Тука пишуваме на зададена тема

  • Креатор на темата Креатор на темата Точкест
  • Време на започнување Време на започнување
Недела

Недела ми е ден за чистење. Во недела јас бришам прашина, готвам ручек , ставам машина, а нешто перам и на рака. Истото се повторува во повеќе наврати. Порано неделите ми беа депресивни. Ама да бидам реална порано мене и саботите ми беа депресивни, а депресивни ми беа и петоците и вторниците и средите, во четврток не се чувствував најдобро, а најтешко ми паѓаше во понеделниците.
Си го налепи неделата. Само тогаш имав време да признаам колку ми е здодевен и депресивен секој ебан ден. Да. Неделата си го папаше со депресивни и разочарани заклучоци. Неделата плаќаше за секое ебано незадоволство. Неделата трпеше и знаеше` се. Ја имав неделата за тоа бидејќи во недела никому, ама никому не му е забрането да е несреќен, и да не го бива.
Имаше хаха и еден период кога неделите ми беа толку еднолични толку рутински и секојдневни што не вредеа да се спомненат, ама ете и тоа помина.
Времињата се сменаа. Сега ми е тешко да се присеќавам на лошите и неславни недели кои ме потсетуваат на лоши работи и на тешки времиња, сега ми е глупаво да кажувам дека неделите се здодевни и депресивни, сето ми е клише и сосема дежаву. Сега во неделите воопшто не размислувам за тоа што ме чека во седницата која следи, за тоа ќе соберам сила, во понеделникот наутро и не знам, во последно време воопшто не ми е гајле, не ми е грижа, за недела, за животот, за проблемите за дилемите, смачено ми е и не ми гајле за ништо.
Денес е недела. И денес е присеќавам на понеделникот, на вторникот кој ми ја зезна и средата и четвртокот, на петокот кога останав дома вечерта, потоа на саботата (ех тоа беше вчера,вчера не беше лошо на тоа концертот на Ван Гог) ...
И да. Денес е недела. Денес перев, готвев, не забришав прашина. Вечерва најверојатно ќе одам на филм и на пиво. Не е лошо, може и подобро ама не е лошо. Неделата е убав ден. Сакам некогаш да отидам во црква во недела. Тогаш не e празник и не се туркаат луѓето да запалат десет свеќи за кои нема место, да остават дневница на икони, да си ги запишат фамилијарните имиња во тефтерот на свештеното лице или да си наполнат од светата водичка.
Имаш прилика да влезеш во црквата, да се помолиш, да потраеш така некоја минутка...Ќе те види само продавачката на црковните свеќи. И потоа ќе си заминеш смирено и ќе кажеш дека си била в црква и си запалила свеќи за здравје на фамилијата, во рандом недела.
Истата вечер можеш да отидеш во казино. Даваат гратиси за жени.



Претходната недела
 
Хеј, само што се сетив на неделата во која умрев.
Беше мирна, мамурна зора. И последните звуци од „Карма“ згаснаа. Се слушаа само звуците на дрвјата кои во склоп со ветрот ја шепотеа нивната мантра за среќа, се гледаше само розовото небо, мирисаше на штотуку догорена цигара.
Ветрот нежно ја милуваше мојата кожа, моето полураспукано суво лице, и сите лузни на моето тело, како да беше во неуспешен обид да ги зацели, заедно со мојата меморија.
Знаш, откако ќе го изгубиш сето свое семејство во пожар, твојот живот губи смисла, не постои причина за понатамошна егзистенција.
Зачекорив кон оградата, одраснатите балетанки веќе не ме болеа, знаев дека за неколку секунди се` ќе биде готово. Немав време за грешки и за повторно размислување. Мораше да биде тука, и мораше да биде сега. Во ова рано неделно утро.
Зарѓаното железо веќе и не ми се чинеше така одбивно, мирисот на багремите почна да надвладува. Ја пуштив мојата коса да се вее на ветрот, и тогаш, за прв пат, се почувствував лесно, убаво.
И се вивнав надолу. Го почувствував воздухот како струи низ моите уши.


И тогаш удар. И темнина. И тишина.

16ти август, 2009.. Недела.
 
Недела...
Ко вчера да беше тој ден...Денот кога јас стоев на другата страна на улицата во 12 часот предпладне...телефонот заѕвоне изговори каде си?
Ти кажав но ти не беше тука, спроти мене беше и те видов како се вртиш и со погледот како ме бараш...се сретнавме, се гушнавме ти го дадов подарокот
ме бакна во образ и повторно ме гушна...бев целосно исполнет.Ме праша каде сега да идеме.Јас збунет одговорив:Било каде само да не ме изгубиш
Одевме, одевме и седнавме во еден кафич покрај брегот...ја гледав водата како сјае сакав да влезам во неа....
Се срамев таков сум а ти пробуваше некако да ме опуштиш да не се стегам...пред да те видам бев самоуверен дека ќе зборам, ама погрешив...
Разговаравме...добро ти повеќе зборуваше од мене јас се срамев и не знаев што да речам, неможев да кажам што ми лежеше на душата
Окото мое сјаеше, беше зелено а ти...ти постојано го гледаше, да ги ставев наочарите за сонце ќе ме убиеше...
Разговаравме и јас се топев...се топев и се топев...Станавме се шетавме и повторно ти реков само да не ме изгубиш...
Разговорот во четири очи и не бил така лесен...
Приказната продолжи наредните денови...
 
On the Sunday of Life

Така се вика првиот албум на Porcupine Tree...ова е прва работа што ми текна.

Секоја тема на која пишуваме е поврзана со работите што најмногу не измачуваат во моментот, но ќе се обидам да ја дофатам мизеријата на сите многу кратко.
Значи Недела, ден после сабота а пред понеделник, као ништо посебно.

Ама тој ден буквално завршуваат сите тортури од претходната, тогаш можеш да си кажеш аа здокурца веќе. И таман кога успешно си ибркал дел од демоните после дел од стотинка ти текнува дека утре почнува се од ново...и се така во круг до наредната.

пошо сум у брзање пред работа, ќе го замолам авторот да ми остави до вечер или утре попладне најдоцна да го завршам ова...а сепак морав вака да го почнам :)
 
Предходната тема повеќе ми се допаѓа, затоа ќе пишувам за:
Недела

Расчереченото срце и скапаните плодови на подот од собата ми го привлекоа вниманието, глетка пострашна од сите длабоко фрустрирачки сцени што ги имам видено во животот.Скоро да ја чувствував, таква, полу-мртва, како ми диши по вратот, продолжува по ’рбетот и застанува на слабините да се одмори, малку починка за непријатноста и тензијата да се заменат со преплавено очајување.Никогаш не сум ја затекнала толку изгубена, бездушно распната во собата што ја нарекуваше своја.Како анимиран цртан лик измешан со турбофолкерски призвук на скршено стакло, му ја бакнуваше кошулата.Парче изгушван материјал никогаш во историјата немало толку големо значење.
Придушеното липање дозволуваше да се испушти само еден збор низ забите: „Недела“ „Во недела“.
Нејзината мизерија беше заробена во времето и просторот на несреќата.

Помнам колку силна треба да биде љубовта за таква исконска болка да ги нападне органите, но ако имаше Бог ќе знаеше дека таа така и го сакаше.Длабочината на нивниот вир полн илузии и халуцинации никогаш не ја доби можноста да се запознае со надворешниот свет, но можеби така беше и подобро.Нејзиниот сопруг умре пред два дена во насилна пресметка, беше недела кога и кажаа, а таа го носеше најубавиот фустан и го ладеше најдоброто вино.Ми се јави да ми каже дека оваа вечер ќе биде најсовршената порција лазањи што некогаш му ја сервирала.Требаше да го добијат првото дете во август, конечно најдоа време да се посветат.
Подоцна дознав дека и купил сложувалка од 1000 делови на подарок затоа што му верувал на претчувството дека ќе има поголема среќа од онаа што ја живее.

„Недела“ „Во недела“ одекнуваше призвук низ собата.Како да се соберат деловите кога таа е сеуште заљубена во мртовец и во кошула ... како, кога таа умре во недела.
 
Никако да се скрасам по оваа недела. Пријателот ми вели, знаеш... Улицата...
 
Улицата...

Бев твојата омилена пијаница затоа што секогаш се смеам кога сум под дејство на алкохол...никогаш не плачам.
Викаше дека ти носам среќа,но сега и двајцата сме несреќни.И сега кога се навраќам на се всушност сфаќам дека среќата е се што имавме,таа не држеше заедно.

Сега ти си одиш а среќата ја нема нигде за да не закрпи.Ќе пијам затоа што е готово и најверојатно ќе бидам пијана и кога повторно ќе се сретнеме.Ќе стојам на овој агол каде што порано беше улицата...која што знам дека нема да имам храброст да ја преминам се додека не ми кажеш дека си се вратил и дека едвај чекаш да ме видиш...

...а дотогаш ќе погледнувам на двете страни кога ќе ја преминувам било која улица...затоа што со тебе доволно ми беше да се свртам само на една страна,другата ја проверуваше ти...
 
Прекрасна и осамена ... премноху долга , премалку кратка ... прекрасна исперена од сите нечистотии што ти ги нанесуваме , мирисот на дожд и , да оние прекрасни темни и тмурни облаци како ли само ти одговараат ...

Стасав до некаде , а изгледа дека стојам тапкам во место ко што ми вели другар ми мислам дека се движев , атоа да сум стоел цело време ... знаеш ми недостасуваш , знаеш сакам да те здогледам онаму на крајот на недогледот ... или да ме изненадиш од некое сокаче ...

Штом ќе се запалат светилките и оние дрвја оклоу тебе со текот на времево и под притискок на реалноста ќе се збратимеме ќе бидеш нечиста и валкана од твоите приврзоци , оние кои сите со душа чекаа да се сокријат кога пече како во фурна или истите кога се засолнуваа од дождот ... нивните лисја ќе те докусурат , но ти не си од вчера или денес секогаш си посилна и имаш стрпливост за сите нас .. и оние пред нас и се разбира после нас ... за сите ќе бидеш толку иста , а толку мистериозна .
 
Улицата...

Многу ми е интересно кога ќе си ги соберам рацете во џебовите од јакната и кога одам по улицата гледајќи надоле, додека музиката од слушалките допира до моите уши, јас си правам филмови во главата, а ветерот дува и косата ми ја прави хаос, па не гледам бела мачка пред мене. Често знам сама да си се смеам додека одам по улицата. Често знам додека сум сама да се сопнам и да се утепам, како што сум талентирана за сопнување од рамна површина.

Улицата е секогаш совршена. Толку многу трпи, а никогаш не се жали. Улицата е нем сведок на милион и триста случувања. Само улицата знае колку некогаш и е преку глава да биде улица и да биде газена и возена од сите. И интересно ми е кога ги гледам сите оние пукнатини во улиците, сите оние дупки, кои сите возачи на автомобили гледаат само да ги прескокнат, иако не знаат дека до некаде и тие се виновни за тие пукнатини.

И тогаш сфатив... Улицата е како човекот. Ќе го газат, ќе го возат, ќе го вртат, ќе го понижуваат... и на крај човекот ќе пукне, ќе се создаде пукнатина во неговата душа, дупка која не може никогаш повеќе да ја залечи. И тогаш, кога луѓето ќе видат дека е полн со пукнатини и дупки, кога тој човек ќе се обиде да подаде раце за спас и излекување на тие дупки, тогаш тие вешто ќе гледаат да го заобиколуваат, за да поминат што полесно, за да не мораат да се мачат, бидејќи се премногу зафатени со сопствениот живот.

Но, сепак човекот има предност пред улицата. Улицата на крајот секогаш завршува сама. Улицата во најдоцните часови е многу осамена и нема никого, улицата е лишена од можноста да сака и да биде сакана. Улицата никогаш нема да дознае што е тоа љубов.
Човекот има можност да сака и биде сакан, да дава и да прима љубов, но најчесто самиот ја отфрла таа можност и не сфаќа дека самиот се хендикепира! Бега од љубов, се затвора во душевни кафези, не ја остава и не ја слуша својата душа, затоа што наводно разумот бил попаметен.

И толку лесно некогаш човекот го отфрла она што некои никогаш не можат ни да го сонуваат....

А љубовта... љубовта ја има таа моќ да ги излечи сите рани, љубовта може да ги залепи сите тие претходни пукнатини и душевни дупки... Но таа тоа го може само ако и дозволиме да влезе во нашата душа и да го допре нашето срце. Улицата може да ги покрие своите пукнатини и дупки, но тие не можат комплетно да исчезнат. Човекот може. Затоа што ја има љубовта. Но, негов избор е дали ќе дозволи да биде излечен или ќе ги прекрива лажно тие пукнатини.
 
Улица...

Додека беснилото на бурата полека се стишуваше и зад себе оставаше крикови од агонија и плач, додека сонцето се напрегаше да се појави од зад густите облаци кои бурата ги понела со себе да и прават друштво, додека ураганот полека се изедначуваше со хоризонтот правејќи пустош каде и да помине, со солзи во очите, без глас во грлото и немир во душата, бледо гледав пред мене. Улицата беше сè што беше останато после казната која небото ја прати токму во мојот град.
И така бев осамен, сега добив причина повеќе самотијата да си ја препишам како најверен пријател. Сè што имав, сега беше претворено во урнатина. Понекогаш животот игра нефер према некои свои играчи. Но што е, тука е.
Реалноста беше таа. Улицата беше сè она што некогаш ќе ме потсетува на минатото во кое ја имав барем куќата која ми беше единствениот спомен од блиските.
Поминаа години после тој катастрофален немир кој засекогаш ме прогонуваше во соништата.
Сега, на истото место на кое претходно се наоѓаше мојата трешна куќичка, се издигнуваше трикатна куќа со прекрасен двор и базен. Во истиот тој двор си играа две мали дечиња заедно со нивната мајка.
По толку години, покрај тој силен отисок кој животот го остави на мене, бев среќен што тие две дечиња беа мојата радост, а нивната мајка беше мојата љубов.
Секое утро, откако таа ќе ме разбуди со кафето во кревет, погледнувам низ прозорецот од нашата спална и се задлабочувам бледо гледајќи ја улицата.
Онаа која била тука пред јас да се родам, онаа на која ги направив првите чекори, онаа на која за прв пат го повозев автомобилот, онаа која остана затрупана под урнатините кои како расфрлани играчки зад себе ги остави таа невидена бура.
Секое утро додека ја гледам улицата одново и одново сфаќам дека времето ми донесе многу промени, неизмерна тага, неподнослива болка, неопислива среќа.
Јас се променив, но улицата остана иста, исполнета со многу спомени а сепак молчалива.
 
Откако те оставив се настана празно!
Немав ништо до мене.
Немав ништо што ќе ме грее.
Немав ништо што ќе ме лади.
Воздухот повеќе не беше ист.
Сонцето повеќе не грееше исто.
Па кога ќе се свртев ги немаше истите нешта кои ги имаше порано.
Продавницата во која секое сабајле купував леб не беше тука. Продавачката со мил глас која рабоше тука сум ја заборавил веќе како изгледаше, само милиот глас ми е во добро сечавање.
Црвениот киоскот во кој купував секојдневно весник и цигариња сум го заборавил местото на кое седеше.
Децата кои ме отпоздарвуаја секој ден би требало сега да се пораснати и да имаат и тие фамилија и деца.
Лицата кои ги гледав. Приказните нивни. Советите. Доживавањата. Искуствата. Се тоа ми фали.
Се тоа е заборавено веќе.
Се тоа е избледено.
Се тоа е копнеж.
Се тоа беше само мојата стара, мила, полна со тага и радост истовремено, полна со измешани чуства, светлина и темнина, старост и младост, долга и широка улица.
 
Улица...
Се враќав...се беше празно на моменти темна на моменти светла.Одев низ неа додека врнеше дожд.Со главата гордо одев напред и се олеснував на начин што одамна го посакував...ми се укажа таа прилика никој да нема.
Среќата секогаш се крие, гледав насекаде и го започнав своето.
Не ми беше гајле ако некој ме види или забележи, моментот дојде, приликата ми се укажа и јас ја искористив.
Додека капките од дождот го пополнуваа небото тие во мене исчезнуваа и умираа...последната надеж умре, капките пресушија.
Од страна фонтаните течеа како некој љубовен извор, парковите беа мокри...
Вировите ги избегнував и ќе ги избегнувам да не згазам во уште еден па повторно да страдам...
Но сега еве ме...тргнувам во потрага по нова светла улица...
 
Тргнав, па се вратив...гледајки подалеку подолго време размислував, но некако целата слика ми беше многу поинаква од онаа вчера. Куќите беа сосема поразлични, прозорците други, овој пат беше многу потемно и поморничаво од кога и да е. Се чувстував како прв пат да минувам тука и покрај тоа што сигурно илјади пати имав претходно поминато. Гледав нешто што не можев да поверувам дека го гледам и за прв пат во животот имав чувство дека ме лажат сопствените очи.

Стигнав и до твојата врата, но и таму не беше ништо исто. Ме пречека едно мало ливче на вратата на кое пишуваше „Преселена сум-далеку од овде„. Тогаш ми стана јасно дека тоа е Улицата твоја, Улицата на која те сретнав и на која ја имавме првата средба, Улицата која е единствен сведок за она што било и што нема никогаш да се повтори. Го погледнав уште еднаш ливчето и овој пат ми изгледаше и тоа поинаку. Сега сфатив дека Улицата ја гледам за последен пат, а тебе никогаш повеќе нема да те видам. Сфатив дека целата улица изгледа поинаку без тебе и дека во суштина очите мои биле во право. Сфатив дека од овој момент таа улица за мене Улицата на тагата. Крајот на приказната е тука, останува улицата и понатаму во себе да ја носи и раскажува приказната за нас. Но, ќе нема кој да ја слуша!
 
Улицата...

Поврзанието на суровоста со уличноста, често ме тера да ја погледнам оваа Њујоршка фотографија со мрежест превез на очите. Замислувам дека сум таму, стојам на две бели кожени патики, врз уличен и сив асфалт, проголтана од облакодери што извираат се до ѕвездите... Можам да живеам на оваа улица! Под картонска кутија, цели два дена. Сакав да го направам тоа, но една пријателка на мајка ми ме однесе на психијатар кога и` спомнав, по што сфатив дека сепак, тоа не е добро. Ниту конвенционално.
Секое облачно утро овде, ме сече се` до сржта потсетувајќи ме дека не сум таму. Го немам тој пристап до таа улица за која што се створени моите чекори. Немам навечер милијарди светилки кои не знам каде водат. Тука сум во мир. Најчесто во досада...

Зошто не сфатите конечно, дека тамошниот хаос и урнебес би ме примил со раширени раце? И дека сакам да го гушнам! Ја мразам мојата мирна и изопачена улица. Не можам да стојам врз овој уреден и зелен парковиден тротоар. Дајте ми ја мојата улица од сништата!

times-square%20night.jpg
 
Не, ти не мораш да ја чекориш улицата број 25 која води накај мојата куќа.
Не мора да ја повторуваш истата таа рутина секој ден, не мораш да тропнеш два пати на вратата пред да ти отвори некој од моето напатено семејство.
Да, јас вегетирам, поради тебе, лежам во тој кревет веќе 6 месеци, затоа што не можев да ја поднесам замислата да продолжам без тебе во мојот живот. Затоа што знаев дека без тебе немам иднина.
И така, додека јас лежам безживотно во креветот, ти знаеш да дојдеш покрај мене, да ми ја погалиш косата, и да се помолиш за мое здравје. Но ништо повеќе.
И многупати се запрашав, што беше она што навистина те влечеше кон мене? Чувството на вина? Каење? Не, ги знаеше добро моите намери, знаеше дека твоето заминување значи мој пропаст. Но сепак, не направи ништо да го спречиш тоа. Сега е доцна, не ми требаат твоите понизни милувања.

Едноставно, продолжи си додека понатаму додека шеташ по улицата, како никогаш да не постоев.
А јас, јас ќе си лебдам меѓу животот и смртта, прашувајќи се, што мислиш додека чекориш по студениот асфалт.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom