True Detective

  • Креатор на темата Креатор на темата Толстој
  • Време на започнување Време на започнување
Meh... не верувам дека Раст е убиецот, многу е поверојатно дека ги следел убиствата на The Yellow King од 2002 па натаму и си водел своја независна истрага.
И мене истово ми се врти у глава, само така може да се извадат од ова, а да не биде twist у последната епизода или уште сега да ни го кажат убиецов.
Како и да е интересна ќе е нареднава, оваа го имаше најтапа крајот, факт е тоа, ама како целина на рамниште на претходните, епик беше.
 
Уште една одлична епизода. Мене минатата не ми беше толку спектакуларна како што ја збореа некои. Али серијата е ептен квалитетна во секој поглед. Единствена негатива е што има уште само три епизоди :(
 
Последната сцена од 4та епизода ептен е „акциска“според мене не е баш соодветна... инаку интересна поврзаност помеѓу пречесниот од првата епизода, кога се направи обид убиството да се стави во „контекст“ на борбата против црквата, (антихрист) како некој вид риутал, потоа во втората епизода кога се утврди дека убиената девојка била дел од некој бордел среде никаде, и на крај, сцената со изгорената црква, и цртежот на ѕидот, и спиралниот жиг-тетоважа кој се појавува, споменува низ сите епизоди...
Третата епизода, патувачката црква, во суштина истиот „пречесен“ со истиот табор(интересен е изборот на припадници на истиот) од изгорената црква т.е епархија... континурано се појавуваат т.е поврзуваат убиства кои методолошки-модус операнди се поклопуваат, истите индицираат сериски убиец/убијци...за во четвртата епизода, се спомене сатански култ, или секта, чиј белег е спиралниот жиг-тетоважа,а чии членови се богати луѓе, кои патем изведуваат ритуални убиства...на крај може да се испостави дека (нај)богатите и (нај)влијателните од сојузната држава Луизијана имале „лошо хоби“...

Ја изгледав и 5та епизода, да надополнам... Раст е на трагата на сектата, постојано се надополнува таа приказна со изјавите добиени од различни извори, Жолтиот крал, влијателните луѓе, сега големите момци...се споменува и теза дека наменската единица која претендираше да ја преземе истрагата беше дел од сценариото...самоубиството во притворот...
Во суштина цело време се работи на визуелизација на сослушувањето во кое детективите се осомничени, е сега нарацијата е она што го изјавуваат, додека визуелизацијата е она што се случило...Раст веќе ги лови, и по се изгледа на крај ќе ги улови влијателните, големи лоши момци. Дали ќе започне да им пресудува по кратка постапка, па така сегашната истрага за тие ликвидации да регресира кон него, или пак, големите момци, ако не сите, барем оние на кои не им пресудил ќе почнат да му монтираат процес останува да видиме...
 
само што ја изгледав 5 епизода, уфф :)

Раст дефинитвно не е убиецот, он се обидува со години да ја реши оваа мистерија, и станува опседнат со случајов и сеуште пробува да го најде убиецот. Јас мислам дека убиецот е Марти (?!)
- Марти и неговите афери со млади жени.
- Кој беше тој што нејќеше да го предаде случајот на работната група? - Марти, иако на почеток викаше да го предадат, знаеше дека Раст е опседнат и дека ќе продужат понатаму.
- Марти ја пушти причата за моторџиите "Iron Crusaders" (претпоставувам видел во досието на Раст дека бил инфилтриран во нивната група), после нели Раст на телефон му рече чекај, чекај Iron Crusaders?!
- Марти е човекот што немал пукано во човек, а сепак ладно крвно го уби Леду. (за да не отиде на суд, и се да биде решено без судски процес)
- во последнава епизода Марти: "се средив, ама не се променив, не како што требаше". Па после "решението за целиот мој живот ми беше пред нос. Таа жена, тие деца (!?). Јас гледав останато". Изгледа ги трола детектививе (имаше и нешто слично во претходните епизоди). После во 2002 вика неговиот живот бил мирен, а на Раст не, после го даваат Марти како има проблеми со ќерка му, а Раст си ужива со жена му.
- Yellow King? Марти има жута коса :P.
.....
како и да е, убиецот сигурно ќе биде некој што веќе сме го сретнале.
 
Раст не е убиецот 1000%. Раст е сеуште опседнат со случајот, го истражува приватно и сите докази,материјали и се во врска со слуќајот го чува во the storage unite што не сака да му го отворат. На девојката и раскина за да ја заштити од последиците што може да ги донесат плеткањето со тие луѓе...откако виде дека се способни да натераат некој да се самоубие само преку еден телефонски повик.

Меаnwhile..уште еден цртеж на ќерка му на Марти
u
2sb049j.jpg


И не знам оти ама осеќам дека ќе има дебел твист во последната епизода.
 
Ќерка му на Марти, таа што ги црташе цртежите е истата оваа што се носи како секташ?

Серијава ги има едни од најдобрите дијалози некад напишани.
 
Последно уредено:
серииште ... од сценарио, приказна до глума !!!! забелешката ми е за метју , кога стана човеков толку добар во глума, едноставно растура !!!!
 
серииште ... од сценарио, приказна до глума !!!! забелешката ми е за метју , кога стана човеков толку добар во глума, едноставно растура !!!!

Метју од секад бил супер глумец само што зима дебилни улоги пошо нејќе да се замара.
 
Метју од секад бил супер глумец само што зима дебилни улоги пошо нејќе да се замара.

De bre nemojte so muabetite.. da, sega site znaaea kolku bil dobar, nejkal da se zamara.. mislam, uredu e.
 
De bre nemojte so muabetite.. da, sega site znaaea kolku bil dobar, nejkal da se zamara.. mislam, uredu e.

Ok како ќе кажеш така пошо ти си најпаметен овде извини што пишав нешто
 
Ok како ќе кажеш така пошо ти си најпаметен овде извини што пишав нешто

Сум, само не се чукам у гради. :D Август, 2013:

Следен на тапет, дечкото Метју Мекконахи. Класичен пример на getting your shit together. Улоги кои бараат повеќе од појавување на сет, challenging улоги, до таму што стигна и до трансформации како во Dallas Buyers Club. А академијата обожаваат вакви работи па за овој сигурно ќе добие номинација за споредна, но тука се и Wolf of Wall Street што сигурно ќе вреди за номинација, а да не зборам за неверојатната глума (воедно врвот за мене засега, во годинава) во Mud. Актер во подем. Кој се изолира од ефтини филмови. Соработува со одлични режисери и работи на квалитетни проекти. Дали сметате некој го форсира, или сам се пробива полека кон врвот? Ви се допаѓа како глуми? Вреди за хајпот? Јас мислам ќе остари како вино. :)

Еве ти компарација, на генералното јавно мислење:

ММ ти е тежок просек, има два изрази на лицето, еден кога е сериозен и еден кога се заебава. И двата се граничат толлку што не е лесно да се направи разлика. Wedding Planner филмови се единственото во што е добар и треба да си остане во истите. Толку му е капацитетот. Во посериозни филмови само им го јаде лебот на подобри актери.

Не дека го хејтам нешто, добар е за просек no-brainer филмови, пријатен лик е, но тапа актер.

Просечен актер.
A time to kill е една стварно добра драма, но самата приказна и актерите покрај него ја прават таква, не е тој ептен значаен елемент.
Само во оваа улога сум го гледала ко нешто посериозно да глуми, се друго е романтики.
Дури и во тие романтиките, во еден или два е заникаде.
Сепак, тој е жанрот до кој мислам дека треба да си се држи.

Искрено, покрај Shannon, ММ да земе оскар е злодело зрело за доживотен затвор, не ме занимаат никакви трансформации :icon_lol:

Shannon, е едно 5 класи подобар актер.


Ете гледаш како се прави паметен, наспроти твоето аматерско? :) Не мислев ништо лошо, чисто сакам да акцентирам претенциозни муабети, како твоите. Секој кој мисли дека бил добар како актер, за пред се` од лани и годинава.. е смешно. И јас мислев дека е просек. Изгледа ти го знаеш лично, па ти рекол брад.. ме мрзи да се замарам бе. :D Сите грешиме, сум правел неверојатни лапсуси.. ништо страшно, не буџи хипстер. Остај на првиот цитиран момак тоа, после мене.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom