Тука коментираме книги

  • Креатор на темата Креатор на темата LiquidHeII
  • Време на започнување Време на започнување
Можеби е офф, ама морав да го споделам некаде ова што го најдов.

1984 – Џорџ Орвел
Ова е приказна за маж и жена кои се обидуваат да избегаат од влада која го следи секој потег на граѓаните и бара апсолутна лојалност.

Погрешно на сите можни начини...дали воопшто тој што го напишал ова ја прочитал книгата или пак ја прочитал ради-реда и ''најбитното'' го сфатил :facepalm:
 
Последната книга која ми остави многу силен впечаток е Ребека од Дафне ди Морие. Ова е првата книга која ме воодушеви, а во која воопшто не ми се допадна никој од ликовите кои ги среќаваме во книгата, и тоа за мене овој пат беше сосема во ред, бидејќи преку нив и нивните постапки книгата сумира до каде сме стигнати како "култура", и како можеме да ги отфрлиме нашите убедувања во колку во одреден момент од животот истите се испречат на патот кон остварувањето на нашите сништа. Особено е впечатлив начинот на кој авторот ја користи техниката на неверодостоен наратор, и кружната наративна структура, која е скроена на необичен начин- Романот почнува во сегашноста, каде маж и жена како бегалци скитаат од хотел во хотел во туѓа земја- Жената чие име никогаш не се открива се сеќава за нивниот дом во Англија, при што во исто време чувствува носталгија, но и олеснување што повеќе не се наоѓа таму. Oд самиот почеток е јасно дека книгата ќе заврши трагично, сепак првите поглавја можат да се разберат само откако ја прочитаме целата книга. Од таму, дејството се враќа неопределен број на години во минатото, од каде започнува заплетот во приказната . Всушност, поголемиот дел од романот претставува флеш-бек на нараторката за минатото, за кое се сеќава од сегашноста, додека како бегалец скита од хотел во хотел. Реалноста на настаните во романот е испресечена со сонови кои нараторката ги има со скриено/ симболично значење, со што целата структура на романот, исполнет со мистерија, психолошки трилер, детективска приказна и анти-романтични елементи е разделена на повеќе парчиња, како еден вид на сложувалка, кои читателот треба да ги состави за да ги открие значењето и пораката на романот.
Интересен факт: името на нараторот во ниеден момент не се открива, а ликот со најчесто споменувано име- Ребека кој го дава и насловот на делото е мртов и воопшто не го среќаваме.
 
Дечки, би сакал да ве замолам за една информација. Со оглед на тоа што слабо ги познавам делата на македонските современи издавачи, дали би можеле да ми препорачате некое ново, современо дело на наш писател, кое би заслужило да биде преведено во Америка.
 
Вака сеа, не читав наназад и незнам дали е коментирано на друго место....
Би сакал некој да ми даде плот, дволно би било по 1 реченица од дело за следниве:
Идиот, Коцкар, Бедни луѓе, Записи од мртвиот дом*
Сите од Ф. Достоевски
 
Дечки, би сакал да ве замолам за една информација. Со оглед на тоа што слабо ги познавам делата на македонските современи издавачи, дали би можеле да ми препорачате некое ново, современо дело на наш писател, кое би заслужило да биде преведено во Америка.
Резервен живот - Лидија Димковска и Сестрата на Сигмунд Фројд (ако досега не е преведена)
 
Ај и јас да се замешам во муабетов… Имам прочитано по една книга од Трамп и Киосаки, плус нивнава заедничка, „Зашто сакаме и вие да бидете богати“. И додека нивните посебни книги се во најмала рака солидни, оваа заедничкава им е во стилот имаме големи јајца, проклето многу сме богати, ама богати сме… даваат одговори на неколку теми, ама сето тоа се празни муабети, демек гајле им е нив дали Наум е богат или сиромав, нив ги интересира што повеќе да се збогатат. За тој што прашуваше, јас не ти ја препорачувам таа книга, подобро купи ја „Размислувај како шампион“ од Трамп.
Ај истиов пост ако сакаш одново напиши ама поопширно. Напиши нешто повеќе за Размислувај како шампион, или препорачај некоја друга книга од истиот жанр
 
„69 страници за младината" - македонска книга напишана од некој млад автор кој на реален и саркастичен начин го опишува денешниот живот на младината... секоја чест за дечкото за начинот на кој ја пишува книгата... еве ви линк

https://www.facebook.com/pages/69-страници-за-младината/909736362390958

вреди да се прочита!
 
вреди да се прочита!
Дај образложи подобро зошто вреди да се чита, по што се одвојува од другите? За реален и саркастичен начин на опишување ќе отворам твитер/фејсбук и ќе читам.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom