True Detective

  • Креатор на темата Креатор на темата Толстој
  • Време на започнување Време на започнување
Ептен уживав во епизодата, вакво нешто ми фалеше уште од ко заврши првата сезона. Не очекував да е баш иста оти сепак ги нема Вуди и Метју, не е во мочуриштата на Луизијана, скрос различна приказна е. Тие работи ич не треба да бидат фактор оти уште кога ја најавија кажаа дека ќе е нов почеток. Вака уште од првата епизода ми е без везе да праам споредби, треба време да видиме како ќе се одвиваат работите.

Најинтересен лик ми е дефинитивно Реј, главно ради Колин Ферел. Во глобала сите беа добри, ама Колин игра вакви меланхолични пијаници на одличен начин и уникатен е во тоа.

А интрото е топ, многу подобро ми е од првото.
Па јако испадна со Колин дека во принцип не глуми :pos:
Нејсе, очекувам одлична сезона, Фарел ми е еден и единствен во холивуд. Прав бед бој погоден за улогава ептен, богами и Rachel не е лоша. Уживам да ја гледам :sekcza:
 
Најискрено, голем скептик бев за сезонава. Ама воведов искина. 1 час како 5 минути пројдоа. Изненаден сум и тоа многу позитивно.
 
Колку е само добра музиката во серијата а посебно песната на сцената во барот (Lera Lynn - My Least Favorite Life). Мислам дека одкако ќе заврши серијата ќе се издаде и soundtrack од истата.

 
Таман старт. Верувам дека ќе ја биде и вторава сезона (y)
 
И ја дојдов да ја спомнам девојката шо пееше у барот. :love:
 
Ко ликови ми се сите тројца интересни, не знам само кој е психички најзаебан од нив.
Можеби Пол дека најмалце детали дадоа за неговиот живот и ми е најмистериозен.

Добар почеток на сезонава дефинитивно, едвај чекам наредна епизода. (y)
 
- The fuck is Vinci?
- A city, supposedly.

Добар старт, засега само Винс не ми лежи у сезонава...
 
Добра епизода.
Очекувано, Колин Фарел го краде шоуто...
 
Зошто не беше на Netflix да ги мавневме сите епизоди во една вечер сеа вака кој ќе чека...
Интрото мене ми е подобро од првата сезона и си плаче за некој да и направи deep/tech house ремикс.
Има повеќе ликови и е многу по динамична за разлика од првата,а по се изгледа нема да се штедат и ќе прикажат некоја секс сцена :D
 
Солиден старт на серијата, ама карактерите на детективите ми се недоволно обработени за да бидат сјебани како што се моментално, освен Реј каде што има кредит за да биде онаков со фактот што моментално одгледува дете што е плод на човекот што најмногу го мрази во животот и тој што го уништил неговиот живот.

Карактерот на Ана навистина има кул татко и сестра која што таа мисли дека има проблеми во животот, ама од друга страна тоа е ситуација на добри половина луѓе во светот.
Одбива да има сериозна врска и едноставно има некаков гнев како некоја тинејџерка, само уште и фалат бубуљици.
Недоволно проблеми за да ја има она самоубиствена тенденција.

Слично и Пол кој што има проблем со потенцијата и мора да конзумира вијагра.
Од друга страна заради тоа што е доволно искомплексиран за да и признае да својата девојка која што бај д веј е хат ас хел и на шефот кој изгледа како разумно чиче ја губи својата работа и ја остава тажна својата девојка која што го моли да биде со неа и почнува да се сомнева дека ја изневерува.
Заради тоа што не се чуствува доволно маж сака да се самоубие. :rolleyes:

Се надевам дека ќе поработат малку на тие ликови, оти вака ептен ми се бледи.

Во никој случај не верувам дека ќе направат карактери како во првата сезона, ама од друга страна приказната може да биде и подобра со оглед дека пак имаме убиство со религиозна позадина.
 
True.Detective.S02E01.720p.HDTV.x264-0SEC[rarbg]

Имате проблем со синхронизацијата на овој торент?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom