Би сакала да замолам, кој сака и не му е мака, нека даде совет за следнава крајно уценувачка и наметната шах-мат позиција.
Денеска отидов да поднесам барање за исклучување. И покрај тоа што пред извесно време се јавив да прашам која документација е потребна, на лице место ме известија дека прво треба да потпишам Договор со БЕГ, за да ми биде прифатено барањето. На мојот став дека не сакам да потпишам за нешто што немам намера да го користам, ми беше кажано дека тоа е единствената опција и без тоа нема да може да го спроведат барањето. Осетно беше инсистирањето од нивна страна да се потпише Договорот. Кога побарав урнек видов дека е ист како и првичните што беа пратени, каде мене ми беше спорна согласноста од станари. На прашањето зошто се` уште стои тој член, одговорот беше дека правилата толку често се менуваат, така што тие не можат да постигнат за секоја промена да го менуваат и Договорот (?!?). Работата е во тоа што не е само тој член спорен, туку не сакам да потпишам и поради следниот член кој налага дека ако се исклучам ќе треба да плаќам фиксен надоместок за ангажирана моќност. Откако ќе се исклучам, иако планирав да не го плаќам надоместокот, месечно ќе тргав пари на страна за секоја фактура, за во случај на спор или извршување да не се најдам во небрано. Парите ќе одеа на сметка "потенцијални обврски", со потсметка "за лоповите".

Поентата е што не сакам да ставам потпис, бидејќи тоа значи дека сум се согласила да го плаќам надоместокот. Јасно ми е дека и бездруго ќе бидам обврзана (поради Усраниот суд, што би рекол Смрт за зони), но вака самата си ставам јамка која на суд ќе биде неодбранлива.
Следно беше надоместокот за исклучување. Новина е тоа што БЕГ нема екипи за тоа да го спроведат, туку секој потрошувач треба да си најде мајстор кој ќе му ја заврши таа работа. Односно, прво се поднесува барање, па БЕГ испушта вода од системот, па доаѓа мајстор Миле, па потоа повторно БЕГ за да констатира и направи записник. Прво што прашав е зошто треба да плаќам за нешто што тие не го прават, одговорот беше дека се плаќа за испуштање вода од потстаница. Второ што прашав е која црна вода ќе се испушти кога системот е моментално празен, на што добив само кренати рамења и понекоја кисела насмевка. Нејсе, прашувам колку е надоместокот и тука веќе почнаа да ми се наткреваат и влакната на табаните, кои ги немам, ама никнаа од нервоза. Не сакаа да ми кажат!!! Зависело на кој кат, колку спрата има над мене, курци палци. Велам, се` што треба сега ќе ви кажам, за да следниот пат немам дупла работа со одење до банка. Типот почна да се правда како ќе изгубел работа, па не можел да каже, не сум смеела да платам пред да поднесам барање (?!?), морало прво тоа да се поднесе, ама најважно е да се потпишел Договорот. Btw, ова се случува на друг шалтер, независен од тој првиот и тука сфаќам каде лежи зајакот. Очиглено е дека вработените се притиснати по секоја цена да инсистираат за тој килав Договор. Моментот е што истиот се потпишува на едно место, а барањето се поднесува на друго, но тој таму не може да знае дали е Договорот потпишан или не. Бидејќи и покрај потписот, корисникот не добива веднаш копија, туку тој оди прво на потпис во Дирекција, па потоа се пушта примерок по пошта. И претпоставувам некој може да си појде, да поднесе барање, да каже дека веќе има потпишано и со готова уплатница да заврши со документацијата. Затоа и не сакаат однапред да кажат колку кошта. Притиснав малку, испадна дека за ката 4 над вас се плаќа 812 денари, а за записникот не се плаќа ништо.
Се распишував. Нејсе, прашањето.
Има ли начин да се избегне потпишување на Договор? Ионака секој сам треба да се погрижи за квицнување на цевките, дали би било издржано ако сама си ја завршам таа работа и потоа само ги известам да дојдат и да констатираат? Односно, прашањето е дали можам да наебам со тоа што и понатаму ќе ми фактурираат како да ме загреваат, бидејќи не е направено на начинот на кој тие налагаат? А мене уште не ми е јасно каде точно пишува дека треба прво да се склучи договор и веднаш истиот да се раскине, за услуга која однапред знаеш дека не ти треба.
Инаку, независно од ова јас си поднесов писмено барање, ми удрија печат за примено и им кажав да ми одговорат написмено дека прво треба да потпишам Договор. Ме интересира кој Закон, Правилник, член ќе биде цитиран за истото.
И едно друго прашање од областа на правото.
Дали постои начин на кој би го потпишала Договорот, но со забелешка дека не се согласувам со одредени членови, а истиот да биде валиден? Бидејќи во ситуацијава сум приморана да потпишам текст срочен од нивна страна, без можност за измени од моја. Односно, и да го потпишам дали постои начин со кој би се заштитила дека не признавам одредени членови и одредби?
Кој може и сака, давајте ум, бидејќи вака како што е, со безмалку 10 дена до краен рок за поднесување, јас не знам што е најпаметно. Не ми се оди по линија на помал отпор, но немам идеја кој пат би бил најефикасен.