Трифун скрена

  • Креатор на темата Креатор на темата TpH_Bo_OkO
  • Време на започнување Време на започнување
Не сакам ни да помислам што може да се случи. Факт е дека денес живееме во свет на една специфична војна - тероризам. Кога успеаја Близначките во Њујорк да ги турнат, тероризмот веќе не гледа каде напаѓа, тој бара само жртви. Јас не сакам моето Скопје да ја има истата црна судбина на Њујорк

Абе ова виц е или вистина?

Мене искрено ми наликува на оние вицови што ги прават за плавушите.

Уште еден доказ дека (ние) народот, направивме погрешен избор, се надевам дека ќе ни биде школо за понатаму.
 
Неможам а да не го прокоментирам последното излагање на нашиот угостител-рудар-ѕидар-штолиуштене градоначалник кој толку многу прави за Скопје па дури е превентивец што се однесува до глобалниот тероризам. Цар е нема што!

Со други зборови дами и господа: Ја бе бачко нема да имам ќар од тоа...ниту ќе купат од мојот челик, ниту ќе ми препишат барем уште една атрактивна зграда да му оставам на оној мојон...син во наследство! Зошто да дозволам такво нешто ако немам јас ќар???

Тероризам??? Зградите близначки???

Ти пукна тебе малото туленце за „твоето Скопје“....

А и шо, терористите знаат кај да удираат, попрво би ја плеснале ТВОЈАТА бесправно присвоена зграда Метропол на сред плоштад отколку некои космополитски замисли на Груевски....

Мислам дај бе срамота е пејачов да се изнесува пред камера...
Мислам дај бе срамота е пејачов да се изнесува пред камера и така натаму па што е ова не личи на ништо да му се невиди.....како се нервирам со вакви клупости и друго нешто....
 
Знаев дека ќе заврши исто како и Мајкл Џексон.

Све је отишло у Хондурас!
 
Не сум за да се градат облакодерите, но не поради ризик од терористички напади, како што мисли овој тезгар, туку од причина што парите инвестирани во нив би можеле да се вложат во нешто што е веќе започнато, а недовршено од финансиски или ред други причини, на пример зданието на сред плоштад, Кинескиот ѕид или во краен случај да се изгради асална спортска сала, наместо драгоцени пари да се трошат на проекти подложни на ризик да пропаднат.
 
трифун скрена кога ја даде најглупата изјава за како требало да биде организиран погребот на тоше меѓутоа за стокатниците мислам дека е во право кога вели дека градот ја нема потребната инфраструктурата за да успешно се оствари таков некој проект
 
Трифун нема врска од Геологија и од Геодезија : на прво и основно место Скопското тло не може да издржи облакодери бидејќи е тектонско нестабилно подрачје. Ова укажува на фактот дека не само Трифун туку и Аларова е за никаде... :tapp:
 
Маце, ако Скопје не би можело да издржи облакодери, повеќе би било поради присуството на подземни води, отколку ризикот од земјотреси - иако и двата проблеми се санираат денеска.

Стандард прснат е човеков. Нема оправдување.
 
Toa и ми беше зборот : има ризик од субдукција токму заради присуство на подземни води што е ризично за висококатници. Точно е дека и двата проблеми се санираат но повеќе вреди да се градат неколкукатници и да се проширува градот кон Александар Палас и новата Спортска сала отколку да се трупа населението на куп.

Глупости!
 
Piramida...piramida mu e majkata....ne mi e jasno kako do sega ne mu teknalo...:):)!!!
Edno 300 metra visoka......more kilometar......
Try2004.gif
 
Toa и ми беше зборот : има ризик од субдукција токму заради присуство на подземни води што е ризично за висококатници. Точно е дека и двата проблеми се санираат но повеќе вреди да се градат неколкукатници и да се проширува градот кон Александар Палас и новата Спортска сала отколку да се трупа населението на куп.
Е даа бе! Па да морам после за на гости да одам, два дена да се спремам а? неможе! :)
 
Е даа бе! Па да морам после за на гости да одам, два дена да се спремам а? неможе! :)

Не мора : се качуваш на Водно и со планер директаменте слетуваш на покривот на новата спортска :pos:
 
Не мора : се качуваш на Водно и со планер директаменте слетуваш на покривот на новата спортска :pos:

А од Кермес со ракетен фрлач ти фрлаат квик снек, за по пат :)
 
Во срцево имам тетовирано,
еден збор пирамида... Трифунова ќе градам.
Кометал и Кермес лого испишано!

Во срцево имам тетовирано,
еден збор фараон... скопски сакам да бидам.
Европа и Египет јас ќе ги покорам!
 
A sto e sega pa kriva Alarova. Neli e ona samo izvrsitel.
Gruevski kje gi gradi 50 - ili stokatnicite, ne Alarova.
Ajde retro :)
Груевски ќе гради три 50-катници

Владата сака да гради три облакодери од по 50 ката спроти хотелот "Холидеј ин", во центарот на Скопје. Според првичните замисли, облакодерите би ги граделе странски инвеститори на потегот од постоечкиот паркинг спроти хотелот, во правец на новата железничка станица. Точно на колкава квадратура ќе се простираат 50-катниците дополнително ќе се утврдува, иако, како што велат од Владата, првична анализа на земјиштето потребно за реализација на планот е веќе направена.
Зградите ќе бидат повеќе наменски и доколку се оствари владиниот план, комплексот ќе содржи станови за домување, деловни простории, катни гаражи, конгресни и спортски сали, угостителски објекти, галерии... Постои варијанта трите облакодери да бидат поврзани меѓусебно со специјални мостови во воздух или со приземни дополнителни објекти.
Владата се одлучила на ваков чекор бидејќи, како што велат, главниот град конечно мора да добие модерен изглед како што и доликува на една метропола, па веќе на шега во Владата новиот проект го нарекуваат Менхетн во Скопје.
Министрите веќе донеле одлука да се обезбедат услови за распишување меѓународен тендер...............................bla bla....
povekje tuka
http://forum.kajgana.com/showthread.php?t=10676&highlight=%F1%F2%EE%EA%E0%F2%ED%E8%F6%E8

Sto bi rekol Macedalian:
Трифун нема врска од Геологија и од Геодезија : на прво и основно место Скопското тло не може да издржи облакодери бидејќи е тектонско нестабилно подрачје. Ова укажува на фактот дека не само Трифун туку и Аларова е за никаде... :tapp:

a Intel bi dodal, i vladata ni e za nikade :helou:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom