Топлификација и нејзиниот штетен и патетичен бизнис план [општа дискусија]

Не сум правник но кој па к. Топлификација да утврдува дали си исклучен?
Нека викне мајстори за да ја исклучат, па да викне сведоци кои потоа би дали изјави заверени на нотар и изјавите нека им ги достави на Топлификација. Може вака или не? Или самите мајстори или фирмата која го врши исклучувањето да издаде потврда дека е исклучена.
Топлификација нека глуми лудило, има доказ дека е исклучена и дека на време ја известила Топлификација дека се исклучила.

Наполно сте во право...
Но што да правиме... Топлификација се криминалци
Кога јас се исклучив во 2008 немаше вакви проблеми, а сега видете што прават.
Во суштина тие се за жалење. Мислат дека на овој начин ќе се спасат од пропаста... Ништо не може да ја спаси Топлификација, ако продолжат да крадат. Да беа асални никој неше да се исклучува. Но не се.... тие се обични криминалци...
 
@pearl
Еве го законот за енергетика.
За Топлификација се однесуваат членовите од член 111 до член до член 121
http://www.erc.org.mk/odluki/SLUZ.VES.BR.16-10.02.2011-ZAKON ZA ENERGETIKA.pdf
Погледнете го првиот став од член 120 - потрошувачите прилкучени.....имаат право на слободен избор од кој снабдувач ќе бидат снабдувани.
Инаку пред саат време бев во снабдување Центар, таму залепиле над шалтерот дека мора да се потпише договор.
Им реков што ќе се случи ако не потпипишам договор ми рекоа дека нема да ме исклучат. Но и ми рекоа дека за неколку дена вршат исклучување.
Да не Ви прераскажувам детаљи што се им реков - арамии, крадци и.....
Во суштина тие сакаат по секоја цена да ги задржат корисниците и се обидуваат на овој начин, да потпишете договор и потоа да бараат да им плаќате врз основ на обврската што се ја потпишале
Мој совет е држете се на став 1 од член 120 од Законот за енегетика дека со нив не сакате да потпишете договор, бидејќи тие не ви одговараат туку ви одговаарат други снабдувачи.
Едноставно поднесете барање за исклучување без договор, најдете мајстор кој ќе ги исклучи радијаторите и потоа побарајте да извршат контрола
Еве Ви ценовник за такви услуги:
http://www.snabduvanjecentar.mk/pdf/ceni_za_prikluvuvanje_i_isklucuvanje.pdf
Можете да видите во член 4 дека таа контролата на исклучен/приклучен чини 400 денари
И обавезно прријавете го случајот кај Народниот правобранител за да имате од нив помош

.@pearl

Во однос на чл. 120, ист таков, но со мали модификации, има и во Правилникот. Со тоа што таму се мисли на постапка за избор на снабдувач на конкурентен пазар, а не на монополска позиција, каква што е во реалноста кај нас. Имено, се опишува постапка за промена на снабдувачот со друг таков што врши и дава иста услуга. Не сум сигурна дека би можела да се повикам на тој член.

Го видов и ценовникот и фала ти за него. Ми се разјасни како ми ја пресметаа сумата од 812 денари. Кога бев да се распрашам, со првиот човек што разговарав убаво се сеќавам дека ми спомна околу некој надоместок од 400 денари, како фиксна сума, плус варијабилен трошок зависно од катноста. Кога отидов кај вториот и барав да ми каже колку ќе ме чини целата постапка, прво одби, потоа ми кажа, но ми даде вкупна сума. И кога го препрашав околу 400-те денари, ми кажа дека нема такво нешто, ќе си платам само за испуштање вода и толку, наводно за записникот не се плаќало. Ми падна чудно, ама нејсе, а сега сфаќам што е финтата. Додека чекав на шалтер видов урнек од уплатници, две различни, зависно од дознаката. Чинам дека и се плаќаше на две различни фирми, ама тоа ми е бегло сеќавање. Најчудно во целата работа ми беше што човекот на неколку пати одби да ми каже колку ќе кошта, наводно прво да сум доставела барање, па да било потврдено дека имам потпишан Договор, па дури потоа можел да ми каже колку треба да уплатам. Прво одбиваше културно, но после моето неколкукратно инсистирање, прецвика и во налет на мала нервоза рече дека можел и да ја изгуби работата ако ми каже. Бидејќи бев упорна на крајот ми даде сума, но не и тоа дека треба да биде на две уплатници, со две различни суми. Односно, кажа и преќуте во исто време.

Не знам, можеби лудо од моја страна, но се` ме наведува на помислата дека и тие самите се свесни дека немаат основ да ми го одбијат барањето ако не потпишам Договор, па се обидуваат да скријат информации и да стават сопки колку што можат повеќе. Бидејќи ако се појавам на шалтер и поднесам барање со чиста документација и уплатен надоместок по пропис, не смеат да не го примат и спроведат.

Поентата е што и така да направам, немам време, не знам како ќе се постават и одиграат, може да ми се јават и по истекот на рокот со некоја СФ приказна и на крајот ќе биде пројде возот. Ми паднаа на ум неколку опции, кои ако ги преземам би можела да видам какви би биле нивните идни реакции и со тоа колку се сигурни во тоа што го тврдат, но како што кажав, рокот ме гази за една недела. Да имав на располагање барем 2-3 месеци, имам сила и живци да се расправам, а ќе најдев и време. Но вака, одам на ризик ако се исклучам сама, а БЕГ тоа да не ми го уважи, да имам дупли трошок. Ем сопствено греење, ем нив да им плаќам за лепе очи. Можеби понатаму правно и ќе се реши, ама за тоа којзнае.

Не знам, ќе се обидам со Тошо АПП стратегија, да видам дали ќе упали. Ако не, ќе си купам вреќа брашно, барем да не седам на тврдо, јбг. Ич нејќум кога сум ставена во ќош не по моја вина и кога ми е наметнато, а токму таков е нивниот однос.

П.С. Каде се наоѓа Народниот Правобранител и има ли нешто специфично што треба да понесам со мене? Колку да не одам неспремна. :)
 
П.С. Каде се наоѓа Народниот Правобранител и има ли нешто специфично што треба да понесам со мене? Колку да не одам неспремна. :)
Канцеларијата на Народниот правобранител се наоѓа до Тријумфалната порта, во управната зграда на Пелагонија на први кат. Уште на врата ќе Ве дочекаат службеници и се ќе Ви средат.
Инаку во член 20 став 2 од Законот за облигациони односи
http://www.sfid.mk/comp_includes/webdata/documents/Zakon za obligacionite odnosi.pdf
стои дека волјата за склучување на договор мора да се искаже слободно и сериозно. Со самото тоа што Ве уценуваат ( ако сакаш да се исклучиш - потпиши договор ) тие вршат кривично дело ( не ме терајте сега да барам по кој член од Кривичниот законик )
Затоа мислам дека ќе биде доволно да Народниот правобранител само се јави по телефон и се ќе се реши.
Инаку таков договор, склучен под закана и уцена е ништавен. Ист ефект ќе има ако поведете некој адвокат со Вас или двајца сведоци кој ќе сведочат дека Ве уценувале па затоа сте потпишале договор. Секој суд ќе го поништи таквиот договор. Погледнете ги членовите по членот 20 од Законот за облигациони односи во поглавието Мани на волја
Затоа не се предавајте туку отидете на Народниот правобранител и слободно раскажете дека не сакате да потпишете договор, дека ве уценуваат и не Ви даваат да поднесете барање за исклучување.
Инаку има доволно време, Рокот е до 31 само да го доставите барањето, а самото исклучување може да биде многу подоцна.
Не се предавајте!
Јавете како сте поминале кај Народниот правобранител
 
@Смрт за зони и пајак воз.

Бев кај НП и подобро да не пишувам што ми беше кажано, бидејќи делува многу разочарувачки. Да се запраша човек во каква држава живееме, кога правата што се законски пропишани црно на бело не можат да бидат остварени, а се` што е незаконски поминува и се уважува по сила на големината (не по сила на закон). Класично силеџиство! Една четвртина од претставките што се поднесени кај НП и кои се моменетално активни се поврзани со овие лопови. Ми даде образец да напишам и јас претставка, ке ја поднесам деновиве, ама тоа не ми го решава тековно проблемот. Ќе видам, се сетив и на нешто друго што можам да направам, ама тоа идната недела, да се вратат од одмори луѓево.

Инаку, прашав на друго место околу склучување на договор под закана и ми кажаа дека можам да одам по таа рута само ако физички ме искршиле од маање и сум имала закани по живот. :)
 
@Смрт за зони и пајак воз.

Бев кај НП и подобро да не пишувам што ми беше кажано, бидејќи делува многу разочарувачки.
Топлификација е организаран криминал во најцрн облик. Моја проценка дека како црни пари вртат околу 20 милиони евра секоја година Затоа гледајте да се исклучите и да се спасите од нив
 
Ова е батно за исклучените...
Денес бев и во БЕГ и во Топлификација за да се распрашам дали не тужеле нас исклучените, Ситуација е следна
Во БЕГ разбрав дека никого не тужеле и дека не знаат кога тоа ќе го сторат. Разбрав дека во БЕГ прават некаква реорганизација и дека најверојатно ќе ги спојат трите снадувања во едно
Во Топлификација исто никого од исклучените не тужеле но ми рекоа дека документите се спремни и дека чекаат наредба од нивниот директор за да тужат. Јас побарав мене прв веднаш да ме тужат но ме одбија и ми рекоа дека кога ќе тужат ќе ги тужат сите одеднаш.
Што значи сега за сега нема тужби за ниту еден исклучен. За две недели ќе одам пак да се распрашам. Ако некој разбере нешто ново нека јавува.
Ова што ми го кажа во Топлификација дека одеднаш сите ќе не тужат ми даде идеја да организираме протести. Односно штом ќе поднесат тужби да се дигнеме.
Ве замолувам да сите размислите и предложите начин како да ги организираме овие протести
 
Почнувајќи од овој пост ќе напишам уште неколку за да ги уверам „ приклучените “, дека и за нив е корисно да ни се придружат во протестите против Топлификација.
Во првиов пост ќе цитирам неколку изјави кои во минатиов период ги изрече Методија Стојчев, член на најтесното раководство на Топлификација. Тој е одбран бидејќи само тој како член на најтесното раководство на Топлификација даваше изјави во медиумите
Еве изјава од ноември 2012, во која тој вели дека ќе тужи:
http://www.mtv.com.mk/mk/vesti/make...e_za_parno_i_za_iskluchenite_od_sistemot.aspx
Не е важно дали низ станот минуваат цевки, туку дали зградата е приклучена на мрежата – сите ќе мора да платат, велат надлежните во „Топлификација“ кои топката ја префрлаат кај Регулаторот.

„Ќе ги преземеме сите правни инструменти – постапка преку нотари со налози до извршители... Таа одлука е донесена од повисок орган ние како фирма само ја спроведуваме“ изјави Методи Стојчев, директор на снабдување во Топлификација.

Изјава од јануари 2012, во која тврди дека за високите сметки се криви „ дивоприклучените “ кои крадат?
http://telma.com.mk/index.php?task=content&cat=gctgkctoalkowvam&rub=8&item=13735
Колкава ќе биде сметката зависи од тоа каква е изолацијата во зградата и дали оние кои се исклучени се приклучиле без дозвола, вели директорот на „Снабдување Запад“, Методија Стојчев.

- Претпоставуваме дека во поголем дел од објектите, во кои жителите имаат повисоки сметки, има станови кои се приклучени на диво. Значи соседите крадат едни од други. Тука ние сме немоќни. Можеме да помогнеме, но само на повик на куќниот совет и ако станарот не пушти да провериме дали е диво приклучен. Верувајте дека ако во зграда со десет станови, два се приклучени на диво, само по таа основа сметката на останатите ќе биде за 20 отсто повисока.


2006 година, тогаш на положба финансиски директор Стојчев бара поскапување без обзир што мазутот поефтинил
http://star.dnevnik.com.mk/?pBroj=2012&stID=10837
Ќе пресметаме како двете намалувања на цената на мазутот ќе влијаат на вкупните трошоци во претпријатието. Ако бараме поскапување на парното, најверојатно тоа ќе биде за 8 или 9 отсто. Со поевтинувањето на мазутот, загубите на "Топлификација" сега се околу 25 милиони денари. Ако не се коригира цената на централното греење, Владата ќе треба да ни ги покрие трошоците - вели Стојчев.
Стојчев е задоволен со правиникот по кој исклучените ќе плаќаат
http://24vesti.mk/parno-vo-idnina-kje-plakjaat-site-koristele-ili-ne
Во Топлификација се задоволни од новиот правилник оти ги штител лојалните потрошувачи. Ова компромисно решение според нив е добро и за актуелните корисници и за компаниите снабдувачи. Според директорот на Топлификација - запад Методија Стојчев ќе се спречат негативните последици врз системот за парно греење, но и врз електроенергетскиот систем.
Во октомври 2006, Стојчев на положба помошник директор за снабдување се заканува на тие што не плаќаат
http://www.vecer.com.mk/?ItemID=F660FF704D0C5942BF6D19AD852D9E4A
Го анализираме Законот за енергија, каде во член 112 стои дека е дозволен пристап до секое мерно место или имот, заради исклучување од системот, покрај другото и заради неплаќање. Тоа практично значи дека нам ни е дозволен влез во становите, но прашање е како тоа да го имплементираме во пракса", вели Методи Стојчев, помошник директор за снабдување со топлинска енергија.
 
Aко ги проследивте неколкуте изјави на директорот можевте да забележите дека тој постојано ја има на ум главната цел на Топлификација - стекнување на материјална корист за Топлификација по секоја цена. Ниту тој, ниту било кој друг од раководството на Топлификација ниту зборувале, ниту направиле нешто за да граѓаните имаат подобро и поефтино затоплување. Нормален човек би се срамел да наплатува од исклучените, ( кој нормален ќе бара пари ако не дал ништо ) но Топлификација нема „ ни срам не перде “ - само дајте пари
Втора карактеристика на Топлификација е тесна раководна структура.
Топлификација е представена со три фирми: Топлификација, БЕГ и ТЕ - ТО. Со нив раководат смо неколку души, раководители . Тие ги држат сите конци на одлучувањето.
И ако се окитени со звучни титули, тие се слаби инженери. Доказ е фактот што се впуштија во изградба на ТЕ - ТО како промашена мегаломанска инвестиција. Да сериозно ја познаваат техниката никогаш немаше да го изградат ТЕ - ТО
Без обзир што се слаби инженери, тие се вешти да најдат начин да Топлификација заработува енормни суми
Трета карактеристика на Топлификација е дека има силно влијание врз Јавната власт.
Тие успеаа со влијание врз политичките партии, не само Регулаторна да донесе правила според кој исклучените ќе плаќале, туку успеаа да издејствуваат Уставниот суд да ја промени својата одлука. Секој правник ќе потврди дека тоа што го натерале Уставниот суд да ја смени одлуката е понижување на судот и правото
Четврта карактеристика е инволвираност во Јавната власт. Ако се погледаат сите закони и прописи кои се однесуваа на затоплувањето, може да се забележи дека се направени по желба на Топлификација.
На пример, кај нас Топлификација е во надлежност на Регулаторна, такво нешто никаде на друго место нема
Сега, повелете прочитајте што е тоа Организиран криминал:
https://en.wikipedia.org/wiki/Organized_crime
 
Подсетување за сеуште приклучените дека за неколку дена завршува рокот до кој можат да поднесат писмено барање за исклучување.
Не се залажувајте со сегашните нешто пониски сметки. Сметките кои ќе ги добиете во септември ќе бидат повисоки, а во ноември уште многу повисоки . Не се залажувајте дека сега исклучените плаќаат и на вас ќе ви бидат пониски сметките. Цената на ангажираната моќност е веќе зголемена за 56%, а во октомври се очекува зголемување на цената на гасот.
Тоа што исклучените плаќаат е „ арач “ за Топлификација и нема врска со сметките на приклучените. Исклучение треба да плаќаат само „ ангажирана моќност “, а со тоа воопшто не се намалуваат сметките на приклучените.
Затоа до 30. 08. поднесете или директно во архивата на Топлификација или со препорачано писмо - Барање за исклучување.
Еве што вели член 54 од Правилата:
Член 54
(1) Потрошувачот кој што живее во индивидуален објект и кој од било кои причини не сака
да користи топлинска енергија е должен да го одјави користењето на топлинска енергија, со
писмено барање(образец) за исклучување насловено до снабдувачот.
(2) Потрошувачот е прописно исклучен кога грејните тела физички се одвоени од грејната
инсталација на објектот, и записнички констатирано од страна на снабдувачот.17
(3) Исклучување и приклучување на затоплуваниот простор на потрошувачот може да се
изврши, по барање на потрошувачот, само вон грејна сезона, односно во период од 30 мај до
30 август во годината.
(4) По барањето на потрошувачот од став 3 на овој член, снабдувачот е должен да
постапи најкасно до 15 септември во годината, а доколку снабдувачот не го испочитува
крајниот рок, потрошувачот нема да биде задолжуван за периодот во кој се греел по вина на
снабдувачот.
(5) Доколку потрошувачот поднесе барање по истекот на рокот утврден во став 3 на овој
член, снабдувачот ќе постапи по барањето кога ќе бидат создадени услови за тоа, без да се
наруши режимот на греење на останатите потрошувачи, а потрошувачот доколку се работи за
исклучување ќе биде задолжуван со надомест до денот на исклучувањето.
(6) Потрошувачот при поднесување на барање за исклучување должен е да ги подмири
сите заостанати обврски према снабдувачот по основ на испорачана топлинска енергија.
http://www.erc.org.mk/odluki/2012-07-30- PRAVILA SNABDUVANJE TOPLINSKA ENERGIJA.pdf
 
Дали ке мора на крај да платиме ако не дадат на извршител односно нотар, нотарот одма ти зима пари за постапката без разлика каква е, зборот ми е до кога да чекаме да не утужат, после ќе биде касно за било каква акција.
 
Дали ке мора на крај да платиме ако не дадат на извршител односно нотар, нотарот одма ти зима пари за постапката без разлика каква е, зборот ми е до кога да чекаме да не утужат, после ќе биде касно за било каква акција.

Да живеевме во Франција, Германија ... ќе гарантирав дека никој од исклучените нема ништо да плати, а овде не можам да гарантирам ништо.
Топлификација и БЕГ досега не тужеле ниту еден од нас исклучените.
Топлификација има рок од една година да тужи, по тој рок сметките застаруваат ако не се тужени. Значи последен рок им е месец окотмври
Ако тужат, тие ќе поднесат барање до нотар. Врз основ на таквото барање, нотарот ќе донесе решение за присилна наплата на долгот. Ние на тоа решение ќе вложиме приговор. Текстот на тој приговор веќе е составен и го постирав во пост 1104 на страна 74.
Врз основ на тој приговор Судот, очекуваме да го укине таквото решение на нотарот. Ако не го укине, ќе започне парница и ќе бидеме повикани на расправа.
Ете тоа е околу тужењето
Инаку веќе е поднесена иницијатива до (не)уставниот суд да се укине наплатувањето на ангажирана моќност за сите И тоа е надеж, во тој случај не ќе можат да наплатат.
Исто е поднесена иницијатива до (не)уставниот суд да се укине надлежноста на регулаторна врз затоплувањето и да топлификација се врати во надлежност на општината
И ако ова го прифатат, се што донела регулаторна се поништува.
Направени се и други работи, но гаранција нема.
Зад криминалците од Топлификација, стојат високи личности и ништо не е сигурно. Тие личности издејствуваа уставниот суд да ја укине сопствената одлука од 2009, тие личности издејствува Собранието да ги подржува кримилаците од Топлификација, што понатаму ќе се случи ќе видиме
 
Има решени едноставно е :icon_lol:, не вклучува ни тужби ни приговори :icon_lol:.

Никој да не плаќа, не само исклучените и тие што се греат на парно, фирми, здруженија на граѓани, па да се види тој извршител што ќе наплати :icon_lol:.

Е сега одма коментар системот ќе колабира, нема да се случи тоа затоа што нема никој луд да го остави пола Скопје да се смрзни, можи фирмата што ја има лиценцата за парно да оди под стечај во најлош или најдобар случај кој како гледа :icon_lol:. Потоа Регулаторна комисија ќе седне на маса со граѓаните да преговара за условите и цената на парното греење :icon_lol:.
 
Се извинувам што денешниов пост е поопширен но ова е многу значаен пост. Во него ќе биде образложено што содржат сметките на Топлификација и ќе покажеме зошто сметките на приклучените останаа исти сега, кога и исклучените се задолжуваат и колкав рекет сакаат да наплатат мафијашите од Топлификација од исклучените.
Топлификација наплатува според Тарифниот систем за продажба на топлинска енергија, кој може да го погледате на следнава адреса:
http://www.erc.org.mk/odluki/2013.07.11- TARIFEN SISTEM ZA PRODAZBA NA T.E.pdf
Според член 4 од овој Тарифен систем, а тоа е видливо и од сметките кои ги добивате Топлификација, наплатува два елементи: 1) Ангажирана топлинска моќност (kW) и 2) Потрошена топлинска енергија (kWh).
Единичната цената на чинење на секој од овие „ елементи “, ги одредува Регулаторната комисија за енергетика со одлука и тие цени за домаќинствата во моментов се: 1037,471 денари годишно за еден kW ангажирана топлинска моќност и 2,4106 денари за еден kWh потрошена топлиска енергија.
Но количината на ангажирната топлинска моќност и количината потрошената топлинска енергија, се различни од случај до случај и се одредуваат на следниот начин:
Количината на ангажирана топлинска моќност Wan, која секој поединечно треба да ја плати се пресметува според член 34 од овој Тарифен систем според формулата: Wan = W * Epot / Epre
Ознаките во формулава имаат следно значење: Wan - ангажирана топлинска моќност за разгледуваниот период; W - инсталирана топлинска моќност во разгледуваниот период; Epot - потрошена топлинска енергија во разгледуваниот период; Epre - пресметана топлинска енергија во разгледуваниот период.
Бидејќи количникот Epot / Epre има вредност приближно 1 ( во член 35 е наведено дека Epot / Epre е од 0.85 до 1.15, а ако се разликува се врши корекција ), ангажираната топлинска моќност еднаква на инсталираната топлинска моќност, Wan = W
Што значи поимот инсталирана топлинска моќност W е објаснето во член 2, алинеа 7 од Тарифниот систем и таму читаме: „Инсталирана топлинска моќност“ - е топлинска моќност на грејните тела кои се инсталирани на ниво на мерно место, односно потрошувач во согласност со термотехнички проект;
Тоа практично значи, со плаќање на ангажираната топлинска моќност всушност плаќаме за топлинската моќност на грејните тела кои ги поседуваме. Кога ЕВН би наплатувала на ваков начин, би плаќале за моќноста на сите електрични апарати кои ги имаме дома без обзир колку и дали ги користиме.
Вториот „ елемент “, потрошената топлинска енергија се одредува на следниов начин:
Најнапред, според член 32 од Тарифниот систем, се определува потрошената топлинска енергија на ниво на мерно место (Emm), која е всушност отчитана топлинска енергија на мерниот уред (Emer)
Потоа оваа очитана количина на топлинска енергија се дели на сите тие кои се приклучени според поединечната ангажирана топлинска моќност на секој од нив што е објаснето во член 33
Од изнесеново е очигледно дека приклучените нема да имаат пониски сметки, од колку што имаа пред да се „ задолжуваат “ искличените и дека тоа што треба да го плаќаат исклучените нема било каква врска со енергијата која наводно ја добиле од приклучените со „ поминување на цевки “ и со „ топли ѕидови “.

Исклучените треба да и плаќаат „ арач “ или подобро кажано рекет на Топлификација за радијаторите кои некогаш ги имале. Тој рекет не е мал. Има 16 илјади исклучени и ако секој од нив плати по 200 евра годишно, мафијашите од Топлификација ќе ќарат 3,2 милиони евра.
 
img2811.jpg
 
Денеска го пополнив и поднесов Образецот за исклучување.
Договорот не го потпишав.
Испадна дека сепак можело и без него. :)

Деновиве се распрашав кај правници кои ми потврдија дека никој не смее и не може да ме присили да потпишам. Исто така, отидов и до Реулаторна комисија за енергетика да побарам толкување на Правилникот. Од таму ми беше кажано дека за исклучување можат да ми бараат единствено тоа што е законски пропишано, а Договорот не е дел од документацијата. Ми советуваа да си поднесам барање и да си платам тоа што треба колку да го запазам рокот, па ако има некаков спор, да се обратам до Државен пазарен инспекторат.

Така што, кога ми се јавија сабајлево повторно со истата приказна, дека прво треба да потпишам Договор пред да можат да ме исклучат, им ги кажав овие работи. На тоа немаше никакво понатамошно убедување, ниту трага од претходното инсистирање, туку само ми кажаа да одам да уплатам надоместок и да пополнам официјален Образец во нивна форма (за кој btw, неколку пати прашав претходно и сите ме мафтаа дека не постои такво нешто, туку само да напишам обично барање).

Во секој случај, се` додека не ја добијам потврдата од нив дека сум исклучена, за мене работата не е завршена.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom