Трансфери по Евробаскет

  • Креатор на темата Креатор на темата Supervisor
  • Време на започнување Време на започнување
И овде ја правите НБА како вселенско нешто да е,само стилот на игра е тоа што ја прави таква.Инаку на ЕП и СП многу по снаодливи се и побрзо се адаптираат на терен Евопските играчи отколку НБА звездите кои се замислуваат само.Таму има неколку вонсериски играчи но останатото не е кој знае што бе и тоа е кошаркари и овие,Бо имаше стандард 20+ поени,во ништо не би бил послаб од ТОни Паркер...освен во моментов што е искусен и навикнат на НБА.

Дај не збори глупости споредба меѓу НБА и Евролига сеа се отвори дискусија откога Македонија предводена од БО направи успех. БО не треба да биде мерило за квалитетот во НБА, НБА е баш "вселенско нешто" и како таква ќе остане. Да не беше таква каква што е немаше ФИБА ЕВРОПА да менува правила на ЕП 2013 ќе гледате различна линија за три поени уште пооддалечена која конечно после адаптацијава што почна од лани ќе стане "НБА тројка". Освен квалитетот за атракциите не вреди да се трошат зборови тоа е и вториот чекор на ФИБА ЕВРОПА да се доближи Евролига до НБА со основни промени во правила при правење фаул. И кога ќе дојде до израмнување на овие правила ќе треба уште многу додека да започнат тие промени за да следиме квалитет и атракција каква што има во НБА.
 
И што кажа сега...кажи ми со што од ова не се согласи,дека Бо неможе да игра во НБА или што,не само ме цитирај за џабе и не се прави експер за све!
 
Бо има квалитет за NBA и не само да грее клупа, ама таму мечевите се позбиени и ќе треба да игра по 3-4 меча во една недела... Можеби во NBA играат поатрактивно, ама Европа е се поблиску по квалитет до нив, во NBA се игра на сила, во Европа на техника и далеку поквалитетна одбрана.
 
Гледам тука водите дискусија за играчиве па да пишам.Ме интересира Антиќ кај ја има почнато кариерата?:)И нормално ме интересира како и многу други,дали е србин или презимево му е останато фамилијарно од мн години наназад.
 
Мислам дека ја почна во Работнички па после играше во Грција. За презимето не знам.
 
Гледам тука водите дискусија за играчиве па да пишам.Ме интересира Антиќ кај ја има почнато кариерата?:)И нормално ме интересира како и многу други,дали е србин или презимево му е останато фамилијарно од мн години наназад.
Роден е во Скопје, има играно за Работнички, Аек, Звезда, Лукоил и во Русија.
 
Антиќ: Не сум потпишал за Олимпијакос
Перо Антиќ нема потпишано договор со Олимпијакос, наспроти информациите што се појавија во текот на вчерашниот ден кои што велеа дека македонскиот репрезентативец се обврзал на едногодишна соработка со грчкиот кошаркарски гигант. Сепак, самиот Антиќ денеска во изјава за весникот „Македонски спорт“ ги демантира овие гласини, јасно ставајќи до знаење дека нема потпишано договор со ниту еден од заинтересираните клубови за неговите услуги.

Не е спорно дека има интерес од таа страна, односно дека се водени разговори со грчкиот клуб. Сепак, воопшто не станува збор а финализирани преговори и за потпишан договор, дезинформации што се раширија низ јавноста. Тие незинформации не одат во прилог на изборот на мојот нов клуб, можам да кажам само дека нема да се брзам и трпеливо ќе ја чекам вистинската понуда за себе“ - изјави Антиќ.

Поранешниот кошаркар на Спартак Санкт Петерсбург ги потврди информациите дека за време на Евробаскет 2011 ја одбил понудата на шпанскиот тим Каха Лаборал.

Понудата најпрвин беше одбиена бидејќи беше на само четири месеци. Подоцна Шпанците се вратија со договор за една година, но таа приказна е завршена за мене. Не сакам да одам некаде за да бидам резерва, па макар тоа било и во шпанскиот гигант Каха Лаборал“ - ја објасни Перо Антиќ својата одлука.
http://ekipa.mk/News.aspx?newsId=827
 
Не би можел Бо да игра у НБА од едноставна причина што е многу низок за плеј. Има банани ко мајмун да јаде тамо... :D :pos:

andrew-bernstein-dallas-mavericks-v-los-angeles-lakers-game-two-los-angeles-ca-may-4-jose-barea-and-andrew-by.jpg

Te поздрави Бареа. :)

Иначе ист тип на играч како Бо, само понизок едно 3-5 сантиметри. (y) Осреден шут ама добар slasher, одосно влезови му се специјалност.
Во една денешна НБА каде што се повеќе се игра small ball и екипи како Сан Антонио често вртат постави со по 3 бека, за играч како Бо секако има место.

Веќе се читаат гласини дека Лејкерси и Бостон биле заинтересирани за него. Во Лејкерси сигурно не би греел клупа, Фишер е престар а Блејк едноставно не го бива. Впрочем Лејкерси да го имаа Бо наместо Стив Блејк немаше Бареа буквално да ги закопа во полуфиналето. (да, еден ист таков „пренизок„ играч)

Единствен проблем е финансиската состојба во НБА и статусот на Бо во Европа каде секако прави многу пари. Ама Лејкерси никогаш не штеделе кога се работи за шампионски прстен. А изјавите како онаа на Бо дека не сака да игра во НБА, често се „нарачани„ од нивните агенти за да ја подигнат цената на евентуален трансфер или договор.
 
Перо Антиќ две години во Олимпијакос
Не е една, туку договор на две години. Само тоа е различно во однос на претходно објавената информација во „ЕКИПА“ дека Перо Антиќ ќе го носи дресот на Олимпијакос. Сега од Грција стигнува и официјална потврда дека капитенот на македонската кошаркарска репрезентација се враќа во грчкиот шампионат, откако пред неколку сезони го носеше и дресот на АЕК.

Грчкиот гигант изрази сериозен интерес да го доведе македонскиот репрезентативец во своите редови уште за време на европскиот шампионат, но Антиќ остана дециден на фактот дека за трансфер ќе размислува дури по завршувањето на првенството во Литванија.

Грците беа упорни и веднаш по враќањето на Антиќ во Скопје контактираа со него и се погрижија нашиот ас да ја прифати нивната понуда. Овој трансфер всушност претставува враќање на Перо Антиќ во грчкиот шампионат, ако се знае дека тој пред неколку години со голем успех го носеше дресот на АЕК.

Токму капитенот Антиќ беше еден од најзабележителните членови на националниот тим за време на Евробаскет 2011, остварувајќи просек од 11,6 поени, 8,5 скокови и 1,9 асистенции по натпревар. Со тие одлични настапи тој го привлече вниманието на Каха лаборал, но го одби шпанскиот клуб бидејќи му беше понуден договор на само четири месеци. Понудата на Олимпијакос беше далеку подобра на финансиски план и се однесуваше на една сезона, што беше главна причина за Антиќ да потпише за оваа екипа, со која што ќе се натпреварува во новата сезона од Евролигата.

Антиќ е засилување за Олимпијакос во пресрет на новата сезона. Негови нови соиграчи ќе бидат и Кајл Хинс, Калин Лукас, Мет Хауард, Мартинас Гецевичиус, Лазарос Пападопулос, Констанис Слоукас. Антиќ треба да биде еден од носителите на играта на Олимпијакос, заедно со Васили Спанулис.
http://ekipa.mk/News.aspx?newsId=896
 
andrew-bernstein-dallas-mavericks-v-los-angeles-lakers-game-two-los-angeles-ca-may-4-jose-barea-and-andrew-by.jpg

Te поздрави Бареа. :)

Иначе ист тип на играч како Бо, само понизок едно 3-5 сантиметри. (y) Осреден шут ама добар slasher, одосно влезови му се специјалност.
Во една денешна НБА каде што се повеќе се игра small ball и екипи како Сан Антонио често вртат постави со по 3 бека, за играч како Бо секако има место.

Веќе се читаат гласини дека Лејкерси и Бостон биле заинтересирани за него. Во Лејкерси сигурно не би греел клупа, Фишер е престар а Блејк едноставно не го бива. Впрочем Лејкерси да го имаа Бо наместо Стив Блејк немаше Бареа буквално да ги закопа во полуфиналето. (да, еден ист таков „пренизок„ играч)

Единствен проблем е финансиската состојба во НБА и статусот на Бо во Европа каде секако прави многу пари. Ама Лејкерси никогаш не штеделе кога се работи за шампионски прстен. А изјавите како онаа на Бо дека не сака да игра во НБА, често се „нарачани„ од нивните агенти за да ја подигнат цената на евентуален трансфер или договор.
Лејкерс за Бо е најлоша варијанта сите себичи и супер ѕвезди се таму и веќе му е скурчено од успех... таму ќе му служи колку да ја понеси топката до нивна половина и дај му ја дај на коби или гасол, а овие нема шанси да асистират назад...
а и Бо е многу подобар играч од Бареа, кој не е ништо посебно...
мислам дека нема да успее бо во нба најмногу поради висината и то шо нема добар шут... ретки се играчите како ален ајверсон...
 
Без навреда, ама ако мислиш дека Кобе и По Гасол прават што сакаат, не го познаваш добро концептот на играта. Тренерот кажува што ќе се игра, не Кобе и По.

Точно е дека некои од играчите имаат голем его и се обидуваат да се промовираат себе си. Типичен пример беше Кобе за време на дуетот со Шекил. Но Кобе не е Џордан, а дури и на Џордан му требаше „прав„ тим окулу него, за да почне да освојува титули... така и Кобе почна да го игра тоа што е потребно за победување на тимот а не да игра тоа што тој највише би сакал (поени, поени и да ги сруши можни и невозможни рекорди). А баш тој Ален Ајверсон што изгледа толку го љубиш, никогаш потребата од поени никогаш не ја ставил пред потребата за победување. И тука ти и не-сакајќи имаше право, ретки се играчите како Ајверсон, таков талент и потенцијал уништен заради ултимативна себичност. Кобе колку и да е себично копиле по природа, доволно е паметен за да разбере што треба да направи за да победи. Победите се бројат а не поените.

Пак ти велам не го разбирај ова како навреда, ама ако Ајверсон ти е поим за успех тогаш не знам зошто воопшто разговараме. Кошарката е тимски спорт.

Ти можеш да кажеш дека Бареа не е ништо посебно, ама неговиот тренер паметно увидел дека Лејкерси се најслаби на позициите 1 и 2, посебно на влезови од брзи бекови. Бареа ги попари Лејкерси со влезови нa пик&рол, практично он сам ги порази. Лејкерси ја имаат една од највисоките екипи во НБА, Гасол+Бајнам+Одом... ама ако нискиот играч не може да остане на одбрана во пик&рол со својот човек (а на Фишер/Блејк тоа никако не им одеше од рака) тогаш треба да преземе високиот играч. Така 2.15m високиот Бајнам го бркаше Бареа и Лејкерси губеа. (види фото погоре a и подоле)
MavsVsLakers-2011POG4-JJBarea-Bynum-Artest.jpg

Не знам дали ти воопшто си го гледал полуфиналето чим збориш вакви работи...?

Туку да не забегувам, Бо одлично би се вклопил во Лејкерси.
Како што реков:
Фишер има 37 години -неверојатно е што и до сега беше стартер а ќе биде и оваа сезона (ако воопшто се игра сезонава),
Стив Блејк е тешко разочарување, во напад е подпросечен кон лош, како плеј е просечен кон подпросечен, во одбрана е ужасен - не може да остане пред никој од побрзите бекови, момци како Паркер, Роуз, Крис Пол, итн вртат кругови окулу него... Бареа осмици правеше окулу Блејк во полуфиналето.
Кој друг остана? Шенон Браун кој беше ОК и Кобе кој иде накај 34г.... и не смее да се троши на одбрана кога на Лајкерси им треба пред се во нападот. Поминаа времињата кога Кобе симултано го бранеше најдобриот противнички играч (на позиции од 1 до 3) и даваше 40 коша по натревар.

- Бо би имал убава минутажа во Лејкерси ако продолжи да го работи она што го правеше добро досега: молскавични влезови, солидна дистрибуција на топка со понекоја асистенција, просечен шут кој нема да го форсира, просечна одбрана во која може да остане пред својот човек.
- Бо ќе играше сега во НБА да имаше претходно барем една година искуство во колеџ. Ниедна екипа не сакаше да ризикува тогаш со недокажан играч (иако сега некои сигурно жалат). Откако се докажа во Европа, следна логична работа е НБА (колку и да сакаме ние да остане во Европа).

П.С. Извинување за off-topic
 
брат тотално си оф

тренерот кажува што треба како треба, да, се согласувам, ама фил џексон не е поќе тренер на лејкерс да не заборавиме, така да ова е голем минус за лејкерс, нема да се игра популарниот триаголник

не го љубам ајверсон, никогаш не ми се допаѓал, веројатно погрешно ме разбра, сакав да кажам дека ретки се играчи како ајверсон - што освојуваат мвп и се топ 5 играчи 5-6 години со ред во лигата, а со висина од само 1.80 ...
а и сепак, имаше многу слаб тим дури играше за фили...

и тоа за бареа шо ги продупчил фишер и блејк :pos:, кажи еден плејмејкер кој не го направил тоа? крис пол цела сезона катастрофа офанзива беше, ко му дојдоја лејкерси, ги дупна со просек од 25 поени, трипли дабли... мекелеб би му распукал 30 на минатогодишните лејкерси...

повторно си тотално оф, мекелеб има 5 години искуство во колеџ, 5 !

плус има и 26 години а и самиот изјави дека не сака да игра во нба...

квалитетот во нба е светлосни години далеку од евролигата
 
Сеа за сеа 3 сигурни играчи во Евролига,Самарџиски најверојатно и он ќе игра во Евролига...ако потпише и Војдан во Армани цела петорка ќе имаме во втората најјака лига во свет(y)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom