Кобен ден.Роденден на другар,решил батката тиквешко да се лока и уште од сабајле до 7 вечер се одеше full.После ја малце у развигорче фаза,решив да си одам,воздух да ме фати оти уште некои три чаши и ќе играв танго со Алиса.Се простив со другаров,он додуша у спалната со женска му среде правење тарана беше,ја влегов му реков чао и си отидов.Не видов ништо.И тоа не по мој избор.Пешки попат.Седум ипол саат,веќе стемнето.Интересно.Жонглирав со нозете,се измочав пред берберницата на "Коле и Љубе",реков здраво на некои луѓе...и стасав пред шаховскиот клуб.Шахот од мал го играм.Пасија,јебига.И секогаш кога сум минел од таму сум ги гледал старците внатре како смирено си влечат потези,тивко разговарајќи за своите напластени животни искуства.Секогаш сакав да седнам наспроти еден од нив и да изиграм партија,онака,за душа.Ама оти тоа место беше отфрлено од младата популација како нај некул место у град,ем и беше апла,немав храброст да влезам,Арно ама,сега околностите беа други.Сега летав.Ионака пијан играм исто толку добро колку и кога сум трезен.Ме фати еуфорија.Наеднаш ја отворив вратата,влегов и за две секунди сите се свртеа накај мене и ја со средно силен тон им реков:"Дедиња,кој сака да го тртам?"...
Требаше да поминат бар 5 секунди да ми текне шо сум рекол.Ауу,коа ми текнаа...јес дека терминот "тртам" го користам во секојдневен муабет и како означувач на победа или надигрување на друга персона,било умствено,вербално или физички.Ама дедињава кај се сретнале со таков збор баш во тој контекст?Во Февруарскиот поход?Пфф.Глуп!
Излегов одма и џафте да ме нема.Одев брзо колку што виното ми дозволуваше.Ти ибем виното грдо.Оти коа пијам пиво сум контемплативно расположен и филозофирам,коа пијам ракија сум весел...а коа пијам црно сум глуп?Глупа зелка хедбенгерска!"Кој сака да го тртам".Партизани,бивши директори на банка,меанџии,оџачари...се што своевремено било крем и прашина во градов.Ја ги истртив сите за две секунди....ај си викам,сигурно не ме ни приметиле,до утре ќе помине.
Утредента се будам у два,одам у соба и татко ми одма со тоа дебелиот глас:"Кого тоа ти вчера ќе си тртел?".Упс,клешта на ташаци!После дознав дека комшијата наш мил,Борис,два века стар,бивш професор по математика бил во клубот и го видел пијаниот Фигаро у епизодата Jackass и нормално,како и секој велешанец со помалку од пола заб у вилица,ме кажал при првата укажана прилика.На мустаќите да му свршам!!!(Додуша,умре пред некое време,Бог да го прости)После тоа имавме слава и на цела фамилија и се прекажа ова.Беше хит на денот.Сите покажуваа со гнасните прсти накај мене,слатко смеејќи се во семејната атмосфера на нашиот дом на мојот моментален имбецилизам кој толку долго го чекаа.
Мајка ми редовно ми маваше ремет.Влегувам ја во соба и она:"Тртачот.Туш!".Гледаме вести и она:"Глеај го старчено.Гарант е над 70.А?А?А?"Мир немав и пак повремено им текнува на тоа.Затоа немам невеста донесено дома
Оти сега освен сликата од мене на две години како гол го бркам братучед ми(демек геј in the making)сега имаа уште едно оружје за да нема шанси да се оженам се додека они тоа не го дозволат.
Затоа дечиња,немојте да ги слушате овие емо срања од типот дека црново е романтично,дека е најубавиот алкохол.Владо,настрана шо е шугав,ја создаде најголемата конспирација и подлост во човековото постоење(Заедно со Евреите и Холокаустот).Педер!