамна немаше да го издржам тоа што го претрпе ти.

Вечерва некој меридијан ме пресече на пола. А утре ќе те видам и ќе те гушнам, како и заутре, како и денот потоа, па денот после денот потоа.
Се сеќавам вчера кога читав книга и те погледнав и ми се насмевна. Се сеќавам пред две ипол недели, кога победнички со дрес од Милан влегов во дневната соба, кога победивме со Реал 2-3, и кога и ти беше среќна, затоа што знаеше дека тоа е најсреќната работа што ми се случила последниов период.

Не се предавај, затоа што без тебе не сум ни половина добар. Вечерва, не се меридијаните и напоредниците кои ме плашат, вечерва блузот во мене, како најтажната жица на гитарата која настапува во моментот на своето славно соло, ме погодува таму каде што мислам дека никогаш никој не допрел.
 
Знаеш како е?
Како да си ги шлапкаш нозете постојано во некоја заматена баричка и наместо црвена,крвта ти е виолетова.
Нема потреба од надеж,нема потреба од “правење на нешто“ затоа што заматената баричка ме фиксира за век и векови.Да,нозете постојано ми се влажни и студени и слабеам,но јас се навикнав на тоа.
И сонцето мрзеливо грее,и месечината мрзеливо сјае...се е без воља деновиве.На никого нигде не му се брза,сите имаат време.Зарем само јас го гледам потопот на заматената баричка?!
Тие луѓе сонуваат,а не знаат дека соништата умираат.
Тие луѓе живеат а не знаат дека животот е птица што не може да лета,сепак...можев да умрам за љубов,но сум за живот родена.
И не е само вечерва,секоја наредна вечер и пак...и пак...е блузот во мене.Таа потреба од меланхоличен звук на пијаното ах...би се совпаднал совршено:

“Немам никого на светов,
Немам никого освен себе,
Време е да престанам да жалам по тоа
и да ги оставам проблемите на полицата.
Не сум задоволна,
Не сум среќна повеќе...

Знаеш како е?
Кога врвците на чевлите ти се кинат,а ти се брзаш ЕТЕ ТАКА Е!


2 and 2 are 4.
4 and 4 are 8.


But what would happen
If the last 4 was late?

And how would it be
If one 2 was me?

Or if the first 4 was you
Divided by 2?​
 
Ич ама ич не ми се пишува за блузот во мене, имам појдено за Боби Раш во живо и за Банкрот Блуз Бенд атер за Еди ама блузот не ме крева како музика. Едно време се нафурав на Панта Шикља Нафта од Нови Сад ајде као виљушкариста што свири блуз треба да биде нешто посебно ја слушнав Нафта ин мај мајн и демек се предкајува некоја социјална нота, не бе батка блузот нема концепт, нема ниту пак одредена мелодија тоа ти е чиста импровизација ама тоа не е лекција што се учи од прва. Прво си реков дека се сјебав што му фрлив 20 долари за карта на едно сенилно старче што донесе две полуголи цркињи кој не се доволно стари да умрат, но сепак доволно стари да не можат да бидат проститутки.
Еди ми кажуваше работел нешто во Комуналец на наплатна рампа и му дошла ѓупка 16 години пушење две стотки, месечна претплата 4 бона ама имала братче болно од леукемија па грев го фатило и дал 300 стотки. То ти е батка блуз, една вечер и со Панта Шикља Нафта во Смедерево иам праено муабет, го закачиле на норма кога рекол на концерт дека директоро се праел пластична операција во абдоминалниот дел, по три дена секретарката добила покачување додека Панта му закачиле норма како за багер да вози.
Што сакав да кажам Боби Раш ти е мало чоече со големо срце дури и се слика до мене и ми даде да ја фатам цркињата за газ, ништо посебно ама сепак беше фантастично.
Со Еди се видов впазар го сменале сега дошла нова партија на власт па го клале вканцеларија највероватно го испустиле нема никогаш да биде блузер од канцеларија, Боби дури ми даде и мала усна хармоника кога гледам мејд ин чајна јас пак очекувам нешто рачно направено ебана глобализација чука на врата и Панта исто ми кажа купиле робот да крева на работа кинески и му го избркале колегата тоа е роботов не знае да зборува ама работи.
То ти е батка блуз лекција која не се учи од прва
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom