Без навреда, ама ако мислиш дека Кобе и По Гасол прават што сакаат, не го познаваш добро концептот на играта. Тренерот кажува што ќе се игра, не Кобе и По.
Точно е дека некои од играчите имаат голем его и се обидуваат да се промовираат себе си. Типичен пример беше Кобе за време на дуетот со Шекил. Но Кобе не е Џордан, а дури и на Џордан му требаше „прав„ тим окулу него, за да почне да освојува титули... така и Кобе почна да го игра тоа што е потребно за победување на тимот а не да игра тоа што тој највише би сакал (поени, поени и да ги сруши можни и невозможни рекорди). А баш тој Ален Ајверсон што изгледа толку го љубиш, никогаш потребата од поени никогаш не ја ставил пред потребата за победување. И тука ти и не-сакајќи имаше право, ретки се играчите како Ајверсон, таков талент и потенцијал уништен заради ултимативна себичност. Кобе колку и да е себично копиле по природа, доволно е паметен за да разбере што треба да направи за да победи. Победите се бројат а не поените.
Пак ти велам не го разбирај ова како навреда, ама ако Ајверсон ти е поим за успех тогаш не знам зошто воопшто разговараме. Кошарката е тимски спорт.
Ти можеш да кажеш дека Бареа не е ништо посебно, ама неговиот тренер паметно увидел дека Лејкерси се најслаби на позициите 1 и 2, посебно на влезови од брзи бекови. Бареа ги попари Лејкерси со влезови нa пик&рол, практично он сам ги порази. Лејкерси ја имаат една од највисоките екипи во НБА, Гасол+Бајнам+Одом... ама ако нискиот играч не може да остане на одбрана во пик&рол со својот човек (а на Фишер/Блејк тоа никако не им одеше од рака) тогаш треба да преземе високиот играч. Така 2.15m високиот Бајнам го бркаше Бареа и Лејкерси губеа. (види фото погоре a и подоле)
Не знам дали ти воопшто си го гледал полуфиналето чим збориш вакви работи...?
Туку да не забегувам, Бо одлично би се вклопил во Лејкерси.
Како што реков:
Фишер има 37 години -неверојатно е што и до сега беше стартер а ќе биде и оваа сезона (ако воопшто се игра сезонава),
Стив Блејк е тешко разочарување, во напад е подпросечен кон лош, како плеј е просечен кон подпросечен, во одбрана е ужасен - не може да остане пред никој од побрзите бекови, момци како Паркер, Роуз, Крис Пол, итн вртат кругови окулу него... Бареа осмици правеше окулу Блејк во полуфиналето.
Кој друг остана? Шенон Браун кој беше ОК и Кобе кој иде накај 34г.... и не смее да се троши на одбрана кога на Лајкерси им треба пред се во нападот. Поминаа времињата кога Кобе симултано го бранеше најдобриот противнички играч (на позиции од 1 до 3) и даваше 40 коша по натревар.
- Бо би имал убава минутажа во Лејкерси ако продолжи да го работи она што го правеше добро досега: молскавични влезови, солидна дистрибуција на топка со понекоја асистенција, просечен шут кој нема да го форсира, просечна одбрана во која може да остане пред својот човек.
- Бо ќе играше сега во НБА да имаше претходно барем една година искуство во колеџ. Ниедна екипа не сакаше да ризикува тогаш со недокажан играч (иако сега некои сигурно жалат). Откако се докажа во Европа, следна логична работа е НБА (колку и да сакаме ние да остане во Европа).
П.С. Извинување за off-topic