- Член од
- 8 јануари 2013
- Мислења
- 5.131
- Поени од реакции
- 13.257
Јас токму тука на Кајгана дознав првпат за играта односно за Rome II и тоа убаво памтам од RickyLFC (поштовање брату, враќај се на форумот), кој го има деактивирано акаунтот сега, го прашував и во пп доста работи и ме упати. Тогаш имав брдо слободно време и ја играв учествувајќи (командувајќи) во битките, најинтересни ми беа битките кога бев нападнат и требаше да го одбранам градот па да распределуваш луѓе во зависност од каде најмногу те напаѓаат, стрелците тука многу беа битни да ги имаш. Потоа автоматски го генерирав исходот од битките (не учествував во нив) и играта ја свртев 2-3 пати, но ептен драг спомен ми е. Пред некое време ја играв Наполеон, ја свртев еднаш, ама некако доста полимитирана ми се виде во однос на Rome II и ја баталив. Можеби треба нешто од поновиве да пробам, сакам кога има еден куп опции и можности играта. Генерално многу ми е по кејф целиот концепт, жал ми е што немам толку слободно време како порано за да се посветам повеќе на Total War.
Последно уредено: