Солиден старт на серијата, ама карактерите на детективите ми се недоволно обработени за да бидат сјебани како што се моментално, освен Реј каде што има кредит за да биде онаков со фактот што моментално одгледува дете што е плод на човекот што најмногу го мрази во животот и тој што го уништил неговиот живот.
Карактерот на Ана навистина има кул татко и сестра која што таа мисли дека има проблеми во животот, ама од друга страна тоа е ситуација на добри половина луѓе во светот.
Одбива да има сериозна врска и едноставно има некаков гнев како некоја тинејџерка, само уште и фалат бубуљици.
Недоволно проблеми за да ја има она самоубиствена тенденција.
Слично и Пол кој што има проблем со потенцијата и мора да конзумира вијагра.
Од друга страна заради тоа што е доволно искомплексиран за да и признае да својата девојка која што бај д веј е хат ас хел и на шефот кој изгледа како разумно чиче ја губи својата работа и ја остава тажна својата девојка која што го моли да биде со неа и почнува да се сомнева дека ја изневерува.
Заради тоа што не се чуствува доволно маж сака да се самоубие.
Се надевам дека ќе поработат малку на тие ликови, оти вака ептен ми се бледи.
Во никој случај не верувам дека ќе направат карактери како во првата сезона, ама од друга страна приказната може да биде и подобра со оглед дека пак имаме убиство со религиозна позадина.