Топлификација и нејзиниот штетен и патетичен бизнис план [општа дискусија]

1. Иди кај нив раскини го договорот
2. Ќе дојдат ќе ти го исклучат парното
3. Продај ги радијаторите
4. Не плаќај веќе за ништо (нема услуга, нема договор, нема обврски, нема што да се плаќа)
5. Уживај во слободата (греј се колку сакаш, кога сакаш, со што сакаш и на која температура сакаш)
(y)
у принцип БИ требало да е така, особено за тоа дека НЕМА да плаќаш. али како што знаеш не е така црно-бело, него има гоооолемо сивило. е тука сме сега сите ние. кој ќе победи ќе видиме.
П.С. како да го раскине договорот, кога не ни има договор ?!?!??!? а плус тоа треба согласност од станарите нели?
 
Јас ги пишав моите чекори, моето искуство како јас направив.
Едвај чекам да видам како ќе ми ги наплатат на суд услугите кои не сум ги користел без постоечки договор :vozbud:
 
Јас ги пишав моите чекори, моето искуство како јас направив.
Едвај чекам да видам како ќе ми ги наплатат на суд услугите кои не сум ги користел без постоечки договор :vozbud:
е тука е тоа сивило за кое зборев. ќе ти пратат извршители. и тука ќе ти блокираат сметка. и готово. е сега, ... и на суд да идеш, пак зависи каква тие среќата. и тука се' е можно. па тогаш да бидеш дупло заебан. и јас имам сметки кои ми фаќаат прашина, но искрено не ми е сеедно кога ги гледам срањава во државава. последното е дека исклучените треба да плаќаат. не сум паметен како и што понатаму.
 
Izvinete me jas vaka pak, ko padnat od mars sum , treba da imam plateno valjda posledna stignata smetka koga ke odam da raskinuvam dogovor? ama jas ne ni imam dogovor, a kakva e taa soglasnost od stanarite? treba nesto na pismeno?
 
читај и за едно 2 дена пак ќе направиме муабет ;)
 
Минатата недела бев во Снабдување Центар и ми рекоа дека досега никого не тужеле односно за никого не поднеле предлог да се донесе решение присилно за извршување.
Ако поднесат ваков предлог, нотарите веднаш, без било какви проверки донесуваат решение кое се обврзани да ти го достават.
На ова решение имаш право да дадеш приговор до нотарот, мислам во рок од три дена и тогаш ќе мораат да те тужат.
Затоа не пропуштај да дадеш приговор на решение од нотарот.
А со оваа опомена слободно можеш.....
Известувај не како понатаму ѓе се одвиваат работите
Важно не им плаќај
НИТУ ДЕНАР НА ИЗМАМНИЦИТЕ И КРАДЦИТЕ
Фала за одговорот , ќе информирам како ќе се одвиваат работите.
 
Денес бев во Балкан Енерџи Центар и во Топлификација која е сега само во Тафталиџе каде им доставив фактури ( јас ним им доставив фактури - барам да ми платат околу 30 илјади денари )
Во Балкан Енерџи разбрав дека до сега никого од исклучените не тужеле и дека не знаат кога ќе тужат. Се разбира „ ги молев “ мене прв веднаш да ме тужат и така „ крвта да ми ја испијат “ и „ кожата да ми ја одерат “и на тој начин да покажат колку се силни и да ги заплашат сите други исклучени.
Ништо од тоа...
Што значи ова што праќаат по сандачиња опомени е само заплашување затоа Ве повикувам да не им ги плаќате фактурите на измамниците и крадците од Топлификација.
Ако им платите Вие, всушност признавате дека се им биле должни. Според Законот за облигациони односи постои обврска на еднаквост на взаемните давања и примања ( aequitas dati et accepti ). Сите кои се исклучени знаат дека не добиле ништо од Топлификација, но ако им платите Вие го признавате постоењето на долгот, односно признавате дека сте добиле нешто.А ако сега го признаете долгот ќе мора до крајот на животот да им плаќате.
Многу е веројатно дека Топлификација никогаш нема да тужи.
Регулаторна ги донесе овие правила. Ги донесе бидејќи Јавната власт мисли дека со тоа ќе направи добро на Македонија. Уставниот суд одби да поведе постапка за тие правила. Но тоа не значи дека тие правила не се во спротивност со Уставот и Законите. Тоа што Уставниот суд одбил да поведе постапка не значи дека го суспендирал Уставот и Законите. Сеуште важи Уставот, Сеуште важат Законите. Според овие правила Топлификација може само да праќа фактури и ништо повеќе. Ние ќе им ги враќаме овие фактури и ќе им поднесуваме приговори или како што направив јас денес ние ќе им праќаме фактури
А секој поединечно треба да се бори да ги заштите своите права. Никој нема да се бори за Вашите права Нека дојдат првите тужби па ќе смислиме тактика, ако дојдат....

včera zboruvav so eden komšija...toj veli kaj sinmu, vo blizina, vo naselba novo Lisiče pred godina ipol so gi pismo povikuvale stanarite koj ne se isklučeni da dojdat vo Toplifikacija i da potpišat za otkažuvanje.. i nabrgu izlegla Toplifikacija od nivnata zgrada... no sama Toplifikacija počnala da gi povikuva koga ostanale mnogu malku stanari mislam <30% ...
..e sega prašanje e normativot za plaćanje na isklučenite kakov e, po koja formula, kolku se plaća po m2 ako brojot na isklučenite se dobliži do 50% i poveće?
 
Порано, во правилата, имаше ако се исклучат 70%, а останат 30% и овие 30% сакале - не сакале се исклучуваат. Сега нема такви одредби.
Еве како изгледа моето писмо до Балкан Енерџи и Топлификација со кое јас ним им пратив фактури
..............
.Предмет: Допис, пресметка и фактура
Во Законот за енергетика (Службен весник на Република Македонија број16/2011), членот 115 став 1 алинеа 7, како обврска на операторот на системот за дистрибуција на топлинска енергија е наведено: „ 7) пренесување на топлинската енергија од местата на приклучок на производните постројки до местата на приклучување на потрошувачите на системот (топлинска потстаница), во согласност со мрежните правила за дистрибуција и условите утврдени во лиценцата “. Но, без обзир на оваа одредба од Законот за енергетика Вие праќате фактури до исклучените. Овие Фактури Вие ги праќате врз основа на одредбите од Правилата за снабдување со топлинска енергија број 01 – 1302/1, кои на крајот од јули 2012, ги донесе Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија и кои се применуваат од почетокот на грејната сезона 2012/2013. Во самите Правила не е наведена причината зошто Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија донесе вакви одредби но очигледно е дека со овие одредби на исклучените, меѓу кои сум и јас, им е наметнато да учествуваат во намирување на трошоците за затоплување на приклучените поради тоа што живеат во колективни згради за домување.
И јас добив повеќе вакви фактури. Сите вакви фатури Ви ги вратив и за нив вложив приговори. Вие не одоворивте на ниту еден приговор и сметам дека Qui tacet consentire videtur, но јас имам побарување врз основ тоа што живеам во колективен објакт за домување. Тие мои побарувања се засновани на два факти:
( а ) Ја користитете инсталацијата за затоплување во колективниот објект за домување која е делумно и моја сопственост, која се амортизира и за која сум обврзан да учествувам во намирување на трошоците за одржување.
( б ) Имате материјална корист од фактот што мојот стан е на највисок кат веднаш под рамна тераса. Низ плочата од рамната тераса постојат големи трансмисионите топлотни загуби кои сега јас ги плаќам, а Вие за нив наплатувате од Вашите приклучени корисници на услуги.
