Три прашања

  • Креатор на темата Креатор на темата Radost
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
3 јуни 2008
Мислења
441
Поени од реакции
20
Еден младич се враќа дома по завршувањето на студиите на Западот.Кога пристигнува дома,им вели на родителите да му најдат некој ученик кој ќе биде способен да одговори на неговите три прашања.Неговите му ветуваат дека ке најдат,а тој повторно им напоменува дека на Западот истите три прашања ги поставил на неговите учители,најголемите стручњаци и професори,но никој не можел да му даде одговор.Родителите се упорни и по некое време наоѓаат еден старец кој на младичот му се чини ептен неспособен во споредба со стручњаците претходно,бидејќи овој бил прост во споредба со истите,образуваните....Но сепак,не ја пропушта шансата.Му се доближува на старецот и му вели: ’’Сигурен ли сте дека ќе можете да одговорите на моите прашања,на кои ниеден стручњак не одговори досега?„ И старецот вели: “Се надевам.Јас не сум образуван,но ете,со Божја помош ќе се обидам да ти дадам одговор„.Младичот му вели:
Прво прашање: “Дали Господ постои и ако постои,покажи ми го Неговиот облик!„
Второ прашање: „Дали постои судбина?„
Трето прашање: „Ако ѓаволот е створен од оган,зошто на крајот во оган ќе биде фрлен?И така и така нема да осеќа болка!Дали Господ мислел на сево ова?“
Наеднаш,старецот му удира многу силна шлаканица.Младичот се запрепастува и му вика: „Зошто ме удри?Не кажав ништо страшно!„
А старецот му вели :„Па не де,не кажа.Само што мојата шлаканица е одговор на твоите прашања....Кажи ми ти вака: „Како се осеќаш откако ти удрив шлаканица?„
Младичот вели :„Нормално осеќам болка“
А старецот: „Што значи веруваш дека болката постои?“
Младичот:„Па да,ја осеќам“
Старецот: „Епа тогаш покажи ми го нејзиниот облик!“
Младичот: „Неможам“
Старецот му вели :„Тоа е одговор на твоето прво прашање.Сите ние го чувствуваме присуството на Бога,иако не го гледаме Неговиот облик.А кажи ми дали ти синоќа сонуваше дека ќе ти удрам шамар?“
Младичот?„Не“
Старецот:„А дали некогаш во минатото си помислил дека баш денес од мене ќе добиеш шамар?“
Младичот:„Не“
Старецот:„Тоа е одговор на твоето второ прашање.Тоа е судбина.А кажи ми сега од што е створена мојата рака со која те ошамарив?“
Младичот:„Од месо“
Старецот:„А твоето лице(образ),од што е створено?“
Младичот:„Па исто,од месо“
Старецот:„Аха.А што осеќаш откако те ошамарив?“
Младичот:„Болка“
Старецот:„Тоа е одговор на твоето трето прашање.Иако и ѓаволот и пеколот се створени од оган,ако Бог сака,пеколот ке постане најболното место за ѓаволот....“

:wink:
 
Многу интересно, посебно одговорот за третото прашање.
 
Radost bravos :smir:

Aj daj uste nekoja prikaska ili daj prasanje nekoe ovaka malce e ko monolog
 
Која е следната приказничка?:kesa:

Кога заоѓа сонцето денот што го позлатува... едно дете сонува во светот на бајките патува... :music4:

Хахаха, пресмешни сте..
76372092kc6.png


Преубава поучна приказна. Браво Радост.
 
Јас ја сакам она прикаската за царот и трите сина ко ќе ги пушти да ја најдат принцезата а најмалио ќе успее а постарите браќа не успееа.
 
Лол, срање. Посебно со одговорот на првото прашање.
 
Поентата која е?
Ако прашуваш ќе ти маваат шамари?...тоа ли е
 
Еден младич се враќа дома по завршувањето на студиите на Западот.Кога пристигнува дома,им вели на родителите ...

:wink:

Приказнава ја сметам за аналогија на рекламата со Ајнштајн,кога учителот прашува дали има Бог и дали Бог ако е создател на се,соодветно е создател и на злото.А,малиот Ајнштајн му одговара:Учителе,дали има студ? Учителот:ДА,има. Ајнштајн:НЕ,нема студ,студот е само отсуство на топлина. А,дали има мрак? Учителот:Секако дека има мрак. Ајнштајн:НЕ,мракот е само отсуство на светлина. Соодветно на тоа злото е таму каде што Божјата рака сеуште не допрела.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom