Топлификација и нејзиниот штетен и патетичен бизнис план [општа дискусија]

Еве уште еден доказ за криминалот на топлификација и регулаторна:
Погледајте го член 1 од оваа одлука
http://www.erc.org.mk/odluki/2013.07.22-GS-ODLUKA SNABDUVANJE BEG-so tabeli.pdf
Можете да видите дека БЕГ -снабдување испорачало - продало:
449.813.827 kWh,

Сега погледнете го член 1 и од оваа одлука:
http://www.erc.org.mk/odluki/2013.07.29- ODLUKA ZA CENA-BEG PROIZVODSTVO-so tabeli.pdf
Можете да видите истовремено дека БЕГ - производство произведе
365.761.683 kWh
 
на сред пеколните горештини уште и парно им пуштиле:tapp::eek:

Toplana neredovnim platišama danas pustila grijanje

Oni koji na vrijeme nisu shvatili o čemu se radi i zavrnuli radijatore, doživjeli su toplotni udar i završili na hitnoj, a veiki broj klima uređaja je otkazao.
http://balkantajms.com/toplana-neredovnim-platisama-danas-pustila-grijanje/
 
НЛБ Тутунска банка, продава акции од ТЕ - ТО, јави Утрински
http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=1BFBD3A4CD345E4A913872F76E227AE6
МКД објави дека акциите се продадени:
http://www.mkd.mk/makedonija/ekonomija/noviot-gazda-vo-te-to-so-pari-za-tochak-si-kupi-ferari
купувачот платил 791.560 евра
Ете потврда дека не е точно дека богатите се паметни. Јас не би платил за Топлификација 8 денари, а овој....
 
На страницата на Топлификација е објавено писмо кое Топлифоација го упатила до Македонската берза. и во кое се вели:
Имајќи ги во предвид погоре изнесените факти Управниот Одбор на Топлификација АД смета дека
денешниот трансфер на акциите на ТЕ ТО АД нема да има влијание на реализација на деловниот план за
периодот 2013 - 2017 презентиран на 31.12.2012 година.
http://toplif.com.mk/Tekstovi/Sberza20130807.pdf
 
Вечерва сретнав еден познат Правник, сега во пензија и го прашав што мисли за одлуката на (не)уставниот суд исклучените да плаќаат?
Тој само ми рече:
Уставниот суд се помочал на правото
 
Денес е 15 август..... Арамиите од Топлификација, веќе најавија дека од септември ќе ги тужат исклучените кои не им плаќаат ( Јас сум таков )
И мислам дека е време да се подготвиме за тоа.
На 22 мај, (не)уставниот суд ги одби иницијативите да ги укине одредбите исклучените да плаќаат. На ова нивна одлука веќе се поднесени 2 жалби, 8 нови иницијативи и едно барање за заштита на слободата и правата. Поднесена е и една кривична пријава, се разбира до Обвинителството Ќе видиме кога и како (не)уставниот суд ќе се произнесе. Но треба да биде свесни дека тој суд, одамна не е тоа што некогаш беше и многу да не очекуваме од него.
Треба да очекуваме, арамиите од Топлификација да тужат.
Суштината, на се што се случува, е желбата на арамиите од Топлификација да наплатуваат од исклучените.
Кога на крајот од февруари 2009, Уставниот суд ги укина одредбите да исклуените плаќаат 50%, арамиите од Топлификација се „ поболеа “и веднаш преземаа мерки да спречат секакво исклучување .
Во декември 2009 е донесен нов Правилник, според кој на сите кои живеаат во згради им одземено правото сами да комуницираат со Топлификација, туку тоа мораат да го прават преку куќните совети. ( тоа е член 34 став 3 од овој Правилник:
http://www.erc.org.mk/odluki/2009-1...e so topl energija- RKE&Toplifik. (final).pdf
Топлификација цело време ширеше лаги дека ако сите се исклучат односно таа пропадне тоа ќе било „ многу лошо “
Во ноември 2011 во Вечер е објавено дека се подготвува средба помеѓу представници на Владата и Топлификација. Дали е таа средба одржана и на кое ниво немам податоци но во тој напис за првпат се спомнуваат исклучените како виновници за високите сметки
Еве што се вели во тој напис:
Плаќаш парно и за комшијата
Граѓаните за овој проблем се жалат и до Регулаторната комисија за енергетика. Но не постои начин да се реши, велат од таму. Правилникот не им дозволува мешање во системот на стари корисници.

