Вампир
Да, ја мразам полната месечина. Никогаш не сум ја сакала.
Некој ќе помисли дека сето тоа е затоа што се плашам од вампири. Не, не се плашам од злобните вампири кои цицаат крв и кои ги има по филмовите. Се плашам јас од друг вид на вампири. Емоционални вампири. Поседуваат човечки лик и можат да се појават во било кој период. Што е најтрагично обично имаат лик на ангел. Ама еднаш кога ќе почнат да цицаат емоции од тебе, не престануваат. Ним не им е доволно малку, не се задоволуваат само со дел, тие сакаат да ја исцицаат и последната трошка, последниот атом емоција кој што го имаш во себе.
И тоа не остава траги на почетокот. Ти си среќен, мислејќи дека имаш среќа, дека имаш нешто, дека веруваш во нешто. Но, не. Емоционалниот вампир, не се грижи за ништо друго, освен за задоволување на својата потреба, на својата желба. Кога и последниот атом, последната трошка енергија ќе ја исцица од тебе, тогаш увидувајќи дека повеќе нема од што да се храни, се врти и си оди. Те остава сам. Без ништо. Оди во потрага по нова жртва...
А ти? Што ќе се случи со тебе?
Па ништо посебно.
Сам, напуштен и празен. Ќе немаш ни солзи повеќе. Затоа што солзите се израз на емоции, а тие повеќе ги немаш. Не ти останува ништо повеќе освен надеж. Надеж дека сепак ќе ја добиеш таа можност, барем за миг, барем за момент, да почувствуваш нешто. Некоја емоција. Било каква. Барем за миг, да почувствуваш тага или среќа. Барем една од многуте насмевки да биде од срце.
Таа надеж е единственото нешто што ќе те спречи да станеш едно обично зомби. Или жив мртовец. Како сакате кажете го.
Да, надежта последна умира.
Клише или патетика за некого, но во принцип е животна вистина.
А што додека се појави некоја емоција?
Ништо посебно, една голема насмевка и добра песна...