Тоше Проески

  • Креатор на темата Креатор на темата ZOTE
  • Време на започнување Време на започнување
Зошто е крај, крај на чинот пепел само во каминот.........?????????
 
Ако не е најпроклет, сигурно овој датум е еден од најпроклетите датуми во мојот живот. Месец, година, две ... болката поради заминувањето на овој човек не ме напушта, почивај во мир голем човеку !
 
џабе пишуваме овде... него го нема, џабе се отвараат милиони теми за тоше... не можеме да го вратиме, како и да е, почивај во мир Легендо и знај дека никогаш нема да те заборавиме.
 
Почивај во мир легендо,вечна ти слава !!!

РИП Тошка...и уште не ми се верува дека Тоше го нема :(:(

Нека е проклет овој датум засекогаш,нека е проклет часот кога Господ те повика кај него,нека е проклет денов !!:(
 
(16/10/07 - 16/10/09) 2 години без тебе :(
- Никогаш нечие отсуство, небило олку присутно.
 
Срцето на ТОШЕ е Македонија !!
Срцето на Македонија е Тоше !!
ТОШЕ засекогаш во срцата на сите македонци !!
 
На 24 Јануари 2010 година, ќе се одржи Концерт „Со хуманост до светлината“ во чест на прерано згасната македонска музичка ѕвезда Тоше Проески, најавија денеска од Фондацијата Тоше Проески.

Како покровители на музичкиот настан се јавуваат Владата и ЕВН Македонија кои заедно со Фондацијата “Тоше Проески“ се организатори на концертот.Средствата што ќе се соберат од овој хуманитарен концерт ќе бидат наменети за манастирот Св. Преображение во Крушево.

Како што најавија од Меѓународната фондација Тоше Проески во Скопје се очекува да пристигнат неколку големи ѕвезди од бившите ЈУ-простори, блиски пријатели и соработници на македонскиот пејач, кои ќе настапат со песни напишани од перото на Тоше Проески. Станува збор за осум композиции, што се создавани во последните две години од животот на Тоше, во периодот од 2005 до 2007 година, од кои најголемиот дел се балади.
Необјавените композиции на Тоше, ќе ги изведат пеајчи со кои тој имал соработка и желба да направи со нив дует или да им компонира песна. Меѓу изведувачите ќе бидат: Хари Мата Хари, Борис Новковиќ., Елена Ристевска, Калиопи, Нина Бадриќ, Јелена Томашевиќ, Аки Рахимовски, Тони Цетински. Дополнително ќе има и промоција на необјавена песна од Тоше во негова изведба “Још увјек сањам да смо заједно“ за што има подготвено и спот. Се подготвува и нов спот за песната “Guilty“ од англискиот албум на Тоше.

Концертот ќе се одржи во салата Борис Трајковски.
 
За карта треба од сабајле од 5 да сум пред космофон?:)

Најголем дел од картите ке се дадат на спонзори, на деца без родители и на некои други. Голем дел од фановите ке неможат да најдат карта:nesum: Многу побаво ке беше да е на 5 на градски ама...

И нели ке имало странски пејачи кои ке го промовираат новиот англиски албум?
Разочарана сум од оваа организација и само 8 пејачи а најавуваа толку многу. Сепак ке идам да му одадам почит на единствениот македонец што заслужува. И едвај чекам да ја слушнам новата песна, штом е чувана за некој фестивал не се сомневам дека е совршена.
 
Уау, во Борис Трајковски бе..кај ја уништија традицијата со датумот, не го почитуваат ни неговото омилено место. Да, ќе биде ладно на Градски, ама ко што таму се слуша концерт не може да се слишне во спортска сала.
Убаво што ќе се промовираат нови песни, ама разочарана сум од местото и датумот на концертот. Плус, како го најавуваа, мислев нема да ми биде криво што е одложен, а сега што искача? Ќе дојдат само оние што сакаат да промовираат преку неговото име(со искличок еве на Калиопи да речеме).

И во право е Маца за картите, чим Владата и ЕВН се спонзори, сите карти ќе се делат на партиска/врска база.

btw, не му беше роденден на Тоше на 25ти јануари, а не на 24ти?
 
Иако сите знаеме дека е излишно да се зборува за тоа дка требаше да е на 5 октомври сепак не можам а да не кажам пак за тоа... значи државава ништо не можеше да направи за едно нешто што на сите нас, граѓаните ние најзначајно, тоа требаше да стане традиција, тоа беше местото каде последен пат се сретнавме со тоше, каде се опрости од нас... тоа требаше да биде место каде ние ќе го зачуваме споменот за него...

И да, друго е на место каде собира 40.000 друго е во сала каде што бере 8000 луѓе.
 
Ќе одам иако нема да биде тој меракот кој би бил доколку ова се случеше во Октомври на Градски Стадион.
 
Уау, во Борис Трајковски бе..кај ја уништија традицијата со датумот, не го почитуваат ни неговото омилено место. Да, ќе биде ладно на Градски, ама ко што таму се слуша концерт не може да се слишне во спортска сала.
Убаво што ќе се промовираат нови песни, ама разочарана сум од местото и датумот на концертот. Плус, како го најавуваа, мислев нема да ми биде криво што е одложен, а сега што искача? Ќе дојдат само оние што сакаат да промовираат преку неговото име(со искличок еве на Калиопи да речеме).

И во право е Маца за картите, чим Владата и ЕВН се спонзори, сите карти ќе се делат на партиска/врска база.

btw, не му беше роденден на Тоше на 25ти јануари, а не на 24ти?

Po baranje na semejstvoto i bliskite koncertot e na 24 zakazan :smir:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom