Тука пишуваме на зададена тема

  • Креатор на темата Креатор на темата Точкест
  • Време на започнување Време на започнување
Нова тема... повелете... На врвот...
 
Да се остави добар впечаток млад Господине не е исто и да се биде рамнодушен во постелата од имагинација.Ако не умееш сам да го создадеш обрачот од мисли кои се провлекуваат како црви низ телото,не умееш ни да ја создадеш сликата во која си олицетворение на прашината.Мали честици кои само лебдат и одскокнуваат секогаш во неправилен ред и секогаш на врвот на имагинацијата.
Добро е,добро е ако не умееш да се стегаш со сите тие обрачи на енергија која надоаѓа после распукувањето на телото,но не е добро ако се појавуваш само во светот на распуканата енергија.
Што мислиш ти младичу,дека целата таа еуфорија во сонот ,целата возвишеност на сопственото дело не е опструкција на самиот сон?
Не е воскликот во чекорите кои ги правиш секој вечер пред мојата куќа од воздишки,восликот е во сенката на сите тие чекори,сенка која се простира и до ролетните на комшиите.Но ти не разбираш,ти воопшто неможеш да си ја нагазиш сопствената сенка за да поиташ до мене,да ти ја покажам мојата постела од имагинација.Несакаш да те воздигнам на врвот од мојата градина,мојата скриена градина преполна со магнолии.Сакав да ти подарам цвет облеан со мене,цвет кој ќе го испушта само мирисот на мој сон,сон во кој ти ќе бидеш во мојата постела ,соголен од сите маски,соголен од себе.
 
Ајде да си играме една глупава игра? Јас ќе ти го кажам тоа на повеќе од сто јазика ,а ти обидисе да ме разбереш. Дај ми барем трошка надеж дека нема попусто да говорам. Барем насмевни ми се или намигни со едното окце. Речи дека тоа што ти го реков има свое значење.
Посакај ми се најубаво. Бакни ме на челото како да сме најдобри пријатели. И гледај додека си заминувам од кај тебе. Не си влагај дома , се додека мојата сенка се одалечува пред тебе.
И за неколку години чекај ме таму , на врвот. Ти самата велеше дека во мојот живот си ми само една голема кочница. Но ете , не повеќе.
Сега кога стигнав таму блескам на самиот врв. Зад себе оставив неколку драги луѓе кои ги повредив. Сега не сакаат ни да чујат за мене. А јас сум премногу горд за да побарам проштевање , јас сум најубавиот човек. Одвнатре црвни ме гризат. Но сепак јас сум тој.
Имам се што посакував освен тоа што го имав до тогаш. Јас сум на врвот.
 
Am Ovo... (Од Јајце , Од Почеток)

Од таму ние почнуваме , од таму започнуваат нашите желби ,маки ,страдања, стремежи. Од таму започнува нашиот живот. Целиот тој поминува во несовршености. Големи подеми , по кој следуваат големи падежи , големи скокови со ниски падови.

Градење на она што денес со гордост го нарекуваме - Јас . Градење на сите сонови , оние кој започнуваат со „Би сакал да“ а завршуваат со „Го добив тоа што го сакав“ ... Исполнето срце со радост од новиот ден, чекајќи го утрото да дојде за уште една совршеност.
Границата на материјалното и духовното се померува, кога имате се што ќе посакате, се што некогаш сте го замислиле.
Сваќате дека постои љубовта како нова димензија. Нов простор во кој се губите . Ги заборавате сите падежи , маки , страдања и болки . Без разлика каде и да се наоѓате , дознавате дека сте На Врвот!
 
Малку надеж..една искра..еден поглед..една насмевка...еден бакнеж...и повторно сум во твои прегратки и чуствувам како да сум го достигнала врвот...гордо стојам на врвот додека ти ме бакнуваш и прегрнуваш...знам дека си само мој за миг...сакам сите да знаат...сите да те видат како ме љубиш...сите да видат како ме бакнуваш..сите да почуствуваат она што го чувствуваме двајцата...и повторно на дно...исчезна надежта..исчезна љубовта...исчезна насмевката..заминувам...солза на моето лице..остануваш позади мене...продолжувам и не се вртам назад...знам пак ке се вратам крај тебе...по неколку месеци ..по неколку години....солзи повторно на моето лице...останува со мене само чувството и задоволството...она чувство кога стоев на врвот....она чувство дека беше само мој...
 
На врвот...

Ви велам јас...животот не е ништо друго освен една обична игра. Игра, која што сме приморани да ја играме. Нешто како возење со ролеркостер. Почнуваш бавно, па забрзуваш и на крај доживуваш кулминација. Само што во животот некогаш тоа и трагично може да заврши. Но, што можеш да правиш, освен да се приклучиш кон возењето, играњето.
Еднаш ќе бидеш на врвот, а веќе наредниот момент, безглаво ќе се движиш на дното, се до моментот кога ќе го допреш дното и силно ќе се удриш. Но, како што малото дете кое што туку што почнало да оди, паднува, веднаш потоа станува.
Ударите на животот повеќе болат, ама учиш. Учиш, стануваш борец. Се бориш.
Никој не излегол победник во борбата со животот. Но, можеме да се обидеме. Подобро да знам дека на крајот, сепак сум пробала, отколку како низ магла да ми поминуваат слики, знаејќи дека целиот живот сум го поминала со наведната глава.
Не, мојата глава секогаш ќе биде високо крената, без разлика дали сум на врвот од ролеркостерот или на неговото дно.
 
Бидете внимателни на полна месечина... следува новата тема... Вампир
 
Има нешто што ги тера луѓето да посакуваат да се нарекуваат вампири, почнувајќи од маалски дворски шутови до форумски ликови.
Има нешто во воздухот денеска, а знам месечината ќе оформи целосен совршен круг вечерва.

Епа, драг читателе, тоа ме натера да му се обратам на вампирот.
Во време на општ човечки восклик, љубовна воздишка и сонлива прегратка, ти, безмилосник, ќе скиташ низ ќорсокаците трагајќи по свежа крв. Ноќта е прекратка зар не? Твојата потрага е тешка, но ти си неуморен, ова е твоето време. Уништуваш а се насладуваш, ха, проклето добро деструктивно чувство. Уште подеструктивно е кога по нанижаните изгризани вратчиња потребата преминува во ненаситност. Небаре си само дел од темнината, сениште или не, демнеш итро и брзо подучен и воден од својата неодминлива страст.

Што читателе, зар звучи познато? Внимавај, подразмисли малку пред да излезеш на полна месечина. Чувај си го грбот, гледај бистро. И не само на полна месечина: Би било лесно доколку само вампирите се крвопијци и доколку не би рефлектирале човечка особина зар не?
 
Бидете внимателни на полна месечина... следува новата тема... Вампир

Сите мали и големи соѕвездија на небото ми зборуваа дека сум вампир, дека сакам да им ја пијам крвта на луѓето и да бидам заплеткана во мрежата на вамп-љубовта.
Да бидам вечна и да се плашам од крстови и лук.Сите мали и големи мислители ме наведуваа на тоа да мислам дека сум вампир.Да бегам од луѓето и нивната блискост, да ги сецкам на парчиња и да им правам лузни по вратот.Секоја моја релација била вампирска и заснована на земање нечија енергија и душа, и сега додека го пушам цигариот и размислувам за малите слатки работи кои што ги правев пред 15 минути, знам, ма џабе се фолирам, не сум јас вампир, нит некогаш сум била.
Од тоа време остана само навиката на дечко ми да оставам шливки и заби по телото, а за мене ... јас сум добра девојка со цигар во рака и сок од мултивитамини. :)
 
Темната улица...Стравот.

Се гледа само маглата.. Но што е тоа што се одсликува во неа??Некоја темна фигура...
Никогаш не сум видел нешто слично, брзите потези и суровата тишина ја отсликуваа природата на тоа што се криеше длабоко во темнините.. За момент бев парализириан. Мислите неможеа да го сватат тоа што очите го гледаа.
Фигурата пријде до мене, неговите очи го пресликуваа сиот пекол на оние кој клекнале пред него . Самата фигура ја отсликуваше смртта и нејзината виртуозност. Неможев да земам здив.

Дали тоа е насмевка на неговото лице ? Дали нешто се случи? Зашто наеднаш тој седи зад мене , и зашто има крв на неговото лице ?
Не стигнав да го одгатнам одговорот на овие прашања . Вреснав во болка . Дали е ова крајот ? Дали ова е мојот последен здив? .....

Наеднаш добив чудно чувство , моите очи повторно се отворија , фигурата ја немаше. Сето тоа било сон ...

Но сепак не. Тоа навистина се случи. Тој момент ја обележи мојата судбина. Станав она во кое не верував , она кое е олицетворение на ѓаволот... Знаев дека веќе немам пријатели , љубов .. Веќе немам повеќе живот.. Сега сум сам , и морам да го водам мојот осамен пат. Сега сум ..Вампир.
 
На кратко.
Вампирите постојат.
Меѓу нас се секојдневно.
Одземаат големи делови од нас.
Иако,можеби и самите не се свесни за тоа.
Бидејќи,да бидеш вампир,не значи да пиеш крв.
Да бидеш вампир,значи да му ја одземеш енергијата на човекот.
И да го доведеш до степен на очај и депресија.
Без волја за наоѓање нови извори на истата.
И желба за раскрстување со животот.
Со она малку што останало од него.
И радост,кога ќе заврши се.
За кратко.
 
Се што ќе помислам...не сакам да е точно, не сакам да е реално.
Немам отворена шеста чакра, гледам илузии?
Често една со тебе, како ја вршиш мојата функција.
Имаш љубоморни испади, минеш часови пред огледалото, двапати неделно пробуваш нови маички, ми ја држиш раката, ме бакнуваш во челото, ги чупаш веѓите почесто и од мене и моите недраги врснички.
А јас сум конечно вампир на раат.
Испиени очни дупки, од љубов! Стомак вовлечен во себе и залепен за грбот од заборавање на било каква исхрана, мастило по дланките и ноктите, негрижливо порасната коса, заринкана на рапави усни.
Си седам подгрбавено на долгиот кревет и додека одам се подлабоко во замислен транс пак ја заборавам устата подотворена. Наеднаш се сепнувам и се враќам во веќе претсмртната реалност и почнувам да зборувам за бикови и екстензивно сточарство.
И престанав да пушам.
Види се ти убав, најубав, си блеснал, а јас со впечатлива чоколадна дамка на пижамата замижано те перцепирам и не ти изјавувам љубов.
Па добро бе, зошто не ме изневеруваш?
 
Вампир

Да, ја мразам полната месечина. Никогаш не сум ја сакала.
Некој ќе помисли дека сето тоа е затоа што се плашам од вампири. Не, не се плашам од злобните вампири кои цицаат крв и кои ги има по филмовите. Се плашам јас од друг вид на вампири. Емоционални вампири. Поседуваат човечки лик и можат да се појават во било кој период. Што е најтрагично обично имаат лик на ангел. Ама еднаш кога ќе почнат да цицаат емоции од тебе, не престануваат. Ним не им е доволно малку, не се задоволуваат само со дел, тие сакаат да ја исцицаат и последната трошка, последниот атом емоција кој што го имаш во себе.
И тоа не остава траги на почетокот. Ти си среќен, мислејќи дека имаш среќа, дека имаш нешто, дека веруваш во нешто. Но, не. Емоционалниот вампир, не се грижи за ништо друго, освен за задоволување на својата потреба, на својата желба. Кога и последниот атом, последната трошка енергија ќе ја исцица од тебе, тогаш увидувајќи дека повеќе нема од што да се храни, се врти и си оди. Те остава сам. Без ништо. Оди во потрага по нова жртва...
А ти? Што ќе се случи со тебе?
Па ништо посебно.
Сам, напуштен и празен. Ќе немаш ни солзи повеќе. Затоа што солзите се израз на емоции, а тие повеќе ги немаш. Не ти останува ништо повеќе освен надеж. Надеж дека сепак ќе ја добиеш таа можност, барем за миг, барем за момент, да почувствуваш нешто. Некоја емоција. Било каква. Барем за миг, да почувствуваш тага или среќа. Барем една од многуте насмевки да биде од срце.
Таа надеж е единственото нешто што ќе те спречи да станеш едно обично зомби. Или жив мртовец. Како сакате кажете го.
Да, надежта последна умира.
Клише или патетика за некого, но во принцип е животна вистина.
А што додека се појави некоја емоција?
Ништо посебно, една голема насмевка и добра песна...
 
Се стемнува. Почнува уште една глува и осамена ноќ. А со неа доаѓа едно прашање. Истото од вчера. Истото што ми поминува низ глава во текот на изминативе 365 години, откако еден куршум му стави крај на мојот живот. Зошто луѓето се плашат од вампири? Зошто некои направија луѓето да мислат дека ние, вампирите, сакаме да ги повредиме? Дури и снимија филмови кадешто им ја пиеме крвта на жртвите. Не, тоа не е вистина. Ние сме само изгубени души кои починале како последица на насилство. Ние немавме прилика да се простиме од најблиските. Ние умираме во присуство на непријатели. Затоа никогаш не можеме да се смириме, затоа секогаш кришум, се враќаме во овој суров свет, сакајќи да ги видиме нашите најдраги. Некои мислат дека вампирите не чувствуваат ништо. Донекаде и се во право , ние сме една голема празнина. Сеќавање. Предмет за заплашување. Ние сме... вампири.
 
Посакувам да сум вампир... навистина многу посакувам....
Но што е тоа што навистина ме привлекува кај нив?!
Одзимањето животи, крвта, сексапилноста, вечниот живот, ладнокрвноста.... многу работи што не можам да ги набројам....

Уште како мала почнав да гледам филмови со вампири,да читам за нив... сакав да знам се за нив! Почнав да барам книги за да читам и се ми изгледа така интересно тоа суштество. Почнав да ги гризам моите пријатели по вратовите, моите дечковци...ми беше мерак да гледам заби на вратовите, а јас се полнев со енерија додека тоа го правам...
Сакам да отидам во Романија да го видам замокот на Дракула... сакам да видам и знам многу работи за вампирите...
Едноставно јас посакувам да сум Вампир!
чудно нели?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom