Туѓата среќа во вашите очи?

  • Креатор на темата Креатор на темата city
  • Време на започнување Време на започнување
Дали тоа што кажуваме како треба да биде , значи дека сега не сме во таа состојба ?
 
Туѓата среќа ја доживувам како и своја среќа, најискрено многу ме потресуваат несреќни човечки судбини, ме разочаруваат и влеваат страв, макар се работело и за душмани.

Затоа многу сакам да слушам среќни животни приказни, поубаво се чувствувам кога некој е среќен, се чувствувам позитивно.
 
Дали тоа што кажуваме како треба да биде , значи дека сега не сме во таа состојба ?
Не значи, ова значи дека има многу малку кои не би му наштетиле на оној кој напредува додека оние кои би направиле било што само да те видат како пропаѓаш сеуште преовладуваат.
 
Не бенефицирам, на што ќе се радувам? Дали некој друг се радува ако јас успеам во нешто? Што ако мојата цел е да ја убијам женската на другар ми. Еј, сум успеал. Ќе биде задоволен од моите достигнувања?
Ќе ме части хамбургер?
 
Ниту се радувам, ниту завидувам ....just dont care enough to do either of these:)
 
A dali dosega vo zivotot ste bile vo situacija takva da kazete za nekogo:
.....air da ne vidi.
Па како и секој нормален човек да, сум била лута и повредена но ми поминало, и потоа не ми било гајле за таа особа, само да е подалеку од мене :)
 
Најголема среќа во животот е да гледам среќни луѓе а, поголема среќа е кога се среќни поради мене.
 
Најголема среќа во животот е да гледам среќни луѓе а, поголема среќа е кога се среќни поради мене.

На краток рок, Да...но, на долг рок не сум сигурен дека е така.
 
На краток рок, Да...но, на долг рок не сум сигурен дека е така.

Зависи како ќе ја наредиш, ама и кога јас бев во депресија сепак бев среќен зошто другите се среќни. Не посакувам некој работи ни на најлошиот непријател, а низ кој јас сум поминал.
 
среќата на некој близок/блиска исто како да е моја
 
Мило ми е кога на другите им е убаво и многу се радувам на туѓата среќа.
 
Кога е среќен некој, мило ми е за него. Честитам, посакувам тој момент да му трае подолго, посакувам ако се може повеќе да се цели кон тоа . А доколку некој постигнал некаков успех, нема што да му љубоморам, напротив се угледувам на него.
Си имам некое мое мото дека никогаш не си најдобар, секогаш можеш повеќе. Така да среќата од другите делува мотивациски на мене. :vozbud:
 
Среќен сум за нив ако не направиле нешто да ми наштетат во процесот до нивната среќа.. ;)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom