True Blood

  • Креатор на темата Креатор на темата igor108367
  • Време на започнување Време на започнување

igor108367

Dark Lord Sauron
Член од
25 јануари 2009
Мислења
2.516
Поени од реакции
113
True Blood

Нова и феноменална серија на HBO телевизијата дом на The Sopranos и Sex and the City. И оваа серија не заостанува многу од претхоните две. Моментално е трета најгледане серија во историјата на HBO веднаш зад горонаведените.
И самата серија дефинитивни има превеземено неколу работи од претхондите две серии. Има неколку неверојатни секс сцени далеку побизарни и поексплицитни од оние на Sex and the city и сцени на бруталност на кој може и Сопранови да завидат.
Кој и да го гледал филмот Twilight најверојатно ќе ја обожава оваа серија. Се работи за љубовна драма и мистерија која се случува во источна америка каде што сите зборуваат со оној смешен акцент.
Приказната продолжува под сликата.

true-blood-poster.jpg

Самата серија е базирана на серијал на книги со таа арзлика што во книгата не може да се видат пресексите глумици и глумци кои играат. Не се сеќавам дека имаше некој карактер кој не беше згоден.
Но саматта серија има и многу шарм. Ниту еден од глумците не е паметен туку сите се практино малку глупички прито тоа не го прави серијалот досаден туку напротив му дава одредена невиност.
Приказната продолжува после сликата

trueblood2_2.jpg


Приказната е следна. Има едно невино девојче по име Суки кое има специјални моќе може да чита мисли. Таа способност ја користи да реши еден криминален случај со убиства аз кој главен осомничен е нејзиниот брат.
Се разбира сето ова би било многу едноставно ако наедаш од никаде не се појавија едни страшни суштества на ноќта Вампирите. Овие крвопијачи сега шетаат слободно по ноќта и им се познати на целиот свет. И не само тоа тие протестираат и ги бараат своите права како граѓани во Америка. И се разбира за ова е виновен кој друг ако не некој луд јапонски научник кој измислил специјална синтетичка крв и сега веќе вампирите не мора да пијат крв од луѓе за да се прехранат.
Суки како младо и наивно девојче ќе се вљуби во првиот вампир што ќе го види. И така започнува нејзината прва авантура која трае цели 12 епизоди.
Секси, забавна, оригинална и со феноменална визуелизација оваа серија имаше одличен почеток во америка. Беше обновен за втора сезона по емитувањето на третата епизода што е реткост бидејќи најчесто се чека целата сезона да заврши со емитување.
Единствена негативност е што на почетокот на серијата може да треба да се навикнете малку на акцентот но освен тоа се друго е решиси соршено.
Треилер:
 
Го имам гледано само пилотот, но не ми се допадна баш. Ме нервира јужњачкиот акцент, а и самата приказна не ми се допаѓа. А очекував повеќе од оваа серија, пилотот го гледав дури кога излезе PreAir. :)
 
Го имам гледано само пилотот, но не ми се допадна баш. Ме нервира јужњачкиот акцент, а и самата приказна не ми се допаѓа. А очекував повеќе од оваа серија, пилотот го гледав дури кога излезе PreAir. :)

Да и мене ме нервираше но кога ги изгледав првите три епизоди се навлеков на неа многу, а и се навикнав на самиот акцент.
 
True Blood е вистински звер серија. Растур направи во америка. И покрај тоа што е достапна во само 20% од домовите има гледаност неделно од 11 милиони гледачи. Да се даваше на некој од броадкаст мрежите ќе имаше рејтинг над 50 милиони што би било невидено во Америка, а каде и да се дава стана голем хит.

Интересно е дека и двд0то од првата сеозна направи растур и заработи над 50 милиони долари единствено двд од серија која се најде на листите на најпродавани двд-ја.
 
True Blood е вистински звер серија. Растур направи во америка. И покрај тоа што е достапна во само 20% од домовите има гледаност неделно од 11 милиони гледачи. Да се даваше на некој од броадкаст мрежите ќе имаше рејтинг над 50 милиони што би било невидено во Америка, а каде и да се дава стана голем хит.

Интересно е дека и двд0то од првата сеозна направи растур и заработи над 50 милиони долари единствено двд од серија која се најде на листите на најпродавани двд-ја.
 
Уште се снима или е завршена? Малце скролав рецензијата, во духот на изненадување елементот.
Очајно ми треба серија за гледање. Несакам да почнам и да чекам некоја пауза од 3-4-5 месеци.

Лесно се наоѓа торент4е за фул? Знаете што прашувам, несмеам да пишам. Пепе хехе. :)
 
Уште се снима или е завршена? Малце скролав рецензијата, во духот на изненадување елементот.
Очајно ми треба серија за гледање. Несакам да почнам и да чекам некоја пауза од 3-4-5 месеци.

Лесно се наоѓа торент4е за фул? Знаете што прашувам, несмеам да пишам. Пепе хехе. :)

До сега имаш две сезони испаднато. Секоја сезона е посебна приказна базирана на книга. Обновена е за уште две други сезоно.
 
Интересна серија. Интересна. Повеќе не добива. :)

Никако да се навикнам на hill_billy_red_neck акцентот. Убива цел филм.
Место напнатост и морбидност ми доаѓа да се смеам.
Клишеа, што е доста голем минус.
Многу аматерско со вампирските заби и се тоа, лош ефект, детско.

Во серијата едноставно вреди сексот. :):)

A цркињата би ја. Би ја јако! Ќе догледам прва сезона, ионака ми е симната. За понатаму - здравје.
 
Да и мене ме нервираше но кога ги изгледав првите три епизоди се навлеков на неа многу, а и се навикнав на самиот акцент.

Исто и јас , првата епизода ја пуштав 3-4 пати и никако не можев да ја догледам. И 2. епизода тешко ми одеше :) ама после ги изгледав во 2 здива :) :) И есната што е оpening theme :vozbud:Третата сезона мислам почнува летово.
 
25527_390062668562_69144888562_3755849_119018_n.jpg


Ппебарував низ форумот и никаде на пронајдов тема за оваа серија :) Во САД штотуку ќе започне да се емитува сезона 3 (на 16 јуни). Никој не ја гледа во Македнија ?

Во серијата станува збор за свет во кои луѓето и вампирите живеат заедно, поради вештачка крв која ги содржи се што им е потребно на вампирите наречена Tru Blood, но сепак луѓето не се многу среќни, а нормално и вампирите треба да задоволат некои потреби :) Серијата на почетокот не ми стоеше многу интересна но подоцна се „закачив’’ и сега ја чекам новата сезона :) Што вие мислите за серијата ?
 
Има трид за серијава мислам? како и да е одлична серија од режисерот на Сикс Фит Андер која според мене а и многу други е најдобрата серија на сите времиња. Едвај чекам да почне третата сезона!
 
Првата тема

ИНАКУ ЕДВАЈ ЧЕКАМ ДА ПОЧНЕ, цело време стискам лајк на фејсбукот кога има информации за серијава. Ептен ја засакав.
 
И така еве сум јас пак да „хејтам“ по серии. Сега е оваа на ред.

како и да е одлична серија од режисерот на Сикс Фит Андер која според мене а и многу други е најдобрата серија на сите времиња. Едвај чекам да почне третата сезона!
Чекај сега. До заврчера најдобра беше Six feet under, до вчера braking bad, сега оваа. Ко оние што менуваат партии како што се менува власта.

Ќе бидам краток сега и само ќе кажам дека тематика со вампири, емо и порничи не е нешто за кое можи да се речи дека е „најдобра серија на сите времиња“. Од кога ќе изгледам некоја епизода некогаш ќе се вратам овде со тешки критики. :salut:
 
^ and time traveling, polar bears on tropic island, smoke monster, afterlife makes more sense?

Од две прочитани реченици не се гради мислење за серија. True Blood e одлична серија. Како и LOST. House. Освен 24. :icon_lol:
 
^ Абе ајде сега, 16 пати истата приказна.
Мислење се гради и од две прочитани реченици. Ете го погоре. А чим спомна други серии. Имам кажано, 24 е подобра (прилично подобра) од сите тие што ги наброја. Само кој да ја разбере.
Тоа едно, друго 24 не е најдобрата серија што сум ја гледал, ама... џабе воопшто да ги спомнувам тие другите никој ништо нема ни да ми реплицира ако напишам на форумов овде.

Додаток. http://www.imdb.com/title/tt0844441/ - 0 гласови за скоро 2 години. :pos:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom