Трчање, Скопски Маратон и останати атлетски настани во Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата Tonchie
  • Време на започнување Време на започнување
Па ако некој сака заедно да тргнем со мојата фиеста ќе делиме дизел и патарини.Троши многу малку сигурно ќе испадне 800 денари некаде цел пат со патарини.
 
Маратонци како е,правете ли уште тренизни?
Јас да си се пофалам,земав трето место на планинско младинци и на 6ти ке одам на балканско во Бугарија :)
 
Честитки! :)

Јас слабо со тренинзи после маратонот. Сега само што се вратив од 10 дневен одмор исполнет со легачење и прејадување.
Добрата работа е што си купив нови патики (тие Adidas Climacool Fresh Ride-от што ги меркав долго време) за дополнителна мотивација. Мора да се атакува на подобро време за следното државно првенство и маратон. Денес одма излегувам на тренинг :)
 
Честитки! :)

Јас слабо со тренинзи после маратонот. Сега само што се вратив од 10 дневен одмор исполнет со легачење и прејадување.
Добрата работа е што си купив нови патики (тие Adidas Climacool Fresh Ride-от што ги меркав долго време) за дополнителна мотивација. Мора да се атакува на подобро време за следното државно првенство и маратон. Денес одма излегувам на тренинг :)
Следен полумаратон на 7ми Октомври мислам дека е,во градски парк во Скопје.
А на 8ми септември во Охрид,од Свети Наум до градот,30 км.
Лани не се одржал тој поради финансиски причини,но мислам дека оваа година ќе има.
 
Сакам да постигнам под 1:40 резултат па на тоа ќе се ориентираме до 7 октомври :)
 
55sek na kilometar sprint
 
Треба да одржуваш темпо истото на 21 км а верувај не бев толку активен како сега и толку издржлив како сега.Многу јаглехидрати треба да конзумираш за да одржиш такво темпо.А 21 км согоруваш сигурно некаде од 2000 кцал нагоре зависи од темпото и интензитетот.Јас не сум дизајниран за маратон зашто сум голем и тежок.Но сепак тоа не ми е изговор да не пробам :).Па ќе видиме до наредниот пат како ќе перформираме сега се фокусирам на телото дефинирање негово поз :)
 
За тие што се зависници од мобилни апликации, но и за луѓе што сакаат одличен план за трчање... Посетете го micoach.com.
Си одбирате тренинг план за одреден спорт (пример: трчање), потоа цел (дали подобрување на време на одредена трка (5к/10к/полумаратон или маратон), издржливост, брзина и тн.), го пишувате датумот до кој сакате да го постигнете тоа (пр: 8. октомври - кога е државното првенство) и апликацијата ви гради одличен план за вежбање. Јас на пример одбрав цел за 21км под 1:50, со 4 тренинзи неделно (можете да си ги одберете слободните денови, но и деновите за долго трчање). Распоредот се синхронизира со апликацијата на телефонот и кога ќе започнете со изведување на специфичниот тренинг за тој ден, ви кажува (гласовно) што и како треба да работите. Пример: 5 минути сина зона (лабаво трчање), 2 минути зелена зона (нормално темпо), 3 минути жолта зона (засилено темпо) и тн... Нормално, ова е доколку имате соодветен телефон. Ако немате, можете да си го користите планот од сајтот.

Еве едно демо. Нормално, тоа со харт-рејт мониторот и пејсерот се само скапи додатоци кои не ви се потребни. Доволен ви е еден телефон:

македонче93, сигурен си за ова дека ќе се одржи на 8. октомври во парк? Каде конкретно би се трчало, тоа не ми е баш јасно... Патеката ја знаеш?
 
Така слушнав дека ќе има,не сум сигурен.
Има и во календарот на АФМ http://www.afm.org.mk/dokumenti/Kalendar 2012.pdfи еве некои слики шо најдов на нет од 2010,ваљда лани немало.
Незнам каде точно се трча пошто не сум од Скопје и не сум трчал до сеа на овој.
Кога ќе дознаам повеќе во врска со ова или некој друг настан навремено ќе ве известам. :)

едит:имало и лани ама нема слики само резултати http://mk.srichinmoyraces.org/maraton-na-siebienadminuvanjie-2011

еве се одржувал повеќе пати како шо гледам на сајтот,па да се надеваме дека ќе има....јас одам на резултат испод 1:30. :)
 
Колку време треба да се трча (вежба) за да можеш да го истрчаш полумаратонот ?
 
Индивидуално е тоа, некој може без посебни подготовки, некој со 2-3 месечни подготовки (по неколку трчања неделно), некој ќе се откаже за време на трчање иако е подготвен...
Многу фактори влијаат за успешно трчање на (полу)маратон. Освен физичката подготовка, еден од најбитните фактори е и мотивацијата и упорноста.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom