Тука коментираме книги

  • Креатор на темата Креатор на темата LiquidHeII
  • Време на започнување Време на започнување
Дали се наоѓа Stranger in a Strange Land од Robert A. Heinlein во МК? Или ќе треба од нет да си ја купам?
 
Ја има ли некој прочитано Мадам Тисо од Мишел Моран? Книгава е ок,ама не сум некако воодушевена баш.
 
Книгата Сведоштва на Генералот од Гзим Острени на македонски знае некој кај ја има да се купи???
 
Сега ја читам Digital Fortress oд Ден Браун.
Во две недели ги прочитав сите други: Deception Point, Angels & Demons, The Da Vinci Code, The Lost Symbol и уште оваа ми остана.

P.S: Да не знае некој кај можам да ги најдам Dunk & Egg Stories од George RR Martin? На македонски знам дека ги нема, ама не можам ни на англиски на ги најдам.
 
Само што ја завршив Шепнувачот од Донато Каризи и можам да кажам е доста возбудлива и буквално не можете да си дозволите да ја оставите,дури ни за секунда.Ја препорачувам на сите што сакаат возбудливи трилери.
 
Пронајдете ги расказите од Бруно Шулц, издание на Бегемот... Тоа е волшебно, таква палета на : вкусови, бои, мириси, чувства. Чиста поезија, толку и одличен превод.
 
Да прашам какво мислење имате за преводите на Ѓурѓа пошо сега за саемов сакам да купам па да знам ?
 
Да прашам какво мислење имате за преводите на Ѓурѓа пошо сега за саемов сакам да купам па да знам ?


Анемични им се сите книги. Некои се дури преполовени во содржина.
 
Почнав да ја читам „Женaтa во Дуните“ од Кобо Абе (The Woman in the Dunes), засега интересна книга, ама само што ја почнувам, па ќе видиме понатаму. Инаку одамна, многу одамна читав за жените во пустините, не знам сега што ми текна пак да се навратам на некои теми...
 
Да прашам какво мислење имате за преводите на Ѓурѓа пошо сега за саемов сакам да купам па да знам ?

Уф, немој. Преполовени им се сите. Јас дури и ги анлајкнав на фејсбук. Ептен се очајни.
 
Да прашам какво мислење имате за преводите на Ѓурѓа пошо сега за саемов сакам да купам па да знам ?
Купив една книга од Ѓурѓа „Волја за моќ“ од Ниче и излезе дека не е „Волја за моќ“ , глупости.
 
Ја прочитав „Принцезата на малиот принц“ од Сашо Тасевски. Не се замарал многу да и даде уметничка вредност, приказната е како од типичен амерички филм, оди до екстреми и има премногу секс, што е дури и невкусно. Ама таков си е и тој, то е :D
Единствено ми се допадна критиката која ја носи книгата кон сите трули лица и настани во земјава наша, буквално „без влакна на јазик“.
Би ја препорачала, не заради уметноста која нема да ја пронајдете, туку заради критичкото размислување и искреноста.
 
Ја читам ,,Најубавите писма на великаните’’. Издвоени писма на Виктор Иго, Достоевски, Толстој, Едгар Алан По, Балзак, и мојот омилен, Пол Елијар. Писма до пријателите, љубовниците... Интересно како толку моќни мажи биле заљубени и ранливи пред жените. Само една грешка која ја видов, ми ја спласна желбата. Како кога ке те изневери некој еднаш, па повеќе не му веруваш. Ете така се почувствував. Ама добро е да се прочита.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom