Регулаторна ги објави новите цени за парното
Ангажирана моќност ќе биде - 1037, 471 денари за KW
Топлинската енергија цената ќе биде, 2, 4106 денари/KWh
..........................................................................................................
Oва се очигледни докази за криминалот на Топлификација и Регулаторна
Погледнете ја цената на топлинската енергија од 2, 4106 денари/KWh
Топлинската енергија се добива од согорување на руски гас.
Цената на гасот која во јули требаше да се плати на Гаспром - експорт Москва, без било какви домашни трошоци, маржи, царини, даноци, такси и слично е 475,80 УСА $/1000 nm3
Продажната цена на доларот кај НБ на Македонија е 47,2500 ден/$
Овие цени можете да ги видите тука:
http://www.erc.org.mk/odluki/PG-C-2013 07 09- ODLUKA CENA MAKPETROL PROM-GAS JULI 2013.pdf
Значи увозната цена на гасот е:
475,80 УСА $/1000 nm3 * 47,2500 ден/$ = 22481,55 денари /1000 nm3
Никој не може поефтино да набави гас, во оваа цена нема било какви други ставки освен она што e руската цена.
Еве го криминалот:
1000 nm3 во себе содржат 9500 KWh енергији
Што значи еден KWh енергија содржана во гасот чини
22481,55 денари /1000 nm3 :9500 KWh = 2,3665 ден/ KWh
Енергијата од гасот, за да се претвори во топлина во котларата има барем 5% загуба на енергија, а за да дојде до домовите има уште барем 5% загуба енергијата.
Што значи најниската цена теоретски би била
2,3665 ден/ KWh * 1,05 * 1,05 = 2,6010 ден/ KWh
без било какви домашни трошоци, заработки, маржи, царини, даноци, такси
А Топлификација ја продава за 2, 4106 денари/KWh
Како е тоа можно?
На два начина:
1, краде во мерењето
2. краде со ангажираната моќност
Ангажираната моќност до 1. 03 беше 665,2155 денари , од први март 893,5202 денари, а сега ја покачија на 1037, 471 денари за KW. Што се смени за да ангажираната моќност толку поскапи?
Јас постојано повторувам дека се работи за криминал. Сега власта ги штити овие криминалци, но ќе дојде ден кога ќе сфати што прави и тие ќе се најдат во Идризово. Никој не избегал од правдата
Затоа бегајте од криминалците .....