Топлификација и нејзиниот штетен и патетичен бизнис план [општа дискусија]

Деловен план е за економски писмени луѓе а не за економски неписмен морален дегенерик. Се вртиш во круг дебилу . На нивната страница најдов ова , на нивната страница најдов она. Зарем Топлификација би објавиле нешто што би ги компромитирало ? Или ги заболе што ситна душа како тебе им ја чита и толкува страницата . Има таму и прашања да се поставуваат ? Па прашај ги убаво за да ти ги објаснат бројките. Не вака воајерски да сереш само глупости. Ти како искористен и фрлен кондом за една употреба од сегашната власт и нивните мегафони попусто се навраќаш на Топлификација . Те разбирам единствено ако си некој избркан од работа од Топлификација , а изгледа дека си. А од работа се брка само за крадење . Спрема годиниве ни пензија уште за малку не можеш да дочекаш .За затвор се пријавуваше ни за таму не си . Сакаш гратис јадење и облека да добиваш во тој затворот .Тешко ти е во случајов и затоа ти останува или да си умреш од завист или да си ја смениш темата бидејќи Топлификација на граѓаните не им зема веќе пари за греење а во бизнисот според деловниот план кој се остварува им оди добро , а како резултат на тоа ќе се бројат само добиени и остварени тендери во енергетиката. Балкан Енерџи Груп им зема пари за парно на потрошувачите , Балкан Енерџи Груп ги пишува сметките , Регулаторната комисија за Енергетика ја одредува цената на парното , Владата на Република Македонија предлага закони а Собранието на Република Македонија ги изгласува. Па да видиме како неписмен ентузијаст како тебе ќе се снајде и како ќе плива во ова море од регулативи. Како исклучен од парно ем извршители ќе ти ги наплатат сметките , ем ќе умреш од студ пошто и за струја ќе те исклучат .Ти знаеш ли дебилу дека браќата Мијалкови се акционери во Топлификација ? Уште ако ти се открие и идентитетот од сегашнава власт па ќе ти ја расплачат и милосната мајка за глупостите кои се обидуваш да ги истресуваш.
А за Балкан Енерџи Груп не вреди да се пишува . Руска Мафија. Ни интернет страна немаат за да се занимава со нешто сопственикот на темава .За да не му згасне . Ко ќе згасне тогаш значи дека е умрен .Колку се организирани Балкан Енерџи Груп не ме чуди и како што се слуша и лиценците да ги вратат .

И уште нешто. Топлификација АД има и здружение за заштита на правата на акционерите. На истата интернет страна со која ти се будиш заспиваш , се живцираш , јас го најдов ова http://www.toplif.com.mk/Tekstovi/Azdr1.pdf
Акционерите во Топлификација вложиле пари и се сопственици на сиот имот и бизниси што ги поседува компанијата . Во текстот од линкот јасно се гледаат целите на здружението и компанијата дивидендите да се зголемуваат секоја година . Па вака неписмен објасни им ти на нив дека не треба да имаат никаков профит за вложените пари и моли ги да се вратат во бизнисот за да ги горат парите за да те грејат тебе .

(забелешка од модератор):
Поради користење навредлив речник, членот е баниран 2 недели од форумот.
 
Го молам администраторот или модераторот на овој форум да го врати во јавен преглед мојот пост на оваа тема . Во спротивно вашата постапка ќе ја сметам за цензура и напад на демократијата и слободното изразување. Вашиот ценет портал со овој кукавички потег ќе стане место за изнесување невистини на искористени граѓани а вие со овој потег завземате страна , ги кршите човековите права и поддржувате материјали кои се лажни или неточни. Овој ваш чекор го спречува нормалното функционирање на форумот .Барам за оваа ваша постапка јавно да ми се извините и со надеж дека ќе ја вратите мојата порака во јавен преглед ви благодарам .
 
Океј, ти го вративме постот погоре. Но, поради прекршување на правилата и користење на навредлив речник, како што е ред, ќе мора да те банираме 2 недели. И ова не ти е првпат, во претходните постови имаш еден куп навреди. Упатување на навредливи зборови од типот на „„параноиден шизофренику“, дегенерик“, „дебилу“, „искористен кондом“ и тн. кон членови на форумот е строго забрането.

Ние ти го избришавме мислењето за да те поштедиме од казна, но штом сакаш да остане, ќе мора да ги сносиш последиците. Се читаме за две недели. Само да те потсетам дека користењето на друго корисничко име додека првото ти е на бан резултира со перманентна забрана за користење на форумот на двете кориснички имиња. Да не речеш не си знае.

Останатите, назад на темата.
 
Вашата постапка со казнување на член ме поттикна да се регистрирам на форумот кој до сега само го пратев . Како нов член на форумот да ми објасните кои се правилата за користење на форумот бидејќи кога се регистрирав не можев да ги најдам ? . Зошто го казнувате вашиот член mijak_76 кога неговите дискусии се квалитетни и интересни за нас корисниците на форумов .Колку гледам неговите зборови не се директно упатени кон никого а и во својот текст нема цитирано никого. Ако заземате страна и се препознавате и вие во неговите зборови тоа е ваш проблем ,но вие казнувате член чии дискусии секогаш се интересни и корисни за нас пратителите на форумов. Такви зборови како што ги опишувате имате во скоро сите ваши смешковци кои се збогатени дури и со разни гадости . Исто така во повеќето теми кои егзистираат kako и во оваа се појавуваат многу навредливи зборови , пцуење , навредување на верска и расна основа , рекламирање на видно место на разни брендови ,линкови и слики со порнографски материјали , се користи за здружување и изнесување разни невистини , во т.н. пламен дискусии итн. Со тоа паѓа нивото на вашата веб страна која е само една капка во океанот. Но со казнување секако дека нема да привлекувате нови корисници а вашите места за реклами ќе ви бидат се попразни . Затоа ве молам погоре споменатиот член да го одблокирате и за вашите постапки да му се извините . Со блокирање и казнување вашето членство ќе се намалува , а дискусиите многу губат од квалитет кој и онака е на ниско ниво. Јас инаку се откажувам од сите понатамошни лајкови , поени и трофеи и ви ги подарувам вас , а ве молам правилата да ги истакнувате на видно место и на сите кои на некој начин ги кршат да им ги бришете сметките и сразмерно да ги казнувате :) .

Се читаме од различни места на земјината топка . Поздрав
 
15.gif

Сериозно пријателе, кого мислиш дека лажеш? Некој што трет пат седнува на форум или воопшто, на интернет?
Со која мисла се дрзна да отвориш втор јузер? Демек, ние глупи сме, па прв или втор пат имаме ситуација со член кој изнервиран од (заслужената) казна која ја добил отвара втор јузер?
Не знаеме што е прокси? Не знаеме што е cookie? Не знаеме што е IP адреса? Дај не се резили понатаму, мислам дека доволно беше. Па уште како „женско“ се регистрирал бе, демек STEALTH MODE: ON! :pos:
blur.jpg

Без желба понатаму да ти ги елаборирам правилата (на кои си се согласил веќе два пати при твоето регистрирање, а во повеќе наврати ги кршиш), добиваш перманентен бан на двете кориснички имиња. Тоа што ти не си се помачил да ги прочиташ, не те ослободува од последиците од нивното кршење. Не се труди да се регистрираш понатаму на форумов и олесни си го присуството на интернет, а олесни ни ја и на нас работата. Тоа штотебе не ти се допаѓаат мислењата на членовите кои очигледно имаат реални проблеми и реални ситуации кои сакаат да ги споделат на форумов (и темава), не значи дека треба да „фрлаш со камења“ по нив. Размисли за своите постапки. Поздрав и секое добро.
 
Во Нова Македонија е објавен напис дека Училиштето Димитар Миладинов во иднина ќе се исклучи од Топлификација и ќе се грее од сопствена котларница на гас.
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=7513153483&id=14&setIzdanie=22921
во написот се вели:
Училиштето „Димитар Миладинов“ ќе го замени парното греење со природен гас до почетокот на октомври.
Ова училиште досега плаќаше 80 илјади евра за парно греење, но со замената на природен гас оваа сума ќе се намали на 30 илјади евра. Само за едно училиште општината Центар ќе заштеди цели 50 илјади евра. Цел на општината е да се прошири гасификацијата.

Треба некој да ги праша судиите на (не)уставниот суд, дали и таму исклучените краделе топлина со „ поминување на цевки “ и „ топли ѕидови “?
Ова е прво училиште во општина Центар кое се исклучува од Топлификација. Во општина Карпош веќе се исклучени повеќе училишта.
И гимназиите Ѓорѓи Димитров и ГУЦ Здравко Цветковски, се исклучени.
Зарем и таму има „ поминување на цевки “ и „ топли ѕидови “? Зарем и таму исклучените се криви?
 
Порталите Локално и Телеграф, објавија дека Уставниот суд денес ги укинал одредбите според кои за да се исклучиш од парно треба да бараш согласност од соседите
Сега кој сака да се исклучи може да се исклучи без да собира потписи.
Да ве посетам исклучување е дозволено до 30 август
http://www.telegraf.mk/aktuelno/mak...avitelite-na-zgradite-ne-mora-veke-da-kodosat
http://lokalno.mk/index.php?option=...-09-49&catid=107:ekonomija&Itemid=132&lang=mk
 
Скопска Топлификација - повторно во акција
Сега ќе го затоплувала Кичево и околните села
http://sky.mk/index.php/republika/20940-za-shto-mozhe-da-im-sluzhi-tec-oslomej-na-kichevci
Во Кичево Топлификација ги презентирала своите идеи за „ поврзување на општините Осломеј, Зајас и Кичево со централно греење од ТЕЦ Осломеј “ .
На презентацијата граѓаните го изнеле своето мислење:
Присутните не беа задоволни од тоа што беше презентирано и рекоа дека сето ова е само во врска со тоа како да се дојде до централна енергетска топлина во Кичево, а не како тоа да им се помогне најдобро на граѓаните, која е најдобрата опција за нив и како можат селата што се поблиску до термоелектраната да го искористат тоа. Исто така, тие сакаа да знаат ако термоцентралата нема доволни ресурси, како таа може да им послужи на граѓаните кога толку многу го загадува градот.“
Ако некој од Кичево присуствувал на оваа презентација нека не извести за ова.
 
Порталите Локално и Телеграф, објавија дека Уставниот суд денес ги укинал одредбите според кои за да се исклучиш од парно треба да бараш согласност од соседите
Сега кој сака да се исклучи може да се исклучи без да собира потписи.
Да ве посетам исклучување е дозволено до 30 август
http://www.telegraf.mk/aktuelno/mak...avitelite-na-zgradite-ne-mora-veke-da-kodosat
http://lokalno.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=28365:2013-07-10-14-09-49&catid=107:ekonomija&Itemid=132&lang=mk

Колку е вистинита оваа вест? Прашувам од причина што безмалку сите портали ги пребарав и никаде на друго место не можев да најдам потврда за веста. Исто така, на страната на Уставен суд, во листата на дневниот ред за вчерашната седница (на која наводно се укинати овие одредби), немаше наведено дека ќе се расправа за Правилникот за снабдување со топлинска енергија.

Бидејќи не ми се арчат опинци по комшии (ионака ќе биде бесцелно), планирам да се исклучам веднаш штом биде овозможено. Дури сакам уште утре да одам да поднесам барање за исклучување, но се мислам со какви финти ќе почнат да ме мафтаат. Веќе неколку пати ми се јавуваат и инсистираат да одам и да го потпишам новиот договор со БЕГ, што не ми е ниту на крај памет да го направам. Независно од одлуката на Уставен, немам намера да потпишам нешто каде самата ќе се согласам да барам амин од цела зграда ако сакам да се исклучам. На туј стапицу не ми се гази. :)

Дали знае некој да објасни евентуални правни зафрканции на кои можам да налетам од нивна страна, а со цел да ме сопрат од исклучување? Знам дека рокот е до крај на август, се надевам дотогаш ќе успеам да ги скинам смандало. :)
 
@ pearl
Медиумите известија за она што е одлучено на седницата на Уставниот суд.
Инаку истата вест ја објавија и Утрински и Република:
http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=4604BC2ED90D4240AA8CC4F739A5160E
http://republika.mk/?p=94923

Оваа одлука ќе биде објавена во Службен весник и тогаш ќе стапи на сила.
Рокот за објавување е три дена по потпишувањето.
За ова можеш да погледаш во Деловникот на Уставниот суд
http://www.constitutionalcourt.mk/domino/WEBSUD.nsf
таму пишува:
Член 78

Препис од одлуката односно решението им се доставува на учесниците во постапката.
Одлуките на Уставниот суд се објавуваат во "Службен весник на Република Македонија".
Уставниот суд може да одлучи во "Службен весник на Република Македонија" да се објават и одделни решенија.
Конечниот текст на одлуката, односно решението се доставува на учесниците во постапката и за објавување во рок од 3 дена од денот на потпишувањето од претседателот.

X . правно дејство на одлуките
на уставниот суд
Член 79

Одлуката на Уставниот суд на Република Македонија со која се укинува или поништува закон, пропис или друг општ акт произведува правно дејство од денот на објавувањето во "Службен весник на Република Македонија".
 
Смрт за зони и пајак воз.
Thanks! You've saved me a trip. :)
Значи не е лошо прво да почекам за објава во СВ, за да стане правосилно. А тамам се спремав сега да одам да платам последна фактура и од таму да тркнам до БЕГ. Инаку, се јавив сабајлево да прашам кои документи е потребно да бидат поднесени и меѓудругото ми велат дека ми треба и листа со согласност од станари. Велам, тоа веќе не важи од пред два дена, а од таму, ах да, да, во право сте, тоа е укинато, не треба повеќе.
Мајка си тракале! :)
Btw, за тие што планираат да се исклучат потребно е барање за исклучување (ми кажаа дека нема урнек), копија од последна платена фактура, имотен лист на увид и лична карта на увид.
 
Пред кратко време се вратив од Топлификација и БЕГ и еве вести што ќе ги интересираат исклучените
Во Топлификација ми рекоа дека до сега не тужеле ниту еден исклучен, незнаат кога ќе почнат да тужат - можеби од август
Во БЕГ ми рекоа исто дека досега никого не тужеле и дека можеби ќе почнат да тужат од септември
Според ова слободно и мирно одете на одмор
Инаку јас бев во Топлификација и БЕГ да им доставам опомени.
Како што знаете јас планирам да им се спротивставам и тоа планирам активна одбрана. Пред месец дена им доставив фактури ( они мене да ми платат ), а денес им доставив опомени.
Еве што напишав во опомената до БЕГ, а иста таква доставив и до Топлификација

Предмет: Опомена

Во моментот на изготвување на овој допис, согласно мојата финансиска евиденција, имате неплатена Фактура број БЕГ 1/2013 со вредност 17512 денари, која требаше да ја платите до 20. 06. 2013 и која ја примивте со приемен број 03 – 870 на 13. 06. 2013

Вие се уште не сте ја платиле оваа Фактура, затоа Ве молам да го платите гореспомнатиот долг во најскоро време, во спротивно ќе бидам приморам да го утужам ова побарување.
16. 07. 2013.. Смрт за зони.....
 
Регулаторна, на 11. 07. 2013 донесе нов тарифен систем
http://www.erc.org.mk/odluki/2013.07.11- TARIFEN SISTEM ZA PRODAZBA NA T.E.pdf
Во член 37 пишува
Задолжување со фиксниот дел од надоместокот на мерно место
Член 37
(1) Задолжувањето со фиксниот дел од надоместокот на мерно место од страна на снабдувачот со
топлинска енергија кон сите категории на потрошувачи се фактурира на 12 месечни рати.
(2) По исклучок на став 1 од овој член потрошувачите со поднесување на писмена изјава можат да се
задолжуваат со фиксниот дел од надоместокот за топлинска енергија на 7 односно на 8 месечни
рати.
(3) Распределбата на фиксниот дел од надоместокот на мерно место за категорија на потрошувачи
домаќинства се врши по основ на грејната површина на потрошувачите, а кај категоријата на
потрошувачи останати по основ на ангажирана моќност на потрошувачите, без разлика дали имаат
инсталирано мерни уреди за распределба на ниво на потрошувач.
........................
Исклучените „ плаќаат “ само фиксен дел
До сега од октомври до април
А од сега 12 месеци
Грејната сезона почнува од 1 август, значи од први септември очекувајте фактури
 
За намалувањето од 5 % на струјата и одложувањето на либерализацијата на електрична енергија да не пишуваме .Жално . Со ваква поволна хидрологија како оваа година , со вака ефтина струја во регионот дури и до 35 еур за мегават час ние плаќаме 130 евра . И уште со намалување од 5 % треба да сме благодарни .

Не има доста на темава што сме свесни за состојбата, реалноста е таква каква што е. Жално е што рајава се собира во броеви од стотици илјади кога има партиски митинзи, а никаде ги нема да дојдат на протести за поскапувањата на струјата или други економски причини.

Туку ајде малку активност на темава, кој тука е заинтересиран за фотоволтаик панели?
Мало појаснување за тие што не знаат што е тоа, се работи за соларни панели кои произведуваат струја (треба и друга опрема, како инвертор за струја итн). Не знам колку одат цените, ама знам дека во Кина се многу поевтини. Ако се организираме повеќемина би можеле да поделиме трошкови за патарина, шпедиција, итн итн. Плус и цената паѓа за поголеми количини.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom