Јас пред неколку месеци имав страшно треперење на левата нога, буквално ми играше лево-десно, седнав на столче ја држев со раце за да ја смирам но џабе ... едно 10-15 минути траеше тоа ... и одеднаш помина ... одтогаш наваму ништо слично ... рацете и капаците на очите скоро никогаш не ми затрепели до сега ... инаку да пушач сум и пијам по 4 кафиња турски-благи на ден, јадам просечно но слабо спијам(во просек 5-6 саати) ... а и многу размислувам, не е убаво човек премногу да размислува и да се оптеретува со се и сешто бидејќи тоа го прави нервозен а и понекогаш си задавам на самиот себеси големи и тешки задачи кои откако нема да ги исполнам според очекуваното ме фаќа некое чудно чувство на тотална изгубеност, исцрпеност и општа слабост, немоќ и немање воља за ништо, како небото да ми паднало врз глава ... подобро е човек да не мисли многу и да не се оптеретува со се и сешто и да не си задава самиот на себеси задачи кои едноставно нема шанси да ги исполни !