True Detective

  • Креатор на темата Креатор на темата Толстој
  • Време на започнување Време на започнување
Иначе јако ова women empowerment ради критиките на прикажување на жените како sex object во 1 сезона па ајде жена детектив, БУМ 1 сцена по гаќи и со 300 секс фетиши кои допрва ќе ги глеаме и/или секс со еден од другите детективи и потенцијален threesome, шодане :D
 
Сосема друг пристап од првата сезона,цела епизода прикажување на ликови,искрено не ми напраи нешо кеиф,освен завршницата,кога се сретнаа тројцата,онака сите психопати.Очекуев многу поише али вајда ке се оправат натаму.Да не се викаше шоуто True detective и не знам баш какви ке беа оценките за првата епизода.
 
Три уникатни милицајски ликови, крвен деликт, тежок криминал, мафија-источно европска веројатно, перверзии, нешто секташко, за прва епизода отвара доста простор за понатаму...
 
10/10

Ништо налик првата сезона, добро е што не пробуваат да се движат по иста матрица, ќе изгледаше бледо.
Да беше оваа пилот на некоја нова серија, ќе ги немаше празните негативни критики.
 
Солиден старт на серијата, ама карактерите на детективите ми се недоволно обработени за да бидат сјебани како што се моментално, освен Реј каде што има кредит за да биде онаков со фактот што моментално одгледува дете што е плод на човекот што најмногу го мрази во животот и тој што го уништил неговиот живот.

Карактерот на Ана навистина има кул татко и сестра која што таа мисли дека има проблеми во животот, ама од друга страна тоа е ситуација на добри половина луѓе во светот.
Одбива да има сериозна врска и едноставно има некаков гнев како некоја тинејџерка, само уште и фалат бубуљици.
Недоволно проблеми за да ја има она самоубиствена тенденција.

Слично и Пол кој што има проблем со потенцијата и мора да конзумира вијагра.
Од друга страна заради тоа што е доволно искомплексиран за да и признае да својата девојка која што бај д веј е хат ас хел и на шефот кој изгледа како разумно чиче ја губи својата работа и ја остава тажна својата девојка која што го моли да биде со неа и почнува да се сомнева дека ја изневерува.
Заради тоа што не се чуствува доволно маж сака да се самоубие. :rolleyes:

Се надевам дека ќе поработат малку на тие ликови, оти вака ептен ми се бледи.

Во никој случај не верувам дека ќе направат карактери како во првата сезона, ама од друга страна приказната може да биде и подобра со оглед дека пак имаме убиство со религиозна позадина.
Самиот факт дека си напишал волкав пост го негира овој дел од реченицата " ама карактерите на детективите ми се недоволно обработени "
 
Нормално дека се недоволно обработени, сте изгледале 60 минути од нешто што ќе трае 480. Одлична прва епизода, шо се замарате безвезе.
 
Одличен старт, ги надмина моите очекувања и беше динамична епизода, пројде за 5 минути. Во првава епизода можам да забележам дека си ги држи стандардите за режија, глума и саундтрак, останува да видиме натаму како ќе се развива.
10/10
 
Самиот факт дека си напишал волкав пост го негира овој дел од реченицата " ама карактерите на детективите ми се недоволно обработени "

Не најдувам забелешки за тоа моментално, ќе биде штета ако се остани на тоа само како причина за нивното однесување и не се разработат другите два карактери преку наредните епизоди.
Претпоставувам дека и изгореницата на Пол е од некоја траума која што е директно виновна за неговиот самоубиствен нагон.
Не ме чуди понатаму низ серијата тоа дека нивните судбини ќе бидат испреплетени и истиот човек или истата група виновна за нивниот сјебан живот.
Пример да бев сценарист ќе играв и на таа карта. :)
 
Мене деловите со Вон воопшто не ми беа јасни, што е фрката со него? За што се збореше на тоа забавата?
 
Добро е. Си ја држат мрачната, меланхолична атмсофера. Режија си пука како и во првата сезона.
Како што кажа член поназад треба да се поработи позадината на одредени ликови за да се оправда нивниот психолошки профил но како и да е сигурен сум дека Nic Pizzolatto ги средил јако, го бива ликот за изработка на ликови. Бев скептик но по првата епизода делува ветувачки многу.
Све на све топ, само Винс Вон е лабав :)
Мене деловите со Вон воопшто не ми беа јасни, што е фрката со него? За што се збореше на тоа забавата?
Повеќе мафијашки глави во чело на Каспер, градски менаџер (што го видовме мртов на крајот) и во сенка Винс Вон, помогнати највеќе од федерални пари планираат да градат брза железница што треба да ја спои северна со јужна Калифорнија. Нешто во стил gangsters going straight муабет.
 
Последно уредено:
V6pQKPy.png
 
Повеќе мафијашки глави во чело на Каспер, градски менаџер (што го видовме мртов на крајот) и во сенка Винс Вон, помогнати највеќе од федерални пари планираат да градат брза железница што треба да ја спои северна со јужна Калифорнија. Нешто во стил gangsters going straight муабет.
На некој не му одговара оваа железница.
Турски тек.
Куманово.
:motorce:
Епизодава ветува. Многу работи не разбрав и ваљда треба ја гледам пак но ми се допадна што на крај се споија.
Насловната песна :cuc:
 
Мене деловите со Вон воопшто не ми беа јасни, што е фрката со него? За што се збореше на тоа забавата?
Мислам дека е обавезно да се гледа по втор пат.

Колку што разбрав јас Винс порано бил мафијаш / дилер или нешто слично. Тоа беше во барот кога му даде податоци на Колин за тоа кој ја силувал жена му можеби сте забележале дека шанкер е овој со испегланата фаца сега што му е десна рака. Е сега после толку години човекот ги вложил црните пари и веројатно го поседува казиното во кое се дешаваше презентацијата за пругата. Инаку тие не претендираат да ја градат туку бидејќи на пругата ќе и бидат потребни многу инфраструктурни објекти во околината тие сакаат да го искористат тоа и да лапнат стотици милиони долари државни пари како грантови.
 
Хах, Винс Вон Мијалков, Сорос му реметат планови :D

Жими се еј, на тоа ме асоцираше кога глеав. :D

Инаку, нема да ме чуди со Колин Фарел да имаме дежа-ву од тоа со Метју Мекконахи.

Во смисла, досеа со аура на просечен актер, многу хејтан а со серијава да се надмине себеси и си ја сврти кариерата во нагорна линија.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom