Не, туку треба и законодавство, покрај ефикасни и ефективни институции. Ние го немаме тоа. Медиумската пропаганда не вродува со плод. Таа може да ги забрза процесите преку одреден притисок и тоа е сѐ.
Невладините се како досадни муви, одма ќе се залепат против истиот закон затоа што детето не треба да се одземе од родителите или родителот! Во одредени случаеви треба, привремено или трајно. Ова е еден од тие случаи. Секако, и казни за родителите.
Ова движење прерасна во идеологија. Не знам која беше коконата на Топ Тема каде одлуката на Владата (која важеше неколку дена) за промената на полот со јавни пари, ја правдаше под изговорот "било поради здравје" ! Од друга страна сеуште не се посветиле на прашањето околу големата стапка на смртност на новороденчиња и родилки и повторно сме на врвот во Европа!