- Член од
- 20 септември 2011
- Мислења
- 8.146
- Поени од реакции
- 8.544
- Возраст
- 72
Не знам кој се тие правни лица кој ти се консултирал не знам но јас нема да им плаќам на измамниците и крадците од Топлификација.Во неколку разговори со правни лица добив одговор дека колективното живеење во стамбени згради повлекува одредени права и обврски. Тука станува збор за користење и плаќање на лифт, за чистачка за ходниците /скалите, за светло/сијалици во ходниците. Тука е и користењето на заедничката подстаница. Поединци може да одбиваат да плаќаат за споменативе работи со изговор дека не ги сакаат тие услуги но законски не се ослободуваат. И поради ова а и поради јасно напишаното (објавено во Сл.Весник) дека исклучените мораат да го плаќаат фиксниот дел ниту еден адвокат несака да застапува исклучен повикувајќи се на Уставот и Законот за облигационо односи. Ако тие одбиваат како јас со истиот аргумент да се појавам на суд?
Вистина е дека живеам во зграда во која има повеќе станови. Во зградата има лифт има чистачка има заеднички инсталаци и јас сум делумно сопственик на сите тие инсталации. Плаќам за нивно одржување.
Но ако зградата има лифт, за кој плаќам одржување не значи дека мора да се возам со лифтот. Така е исто и со инсталацијата за затоплување. Таа постои... делумно е моја сопственост.... но не зачи дека јас морам задожително да ја користам. Посебно не сакам да користам услуги од арамиите од Топлификација. Ти зборуваш за некаква „ ангажирана моќност “. А што е тоа? Што е тоа што јас користам за да им платам?