Овој проблем порано беше решен поинаку. До пред 3 години секој станар кој ќе се исклучеше од системот на Топлификација имаше обврска да плаќа месечно 50% од сметката бидејќи цевките поминуваат од тој стан и иако е исклучен сепак се загрева. Но по неколку жалби и поплаки од страна на граѓаните Уставниот суд ја укина ваквата одлука. Сега исклучениот иако добива топлина, за него плаќаат оние кои се уште не се исклучени од Топлификација.
-Од Топлификација појаснуваат дека во секој објект, во секоја зграда каде има нивни претплатници постои мерач на топлинска енергија. Ако во зградата се греат сите станари измерената енергија ќе биде поголема, а како се исклучуваат корисниците правопропорционално се намалува потрошената енергија. Заблудата на корисниците настанува кога на пример станот до нив, под нив, над нив е празен или е исклучено парното. Во тие случаи во грејните тела треба да се пренесе повеќе енергија за да се постигне одредена температура - објаснуваат од компанијата.

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=81718B6A2DE8E8449CC147DD7F057F2F
Топлификација презема и други мерки.
Сите знаете дека мажот на една регулаторка го вработија во Топлификација и знаете дека таткото на еден министер е вработен како еден од директорите на ТЕ - ТО. Но секако дека има и други слични пример кои не ги ни знаеме.
Ова го напишав за да знаете дека зад одредбата да исклучените плаќаат стои исклучиво Топлификација и затоа не се надевајте дека таа ќе пропушти и нема да го искористи ова за што толку се бореше.
Во следниот пост ќе изнесам какви се нашите можности на спротивставување
 
Аман од Скопје 2014

6 милиони евра се собрани од 540.000 домаќинства во Македонија кои што веќе една година плаќаат неосновано поскапена струја за 20-30%. Само овие 2 инвестиции на ЕЛЕМ и ЕВН се платени со 30 евра по домаќинство. Исплукани се од наш џеб и тоа само за една зграда и една фасада во центарот на Скопје.

nikola-naumoski.jpeg

http://libertas.mk/аман-од-скопје-2014/
 
Eве неколку информации за исклучените кои како и јас немаат никаква намера да им плаќаат на измамниците и крадците од Топлификација:
1. Изработката на урнек приговорот до нотарот е пред крај. Во моментов го дадов да се провери кај професионални Правници Очекувајте за неколку дена да го постирам и секој ќе може да го копира, да го стави своето име и да приговори.
2. Од еден наш соборец слушнав добра идеја. Тој на Топлификација и доставил фактура за “ поминување на цевки “
Имено, Топлификација не затоплува од 21 навечер до 6 наутро. Во тоа време од нашите топли простории топлина преминува на ладните цевки на Топлификација и тој тоа го фактурирал. Еве како изгледа таа фактура:
......
До Топлификација - Снабдување Центар дооел
ул. Партизански одреди 22, Скопје
Од Т. П.
ул. ХХ број 22 стан 6, Скопје
предмет: Ф А К Т У Р А број 1/2013
1. Топлина која Ви е предадена од моите топли простории на Вашите ладни цевки кои поминуваат низ нив, секој ден од 21 часот навечер до 6 часот наутро во периодот од 15. 10. 2012, до 31. 12. 2012 година.......................................вкупно..... 3200 денари
( со зборови: три илјади и двеста денари )
Ве молам бараната сума да ми ја платите во рок од 8 дена, со поштенска уплатница на мојата домашна адреса.
Во случај на доцнење пресметувам камата.
Во Скопје на 15. 07. 2013.
Фактурирал,
Т.П.
....................
Ова идеја е одлична, Тие бараат пари за поминување на цевки и ние бараме пари за истото. Колку право имаат тие толку право имаме и ние. Нашата сума е поголема бидејќи ние се затоплуваме на струја, а струјата е поскапа од парното ( така постојано тврди Топлификација )
Препорачувам да им доставате вакви фактури. Со тоа ќе ја зајакнете позицијата. Само немојте да ставате броеви од Ваши трансакциски сметки.
Ставете, токму како што напишал Т. П, да ги пратат парите на домашна адреса
 
Еве го урнек - приговорот. Ве замолувам да дадете предлози да се подобри текстот . Ако имате професионални правници, роднини или пријатели побарајте нивно мислење. Направете копија од урнек- приговорот и пратете и го на пријатели, соседи, роднини кои се исклучени за да сите бидеме спремни за да ги победиме арамиите од Топлификација
.................
Број на предметот
Преку Нотар
Име и презиме на Нотарот - Скопје
Улица: адреса на Нотарот
ДО ОСНОВНИОТ СУД СКОПЈЕ 2 - СКОПЈЕ
ДОВЕРИТЕЛ: Снабдување Центар., дооел. Булевар Партизански одреди 22, Скопје
ДОЛЖНИК: Смрт за зони и пајак возила, ул Форум Кајгана бб, Скопје
ВРЕДНОСТ: ( сума која е во решението ) денари
ПРЕДМЕТ: Долг
ПРИГОВОР ОД ДОЛЖНИКОТ
против Решението со кое се дозволува извршување врз основа на веродостојна исправа ( во 3 примероци)
Со Решението за дозвола за извршување врз основа на веродостојна исправа на Нотарот ( Име и презиме на Нотарот ) од Скопје, со број ( број на предметот ) од ( дата на решението ), Должникот е задолжен во рок од 8 дена од приемот на Решението, да му плати на Доверителот, пристигнатото парично побарување, врз основа на фактура број ( број на фсактурата ) од ( дата на фактурата ) година, во вкупен износ од 3250,00 денари, со законска казнена камата во висина на референтна стапка на НБРМ што секое полугодие важела на последниот ден на полугодието што му претходело на тековното полугодие зголемена за осум процентни поени и тоа: сметано од 18.10.2012 година до конечната исплата како и трошоци на постапката во вкупен износ од 12.888,00 денари, од кои: судска такса за предлог и решение во износ од 120.00 денари, нотарска награда во износ од 500,00 денари, трошоци на нотарот во постапката од 250,00 денари и асвокатски трошоци во износ од 8.778,00 денари.
Должникот го поднесува овој Приговор против Решението со кое се дозволува извршување врз основа на веродостојна исправа и му предлага на Судот да го укине наведеното Решение и да го одбие Предлогот за донесување на решение со кое се дозволува извршување врз основа на веродостојна исправа, како неоснован од следниве причини:
1.Должникот приговара затоа што во предметното Решение не е приложен доказот дека предметната фактура му е доставена на Должникот, ниту е приложен доказ дека, на Должникот, му е доставена Опомена пред донесувањето на оспореното Решение.
2.Должникот приговара затоа што фактурата е наречена „ Фактура за испорачана топлинска енергија “ и применета е стапка на оданочување со ДДВ која е пропишана за промет на енергија. На Должникот, Доверителот, не му испорачал било каква енегија, ниту Должникот барал од Доверителот или сакал Доверителот, да му испорача енергија. Ако Доверителот тврди дека испорачал енергија – нека тоа го докаже.
3.Должникот оспорува дека Доверителот има активна легитимација да побарува од Должникот да му плати врз основа на одредбите од членовите 53 став 2 и 66 став 2 од Правилата за снабдување со топлинска енергија, бидејќи тој нема склучено и не сака да склучи договор со Доверителот.
Причините зошто Должникот не сака да склучи договор со Доверителот се следни:
Од 2008 година, Топлификација, без било каков правен основ, својеволно, без согласност на Должникот, наметна начин на мерење на потрошената топлинска енергија наречен „ мерење со калориметри “ и со овој начин на мерење го замени стариот начин на мерење наречен „ паушална наплата “. На овој начин, сметките за затоплување на граѓаните се покачија просечно 2-3 пати. Според мислењето и уверувањето на Должникот, овој начин на мерење не е точен и представува измама и грабеж. Исто така тој мисли дека неопходно да се пронајдат тие кои го наметнаа и овозможија овој начин на мерење за да се изведат пред лицето на правдата, за да одговараат за ова злодело.
Доверителот го користи овој неточен начин на мерење, кој претходно го наметна Топлификација. Според мислењето на Должникот, Доверителот со користење на овој начин на мерење, мами и ограбува. Должникот не сака да биде измамен и ограбен и спротивно на неговата совест е да има облигациони или било какви други односи со измамници и крадци и сите други видови криминалци.
Во член 6 став 1 од овие Правилата за снабдување со топлинска енергија ( Службен весник на Република Македонија број 97/12 ) е одлучено потрошувачот и снабдувачот задолжително да склучат договор.
Но во член 120 став 1 од Законот за енергетика ( Службен весник на Република Македонија број 16/11 ) во целост гласи: „ (1) Потрошувачите на топлинска енергија приклучени на системот за дистрибуција на подрачјето во кое е воспоставен систем за топлинска енергија имаат право на слободен избор од кој од снабдувачите ќе бидат снабдувани. “
Должникот се повикува на правото на слободен избор на снабдувач кое му е дадено со член 120 став 1 од Законот за енергетика и изјавува дека со Доверителот не сака и нема да склучи договор. Должникот се повикува на член 8 од Уставот во ставот: Во Република Македонија слободно е се што со Уставот и закон не е забрането. Должникот се повикува на член 16 став 1 од Уставот во ставот: Се гарантира слободата на уверувањето, совеста, мислата и јавното изразување на мислата. “
4.Должникот приговара зошто Доверителот, го смета за „ исклучен “. Должникот никогаш не бил „ приклучен “ на неговиот систем, па сега да биде „ исклучен “.
Вистина е во летото 2008 тој се исклучи од системот на АД Топлификација, за да се спаси од измамата и грабежот предизвикани со наметнувањето на неточниот начин на мерење. Но од летото 2010 Топлификација повеќе не врши снабдување со топлинска енергија. Од летото 2010, се до крајот на 2012 година, наместото на АД Топлификација, снабдување со топлинска енергија вршеа: Снабдување Центар дооел, Снабдување Исток дооел, Снабдување Запад дооел, Снабдување Север дооел. Од почетокот на 2013 па до денес, снабдување со топлинска енергија наметото на овие претпријатија, врши БЕГ – Балкан Енерџи Груп дооел, Скопје.
Должникот, никогаш немал формален или неформален договор, ниту бил приклучен, ниту имал некакви давања или примања ниту со Снабдување Центар дооел, ниту со Снабдување Исток дооел, ниту со Снабдување Запад дооел, ниту со Снабдување Север дооел, ниту со БЕГ – Балкан Енерџи Груп дооел, Скопје. И ниедно од овие претпријатија нема основ да го смета за „ исклучен “ од едноставна причина што тој никогаш не бил ниту „ приклучен “. Тие претпријатија се формирани и почнале од со работа многу подоцна од кога Должникот престанал да ги користи услугите на АД Топлификација.
5.Должникот приговара на висината на сумата во фактурите.
Ангажираната топлинска моќност, која Доверителот бара да му се плати, не е реална величина која е однапред позната или кој е еднаква за сите граѓани или која може да се измери туку е виртуелна величина која, според Tарифниот систем за продажба на топлинска енергија ( Службен весник на Република Македонија број 99/13 ), се утврдува со пресметка од случај до случај.
Во тие пресметки се користат податоци од мерења, но и други податоци. Должникот ја негира точноста на пресметката и точноста на податоците кои се користени во пресметката и бара Доверителот да ја докаже.
6. Должникот приговара зошто Доверителот кога поднел барање да се донесе Решение за дозвола за извршување врз основа на веродостојна исправа на Нотарот, го прикрил фактот дека тој му должи на Должникот сума кое поголема од долгот кој наводно го побарува. Имено на Доверителот на 13. 06. 2013, Должникот му достави Фактура број ТОП 1/2013 на сума 3500 денари. Оваа Фактура, Доверителот ја прими со приемен број 133. За истата Фактура , на 17. 07. 2013. Должникот му достави на Доверителот Опомена, која Доверителот ја прими со приемен број 217. Ниту на Фактурата, ниту на Опомената, Доверителот не достави до Должникот било каков приговор. Ова Фактура се однесува на следново: Доверителот затоплува станови во соседството на Должникот. Но во времето од 21 часот навечер до 6 часот наутро тој не ги затоплува тие станови и тогаш низ цевките тече ладна вода. Во тоа време, од топлите простории на Должникот се пренсеува топлина на ладните цевки кои поминуваат низ просториите на Должникот, а таа топлина Должникот ја плаќа.
7. Должникот приговара зошто Доверителот не одговори на неговите Приговори.
Имено за сите фактури кои ги испрати Доверителот, Должникот вложи приговори. Содржината на тие приговори е иста како и на овој приговор. На тие приговори Доверителот воопшто не одговори на ниту еден приговор, иако беше должен да одговори во рок од 15 дена според член 21 став 2 од Правилата за снабдување со топлинска енергија.
Ако Доверителот одговореше на овие приговори, како што беше обврзан според член 21 став 2 од Правилата за снабдување со топлинска енергија, никој неможе да претпостави како понатаму ќе се одвиваа работите. Должникот бара овој факт Судот да го земе во предвид при одлучувањето.
Затоа Должникот му предлага на Судот да одлучи како што е понапред предложено, а Доверителот да го задолжи да му ги плати на должникот трошоците по спорот, колку што ќе изнесуваат.

Во Скопје на 06. 09. 2000 Должник: Смрт за зони и пајак возила
 
На Телма е објавена вест дека една наша Сограѓанка која има сопствено парно, криминалците од Топлификација ја терале да им плати и нив. Има и снимка од разговорот со неа:
http://telma.com.mk/index.php?task=content&cat=1&rub=8&item=29634
 
Би сакала да замолам, кој сака и не му е мака, нека даде совет за следнава крајно уценувачка и наметната шах-мат позиција.

Денеска отидов да поднесам барање за исклучување. И покрај тоа што пред извесно време се јавив да прашам која документација е потребна, на лице место ме известија дека прво треба да потпишам Договор со БЕГ, за да ми биде прифатено барањето. На мојот став дека не сакам да потпишам за нешто што немам намера да го користам, ми беше кажано дека тоа е единствената опција и без тоа нема да може да го спроведат барањето. Осетно беше инсистирањето од нивна страна да се потпише Договорот. Кога побарав урнек видов дека е ист како и првичните што беа пратени, каде мене ми беше спорна согласноста од станари. На прашањето зошто се` уште стои тој член, одговорот беше дека правилата толку често се менуваат, така што тие не можат да постигнат за секоја промена да го менуваат и Договорот (?!?). Работата е во тоа што не е само тој член спорен, туку не сакам да потпишам и поради следниот член кој налага дека ако се исклучам ќе треба да плаќам фиксен надоместок за ангажирана моќност. Откако ќе се исклучам, иако планирав да не го плаќам надоместокот, месечно ќе тргав пари на страна за секоја фактура, за во случај на спор или извршување да не се најдам во небрано. Парите ќе одеа на сметка "потенцијални обврски", со потсметка "за лоповите". :mad: Поентата е што не сакам да ставам потпис, бидејќи тоа значи дека сум се согласила да го плаќам надоместокот. Јасно ми е дека и бездруго ќе бидам обврзана (поради Усраниот суд, што би рекол Смрт за зони), но вака самата си ставам јамка која на суд ќе биде неодбранлива.

Следно беше надоместокот за исклучување. Новина е тоа што БЕГ нема екипи за тоа да го спроведат, туку секој потрошувач треба да си најде мајстор кој ќе му ја заврши таа работа. Односно, прво се поднесува барање, па БЕГ испушта вода од системот, па доаѓа мајстор Миле, па потоа повторно БЕГ за да констатира и направи записник. Прво што прашав е зошто треба да плаќам за нешто што тие не го прават, одговорот беше дека се плаќа за испуштање вода од потстаница. Второ што прашав е која црна вода ќе се испушти кога системот е моментално празен, на што добив само кренати рамења и понекоја кисела насмевка. Нејсе, прашувам колку е надоместокот и тука веќе почнаа да ми се наткреваат и влакната на табаните, кои ги немам, ама никнаа од нервоза. Не сакаа да ми кажат!!! Зависело на кој кат, колку спрата има над мене, курци палци. Велам, се` што треба сега ќе ви кажам, за да следниот пат немам дупла работа со одење до банка. Типот почна да се правда како ќе изгубел работа, па не можел да каже, не сум смеела да платам пред да поднесам барање (?!?), морало прво тоа да се поднесе, ама најважно е да се потпишел Договорот. Btw, ова се случува на друг шалтер, независен од тој првиот и тука сфаќам каде лежи зајакот. Очиглено е дека вработените се притиснати по секоја цена да инсистираат за тој килав Договор. Моментот е што истиот се потпишува на едно место, а барањето се поднесува на друго, но тој таму не може да знае дали е Договорот потпишан или не. Бидејќи и покрај потписот, корисникот не добива веднаш копија, туку тој оди прво на потпис во Дирекција, па потоа се пушта примерок по пошта. И претпоставувам некој може да си појде, да поднесе барање, да каже дека веќе има потпишано и со готова уплатница да заврши со документацијата. Затоа и не сакаат однапред да кажат колку кошта. Притиснав малку, испадна дека за ката 4 над вас се плаќа 812 денари, а за записникот не се плаќа ништо.

Се распишував. Нејсе, прашањето.
Има ли начин да се избегне потпишување на Договор? Ионака секој сам треба да се погрижи за квицнување на цевките, дали би било издржано ако сама си ја завршам таа работа и потоа само ги известам да дојдат и да констатираат? Односно, прашањето е дали можам да наебам со тоа што и понатаму ќе ми фактурираат како да ме загреваат, бидејќи не е направено на начинот на кој тие налагаат? А мене уште не ми е јасно каде точно пишува дека треба прво да се склучи договор и веднаш истиот да се раскине, за услуга која однапред знаеш дека не ти треба.

Инаку, независно од ова јас си поднесов писмено барање, ми удрија печат за примено и им кажав да ми одговорат написмено дека прво треба да потпишам Договор. Ме интересира кој Закон, Правилник, член ќе биде цитиран за истото.

И едно друго прашање од областа на правото.
Дали постои начин на кој би го потпишала Договорот, но со забелешка дека не се согласувам со одредени членови, а истиот да биде валиден? Бидејќи во ситуацијава сум приморана да потпишам текст срочен од нивна страна, без можност за измени од моја. Односно, и да го потпишам дали постои начин со кој би се заштитила дека не признавам одредени членови и одредби?

Кој може и сака, давајте ум, бидејќи вака како што е, со безмалку 10 дена до краен рок за поднесување, јас не знам што е најпаметно. Не ми се оди по линија на помал отпор, но немам идеја кој пат би бил најефикасен.
 
Никако да не потпишувате договор. Со криминалци не се потпишува ништо. Со тоа сакаат да Ви стават јамка околу вратот и вечно да им плаќате
Речете им - причината да јас се исклучам е фактот што БЕГ.затоплува, не сакам со вас да потпишам договор

Еве го мојот совет:
1.Најнапред прочитајте ги Правилата за снабдување за исклучување е битен член 53, а посебно 54
http://www.erc.org.mk/odluki/2012-07-30- PRAVILA SNABDUVANJE TOPLINSKA ENERGIJA.pdf
2. Уште утре отидете кај Народниот правобранител и пожалете се.
3. Уште утре поднесете барање за исклучување до БЕГ, не чекајќи го одговорот од Народниот правобранител. Ако не сакаат да го примат барањето, бидејќи не сте потпишале договор - претете им го по пошта препорачано
Инаку за самата техника на исклучување, не морате да барате тие да Ве исклучат. Поефтино ќе Ве чини ако ангажирате водоводџија или друг мајстор кој ќе ги одштрафи радијаторите од цевките и ќе стави штопни.
Потоа ќе им доставите писмено барање да дојдат и да констатираат со записник дека сте исклучени. Погледнете што пишува во правилата
Инаку не се плашете дека ќе им плаќате како исклучени - сеуште се бориме
Дали има гужва за исклучување?
 
Смрт за зони и пајак воз.
Го прочитав Правилникот (освен техничките одредби).
Ако не ти мака, ќе ти бидам благодарна. :)

Чл. 54, став 1
Не сум правник и не знам дали правилно толкувам. Дали ова значи дека како потрошувач имам само обврска да го одјавам користењето на топлинската енергија и ништо повеќе? Односно, is it safe to assume дека штом не е изрично наведено кој треба да го направи самото оперативно исклучување, тогаш ќе се смета за валидно и јас самата да го направам и само да ги известам за истото?

Чл. 54, став 2
Дали смее БЕГ да одбие да дојде и да направи Записник ако претходно не потпишам Договор со нив? Односно, да кажеме дека писмено ќе побарам да дојдат записнички да констатираат, дали законски смеат да одбијат да пратат екипи за да направат увид на лице место? Бидејќи без Записник и понатаму ќе продолжат да фактурираат со полн износ како да ме загреваат, а јас сум исклучена.

Чл. 9, став 1
Тука имам дилема. Јасно е наведено дека како потрошувач сум должна да склучам Договор, исто како што и понатаму кажува дека сум должна да се одјавам кај снабдувачот. Дали ова може да се толкува дека обврската за склучување на Договор (првиот дел од реченицата), автоматски се пренесува и на самото одјавување (вториот дел од реченицата). Јас ги толкувам како независни една од друга, но не сум сигурна. Тука и ми лежи дилемата, дали морам да склучам претходно Договор, за да можам да се одјавам?

Чл. 9, став 2
Како надоврзување на погорното. Вели, тие што не склучиле Договор, а користат топлинска енергија (акцент на болдот), се смета дека се во потрошувачки однос исто како и тие што потпишале. Изгледа поради ова БЕГ инсистира на потпишување пред некој да се исклучи, бидејќи според она како е напишан тој став, излегува дека за оние кои се исклучени и не користат топлинска енергија (и немаат Договор), не може да се наметне должничко-доверителски однос.

Јас се` уште не сум паметна што да правам. Спремна сум сама да се исклучам, а нив само да ги известам и да побарам да направат Записник, но се плашам дека ќе одбијат или ќе почнат да ме мафтаат, а рокот гази. Вака како што читам, обврзани се да дојдат и констатираат, ама сила Бога не моли. А без тој Записник и понатаму ќе ми праќаат фактури како да сум вклучена. Инаку, вчера кога го поднесов барањето немаше гужва во БЕГ, јас и уште други двајца за сосем трета работа.
 
@pearl
Еве го законот за енергетика.
За Топлификација се однесуваат членовите од член 111 до член до член 121
http://www.erc.org.mk/odluki/SLUZ.VES.BR.16-10.02.2011-ZAKON ZA ENERGETIKA.pdf
Погледнете го првиот став од член 120 - потрошувачите прилкучени.....имаат право на слободен избор од кој снабдувач ќе бидат снабдувани.
Инаку пред саат време бев во снабдување Центар, таму залепиле над шалтерот дека мора да се потпише договор.
Им реков што ќе се случи ако не потпипишам договор ми рекоа дека нема да ме исклучат. Но и ми рекоа дека за неколку дена вршат исклучување.
Да не Ви прераскажувам детаљи што се им реков - арамии, крадци и.....
Во суштина тие сакаат по секоја цена да ги задржат корисниците и се обидуваат на овој начин, да потпишете договор и потоа да бараат да им плаќате врз основ на обврската што се ја потпишале
Мој совет е држете се на став 1 од член 120 од Законот за енегетика дека со нив не сакате да потпишете договор, бидејќи тие не ви одговараат туку ви одговаарат други снабдувачи.
Едноставно поднесете барање за исклучување без договор, најдете мајстор кој ќе ги исклучи радијаторите и потоа побарајте да извршат контрола
Еве Ви ценовник за такви услуги:
http://www.snabduvanjecentar.mk/pdf/ceni_za_prikluvuvanje_i_isklucuvanje.pdf
Можете да видите во член 4 дека таа контролата на исклучен/приклучен чини 400 денари
И обавезно прријавете го случајот кај Народниот правобранител за да имате од нив помош

.@pearl
 
Не сум правник но кој па к. Топлификација да утврдува дали си исклучен?
Нека викне мајстори за да ја исклучат, па да викне сведоци кои потоа би дали изјави заверени на нотар и изјавите нека им ги достави на Топлификација. Може вака или не? Или самите мајстори или фирмата која го врши исклучувањето да издаде потврда дека е исклучена.
Топлификација нека глуми лудило, има доказ дека е исклучена и дека на време ја известила Топлификација дека се исклучила.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom