Подобар наслов на темата би било дали постои нешто од што не ни се кења? На сите страни статии од типот на: ВОЗНЕМИРУВАЧКО, ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ, ОПАСНО, НАЈАВА... па потоа следуваат: ДОЗНАЈТЕ КОЈ ГИ ИМА НАЈГОЛЕМИТЕ ГРАДИ, ШТО ДА МУ НАПРАВИТЕ НА ВАШИОТ МАЖ ЗА ДА ВЕ САКА, СЕКС ЗА ЕДНА ВЕЧЕР, ЈЕЛЕНА КАРЛЕУША ГОЛА, СТАНИЈА ВО ТАНГА и какви ли уште не глупости кои тотално се нерелевантни вести и освен некои дечурлани од по 10-15 години не верувам дека некој повозрасен ги чита, а ако ги чита тогаш затупиле и тие. Македонски страни кои ги посетувам се Кајгана, Мотика и Офнет, друго за мене не постои. Повеќе читам странски медиуми на кои исто така може да се најдат вакви глупости од време на време но претежно имаат квалитетни статии, а згора на тоа имаш колку сакаш портали за да бираш од која тема да читаш вести. Нашиве и онака сите копираат од таму па така подобро е да ја прочиташ веста од оригиналниот извор отколку кај нашите, бидејќи или грешка преведуваат или намерно прават измени за повеќе читаност.
И деновиве искрено ми се с*ре од статии по Македонскиве портали за Голема Албанија. Претераа ептен. Со самото тоа што и даваат преголема значајност на вести за инцидентот се појавија и тези дека Голема Албанија кај и да е ќе биде формирана, не очекува нова војна и сл. и ствараат паника кај населението на државата, а на другиве пак им даваат премногу "поддршка" кои пак уште повеќе добиваат самодоверба и желба за вакви глупости.