За ( а ): Во Вашите фактури е наведено дека од истото мерно место затоплувате вкупна станбена површина од 3516,35 метри квадратни. Цената за изградба на инсталација за централно затплување, во станбени објекти е повеќе од 40 евра по метар квадартен станбена површина. Што значи целата на ова инсталација чини 3516,35 м2 * 40 евра = 140 654 евра. Јас сум идеален сопственик само на еден дел од оваа инсталација пропоционално со површината на станот кој е во моја сопственост и кој има 72 метри квадратни станбена површина. Тој мој дел изнесува: 140 654 * ( 72/3516,35 ) = 2880 евра или 2880 * 61 = 175 680 денари. За користење на овој мој имот барам да ми платите 5% на име годишна амортизација и 5% на име годишни трошоци за одржување. Тие 5% изнесуваат 175 680 * 0,05 = 8784 денари.
За ( б ): Порано Топлификација имаше добри инженери и техничари кои добро ја познаваа техниката на затоплување. Денес се тие во пензија, а за жал некои не се повеќе меѓу нас. Денес има такви кои се убедени дека станови можат да се затоплуваат со „ поминување на цевки “ и со „ топли ѕидови “. Ако некогаш Ве посетат овие стари и добри инженери и техничари можете да се распрашате и тие ќе Ви кажат дека станови не можат да се затоплуваат со „ поминување на цевки “ и со „ топли ѕидови “. Впрочем во моите приговори веќе наведов дека во мојот стан нема „ поминување на цевки “, а нема ниту „ топли ѕидови “. Но овие стари и добри инженери и техничари исто ќе Ви кажат дека становите кој се наоѓаат на најгорниот кат, каков што е мојот, имаат огромни трансмисиони загуби на топлина кон покривот.Трошоците за овие трансмисиони загуби само јас ги плаќам во целост, но Вие од тоа имате корист, бидејќи ако јас не ги плаќам трошоци ќе требаше Вие да ги платите. Тие трансмисиони загуби се пресметуваат вака:
Q = K *( tv – tn) *SD
tv e температура на внатрешноста = 26 С
tn е просечна надворешна сезонска температура и таа во Скопје изнесува + 6 С
SD е време на затоплуване во една сезона и тоа во Скопје изнесува 176 дена или ако се пресмета во секунди изнесува 176 дена * 24 часа * 3600 секунди = 15 206 400 секунди
К - е коефициент на премин на топлината и се мери во W/(m2*K)
За бетонска касетирана таваница каква што има во мојата зграда К = 0,74 – 081 W/(m2*K),
Потрошената сезонска количина топлина, за еден метар квадратен затоплувана површина изнесува
Q = 0,78*(26–6)*15 206 400 = 237 219 840 J = 65,89 KWh за еден m2 за еден метар квадратен затоплувана станбена површина.
Мојот стан има 72 квадрати и вкупно за овие трансмисиони загуби трошам 72 * 65,89 KWh = 4744 KWh. Еден KWh јас го плаќам 5,25 денари и овие трансмисиони загуби во минатава грејна сезона ме чинеа 4744 KWh * 5,25 денари = 24906 денари. Под мојот стан се наоѓаат уште три стана. Едниот од нив е исклучен, но два сеуште се приклучени на Вашиот систем, па Вие треба да ми платите само половина од оваа сума – 12453 денари.
Да ги резимирам моите побарувања од Вас. Треба да ми платите за амортизација на мојот дел од имот 8784 денари; за тековно одржување 8784 денари и за трансмисиони загуби 12453 денари или вкупно 30021 денар. Од оваа сума Балкан Енерџи-Подружница Центар барам да ми плати 7/12 или 17512 денари, а Топлификација – Снабдување Центар 5/12 или 12509 денари. Измината грејна сезона Балкан Енерџи-Подружница Центар затоплуваше 3,5 месеци, а Топлификација – Снабдување Центар 2,5 месеци.
Прилог: фактура
...........................
 
Денес се врачени решениата на (не)уставниот суд за исклучените
Се е одбиено освен иницијативите за член 13 и член 53 став 1.
Ако го укинат член 53 став 1 ќе се овозможи исклучување на оние кои сега сакаат. Таквите нема да мораат да собираат потписи од соседите.
Но да видиме дали и тоа дозволат ( не)уставните судии
Еве како гласат членовите за кој е поведена постапка

Член 53
(1) Во колективните објекти за домување каде распределбата на надоместокот се врши
преку еден колективен мерен уред може да се врши поединечно исклучување на
потрошувачите по нивно барање, по претходно добиена согласност од вкупниот број на
потрошувачи на тој колективен објект.
................................
Член 13
(1) Управителот на станбената зграда односно заедницата на сопственици – правно лице
е должен да ги пријави потрошувачите на топлинска енергија кои на нелегален начин ја
користат истата, односно да пријави промена на статусот исклучен / вклучен, како и да пријави
за промената на сопственикот. За оваа цел снабдувачот му стои на располагање на
Управителот да во негово присуство со својата стручност се утврди вистинската состојба.
(2) Доколку потрошувачот одбива да дозволи контрола во грејните простории и
инсталации на потрошувачот кој на нелегален начин ја користи топлинската енергија,
Заедницата на сопственици и снабдувачот прават записник.
(3) Врз основа на записникот од став 2 на овој член и писмена согласност на Управителот
на стамбената зграда, односно Заедницата на сопственици– правно лице, снабдувачот ќе ја
направи промената, без да се направи увид во грејниот простор и грејната инсталација на
потрошувачот.
(4) Заедницата на сопственици е должна да ги достави податоците за потрошувачот кај
кого се врши промената согласно став 1.
 
а што се случи со плаќањето за исклучените? сеуште стои дека треба да плаќаат?
 
За тие одредби (не)уставниот суд одби да поведе постапка,
што значи Топлификација и понатаму ќе праќа фактури и ќе тужи.
--- надополнето: 17 јуни 2013 во 13:49 ---
а што се случи со плаќањето за исклучените? сеуште стои дека треба да плаќаат?
 
Во решението на (не)уставниот суд за член 66 од правилата со кој се присилуваат исклучените да повторно се вклучат се вели:
„ Тоа значи дека со овие одредби се воведува задолжителна обврска за сите претходно исклучени потрошувачи од системот за дистрибуција на топлинска енергија кои се дел од колективните објекти за домување, во прекулзивен рок да склучат договор за снабдување со топлинска енергија со соодветен снабдувач и да се приклучат на системот за дистрибуција, а во спротивно се должни да плаќаат надоместок за ангажирана моќност ( фиксен дел ) од надоместокот за топлинска енергија.
Поаѓајќи од ваквата цел на одредбите, кои по својата природа се преодни одредби, кои имаат темпорален карактер, кој се исцрпел со определениот краен рок за нивната примена ( 01. 10. 2012. ) Судот оцени дека оспорените одредби ја исцрпеле својата содржина и дејство и веќе не се во правниот поредок, односно дека ппостојат процесни пречки за постапување по иницијативата и дека се исполнети условите од член 28 алинеја 3 од Деловникот на Уставниот суд за отфрлање на иницијативата во овој дел. “

За мене кој сум исклучен е битно што судот вели:
Судот оцени дека оспорените одредби ја исцрпеле својата содржина и дејство и веќе не се во правниот поредок

ако не тужат ние ќе речеме извинете ама тие одредби не се во правниот поредок. А ова значи дека исклучените се спасивме за век од арамиите од Топлификација
 
а баш вчера добивме известување за пред тужба. сега со ва што го пиша, ........ имам одлука, законско решение со кое НЕМА опасност од тужби и сл? односно и да ме тужи, сега веќе нема лево/десно, него строго на моја страна?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom