- Член од
- 10 февруари 2008
- Мислења
- 3.947
- Поени од реакции
- 2.061
Трпението мислам дека е вродена особина.Не може да се стекне, или го поседуваш или не.
Јас сум многу трпелива личност.Навистина.Многу луѓе дури се чудат како можам да бидам толку трпелива.Но таква сум си, секогаш смирена и истрајна.![]()
Блазе тебе.Леле колку само ми недостасува трпение не сте свесни. Ако има личност со минимална доза на трпение тогаш тоа сигурно сум јас. Не можам да чекам за ништо. Не сум размазена и никогаш во животот не сум добивала се што ќе посакам т.е. сакам да кажам дека правилно ме одгледале моите родители ама како успеав да станам ваква ни самата не знам
. Ги сакам работите сега и одма или што е можно поскоро затоа што не можам да издржам повеќе. Ако за краток период не го добијам она што го сакам го губам интересот и се насочувам кон други нешта. За било која работа е така, а не чини тоа. Понекогаш и самата се фаќам себеси како копнеам по барем малку повеќе трпение. А за тоа дали трпението доаѓа со текот на годините или не- не знам. Јас се повеќе го губам и она малку што го имам.
